КАФЕ ПАУЗА

Tag: вокал

  • Фантастична верзија од познатиот хит „Thriller“ на Мајкл Џексон

    Фантастична верзија од познатиот хит „Thriller“ на Мајкл Џексон

    Јутјуб-корисникот Inhyeok Yeo на својот канал поставил многу интересно видео на кое изведува вокална верзија од познатиот хит „Thriller“ на Мајкл Џексон. Она што го прави ова видео посебно е тоа што тој со својот вокал ги изведува сите ефекти и инструменти кои ги содржи песната.Фантастична верзија од познатиот хит „Thriller“ на Мајкл ЏексонНа видеото ќе можете да ги видите сите негови поединечни снимања, а песната ќе ја слушате во целина. Инаку, песната „Thriller“ се наоѓа на истоимениот албум на Мајкл Џексон објавен на 30 ноември 1982 година. Овој албум е најпродаваниот на сите времиња, со проценка дека се продадени помеѓу 51 и 65 милиони копии.rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Алиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“

    Алиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“

    Неколку часа откако претседателот беше инаугуриран и долго откако целата парада заврши и скоро сите политичари се вратија на своето работно место, музичкото шоу продолжи до вечерта, во весела и пријатна атмосфера.rnrnАлиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“rnrnНа инаугурацискиот бал настапија големи музички имиња како Џенифер Хадсон, Бред Пејзли и Стиви Вондер, но дефинитивно најголем впечаток остави елегантната, преубава и талентирана пејачка Алиша Кис. Облечена во блескава црвена тоалета, Алиша го „грабна“ големото пијано и ги отпеа нејзините песни „New Day“ и „Girl on Fire“ кои совршено прилегаа на манифестацијата. За да му оддаде особена чест на претседателот, таа дури и го смени текстот во нејзината песна „this girl is on fire“, во „Obama’s on Fire“ (Обама гори). Со голема грациозност, емоција и моќ, Алиша го прослави вториот претседателски мандат на Обама.rn
    rn

    Ова е дел од текстот кој Алиша го посвети на вториот мандат на Обама: „Тој ни е претседателот и тој гори. Натоварен е со катастрофи, но знае дека ќе го пронајде начинот. Стои со двете нозе на земја и не се откажува. Обама гори. Се движи низ оган. Обама гори. Сите стојат додека тој поминува, бидејќи можат да го видат пламенот во неговите очи и го гледаат како ја осветлува ноќта. Сите знаат дека Мишел е неговата девојка. Заедно, тие владеат со светот.“

    rnАлиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“
    rnrn

    По завршувањето на спектакуларниот настап, таа ѝ порача на публиката: „Многу Ви благодарам што срдечно ме примивте на овој фантастичен претседателски инаугурациски бал. Имајте извонредна вечер, прославувајќи ја иднината на нашата земја, којашто е безгранична и бескрајна. Господ да ве благослови!“

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Стилот на македонската поп дива Каролина Гочева

    Стилот на македонската поп дива Каролина Гочева

    За поп дива од калибарот на Каролина Гочева, нема потреба да трошиме многу зборови на претставување. Освен со неверојатните гласовни способности кои разнежнуваат, развеселуваат, ве ежат и растажуваат истовремено, Каролина ја плени публиката со нејзиниот цврсто изграден стил. Каролина е девојка која е секогаш претставителна, знае да носи буквално сè, од секси и женствено, до спортски и лежерно. Нејзиниот стил е препознатлив, а се темели на елеганција, убавина, женственост, но пред сè на квалитет.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНа македонската јавност ѝ е позната уште од нејзините тинејџерски години, но она што буквално ја подига нејзината музичка кариера во нагорна линија е потпишувањето договор со Авалон продукција во 2000 година. Нејзините сценски настапи пленат и воодушевуваат, особено кога ќе испее некоја балада. Токму поради тој неодолив шарм на сцена, досега два пати беше одбрана да ја претставува нашата земја на избор за песна на Евровизија. Можеме со сигурност да кажеме дека Каролина и покрај тоа што е доста успешна и позната на Балканот, останува верна на своите корени и со гордост ги исполнува и традиционалните македонски песни. Токму таа ги наежи срцата на сите македонци ширум целиот свет кога во огромен црвен фустан настапи на прославата за Денот на независноста минатата година.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНејзиниот втор албум, „Зошто сонот има крај“, беше повод Каролина да биде прогласена за мега-ѕвезда. Пролетта 2003 излегува и нејзиниот трет албум насловен како „Знаеш колку вредам“, кој исто така е одлично прифатен од публиката. „Кад звезде нам се склопе… као некада“ е насловот на српската верзија од истиот албум со што нејзината популарност се шири на териториите на поранешна Југославија. Со албумот „Во заборав“ од 2005-тата година, Каролина го менува нагло својот имиџ и покажува една поинаква, жешка страна. Таа е женствена, секси и неодолива, но никогаш претерано и секогаш со вкус.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНикогаш не потпаѓајќи на ниски медиумски провокации и озборувања, таа успева колку што може повеќе да ја заштиути својата приватност, останува ладна на „чаршиски“ муабети и буквално докажува дека нејзината слава се темели на нејзината способност и талент, а не на правењето скандали. Многубројни турнеи, гостувања, настапи на фестивали, само докажуваат дека Каролина е една од ретките на нашите простори кои можат слободно да се мерат со светските ѕвезди.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНејзиниот петти студиски албум, „Македонско девојче“ е најпродаваниот во Македонија во 2008. Наместо спотови за песните, за овој албум излезе едночасовно шоу со десетте песни од албумот. Овој пат со смирен, сериозен и по малку ретро стајлинг, „Македонско девојче“ е сосема поинаков албум од нејзините дотогашни, кој содржи песни исполнети со чувства, во кои секоја жена би се пронашла макар за момент. Потоа следува „Капка под небото“ како и „Најубави песни“, што се докази дека Каролина останува доследна на нејзиниот стил и имиџ на поп дива и нешто за што со гордост можеме да кажеме дека е наше, македонско.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина Гочева
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Стивен Бубле (Michael Steven Bublé) е италијанско-канадски џез пејач и актер. Роден е на 9-ти септември, 1975 година, во Британска Колумбија, Канада. Пораснал со џез-плочите од колекцијата на дедо му. Токму тој го убедил да го направи првиот чекор во музичката индустрија. Го охрабрил да се пријави на телент-шоу во Ванкувер, каде го освоил првото место, но за жал бил дисквалификуван, бидејќи имал 18 години, а границата за учество била 19. Ова не го разочарало Бубле. Тој одлучил повторно да учествува на едно канадско шоу за млади таленти, на кое со неговиот „страшен“ вокал уште еднаш завршил на врвот.rnrnБезрезервната поддршка од дедо му продолжил да ја добива и понатаму. Тој бил водоводџија и поправал бесплатно по клубовите, само за да ги убеди нивните сопственици да му овозможат настап на неговиот внук, кој и во вакви околности успeал да издаде три независни албуми. Тие се: „First Dance“ (1996), „Babalu“ (2001) и „Dream“ (2002).Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк СинатраМладиот Бубле навистина тешко се снаоѓал во музичките лавиринти, сè до моментот кога за неговиот талент дознал поранешниот канадски премиер, Брајан Малруни. Тоа се случило кога уморен од 10-годишната борба на сцената, тој се подготвувал да се откаже од музичката кариера и среќата да ја побара на медиумскиот пазар.rnrnОваа грешка за влакно ја избегнал, бидејќи на еден од неговите настапи во 2000 година, го импресионирал Мајкл Мексвини, тогаш десната рака на премиерот. Бубле по настапот му подарил копија од неговиот прв независен албум, велејќи му дека ако не му се допаѓа музиката, може слободно да го искористи како подлога за вино. Мексвини одлучил цедето да му го даде на премиерот, кој пак, на инсистирање на својата сопруга го поканил талентираното момче да пее на свадбата на нивната ќерка.rnrnНа веселбата, Бубле се запознал со музичкиот продуцент Дејвид Фостер, кој веднаш го земал под негова закрила. Три години подоцна, во февруари, 2003-тата, се случува неговото големо деби. Тој го издава студискиот албум „Michael Bublé“, по кој следуваат бројните музички награди и неверојатниот светски успех во шоу-бизнисот.rn

    rnАлбумот долго време потоа се задржува на врвот на топ 10 листите во Канада и Велика Британија, а веќе наредната година, Бубле е прогласен за најдобар нов изведувач на канадските музички награди „Џуно“ (Juno). Во 2005-тата, пак, на „Светските музички награди“ (World Music Award), тој го збогатува професионалното CV и со признанието за најпродаван изведувач.rnrnБубле многу пати досега е прогласуван за најдобар машки вокал. Во 2007-та, тоа признание му беше оддадено на „NATIONAL JAZZ AWARDS“, а во 2008-та и на престижните „Canadian Smooth Jazz Awards“. Меѓу неговите најголеми успеси е и албумот „Crazy love“ (2009), кој во неколку наврати го вивна до врвот…rnrnДенеска, талентираниот музичар може да се пофали со над 30 милиони продадени копии од неговите 15 издадени албуми. Последниот, насловен како „Christmas“ го лансираше на 24 октомври, 2011 година.rn

    rnМултиплатинестиот издавач во преку 15 држави, покрај по моќниот глас, препознатлив е и по своjот „олд скул“ шарм и харизма. Најверојатно и за ова треба да му се заблагодари на сопствениот дедо. :)rnrnЗаради неговите несекојдневни вокални способности и елеганција, јавноста се осмели да го нарече Френк Синатра на новиот милениум. За ваквото поистоветување со музичката легенда, Бубле вели:rn
    rn

    „Никогаш нема да има друг Френк Синатра. Јас никогаш не сум посакал да бидам другиот Синатра. Јас само сакам да бидам Мајкл Бубле. Ме навредува тоа што луѓето мислат дека го слушам само Синатра. Роден сум во 1975 година. Како дете мојот најголем идол беше Мајкл Џексон, а како тинејџер сакав да станам дел од ‘Beastie Boys’.“

    rnrnrn

    rnКарактеристично за интернационална музичка сензација е и тоа што концертите ги завршува пеејќи без микрофон. Тоа започнал да го практикува, откако на настап во Лос Анџелес, додека ја пеел „My Funny Valentine“ му се исклучил микрофонот. Но, Ален Чанг, пијанистот на Бубле продолжил да свири, а тој ја испеал песната до крај. Направиле фантастична акустична верзија, со која ја излуделе публиката.rnrnЗа канадската мегаѕвезда карактеристични се и интерактивните настапи и концерти. Бубле низ годините изградил специјален однос со публиката. Еве едно од видеата кои најдобро го потврдуваат тоа.rn

    rnВокалистот кој години наназад го носи епитетот најдобар интерпретатор во светот, во 2011-тата доби нова шанса и на полето на љубовта. Долгогодишната врска со младата аргентинска актерка и модел, Лусијана Лопилато (позната по улогата на Миа Колучи во мегапопуларната тинејџерска серија „Млади бунтовници“) ја крунисаа со брак.rnrnВо чест на својата сопруга, Мајкл го издаде синглот „Haven’t Met You Yet“ (Crazy Love, 2009). Во 2010-та, тој беше прогласен за сингл на годината, на наградите „Џуно“. Лусијана се појавува и во спотот за песната.rnrnНеговите претходни врски кои долго време ја брануваа јавноста беа оние со актерката Емили Блант и со танчерката и пејачка, Деби Тимус. И тие добија соодветно место во музиката на Бубле. Хит синглот „Home“ од албумот „It’s Time“ е посветен на Деби, а Емили била неговата инспирација за песната „Everything“ (Call Me Irresponsible)…rn

    rn

    rn

    rnБубле не заостанува ниту со актерството. Глуми во филмовите „Totally Blonde“ (2001), „The Snow Walker“, „Duets“ (2000), „Death Game“ (1997), „A Russell Peters Christmas Special“ (2011) и во голем број ТВ серии. Во преку 150 наслови се глуми себеси, а се јавува и како специјален гостин. Заслужен е и за музиката во 70-тина од нив.rnrnВо 2000 година, Бубле добива и две номинации за наградите „Genie Award“, за песните кои ги напишал за филмот „Here’s To Life!“, во кој главна улога е  Ерик Меккормак.rnrnЗа Бубле има уште многу што да се зборува. Тој постојано е во фокусот на вниманието на јавноста, но она што сите ги остава без коментар се неговите неверојатни вокални способности. Во продолжение, уживајте уште малку во нив…rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум

    Џенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум

    Со нејзиниот моќен глас и бунтовен карактер, кралицата на блузот Џенис Лин Џоплин за само четири години кариера остави длабока трага во историјата на музиката. Џоплин важи за еден од најдобрите женски вокали на сите времиња. Тексашкиот бунтовник прерано ја заврши својата музичка кариера и не успеа докрај да му ги наметне своите прогресивни ставови на општеството. Алкохолот и дрогата брзо го згаснаа нејзиниот живот. Во историјата замина на 27 години, кусо по смртта на легендарниот Џими Хендрикс.rnrnЏенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум
    rnrn

    „Би ја менувала иднината за вчера.“

    rn

    „Не компромитирај се себеси, ти си сè што имаш.“

    rn

    „Јас сум само една од оние обични, чудни луѓе.“

    rn

    „Мораш да го зграбиш, додека можеш.“

    rn

    „На сцената, водам љубов со 25.000 различни луѓе, а потоа заминувам сама дома.“

    rnrn
    rn

    „Да се биде интелектуалец, значи создавање многу прашања, без одговори. Можеш да го преполниш животот со безброј идеи, а сепак, да одиш сам дома. Сè што навистина имаш, и е важно се чувствата. Тоа е музиката за мене.“

    rn
    rn

    „Грижејќи се за иднината, можеш да ја уништиш сегашноста.“

    rn

    „Секогаш сакав да бидам уметник, што и да значи тоа, како што другите девојки сакаа да станат стјуардеси. Читав. Цртав. Мислев.“

    rn

    „Не можам да зборувам за мојата музика, јас сум внатре во неа. Како можете да опишете нешто однадвор, кога сте внатре во него?“

    rn

    „Слободата е само уште еден збор за тоа дека нема што да загубиш…“

    rnrn
    rn

    „Сега, кога сум тука, каде сум?“

    rn

    „Ниту еден маж не направил да се чувствувам толку добро, како што тоа го прави публиката.“

    rn

    „Знаете ли зошто сме заглавени со митот дека само обоените луѓе имаат душа? Затоа што белите луѓе не им се препуштаат на чувствата.“

    rn

    „Кога пеам се чувствувам како кога првпат се вљубив. Тоа е повеќе од секс.“

    rn

    „Публиката сака и очекува блуз-пејачите да бидат очајни и мизерни.“

    rnrn
    rn

    rn

    „Како што откривме во возот, утре всушност никогаш не се случува. Секој нареден ден е ист како претходниот.“

    rn

    rn

    rn

    „Зошто треба да се враќам наназад и да звучам медиокритетски, само за да можам да звучам исто и по 20 години.“

    rn

    rn

    rn

    „Глупости, животна средина!?“

    rn

    rn

    rn

    „Бидејќи тие не се тоа што го нарекуваме ритам.“

    rn

    rn

    rn

    „Ќе биде долго и тешко патување, но ќе успееме.“

    rn

    rnrn
    rn

    rn

    „Мислам, премногу мислам, затоа пијам.“

    rn

    rn

    rn

    „Жива закопана во блуз.“

    rn

    rn

    rn

    „Требаше да бидам на насловната страница на ‘Newsweek’, но почина претседателот Ајзенхауер. Четиринаесет срцеви удари, а мораше да умре баш во мојата недела.“

    rn

    rn

    rn

    „Татко ми никогаш не би ни купил телевизор, тој не би дозволил да има телевизор во куќата.“

    rn

    rn

    rn

    „Уморна сум од сите овие хипи-глупости.“

    rn

    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Здружениот труд на рок легендите

    Здружениот труд на рок легендите

    Иако рок фановите одат на концерти за да уживаат во оригиналните верзии на песните на нивните омилени бендови, рок легендите одвреме навреме „си поигруваат“ со нив. Како оригиналните верзии да не се доволни, па некои од нив на концертите дел од своите хитови ги освежуваат со вокал или музичка придружба од уште некој славен изведувач. Воодушевувањето кај публиката е видливо уште кога тие ќе се појават на сцена, а откако ќе го доживеат епскиот перформанс кој следува, тоа останува да се раскажува и да се прегледува одново и одново. Уживајте во прегледот од неколку такви изведби.Здружениот труд на рок легендитеrn

    U2, Bruce Springsteen & Patti Smith – Because the Night

    rn

    rn

    Deep Purple, Ronnie James Dio & London Symphony Orchestra – Smoke on the Water

    rn

    rn

    Foo Fighters and Led Zeppelin – Rock ‘n Roll

    rn

    rn

    rn

    Queen, Elton John & Axl Rose – Bohemian Rhapsody

    rn

    rn

    rn

    The Doors & Scott Stapp (Creed) – Light My Fire

    rn

    rn

    The Rolling Stones & Eddie Vedder (Pearl Jam) – Wild Horses

    rn

    rn

    U2 & Mick Jagger – Stuck In a Moment You Can’t Get Out of

    rn

    rn

    rn

    Tom Petty, Prince, Dhani Harrison, Jeff Lynne & Steve Winwood – While My Guitar Gently Wheeps

    rn

    rn

    rn

    The Rolling Stones, Axl Rose & Izzy Stradlin – Salt of the Earth

    rn

    rn

    Paul McCartney, Sting, Eric Clapton, Phil Collins, Mark Knopfler & Elton John – Hey Jude

    rn

    rn

    Дали вие би додале некој што сме го пропуштиле?


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбокс

    Неверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбокс

    Антониет Коста е млада американска пејачка и текстописец, која живее и работи во Филаделфија и Њујорк. Својот прв албум го има издадено во 2005 година, насловен како „Breakthru“. На него се наоѓаат 12 песни, од кои дел се направени заедно со бенд, додека останатиот дел се пијано балади. Сепак, нејзиниот најголем успех е токму синглот„Void of a Legend“ кој го објави при крајот на август оваа година.rnrnНеверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбоксrnrnТекстот на песната го има напишано токму Коста, а истата ја изведува со феноменалниот виолончелист Кевин „K. O.“ Олусола. Покрај тоа што во песната свири на своето чело, тој исто така покажува дека е извонреден битбоксер. Од нивната соработка е добиен навистина прекрасен производ. Уживајте во нивната изведба.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Ќе ја убијам“

    „Ќе ја убијам“

    На секоја девојка барем еднаш во животот и се има случено да почувствува завист кон друга припадничка на понежниот пол, бидејќи сметала дека таа и го украла мажот на нејзиниот живот. Љубомората е на толку висок степен, што посакувате да ја најдете и да и ја искубете косата или хиперболично кажано да ја „убиете“, нели ? 😀Ќе ја убијамЌе ја убијам„Ќе ја убијам, ќе ја убијам, таа ми ја украде иднината, ми го скрши сонот, кога те одзеде од мене“ е дел од текстот на песната насловенa „I’ll kill her“ (Ќе ја убијам) која ја изведува француската пејачка и актерка Соко.

    rn

    rn

    Ова не е официјален видео запис за нејзината песна, туку тоа е всушност завршен проект на студент чие име е Joerg Barton, со кој тој дипломирал на универзитетот за применети науки во Мајнц. Зборовите од песната се „ликвидно“ илустрирани во перфектен момент, со црно-бела техника. Сексапилната нежност и мекост на бојата на гласот на пејачката, фантастично се согласува со временски контролираната палета од „неуморни“ цртежи и портрети.Ќе ја убијамЌе ја убијамУникатната комбинација од несекојдневно интересен видео запис, инспиративниот, заводлив глас на пејачката и нејзиниот француски акцент, веселата мелодија и текст во кој многумина ќе се пронајдат, ќе ве одведат на едно возбудливо „емоционално патување“.

    rnЗа сите оние кои веќе се заљубија во оваа песна, ви овозможуваме и да ја научите на памет:rn
    rn

    Soko – I’ll Kill HerrnrnSo, of course, you were supposed to call me tonightrnyou were supposed to call me tonightrnrnwe would have gone to the cinemarnand, after, to the restaurant, the one you like in your streetrnrnwe would have slept together, have a nice breakfast togetherrnand then a walk in a park together, how beautiful, and thenrnyou would have said “i love you” in the cutest place on earthrnwhere some butterflies are dancing with the fairiesrnrni would have waited like a week or twornbut you never tried to reach mernno, you never called me backrnyou were dating that bleach-blonde girlrnif i find her, i swear, i swear…rnrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future, she broke my dreamrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future when she took you awayrnrni would have met your friends, we would have had a drink or twornthey would have liked me, ’cause sometimes i’m funnyrni would have met your dad, i would have met your mumrnshe would have said “please, can you make some beautiful babies?”rnrnso we would have had a boy called tom and a girl called susan, born in japanrnrni thought it was a love story, but you don’t want to get involvedrni thought it was a love story, but you’re not ready for that …rnrnme neither. i’ll kill herrnshe stole my future, she broke my dreamrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future when she took you awayrnrnshe’s a bitch you know, all she’s got is blondenessrnnot even tenderness, yeah, she’s cleverlessrnshe’ll dump your arse for a model called Brendanrnhe will pay for beautiful surgery ’cause he’s full of moneyrnrni would have waited like a week or twornbut you never tried to reach mernno, you never called me backrnyou were dating that bleach-blonde girlrnif i find her, you know, i swear, i swear, i swear …rnrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future, she broke my dreamrni’ll kill her, i’ll kill herrnrnshe stole my future when she took you away (x2)rnrnman, i told you, you know, if i find her,rni really, i, i mean, i’ll kill her, for real!rnrnit’s like for sure, you have to know, uh,rni mean, you know, i can do it, man,rni’ll kill her.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.