КАФЕ ПАУЗА

Tag: вирално

  • Вирално видео: 5-годишно девојче покажа како се свири на тапани!

    Вирално видео: 5-годишно девојче покажа како се свири на тапани!

    Интернетот е полн со видеа од симпатични деца кои прават смешни и слатки работи. Сепак, во последните денови едно видео од девојче кое го покажува својот неверојатен талент стана вирално! Таа има само 5 години, но свири на тапани како вистински професионалец!rn

    rnrnrnОва детенце кое „готви“ со баба му навистина ќе ве насмее до солзи.

  • Вирално видео: Ова детенце кое „готви“ со баба му навистина ќе ве насмее до солзи

    Вирално видео: Ова детенце кое „готви“ со баба му навистина ќе ве насмее до солзи

    Готвењето вкусна храна не е лесно, а особено не е кога имате мало дете до вас кое ви „помага“. Ова видео стана вирално, а на него можете да видите едно слатко детенце кое се обидува да подготви вкусни колачиња со својата баба. Колачињата на крајот излегуваат совршени, а процесот на подготовка навистина насмеа многу луѓе.rnrnНа видеото малото момче носи престилка и готварска капа и е спремен да ги испече колачињата. Има само еден проблем. Тој сака да ги проба сите состојки. Путерот, шеќерот, па дури и брашното и јајцата. Тој е убеден дека треба да проба сè. Секоја чест за бабата која пробува да ги контролира нејзините напади на смеење во целиот процес.rnrnОва видео има голема гледаност, а корисниците на социјалните мрежи велат дека им било многу смешно што тој се движел премногу брзо и баба му не можела да направи ништо. Сите сакаат да го видат момчето како „готви“ и друга храна, а во продолжение погледнете за што станува збор. Се надеваме дека ќе го разубави и вашиот ден!rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Cade (@littlechefcade) el

    rnrn

    rnrnrnПрочитајте и за ова 7-годишно девојче кое започнало свој бизнис со стари шишиња што ги собира секојдневно.

  • Лезбејски пар преку фотографии од својата бременост ја сподели радоста на мајчинството

    Лезбејски пар преку фотографии од својата бременост ја сподели радоста на мајчинството

    Мелани Рој и нејзината сопруга Ванеса Ајрис знаеле дека и двете сакаат да ја искусат бременоста. Затоа, двете заљубени дами и го направиле тоа, едноподруго.rnrnЛезбејски пар преку фотографии од својата бременост ја сподели радоста на мајчинствотоrnrnМелани и Ванеса одлучиле дека двете ќе носат бебе со временска разлика од една година, но она што не очекувале е нивните фотографии од бременоста да станат толку голем хит.rnrnМелани ја споделила на Инстаграм фотографијата од бременоста на нејзината сопруга во јануари, 2014 година, поставувајќи ја до скоро идентична фотографија од нејзината лична бременост од јануари, 2015 година. Сега двете фотографии вирално се шират на интернет.rnrnЛезбејски пар преку фотографии од својата бременост ја сподели радоста на мајчинствотоrnrnТие имаат и многу други слатки фотографии на нивните Инстаграм профили. Вклучувајќи го и овој пар фотографии со интересна композиција…rnrn3.1-lezbejski-par-preku-fotografii-od-svojata-bremenost-ja-spodeli-radosta-na-majchinstvoto-kafepauza.mk 3.2-lezbejski-par-preku-fotografii-od-svojata-bremenost-ja-spodeli-radosta-na-majchinstvoto-kafepauza.mkrnrnИ оваа слатка слика од новото бебенце на грбот на нејзината мајка.rnrn4-lezbejski-par-preku-fotografii-od-svojata-bremenost-ja-spodeli-radosta-na-majchinstvoto-kafepauza.mkrnrnИ слаткиот момент помеѓу поголемото братче и помалата сестра.rnrn

    Oh my uterus 😩😩😩😩 brother and sister love. #jaxizzoanderokix @theellenshow

    A video posted by V a n e s s a (@_vanessaroy) on

    rnrnВанеса и Мелани сега сакаат да ги инспирираат и другите луѓе во истополови бракови да основаат семејство.rn

    „Телото на жената е извонредно. Начинот на кој во него се создава и расте нов човечки живот е неверојатно. Се надеваме дека нашата фотографија е знакот кој на некои жени можеби им требал за да се охрабрат да имаат дете“, вели Мелани.

    rnВанеса го родила нејзиниот син Џакс во 2014, додека Мелани ја родила ќерката Еро во 2015.rnrnОва е едно слатко мало семејство полно со љубов. Зарем не би се сложиле?rnrn5-lezbejski-par-preku-fotografii-od-svojata-bremenost-ja-spodeli-radosta-na-majchinstvoto-kafepauza.mk 6-lezbejski-par-preku-fotografii-od-svojata-bremenost-ja-spodeli-radosta-na-majchinstvoto-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емотивна машка верзија на песната „I Will Always Love You“

    Емотивна машка верзија на песната „I Will Always Love You“

    Откако ќе ја слушнете оваа верзија на песната „I Will Always Love You“ на Доли Партон од 1974 година, а потоа препеана и од Витни Хјустон во 1992 година за филмот „The Bodyguard“, никогаш повеќе нема да се чувствувате исто во врска со неа. Емотивна машка верзија на песната „I Will Always Love You“Видеото со овој неверојатен пејач со име Џош Ветерс, стана вирално откако тој ја посвети оваа песна на неговата мајка за нејзиниот роденден и ја размрда и фрапира цела публика, откако го испеа првиот стих. Слушнете каков глас излегува од неговата уста и уверете се и сами во оваа фантастична изведба. Доколку сакате да го рипнете делот кога ѝ ја посветува песната на мајка му, одете на 1:30.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како рчи патка?

    Како рчи патка?

    Познато е дека рчењето не е својствено само за луѓето. Многу животни исто така рчат, но ќе се изненадите дека тоа го прават и патките, и тоа на ултрасмешен начин. Неодамна се појави видео на Јутјуб, кое веднаш стана интернет хит, бидејќи прикажува патка која „плива“ во царството на соништата, проследено со спектакуларно рчење, кое дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. :)rnrn

  • Лав на забен преглед кај едно куче

    Лав на забен преглед кај едно куче

    И додека сите сме уверени дека лавот зграпчува и голта сѐ што мрда, природата ни покажува дека дури и крволочните предатори имаат душа и знаат да бидат исклучително дружељубиви. Доказ за тоа е ова видео, снимено во зоолошката градина „The Garold Wayne Interactive Zoological Park“ во Оклахома, во кое се гледа дека на лавот не му смета кучето да му ги чисти забите, и покрај тоа што низ негови очи, тоа е само еден помал хот-дог, доволен за една мала ужина. 🙂Лав на забен преглед кај едно кучеrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мрзливец си грицка зеленчуци лежејќи на грб

    Мрзливец си грицка зеленчуци лежејќи на грб

    Некогаш едноставно навистина ве мрзи да јадете, а цревата ви свират разни симфонии од глад и не можете да си помогнете – морате да грицнете нешто.rnrn(1) Mrzlivec si gricka zelenchuci lezhejkji na grb-www.kafepauza.mkrnrnВеројатно истото искуство го доживеал и Чибака, кој ужива во својот зеленчук на еден ројалски, мрзлив начин. На моменти дури се однесува како да е некоја светска супер ѕвезда, која се обидува да привлече внимание. :)rn

  • Најслаткиот начин да дадете отказ

    Најслаткиот начин да дадете отказ

    31-годишниот Крис Холмс од Кембриџшир, Англија неодамна направил вкусна торта со порака упатена до менаџментот на фирмата во којашто работел, а сите колеги ги поканил да се засладат од неа.rnrnТој работел како службеник за доселеници на аеродромот Станстед во Лондон, но на 15 април ја дал својата оставка, испишана со црни бувки на убава бела ледена торта. Вели дека вежбал прво на хартија и ќе ја направел уште поубава доколку знаел дека ќе стане вирална фотографијата на интернет.rnrn

    Најслаткиот начин да дадете отказ
    „Денес е мојот 31-ви роденден и бидејќи неодамна станав татко, сега сфаќам колку е скапоцен животот и колку е важно да поминувам време со семејството, правејќи нешто што нѐ прави мене и другите среќни. Од таа причина ве известувам дека наскоро ќе ја напуштам работата, за да можам да го посветам моето време и енергија на семејството и на мојот бизнис со торти, кој постојано е во развој во последните неколку години. Ѝ посакувам сѐ најдобро на организацијата и на моите колеги во иднина и ве потсетувам дека доколку ви се допадне оваа торта, можете да порачате повеќе на www.mrcake.co.uk“
    rnrnХолмс, кој е уште познат и како Mr Cake (господин Торта) е дел од бизнисот за приготвување торти, со кој го пополнувал неговото слободно време во последниве 2-3 години. Во понеделникот тој пристигнал на неговото работно место со оваа голема правоаголна торта во кутија, која веднаш му ја подал на менаџерот. Сите менаџери и колеги биле изненадени, но го прифатиле сето ова многу добро. На луѓето кои ја пробале многу им се допаднала.rnrnХолмс пред 5 недели станал татко со синчето Бенџамин, а идејата за давање оставка на торта ја имал уште пред 6 месеци, додека неговата сопруга била сѐ уште бремена. Не кажал на никој за идејата, но ја одржувал во главата, тивко размислувајќи како да ја реализира.rn
    rn

    Со оглед на денешната економија, прилично е ризично да се започнува нов бизнис. Но, убаво ги разгледав фактите и заклучив дека ова е остварлив бизнис. Сѐ се одвива според плановите. Треба да му заблагодарам на мојот син Бен, кој потсвесно ме „клоцна“ да станам и да сторам нешто за коешто чувствувам страст. За тоа ќе му се оддолжам со прекрасна торта за неговиот прв роденден, која веќе ја планирам“.

    rnПосле оставката испишана на торта, телефонот на Холмс непрестајно ѕвони и цело време му стигаат имејл пораки. Но засега, никој не нарачал торта за давање отказ. Заменик-директорот на неговото претходно работно место вели дека му пожелува само успеси во иднина.rnrnОва не е првпат некој да даде „слатка“ оставка од работа. Неодамна Нил Берет од Сан Франциско го направи истото поради неговите здравствени проблеми и потребата да поминува повеќе време со семејството.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Куче кое се плаши од Џулија Робертс

    Куче кое се плаши од Џулија Робертс

    Сите ние си имаме омилени актери кои ни се симпатични и оние, кои едноставно не сакаме да ги гледаме по медиумите. На ова куче од расата хаска, дефинитивно не му се допаѓа да ја гледа Џулија Робертс низ таблоидите. Куче кое се плаши од Џулија РобертсПоточно кажано, тоа чувствува страв во коски кога ќе ја види. :)rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како се капе домашно еже?

    Како се капе домашно еже?

    Многу мали деца плачат и се противат да влезат во када кога ќе дојде време за капење, но кога на еж му е потребен туш, проблемот е уште поголем. Ова еже со име Рагвид брзо стана интернет-сензација, откако беше објавено видео со него како се капе во лавабо.rnrnКако се капе домашно еже? rnrnНајпрво ежето не изгледа многу возбудено што треба да се капе, но откако неговиот сопственик Еван Кантримен го спушта во мијалникот, тој делува исклучително оптимистичен, што и не е така чудно, со оглед на тоа што е многу способен да се одржува на вода, небаре е брод. Следете му ги фаците што ги прави. :)rnrnrnrnrnЕжињата, особено тие од расата африкански пигмејци, се многу популарни домашни миленичиња во САД во последните неколку години. Овој тренд ја зафатил и Велика Британија каде што едно животинче се продавало за 190 фунти, т.е. вртоглави 220 евра. Ветеринарите советуваат дека ежињата треба да се бањаат еднаш на секоја недела-две во плитка и млака вода. Ежовите можат да пливаат краток период, но дивите ежови честопати се дават во мочуришта, доколку пропаднат во нив и не можат никако да излезат.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn