КАФЕ ПАУЗА

Tag: виолончело

  • Неверојатна симбиоза на Бетовен и Лед Зепелин од музичкото дуо 2CELLOS

    Неверојатна симбиоза на Бетовен и Лед Зепелин од музичкото дуо 2CELLOS

    Лука Сулич и Стјепан Хаусер, музичарите кои стојат зад познатото музичко дуо 2CELLOS, го покажаа нивното последно ремек-дело: Спој на 5-тата симфонија на Бетовен и познатиот рок хит на Лед Зепелин – „Whole Lotta Love“. Она што започнува како две различни тематски целини постепено прераснува во една симбиоза која ниту Бетовен, ниту Лед Зепелин би ја очекувале.rnrnНеверојатна симбиоза на Бетовен и Лед Зепелин од 2CELLOSrnrn2CELLOS е навистина интересен бенд кој уште одамна ги има освоено срцата на сите љубители на класичната музика, истовремено задоволувајќи ги желбите и на оние кои ја слушаат популарната музика и сите преостанати жанрови. Нивните преработки на познатите хитови и нивните оригинални композиции ќе останат како доказ за нивниот неповторлив талент и страст за музиката, како и вечен доказ дека комбинирањето на различните стилови музика е еден уникатен и оригинален музички експеримент кој треба почесто да се практикува.rnrn

  • Еволуцијата на музиката за Бетмен низ вештите раце на „The Piano Guys“

    Еволуцијата на музиката за Бетмен низ вештите раце на „The Piano Guys“

    Веќе сме пишувале за „The Piano Guys“, момците кои со пијано и виолончело прават неверојатно добри преработки на светските музички хитови, а за нив прават и преубави видео спотови. Нивната најнова преработка е колаж од повеќе композиции кои биле употребени како насловни за филмовите за Бетмен. Од добро познатата заразна музика од старата ТВ серија за суперхеројот, па сè до трилогијата на Кристофер Нолан со Кристијан Бејл во главната улога, можеме да ги слушнеме сите мелодии кои досега се појавиле во овие филмови.rnrnДоста труд вложиле и во спотот: со секој преод од еден во друг саундтрак, преоѓаат и во друга ера на филмовите за Бетмен, создавајќи аудиовизуелно делo кое одговара на квалитетот на кој нè навикнале.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оригинални класични преработки на светските музички хитови

    Оригинални класични преработки на светските музички хитови

    Следните фантастични и оригинални преработки на неколку познати музички хитови се дело на The Piano Guys. Тоа е група од петмина многу креативни ентузијасти од кои само двајца се музичари, а другите тројца ги извршуваат задачите во врска со видеата за песните. Нивната заедничка работа од нив направи сензација на Јутјуб, а досега имаат повеќе од 130 милиони прегледи.Оригинални класични преработки на светските музички хитовиИ покрај називот кој го носи групата, Џон Шмит е единствениот пијанист овде, а во преработувањето на песните друштво му прави виолончелистот Стивен Шарп Нелсон. Понекогаш во перкусионистичкиот и вокалниот дел им помага и Ал ван дер Бек, чии обврски се однесуваат пред сè на аранжирање. Пол Андерсон е продуцент на групата, а финалниот производ го заокружува видеографот Тел Стјуарт, авторот на овие прекрасни видеа. Пуштете ги звучниците погласно и уживајте во нивната музика!rn
    rn

    Paradise – Coldplay

    rn

    rn

    rn

    Titanium – David Guetta feat. Sia

    rn

    rn

    rn

    Over the Rainbow – Israel Kamakawiwo’ole

    rn

    rn

    rn

    Rolling in the Deep – Adele

    rn

    rn

    rn

    What Makes You Beautiful – One Direction

    rn

    rn

    rn

    Without You – David Guetta feat. Usher

    rn

    rn

    rn

    Just the Way You Are – Bruno Mars

    rn


    rnrnrn


    rn

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбокс

    Неверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбокс

    Антониет Коста е млада американска пејачка и текстописец, која живее и работи во Филаделфија и Њујорк. Својот прв албум го има издадено во 2005 година, насловен како „Breakthru“. На него се наоѓаат 12 песни, од кои дел се направени заедно со бенд, додека останатиот дел се пијано балади. Сепак, нејзиниот најголем успех е токму синглот„Void of a Legend“ кој го објави при крајот на август оваа година.rnrnНеверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбоксrnrnТекстот на песната го има напишано токму Коста, а истата ја изведува со феноменалниот виолончелист Кевин „K. O.“ Олусола. Покрај тоа што во песната свири на своето чело, тој исто така покажува дека е извонреден битбоксер. Од нивната соработка е добиен навистина прекрасен производ. Уживајте во нивната изведба.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.