Како и многу други уметници така карикатуристот и илустратор Alireza Karimi Moghaddam наоѓа инспирација во ликот и делото на Винсент ван Гог. Тој бил тинејџер кога за прв пат почнал да им се восхитува на стилот и живописните дела на уметникот.rnrnrnrnТака, со години неговите илустрации се резултат на инспирацијата од делата на Ван Гог. Во неговите најнови илустрации е присутна и интеракцијата на славниот уметник со Фрида Кало.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОткако ги погледнавте овие преубави илустрации, можеби ќе сакате да погледнете и како магична изложба им дозволува на посетителите да влезат во делата на Ван Гог.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Додека уметниците се инспирираат од надворешниот свет за да создадат дела на кои нема да останете рамнодушни, дизајнерката на ентериер Амалија Бренеман решила да ги искористи четирите најпознати слики во историјата на уметноста како инспирација за нејзините дизајни.rnrnТаа се запрашала како дел од најпознатите сликари вклучувајќи ги Винсент ван Гог, Леонардо да Винчи, Едвард Мунк и Салвадор Дали би можеле да ги украсат своите домови употребувајќи ја истата палета со бои од нивните најпознати дела.rnrnВо соработка со angi.com, дизајнерката работела на ентериерот притоа користејќи ги истите шеми на бои и естетика претставени во дел од најпознатите уметнички дела.rnrnПогледнете ги нејзините преубави дизајни во продолжение.rnrn„Ѕвездена ноќ“, Винсент ван Гогrnrn„Долготрајноста на спомените“, Салвадор Далиrnrn„Мона Лиза“, Леонардо да Винчиrnrn„Крик“, Едвард МункrnrnДоколку ви се допаднаа овие дизајни, можеби ќе сакате да откриете како да го уредите домот со есенски, шик детали.rnrnИзвор: designyoutrust.com
„Никогаш не постоел гениј кој не би по малку и луд“, рекол Аристотел. Денес еден од најценетите уметници и сопственик на најпрепознатливиот уметнички стил, Винсент ван Гог, во неговото време повеќе го носел епитетот „луд“, отколку што била препознаена неговата генијалност. Факт е дека тој бил извонреден сликар за што говори и неговиот богат творечки опус, но тоа не било забележано во негово време. Прочитајте во продолжение за да дознаете повеќе за неговиот живот и дело.rnrnrnrnВан Гог пател од неколку душевни болести, но неговото „лудило“ и покрај бројните теории и анализи сè уште не е во целост разјаснето. Работел и по 20 часа дневно, создал преку 800 слики, од кои успеал да продаде само една. Тие исти дела што тогаш се сметале за безвредни додека ги сликал Ван Гог, денес ги красат ѕидовите на најпрестижните галерии, а нивната вредност се проценува и по милион долари.rnrn„Сликав со цело срце и душа, а во меѓувреме го изгубив умот некаде“, изјавил еднаш.rnrnВо суштина, неговите слики оддаваат некој необичен немир, дури и кога на нив има идилични пејзажи. Ако набљудувате некое негово ѕвездено небо, житно поле, ирис, сончоглед или огнено зајдување на сонцето, кај вас ќе се разбудат некои необични и силни чувства, можеби и ќе можете да ја претпоставите емотивната и душевната состојба на овој уметник.rn
Инцидентот со увото
rnПознато е дека Ван Гог во еден од нападите на своето лудило си го отсекол сопственото уво и ѝ го подарил на проститутка од околниот бордел. Тој настан бил сфатен како кулминација на неговото лудило, и уште едно гледиште во денешната општоприфатена биографија на овој уметник. rnrnПомалку позната е приказната која му претходела на овој споменат настан. Имено, во текот на неколкунеделен престој во градот Арл, Франција, Ван Гог го делел домот со уште еден уметнички великан – Пол Гоген. Нивниот однос меѓутоа не можел да се нарече пријателски. Честите кавги една ноќ довеле до тоа или Ван Гог да посегне по ножот и да го отсече своето уво, или тоа го направил Гоен во текот на нивната расправија, според друга теорија. Постојат различни теории дали Ван Гог го отсекол целото уво или само еден негов дел. Писмото од францускиот доктор Феликс Реј којшто го лекувал Винсент, ги расчистило сите дилеми. Во него на цртеж било прикажано колку било повредено увото.rn
Писмото од докторот што го лекувал Винсент Ван Гог
rnПосле овој инцидент, Ван Гог е сместен во душевна болница, а холандските новини следното утро ја објавиле статијата со оваа содржина:rn
„Синоќа во 23:30 сликарот чиешто име е Винсент ван Гог се појавил пред борделот барајќи ја девојката Рејчел и ѝ го предал своето уво велејќи: „Чувај го ова како скапоценост“, а после тоа исчезнал. Откако полицијата била известена за сите случувања што можеле да бидат направени единствено од страна на несреќен и луд човек, следното утро го побарале овој човек. Го пронашле во креветот со едвај видливи знаци на живот“.
rn
Јас ја сонувам сликата, потоа го сликам сонот
rnrnrnПериодот на престој во душевната болница истовремено бил и еден од неговите најпродуктивни периоди. Завршил над 100 цртежи и насликал 75 слики меѓу кои е и неговата позната „Ѕвездена ноќ“. Ван Гог никогаш не сликал во текот на неговите напади, но неговата болест и затвореноста во болница многу влијаеле на уметничките теми со кој се занимавал на своите слики.rnrnПриврзаноста кој религиозната тематика како и темите од семејниот живот биле директна алузија на личната ситуација. Раздразлив и меланхоличен по природа, Ван Гог парите ги трошел на материјали за сликање и слабо се хранел, а губењето на повеќето заби подоцна му предизвикале стомачни проблеми. Бил посветен на својата работа и живеел за уметност и љубов, но покрај сè тој сè повеќе станувал анксиозен, депресивен и осамен, а на неговиот брат Тео, кој секогаш го поддржувал емотивно и финансиски му пишувал дека е очаен и бесен на себе бидејќи не може да работи како што тој би сакал и дека е сè повеќе убеден дека неговиот живот е промашување. Неговата преданост кон работата водела кон занемарување на здравјето. Пател од несоница, пиел прекумерно, се заразил со гонореја, потоа и сифилис, јадел боја, терпентин и парафин.rnrnТој мислел на сопствената смрт бидејќи како мал поминал покрај гроб на кој го видел напишано неговото име – гроб кој му припаѓал на неговиот починат брат што се родил пред него. Сето тоа допринело до зачестени мачнини и епилептични напади, а Ван Гог сè повеќе ја губел контролата над себе.rn
Ван Гог преку писмата
rnrnrnВо едно од писмата упатено кон неговиот брат, вакво било неговото гледиште за сликањето и неговиот светоглед:rn
„Ова се моите амбиции што се засновани повеќе на љубов отколку на бес, повеќе на смиреност отколку на страст. Вистина е дека сум често во својата мизерна состојба, но и понатаму во мене постои мир, чиста хармонија и музика. Во најсиромашните бараки, највалканите сокаци ја гледам цртежи и слики. И со некоја неодолива сила мојот ум е привлечен од тие работи. Верувај ми понекогаш со целото срце се смеам што луѓето ме обвинуваат за сите злодела и апсурдност, за кој ниеден дел од мене не е крив. Јас, навистина сум никој друг туку пријател на природата, учењето, работата и над сè – на луѓето“.
rnБројни се современите дијагнози на неговото лудило. Некои од нив се психоза, шизофренија, биполарно нарушување и гранично нарушување на личноста. „Чекорење на дрвјата“ е последната слика којашто ја насликал во 1890-та година.rnrnНа последната слика којашто ја работел последната година од неговиот живот, со својата недефинирана композиција можеби најдобро е претставен силниот емотивен немир на овој уметник. Неколку часа подоцна, во текот на истиот ден во 1890, го насочил пиштолот кон неговото срце и се обидел да го оконча својот живот. Тој обид во првиот миг бил неуспешен бидејќи куршумот го заобиколил срцето, па Винсент наредните 2 дена ги поминал на смртна постела. За него се грижел неговиот брат Тео. На рацете на единствената личност што го разбирала и вистински го сакала, најпосле издишал со следниве зборови: „Вака сакав да умрам“.rnrnПрочитајте ги овие 10 работи кои можеби не сте ги знаеле за Пабло Пикасо.
Уметноста е моќна алатка која ги инспирира луѓето на дневна база и нѐ потсетува колку навистина светот е убав и разновиден. За жал, често немаме доволно пари или време да ги посетуваме музеите ширум светот и да уживаме во уметничките ремек-дела од минатите векови. Но, за среќа постои едно решение кое без сомнение ќе ви се допадне. Неверојатниот проект „Google Art“ ни нуди виртуелни тури низ најзначајните светски музеи. Па, ајде да започнеме со најинтересните.rn
rnrnrnОвој познат музеј е еден од најпосетените во светот. Но без разлика на името, во него не се изложени само современи уметнички дела. Највредните дела во колекцијата ги вклучуваат „Ѕвездена ноќ“ од Винсент ван Гог и „Надеж II“ на Густав Климт. Виртуелната тура ни овозможува и детално разгледување на невообичаените изложби кои вклучуваат оригинални костими, фотографии, постери, скулптури и многу други дела.rn
rnrnrnОвде лесно можете да го поминете целиот ден без воопшто да ви стане досадно. Светски познатата колекција во музејот опфаќа уметнички дела од 13-от до 20-от век. „Мадона на карпите“ од Леонардо да Винчи и „Венера и Марс“ од Сандро Ботичели се само дел од најзначајните слики изложени овде.rn
rnrnrnОвој германски музеј е дом на голема колекција дела од 19-от век, која ги покрива сите главни стилови, вклучувајќи го класицизмот, романтизмот, импресионизмот и раниот модернизам. Особено вредни за споменување се следните дела: „Во конзерваториумот“ од Едуард Мане, „Бранот“ од Густав Курбе и „Монах покрај морето“ од Гаспар Дејвид Фридрих. Можете да направите виртуелна тура низ сите соби од музејот, а интересно е што на некои од изложените дела им недостасува потпис.rn
rnrnrnБлагородничката висока класа е очигледна насекаде низ овој музеј. Со виртуелната тура не само што ќе имате шанса да уживате во славните слики, меѓу кои се и „Смртта на Марат“ од Жак-Луј Давид, „Ребека и Елизе“ од Паоло Веронезе и „Херкул и Телефус“ од Жан-Баптист Жувене, туку исто така ќе имате можност да видите и како се менувала една од најлуксузните палати во светот низ вековите.rn
rnrnrnВљубениците во уметноста овде ќе ја најдат најголемата колекција дела која е посветена на руските уметници. Меѓу позначајните дела се „Црното море“ од Иван Ајвазовски, „Смарагден ѓердан“ од Виктор Борисов-Мусатов, „Девојката со праските“ од Валентин Серов и „Дамата во сино“ од Константин Сомов.rnrn
Дизајнерката на чанти и чевли, Шарлот Олимпија, направила многу интересна колекција на чевли инспирирана од познатите дела на славните уметници.За својата колекција, Шарлот користела инспирација од уметничките дела на Пабло Пикасо, Винсент Ван Гог, Ховард Ходкин, Џексон Полак, Рој Лихтенштајн и Пит Мондрин. rnrn
Покрај бројните слики и скици, за животот на чудниот гениј Винсент Вилем ван Гог говорат и околу 900 писма, кои според историчарите на уметноста, ги напишал во периодот од 1872 до 1890 година. Најголемиот број, односно 600 од нив биле адресирани до неговиот брат Теодор, од кого ја добивал најголемата емоционална и финансиска поддршка. Му пишувал за очајот, бедата, сиромаштијата, лудилото, оптимизмот…rnrnПрочитајте еден мал дел од пораките на уметничката легенда, извадени од писмата до Тео.rnrnrnrn rn
„Сликањето е како да имате лоша љубовница, која троши, троши и никогаш не ѝ е доволно…“
rnrn
„Совеста е човековиот компас. Иако, иглата понекогаш отстапува и често има неправилности во насочувањето на курсот, сепак мора да се обидеме да го следиме.“
rn
„Човек може да носи голем оган во душата, а никој да не може да се стопли од него. Минувачите не гледаат ништо, освен малку чад што излегува од оџакот и секој заминува по својот пат. Што да се прави тогаш? Да го одржуваш ли огнот во душата, да ја носиш ли солта на земјата со себе, трпеливо, но и со какво нетрпение!? Да чекаш, да го чекаш часот кога некој ќе дојде, ќе застане покрај тебе и ќе остане. Знам ли? Се надевам дека секој што верува, ќе го дочека тој час…“
rn
„Природата секогаш започнува со пружање отпор кон уметникот, но тој што сериозно ја сфаќа, нема да биде обесхрабрен.“
rn
„Знам и сигурен сум дека имам инстинкт за боја и дека тој сè повеќе и подлабоко ќе навлезе во сржта на моите коски.“
rnrnrn rn
„Имам чувство дека историјата на луѓето е како историјата на житото. Ако не те посадат во земјата за да изртиш, ќе те сомелат за да станеш леб.“
rn
„Задоволен сум до некој степен, што не сум учел сликарство. Тогаш можеби ќе научев да ги одминувам ефектите, а сега си велам, токму тоа ми треба. Ако не може – значи не може, но сепак ќе се обидам, макар и да не знам како да го направам тоа. Како цртам, ни сам не знам. Седнувам со белата табла на некое место што ме освојува, го набљудувам тоа што е пред моите очи и си велам, од оваа бела табла треба да излезе нешто. Потоа се враќам незадоволен дома, ја фрлам таблата настрана и откако ќе одморам малку, пак ја земам и ја набљудувам со некаков страв. И повторно се јавува незадоволство, затоа што чудната природа е сè уште премногу жива во мојата меморија за да можам да бидам задоволен, но сепак, гледам во својата работа некаков одраз од тоа што ме освоило, гледам дека природата ми проговорила, ми кажала нешто и јас сум го стенографирал тоа.“
rn
„Човекот мора да научи да чита, исто како што мора да научи да гледа и да живее.“
rn
„Не можам да престанам за мислам дека најдобриот начин да го запознаеш Бога е да сакаш многу работи. Сакај го овој пријател, оваа личност, овој предмет… и ќе бидеш на правиот пат да го разбереш подобро.“
rn
„Луѓето се често неспособни да направат било што, заробени се во не знам каков вид на ужасен, ужасен, о колку ужасен кафез.“
rnrnrn rn
„Да научиме да страдаме, без да се жалиме, да научиме да гледаме на болката без одбивност. Токму од тоа човек ризикува да му се сврти во главата. И, сепак, понекогаш не обзема смртно претчувство дека можеби на другата страна на животот ќе најдеме доволно оправдувања за постоењето на болката, која гледана оттука, понекогаш го пополнува хоризонтот и расте до размери на безнадежен потоп. За сето тоа знаеме многу малку и затоа подобро да гледаме некоја ливада со жито, дури и таа да е само на слика.“
rnrn
„За животот знаеме толку малку, што дури и не ни прилега да судиме што е добро, а што лошо, праведно или неправедно. Да зборуваме дека човек е несреќен, бидејќи страда, е исто како да тврдиме нешто сè уште е недокажано. Така да прифатете ги работите такви, какви што се, чекајте со надеж и вооружете ја својата душа со долго трпение и добра волја, како што вели една многу стара поговорка. Оставете природата да го стори своето.“
rn
„Платното има идиотски поглед, ги хипнотизира уметниците толку многу што и тие самите се претвораат во идиоти.“
rn
„Самиот живот, исто така, е вечно кружење и бескрајна празнина, депримирачка празна страна на која ништо не се појавува, исто како и празното платно. Но, без разлика колку е празно и залудно, и колку „мртов“ може да биде животот, оној што има верба, енергија, топлина, оној кој знае нешто, нема да се откаже толку лесно.“
rn
„Сликарите ја разбираат природата, ја сакаат и нè учат како да го видиме тоа.“
rnrnrn rn
„Постојат два начини на размислување за сликарството, како да не се направи и како да се направи. Како да се направи со многу цртање и со малку боја и како да не се направи со многу боја и со малку цртање.“
rn
„Ако некој сака да биде активен, не смее да се плаши дека ќе згреши, не смее да се плаши да направи грешка понекогаш. Многу луѓе мислат дека ќе станат подобри единствено и само ако не направат никакво зло, но тоа е лага. На тој начин ќе бидат во стагнација, во медиокритизам.“
rn
„Причината зошто немам постојана работа и зошто со години сум немал постојана работа, е доста едноставна. Моите идеи се разликуваат од оние на господата. Тие ја даваат работата на поединци кои го делат нивното мислење. Нивниот прекор не се должи на мојот изглед. Причините се многу подлабоки, ве уверувам.“
rn
„Продолжи понатаму, продолжи што и да се случи. Но, запрашај се која е твојата крајна цел. Таа цел ќе стане појасна, ќе се оствари полека, но сигурно, како што цртежите се претвораат во скици, а скиците во цртежи, преку сериозна работа и разработка на оригиналната нејасна идеја и преку консолидација на првата краткотрајна и минлива мисла.“
rn
„Јас не сум му пријател на денешното христијанство, иако неговиот основач беше возвишен.“
„Ван Гог е биполарен“ е ресторан инспириран од животот на легендарниот холандски пост-импресионист, Винсент ван Гог. Тој е лоциран во главниот град на Филипините, Манила, и е во сопственост на фотографот Џетро Рафаел, кој тврди дека страда од истото психичко нарушување, со кое долги години војувал познатиот гениј. Дијагнозата дека е биполарен (често менување на расположението), Рафаел ја добил пред околу 4 години.Куќата на Рафаел дење е негов скромен дом, а ноќе се претвора во „ресторан на среќата“. Така го нарекуваат, бидејќи во него се служи здрава, природна и органска храна, која го стимулира лачењето на серотонинот (хормон на среќата), допаминот и на адреналинот.rnrnТој открил дека ваквата исхрана му ја подобрува здравствената состојба, односно му ги намалува депресијата и лошото расположение. Токму затоа, своето откритие одлучил да го сподели со останатите, преку отворање на овој необичен ресторан. На менито се наоѓаат лични рецепти на Рафаел, кои најчесто содржат лосос, мед, зелка, мисирка…rn
„Дознав дека кога сте анксиозни, депресивни, вознемирени, постојат состојки кои можат да ве смират и да ви го подобрат расположението. Мисирката е богата со триптофан, кој го инхибира гневот и компулсивното однесување. Зелката го активира серотонинот во мозокот и може да ја победи депресијата, мангото го намалува кортизолот, а дивиот мед ја елиминира вознемиреноста. Лососот пак, е богат со омега-3 масни киселини, кои исто така, можат да нè направат среќни. Јас готвам, тоа е дел од мојата терапија“, вели сопственикот на ресторанот.
rnЈадењата во ресторанот на Рафаел се именувани по познати личности, кои страдаат или страдале од биполарно однесување. Такви се писателката Вирџинија Вулф, актерите Кортни Лав и Мел Гибсон, американските претседатели Рузвелт, Клинтон и Линколн… Еве дел од специјалитетите:rnrn1.Најбарана е „СалататаЛари Флинт“, која се служи во чест на истоимениот американскиот издавач. Таа се состои од зелка, солени јајца, парчиња зрело манго, чипс од банана, свеж босилек, индиски ореви, каперси… Сето тоа е прелиено со тајниот црн зеленчуков сос на Рафаел.rnrn2. „Солзите на Вирџинија Вулф“ – станува збор за мисиркина супа со домашен банана чипс, лековити билки, моркови и цветови кои се јадат.rnrn3.Овошен пијалак наречен „Кортни Лав – напиток на денот“. Тој е направен е од свежо овошје, екстракти од манго, лимон и краставица, листови од свежо нане и див мед.rnrn4.Алкохолен напиток „Гревот на Мел Гибсон“ – содржи белгиско темно чоколадо, див мед, jagermeister (германски пијалак направен од 56 билки, зачини и корени) и орев.Атмосферата во ресторанот е надополнета со парчиња уметност од Рафаел и од други филипински уметници. Еден од ѕидовите е прекриен со најразлични пораки од гостите, во кои се искажани гнев, омраза, љубов, надеж… Тие понекогаш инсистираат во здравото и вкусно мени да уживаат на некоја од масите во дворот на „Ван Гог е биполарен“.rnrnДенеска во ресторанот се чекаат редици за влез. Тој започнува со работа во 18 часот. А, на оние кои ќе дојдат после 22 часот, им следува и бесплатна супа. 🙂 Рафаел потенцира дека ресторанот е отворен за сите љубители на здравата храна, без разлика дали страдаат од некоја болест или не.rnrn
Грчкиот уметник и електроинженер Петрос Врелис, изработил интерактивна анимација на „Ѕвездена ноќ“, едно од најпознатите дела на Винсент ван Гог. Оваа некласична репродукција е проследена и со пријатна музика. Функционира на екран на допир, преку кој љубителите на современата уметност кои ќе дојдат во контакт со интерактивната слика, можат да го контролираат движењето, а со него и музичките тонови. Кога ќе престанат да манипулираат со сликата, таа се враќа во нејзината првобитна состојба.За да го создаде звукот и тој да се менува пропорционално со движењето на сликата, уметникот користел миди интерфејс. Анимацијата вклучува околу 80.000 честички, нацртани како „OpenGL“ минимапи, за чие движење бил изработен посебен „флуиден“ алгоритам. Преку следното видео, уживајте во овој уникатен спој на класичното и на современото. Пуштете го на цел екран.rn
rn
„Ѕвездена ноќ“ го претставува погледот од прозорецот од собата во душевната болница каде се лекувал Ван Гог. Ова ремек дело на холандскиот пост-импресионист, се наоѓа во Музејот на модерна уметност во Њујорк, САД. Во едно од писмата адресирани до неговиот брат Тео, Ван Гог напишал дека е незадоволен со изгледот на сликата.