КАФЕ ПАУЗА

Tag: вазна

  • Фотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домот

    Фотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домот

    Дали сакате да го освежите вашиот ентериер и да му додадете малку боја, но не сте љубител на големи промени во вселената или едноставно не сте доволно храбри да експериментирате со украсување на вашиот дом?rnrnНе грижете се, бидејќи вазната со цвеќиња е вистинската работа за вас. Токму оваа едноставна декорација ќе го трансформира и разубави вашиот дом за секунда. Порано, цвеќето беше резервирано исклучиво за кујнската маса или дневната соба, но денес го стававме во секоја соба во домот. Така, нема да погрешите ако ја освежите бањата, на пример, со мала вазна. Без оглед какви вазни ви се допаѓаат или какви цвеќиња сакате, на овој начин брзо и лесно ќе го освежите вашиот дом и ќе го направите просторот за живеење поудобен.rnrnЕве неколку фотографии кои докажуваат дека вазната со цвеќиња е најубавиот украс во секој дом и инспирирајте се да украсите.rnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnФотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домотrnrnПогледнете ги и овие дворови и ентериери кои ќе ве воодушеват!

  • Направете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?

    Направете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?

    Деновите се такви, па поголемиот дел од времето го поминуваме дома и излегуваме само кога е потребно. Одвојте време за да создадете нешто креативно и убаво за домот. Нема да ви биде потребно многу време ниту голема умешност, а ќе имате прекрасен украс!rnrnНаправете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе!rnrnСè што ви треба е боја за стакло, некаква украсна хартија и панделки.rnrnСо цел да го направите вашиот престој во 4 sида што е можно попријатен и поубав, секогаш е добра идеја да го декорирате со некои детали, а ако тој детаљ е украс што ќе го направите сами, неговиот шарм ќе биде уште поголем.rnrnВи предлагаме да направите вазна за цвеќиња од обична тегла. Не ви треба посебен материјал или подготовка за ова, само малку боја и украсни панделки.rnrnПоиграјте си со вашата фантазија и пронајдете инспирација да создадете најслатка вазна од обична тегла.rnrnАко имате боја за стакло дома, едноставно истурете ја во теглата и превртете ја така што бојата ќе ја обои внатрешноста од теглата. За дополнителен шарм, можете да ја декорирате теглата со панделка и – готово!rnrnДури и обичната тегла во која ќе налеете вода и потоа ќе ставите цвеќиња ќе изгледа одлично. Пронајдете инспирацијата за создавање на најслатка вазна од обична тегла во следниве фотографии.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и неколку луди „направи сам“ идеи кои ќе ве изненадат со нивната креативност и корисност.

  • 7 совети со кои лалињата во вазна ќе издржат и до 10 дена

    7 совети со кои лалињата во вазна ќе издржат и до 10 дена

    Ниту едно цвеќе не ја повикува пролетта како букетот свежи лалиња. Најдоброто е што овие цветови се навистина отпорни и можат да издржат и до 10 дена во вазна, доколку правилно ги негувате. Погледнете ги советите што ќе ви помогнат во тоа.rnrn7 совети со кои лалињата во вазна ќе издржат и до 10 денаrn

    1. Одбирајте затворени цветови

    rnКога купувате лалиња, одберете ги оние чии цветови не се отворени. Уште подобро е ако цветот не е целосно обоен, туку е малку зелен. Не грижете се, цветот ќе се отвори за неколку денови, а во вазната ќе издржи многу подолго. Доколку земете веќе расцветани лалиња, тие ќе траат само ден или два.rn

    2. Не заборавајте на водата

    rnНајдобро би било стеблата да ги обвиткате со хартија натопена во студена вода, и тоа веднаш откако ќе ги купите. Доколку се без вода, лалињата почнуваат да венеат многу брзо.rn

    3. Отстранете ги листовите

    rnПред да ги ставите лалињата во вазна, накосо отсечете половина центиметар од секое стебло. Ова им помага на цветовите побрзо да „пијат“ вода. Исто така отстранете ги и ливчињата кои растат на крајот на цветот. Доколку листовите паднат во вода, ќе почнат да скапуваат и пребрзо ќе ги „убијат“ лалињата.rn

    4. Изберете ја вистинската вазна

    rnВазната мора да биде висока барем колку половина од стеблото. Уште подобро е ако е повисока и ги држи цветовите исправени. Доколку вазната е прениска, лалињата ќе се обесат преку работ. Иако можеби овој ефект им се допаѓа на многумина, на овој начин лалињата ќе овенат побрзо.rn

    5. Додајте малку „храна“

    rnТечната храна за цвеќе можете да ја купите како готов производ, но можете да направите нешто и дома. На пример, во вазната ставете малку сол, малку лимонов сок или монета. Според некои и ова делува, но не е добро колку купечката течна храна.rn

    6. Вода, вода и уште вода

    rnНа лалињата им е потребно многу вода, па внимавајте да не останат на суво и менувајте им ја водата секој ден.rn

    7. Вистинско место за вазната

    rnДржете ги лалињата подалеку од сонце. Нивното место не треба да биде изложено на сончева светлина, ниту премногу топлина, бидејќи цветовите ќе овенат.rnrnПогледнете и кои се растенијата што можете да ги одгледувате во вашата кујна.

  • Кое дете ја скршило вазната? Вашиот одговор открива кои сте однатре!

    Кое дете ја скршило вазната? Вашиот одговор открива кои сте однатре!

    Целта на оваа загатка е да размислите за тоа кое дете најверојатно ја скршило вазната. Одговорот ќе открие кои се вашите највидливи карактеристики и како го доживувате светот околу себе.rnrn2-koe-dete-ja-skrshilo-vaznata-vashiot-odgovor-otkriva-koi-ste-vie-odnatre-www.kafepauza.mk_rn

    Детето под А

    rnАко сте го избрале момчето во белата блуза, вие сте многу внимателни и фокусирани, односно често можете да ги забележите и најситните детали во вашата околина.rnrn3-koe-dete-ja-skrshilo-vaznata-vashiot-odgovor-otkriva-koi-ste-vie-odnatre-www.kafepauza.mk_rn

    Детето под Б

    rnАко сте го избрале најстарото девојче, вие сте многу чувствителни и лесно ги решавате проблемите околу вас. Исклучително сте сочувствителни и тоа им го покажувате на сите.rnrn4-koe-dete-ja-skrshilo-vaznata-vashiot-odgovor-otkriva-koi-ste-vie-odnatre-www.kafepauza.mk_rn

    Детето под В

    rnАко сте го избрале најмалото момче, кое изгледа како добро да се забавува во целата ситуација, вие сте роден лидер. Знаете како да ги преземете уздите на вашиот живот, да бидете свои и гласно да ги изразувате вашите мислења.rnrn5-koe-dete-ja-skrshilo-vaznata-vashiot-odgovor-otkriva-koi-ste-vie-odnatre-www.kafepauza.mk_rn

    Детето под Г

    rnАко сте го избрале помалото девојче, вие сте грижливи и луѓето со задоволство се потпираат на вас, бидејќи им влевате сигурност. Многу размислувате и мислењето го изразувате умерено и со внимание, заради што сте ѝ важни на вашата околина.rnrn6-koe-dete-ja-skrshilo-vaznata-vashiot-odgovor-otkriva-koi-ste-vie-odnatre-www.kafepauza.mk_rnrnЗа следниов тест, сѐ што треба да направите е да одговорите на прашањето: Кој е најглупавиот човек на сликата? Кликнете на него и дознајте што тоа кажува за вас.rnrnКој е најглупавиот човек на сликата? Одговорот ќе ви открие интересни работи за вашиот карактер

  • Стара загатка со скршена вазна која и ден-денес ги збунува луѓето: Ќе успеете ли вие да ја решите?

    Стара загатка со скршена вазна која и ден-денес ги збунува луѓето: Ќе успеете ли вие да ја решите?

    Уште во минатото постоеле загатки кои ги измислувале луѓето, а со тоа се терале да размислуваат и да го развиваат својот ум и својата имагинација. Во продолжение погледнете ја оваа стара загатка која сѐ уште успева да збуни многу луѓе. Добро размислете и обидете се да ја решите.rnrnСтара загатка со скршената вазна која ги збунува луѓето: Ќе успеете ли вие да ја решите?rnrnЕден човек повикал инспектор за да му помогне…rnrn„Вчера си дојдов дома малку порано од вообичаено. Само што седнав да вечерам, слушнав дека нешто падна во собата на мојата сопруга. Веднаш истрчав таму и на подот ја забележав омилената вазна на мојата сопруга која ја чуваше како очите на главата. Секако, таа беше скршена. Во истиот момент, некој човек истрча од куќата, а јас побрзав по него. Но, веднаш штом излегов, очилата ми се замаглија од студенилото, па натрапникот ми избега. Ве молам помогнете ми да го пронајдам, сигурен сум дека нѐ ограби. Впрочем, како да ѝ објаснам на мојата сопруга, која утре се враќа дома од одмор, дека нејзината омилена вазна е скршена?“, објаснил човекот.rnrn„Најпрво, не разбирам зошто толку се плашите од својата сопруга. Од неа се плашите, а мене ме лажете. Подобро кажете ѝ што навистина се случило“, рекол инспекторот и си заминал.rnrnШто мислите вие, зошто инспекторот толку остро му одговорил на својот клиент? Како тој знаел дали ја зборува вистината или не? Ако и по неколку минути размислување сепак не успевате да дојдете до решението, одговорот погледнете го во продолжение.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сакам да го откријам решението” active=”false”]Инспекторот знаел дека човекот не ја зборува вистината затоа што очилата се замаглуваат само кога од ладно, ќе преминете кон топло, а никако во обратен случај![/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • Доколку сакате вашите цвеќиња да траат подолго, чувајте ги во млака вода

    Доколку сакате вашите цвеќиња да траат подолго, чувајте ги во млака вода

    Секој сака цвеќето во вазната да трае што подолго, пред сè затоа што тоа го разубавува просторот. Основно правило кога купувате цвеќе е добро да го погледнете дали е свежо, што лесно може да се забележи по неговиот изглед. Потоа, вазната во којашто ќе го чувате треба добро да ја измиете и да ја наполните со една третина вода. Пред да го ставите цвеќето во вазната, потребно е да почекате таа да добие собна температура.rnrnrnrnИсто така важно е од цвеќето да ги отстраните долните листови, за да се спречи нивното гниење. На овој начин се отстранува и материјата којашто го спречува отворањето на пупките. Секое стебло треба да го скратите од еден до два сантиметри и тоа под водата, за да не навлезе воздухот во спроводниците и на тој начин да го отежни протокот на водата до пупките.rnrnСепак, количината на водата зависи од видот на цвеќето во вазната. Ружите, каранфилите и хризантемите сакаат повеќе вода, додека пак на лалињата и герберите им е доволно да биде наполнета и третина од вазната. Водата на герберите треба да им се менува секојдневно, додека пак, на лалињата треба само да се дополнува. Препорачливо е повремено да ставате аспирин во вазната, за да се спречи создавање бактерии коишто ќе предизвикуваат гниење на стеблата.rnrnШто се однесува пак до ружите, тие се сметаат за едни од најубавите цвеќиња кои постојат. Па, при купувањето одберете ружи коишто имаат убав, здрав, зелен и цврст лист, цврст цветен врат и цвет во јасна боја. Пред да ги ставите во вазна, ружите треба да ги потопите со млака вода којашто претходно е загреана до 40 степени и во истата да ги држите 15-20 минути. Водата, којашто треба да биде прво варена, па потоа изладена, треба да ја менувате секој ден.

  • Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

    Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

    Автор: Ана ПетровиќrnrnНе дозволувајте вашата колекција на марами да стои во плакарот. Искористете ги на креативен и интересен начин. Токму поради фактот што модата се менува и она што сте го купиле пред една деценија, веќе не го носите, тука е ентериерот на кој добро би му дошло едно мало разубавување.rnrnДоколку сакате да внесете разиграни бои и уникатни шари во домот, во продолжение ви претставуваме неколку идеи како да го направите тоа.rn

    Наслон на кревет

    rnНадополнете го вашиот еднобоен кревет со преубав дезен на марама, со кој би добил сосема различна нота.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Обвиткајте ја вазната

    rnМарамите имаат двојна функција. Освен што ја надополнуваат вашата облека, можат да послужат и како декоративен детаљ во просторот, кој внесува свежина и радост во вашиот дом. Врзете ја вашата марама на омилената вазна за цвеќе. Ова е и одличен начин да ја маскирате обичната тегла ако немате вазна.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Украс за столиците

    rnНајдете една или две марами со иста должина и ставете ги на столот како украс.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Марама во рамка

    rnКој би се сетил да урами некој уникатен дезен на марама и да го закачи на ѕидот во некоја од собите? Прекрасна идеја, која ќе ги воодушеви вашите пријатели.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Навлаки за перници

    rnМарамите искористете ги и како навлака за перници. Одберете ги најубавите свилени марами, кои би придонеле за пософистициран изглед на мебелот.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Марама на ѕидот

    rnЕдноставно и лесно. Земете ја вашата стара марама во винтиџ стил и закачете ја на ѕидот. Можеби звучи чудно, но доколку сте љубители на боемскиот стил, ова е одлична идеја за уредување на домот.rnrn(6) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mkrn

    Обложете ги столиците

    rnТапацирајте ги вашите столици или наслони со помош на марамите. Тие ќе добијат нов изглед, а вашата работа ќе биде завршена, бидејќи столиците ќе изгледаат како нови.rnrn(7) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mk

  • Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

    Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

    Автор: Бојана МандевскаrnrnНадвор пукнало сонце, сè цвета и раззеленува, а вие заглавени во вашата канцеларија ги извршувате своите обврски. Сè би дале за една прошетка во парк, утринско кафе на некоја тераса од локалните кафулиња, ручек на отворено… Звучи супер, нели?! Но, знаеме дека обврските мора да се извршат, или како што вели една поговорка „што се мора не е тешко“.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа полесно да ги извршувате своите работни обврски, а притоа да не се нервирате за тоа што не можете да уживате на сонцето, направете мало преуредување на вашето работно место и поканете ја пролетта во вашата канцеларија.rnrnВо прилог ви предлагаме неколку начини на кои би можеле да го постигнете тоа:rnrn1. Пред сè, отворете ги прозорците и дозволете му на свежиот воздух да влезе во просторијата, проветрете. Доста беше седењето во затворени простории. Можете да ставите и освежувач на воздух со пријатен и нежен мирис.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија2. Потоа започнете со отстранување на сите непотребни работи од вашето биро. Ослободете се од сите хартивчиња, кутии, пенкала и сè останато што не го користите, а само зафаќа простор. Земете неколку кутии во боја и ставете дел од работите кои не ги употребувате во нив. Вас ќе ви бидат корисни, а ќе бидат убави за око.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија3. Одберете слики во пролетен, весел амбиент и ставете ги на вашата десктоп позадина, или пак закачете слики на ѕидот од вашата канцеларија. Украсете ја плутената табла  за пораки со интересни забавни слики и мисли кои ќе ви измамат насмевка на лицето. Купете нови интересни  рамки за старите фотографии или пак ставете нова слика од вашите сакани да ви го красат бирото.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија4. Ставете вазна со цвеќе. Одете на пазар или во цвеќара и купете букет свежо цвеќе или пак сезонско саксиско цвеќе.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија5. Заменете ја старата шолја за кафе со нова што ќе се вклопи во пролетниот амбиент.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаСовет плус: доколку имате можност, сменете ја локацијата на вашето биро. Наместете го поблиску до прозорецот така што ќе бидете блиску до свежиот воздух или пак свртете го спроти прозорецот за да добивате повеќе светлина. Изборот е ваш!Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа да не ги занемарите вашите обврски поради чистење и средување, направете план. Во текот на денот одвојте неколку пати по 15 минути за да ја исчистите канцеларијата. На крајот на денот ќе имате чиста канцеларија и завршени работни задачи.rnrnКога ќе завршите со преуредувањето, поканете ги колегите на „гости“ и заедно направете мала кафе пауза и заедно уживајте во пролетната атмосфера на вашата канцеларија.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 кул дрвени гаџети

    10 кул дрвени гаџети

    Погледнете околу себе… Колку гаџети имате и колку од нив ги користите речиси истовремено?! Веќе повеќето од нас поседуваат некаков паметен мобилен телефон, ајпод, па и таблет. Но, ваквите гаџети се претежно изработени од ладни материјали, кои ни овозможуваат да ја „почувствуваме“ технологијата.rnrnЗа поголемо уживање во колекционирањето на вашите омилени технолошки парчиња, искористете нешто од оваа селекција на 10 додатоци изработени од дрво, кои создаваат чувство на топлина и дефинитивно се одликуваат со уникатност и стил.rn.rn

    1. Држач за мобилен телефон CaseCrown

    rn10 кул дрвени гаџетиЕдноставен, елегантен држач, кој ќе му овозможи на вашиот телефон да се одмори…rn.rn

    2. Слушалки од шперплоча

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој редок гаџет е изработен од деветслојна лакирана шперплоча и претставува пример за спој помеѓу формата и технологијата.rn.rn

    3. Дрвен УСБ драјв

    rn10 кул дрвени гаџетиОва флеш стикче е изработено од Кокоболо, тропско дрво кое расте во Централна Америка, а има капацитет од 8ГБ.rn.rn

    4. Вазна од расцепено дрво

    rn10 кул дрвени гаџетиПрекрасна вазна од ламинирано бамбусово дрво изработена од јапонската заедница за дизајн Теори. Одлично би се изгледала поставена на вашето работно биро каде што ви стои компјутерот.rn.rn

    5. Дрвени часовници

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва се класични дрвени часовници, кои добиваат поприродно чувство поради видливоста на структурата на самото дрво.rn.

    rnrn

    6. Дрвени звучници за мп3 плеери

    rn10 кул дрвени гаџетиОвие прекрасни звучничиња зафаќаат помалку од 16мм3 и поврзувајќи ги со вашиот мп3 плеер, ќе произведуваат стерео звук каде и да одите.rn.rn

    7. Дрвен док со звучник за ајпод

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој елегантен и стилски док е одличен елемент кој ќе и даде топлина на просторијата во домот каде што ќе го сместите, а воедно ќе ви овозможи гласно да ја слушате музиката од вашиот омилен музички плеер.rn.rn

    8. Дрвена футрола за лаптоп

    rn10 кул дрвени гаџетиОваа извонредно стилска футрола, обложена со кожа, ќе го заштити вашиот 15-инчен Епл Мекбук или Епл Мекбук про.rn.rn

    9. Дрвено радио

    rn10 кул дрвени гаџетиОва е мало радио со изненадувачки добар звук. Изработено е од чиста јава ебоновина, махагони и бор од одржливо управувана шума во Индонезија.rn.rn

    10. Звучник – дрвено јаболко

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва дрвено јаболко е од iDear и може да се користи како звучник за вашиот телефон или мп3 плеер.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.