Се сеќавате ли на она чувство кога ви изгледа скоро невозможно да се разбудите рано наутро, но откако ќе го мириснете вкусното кафе, вие во истиот момент да се расоните? Лесно е да се заљубите во вкусот на овој животен еликсир, па токму затоа погледнете ги следниве неколку едноставни рецепти за најтоплите летни денови…rn
Ледено кафе со кокос
rn
rnrnОвој едноставен и здрав рецепт се подготвува за само 2 минути. Сè што ви е потребно е кафе и кокосова вода. Помешајте 230 милилитри кокосова вода со една лажичка (две, ако сакате посилен вкус) кафе, добро промешајте, па додајте лед и по желба шлаг пена.rn
Чоколадно ледено кафе
rn
rnrnАко не можете да одолеете на вкусот на чоколадо, тогаш постои еден навистина одличен трик за вашето кафе. Додајте чоколадно млеко во сад за лед, замрзнете го и потоа ставете ги овие ледени чоколадни коцки во вашето кафе.rn
Ванила наместо лед
rn
rnrnУште еден одличен рецепт доаѓа во облик на ванила во вашето ледено кафе. Сè што ви е потребно се 230 милилитри силно кафе, 60 милилитри кокосово млеко, 1 лажица мед, 1/8 лажица цимет, екстракт од ванила и лед. Во една чаша ставете многу лед, а потоа додадете ги и останатите состојки и добро промешајте.



rn
rn
rn
rnrn rnrn

rn
rnrn rnrn


rnrnСите страсни љубители на кафето, сега може да го вметнат и во домашниот декор. Комбинацијата на мирис од кафе и ванила е прекрасна. Само за кратко време ќе си направите нешто што навистина ќе му даде топлина на вашиот дом.rn
rnrnПроцесот на подготовка е едноставен а резултатите фантастични. Едноставно земете ја свеќата, нанесете од лепакот и залепете ги зрната кафе.rnrn
rnrnЗа најдобро да нанесете од лепакот, ставете лепак на парче хартија и нанесете го на свеќата со прсти. Зрната кафе внимателно наредете ги на површината на свеќата со заоблениот дел нанадвор (а пресекот на зрното навнатре). Оставете малку празен простор околу врвот од свеќата.rnrnЗапалете ја свеќата и оставете малку да погори за да омекне восокот и врз мекиот восок притиснете неколку зрна кафе (како што е прикажано на сликата).rnrn
rnrn rnrn