КАФЕ ПАУЗА

Tag: вампири

  • 4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

    4 научно докажани факти за вистинските „вампири“

    Иако никогаш не постоеле такви вампири какви што се прикажуваат на филмовите, од типот на Дракула или Едвард Кулен, сепак не е толку глупаво да се запрашате дали вампирите навистина постојат, барем што се однесува до науката. Имено, постојат некои нарушувања на крвта што се многу слични со генетската мутација застапена во народните приказни за вампирите.rnrn4 научно докажани факти за вистинските „вампири“rnrnИмено, постојат 8 нарушувања на крвта кои влијаат на нејзината циркулација. Најчестото нарушување се вика еритропоетичка протопорфирија (ЕПП). Станува збор за посериозна форма на анемија што влијае на изгледот на луѓето и на нивниот однос кон сонцето. Според истражувачите, постои генетска мутација што го поттикнува ова нарушување и што може да се поврзе со првите приказни за вампирите. Прочитајте ги следниве неколку факти за да дознаете каква е поврзаноста помеѓу науката и најпознатите страшни приказни…rn

    1. Луѓето со ЕПП имаат кожа којашто е хиперсензитивна на сонце

    rn4 научно докажани факти за вистинските „вампири“rnrnСекако дека постојат луѓе со блед тен, но тие не мора да се кријат од сончевата светлина за да си го зачуваат здравјето. Пациентите со ЕПП, пак, се многу чувствителни на ултравиолетовите зраци и преголемата изложеност на нив може да им предизвика сериозни проблеми, што не можат ниту да се споредат со обичните изгореници од сонце.rn

    „Луѓето со ЕПП се хронично анемични, поради што изгледаат уморно и бледо. Освен тоа, тие се многу чувствителни на светлина и не можат да излегуваат надвор преку ден. Дури и кога времето е облачно, ултравиолетовата светлина е доволно силна за да им предизвика гноеви и деформации на изложените делови од телото, ушите и носот“, објаснуваат експертите.

    rnНе е воопшто чудно тоа што луѓето со ЕПП претпочитаат активности во затворени простории. И вие веројатно би сакале да седите дома по цели денови, кога би знаеле дека и најмалиот контакт со сончевите зраци може сериозно да ви наштети.rn

    2. Луѓето со ЕПП не цицаат крв, но прифаќаат донации

    rn4 научно докажани факти за вистинските „вампири“rnrnНа овие вистински „вампири“ им требаат редовни трансфузии за да ја одржат стабилноста на протеинските нивоа во крвта. Нарушувањата на крвта се јавуваат кога телото не може да произведе доволна количина на хем. Хем е протеин што пренесува кислород, се меша со железо и ѝ ја дава црвената боја на крвта. Додека легендарните суштества се хранеле со животинска и човечка крв, пациентите со ЕПП претпочитаат редовна трансфузија на крв за да ги стабилизираат нивоата на хемот и да ги ублажат симптомите.rn

    3. Физичките симптоми на ЕПП не вклучуваат само блед тен

    rn4 научно докажани факти за вистинските „вампири“rnrnЗа разлика од страшните приказни и филмови, луѓето со ЕПП немаат остри песјаци, долги нокти и темни кругови околу очите. Експертите објаснуваат дека покрај проблемите со кожата, не постојат речиси никакви други видливи знаци на ова нарушување.rn

    „Понекогаш може да се јави оток на кожата, што на почетокот личи на осип од коприва. Со текот на времето, кожата кај некои луѓе се здебелува околу зглобовите и се јавуваат мали лузни на оние делови што биле изложени на сонце, како што се образите, носот и дланките“, откриваат научниците.

    rnВо секој случај, овие промени на кожата се различни кај различни поединци.rn

    4. Покрај ЕПП, и беснилото честопати се поврзува со народните приказни за вампирите

    rn4 научно докажани факти за вистинските „вампири“rnrnВо 1998 година, шпанскиот невролог Хуан Гомез-Алонсо нашол врска помеѓу вампирите и луѓето кои имале беснило. Оваа споредба му дошла на ум додека гледал филм со Дракула и забележал дека и вампирите и луѓето кои биле каснати од животно со беснило искажуваат чувства на нервоза и насилство. Понатамошните истражувања довеле до уште поинтересни сличности, како што е фактот дека луѓето со беснило имаат грчеви на мускулите кога се изложени на силна светлина, огледала, вода и силни мириси (лук, на пример). Освен тоа, приказните за вампирите почнале да кружат околу Европа во периодот кога имало голем број случаи на луѓе заболени од беснило. Мислите дека се работи за случајност? Можеби, а можеби не.rnrnИ покрај тоа што е интересно да се дознае од каде потекнува инспирацијата за вампирите, овие вистински болести и нарушувања, како ЕПП, се многу сериозни и секогаш треба да се лекуваат. Сега, откако дознавте за нив, сигурно имате сосема поинакво мислење за вампирите и знаете да направите разлика помеѓу фактите и фикцијата!rnrnВампирите не се единствените суштества застапени во хорор жанрот! Доколку обожувате да читате страшни приказни, сигурно ќе ви се допаднат следниве хорор приказни со духови кои ќе ве остават без сон.

  • ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

    ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

    Една група луѓе во викторијански Лондон се здружуваат со цел да се борат против натприродни сили

    rnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)Главни улоги: Џош Хартнет, Тимоти Далтон, Ева ГринrnrnЖанр: драма, хорорrnrnКреатор: Џон ЛоганrnrnПремиера: 28 април 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 52 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со убиството на една мајка и нејзината ќерка доцна во ноќта, а потоа полека нè води во животите на дел од главните ликови. Многу брзо ќе ја запознаеме Ванеса Ивс (Ева Грин) која поседува мистериозни способности. Таа е заводлива, но преполна со тајни и опасност. Таа е вешт набљудувач, на моменти дури и видовита, како и силен медиум помеѓу живите и мртвите. Но, нејзините способности доаѓаат со висока цена и таа мора да се бори против своите внатрешни демони кои за неа, но и за сите околу неа се реални и опасни. Ванеса често може да се забележи во присуство на сер Малколм Мјуреј (Тимоти Далтон). Тој има тежок пат пред себе, бидејќи Мина (Оливија Луелен), неговата ќерка, е изгубена некаде во натприродниот свет и тој е подготвен на сè за да ја врати назад.rnrnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)rnrnБидејќи во потрагата по Мина тие имаат потреба од огнена поддршка, Ванеса ќе го убеди Итан Чендлер (Џош Хартнет) кој е вешт со своето оружје да биде покрај нив во најтешките моменти. Итан е човек кој очајно бега од своето минато и кој крие една голема и длабока тајна за себе од светот. Истражувајќи ги најтемните ќошиња на мрачниот Лондон, овие ликови ќе налетаат на д-р Франкештајн од кого ќе им биде потребна помош при идентификување на едно суштество кое наликува на вампир. Тој, кој го посветил животот на своето истражување, би направи сè за да ја победи смртта и токму тоа е една од причините поради кои ќе реши да им помогне на сер Малколм и Ванеса во истражувањето на овие мистериозни суштества.rnrnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful) ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)rnrnОна што е навистина интересно кај оваа ТВ серија е фактот што таа содржи необичен спој на многу познати ликови, како Доријан Греј, Виктор Франкенштајн и неговото чудовиште, Мина и Ван Хелсинг, кои секако со себе носат и вампири… А онаму каде што има вампири, многу јасно е дека ќе има и врколаци. И покрај тоа што оригиналните приказни за овие ликови се донекаде зачувани, сепак очекувајте и големи промени. „Penny Dreadful“ е застрашувачки психолошки трилер кој ги спојува овие класични хорор приказни со нови и свежи ликови и ги претвора во одлична драма за возрасни. Но, имајте на ум дека оваа ТВ серија не е за оние со „слабо срце“ и доколку не сте фан на крвави сцени, голотија, брутални убиства и уште многу други ужасни слики, тогаш таа дефинитивно нема да ви се допадне.rnrnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful) ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

    Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

    Средното училиште никогаш не било потешко…

    rnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy)Режија: Марк ВејтерсrnrnУлоги: Зои Доич, Луси Фрај, Даниел КозловскиrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 февруари 2014rnrnЖанр: акција, комедија, фантазијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка [ratings]rnrnrnrnЛиса Драгомир (Луси Фрај) е кралски член на античка магична раса – Морои. Роуз Хатавеј (Зои Доич), нејзината најдобра пријателка, објаснува дека тие не носат црни наметки, не се претвораат во лилјаци, не спијат во ковчези, ниту пак светкаат. Дневната светлина ги нервира, но не ги убива. Да, тие живеат од крв, но за разлика од вампирите кои ни се нам познати, Мороите не живеат вечно и токму затоа имаат потреба од чуварите. А Роуз Хатавеј е токму тоа, чувар-заштитник. Таа е пола човек, пола Морои, односно Дампир. И благодарение на човечката половина таа се исхранува како и сите останати луѓе. Дампирите ги посветуваат своите животи во штитење на Мороите и живеат само според едно правило, а тоа е дека тие се секогаш први. Но, работите никогаш не се едноставни. Во оваа верзија постојат и лоши вампири, односно Стригои. Тие напаѓаат навечер и можат да бидат убиени само со помош на сребрен колец.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)rnrnСвети Владимир или како што Роуз го нарекува, Академија за вампири, не е воопшто како обично училиште. Тоа е сосема друг универзум. Сите ученици слушаат исти часови како и нормалните ученици во нормалните училиштаa, но откако овие часови ќе завршат Дампирите учат борбени вештини, а Мороите ги посетуваат своите часови за магија. Интересно е што во текот на школувањето секој Морои мора да избере само една магија, без разлика дали станува збор за вода, воздух, земја или оган. Но, уште во првите неколку сцени вие веднаш ќе забележите дека Лиса се издвојува од останатите. Во неа постои нешто што е уникатно и непознато. И токму затоа ќе стане мета.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy)Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)rnrnАкадемија за вампири е типична тинејџерска приказна. Дејството се одвива во средно училиште, учениците се поделени на популарни и губитници, постои забранета љубов, се појавуваат закани од соучениците… Накратко, доколку ви се допаднал филмот „Mean GIrls“, со сигурност ќе ви се допадне и овој. Единствената забелешка која вреди да се спомне е дека одвреме-навреме ќе почувствувате како приказната да го губи својот тек и како нешто да недостасува. Но, настрана од тоа, станува збор за лесен и интересен филм со добра доза на хумор и акција кој добро ќе го пополни вашето слободно попладне.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

    Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

    ТВ серија за средношколци и вампири, за љубовта и одмаздатаrnrn Вампирски дневници (The Vampire Diaries)rnrnГлавни ликови: Нина Добрев, Пол Веслеј, Ијан Сомерхалдер, Стивен Р. Мекквин, Катерина Грахам, Кендис АколаrnrnРежисер: Маркос Сиега rnrnАвтори: Кевин Вилијамсон, Џули ПликrnrnЖанр: драма, фантазија, хорор, романсаrnrnВреметраење: 40-42 мин.rnrnПремиера: 10 септември 2009rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 1 (22 епизоди)rnrnСледна епизода: 9 септември 2010rnrnВеб-сајт: http://www.cwtv.com/shows/the-vampire-diariesrnrnНаша оценка: 8/10rn__________________________________________________________________________________rn„Вампирски дневници“ е серија која треба задолжително да ја гледате доколку сте фанови на сите продолженија на „Самрак“. Дури и да не е така, доколку сте љубители на тинејџерски ТВ серии и/или на ТВ серии со вампири, крвопролевање и заплеткани игри, тогаш треба добро да се загреете со првата сезона, бидејќи втората само што не започнала.rn_________________________________________________________________________________ rnrnПриказна: Двајцата сосема различни браќа, Дејмон и Стефан Салваторе, се враќаат во гратчето Мистик Фолс, во Вирџинија, каде пред повеќе од едно столетие останале осудени на вечна младост, преобразувајќи се во вампири. Цената на ваквата вечност е висока, а тие одлучуваат да живеат и да се хранат различно за да опстанат и притоа да не бидат фатени.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Доаѓаат во градот од иста причина, но поради различна личност – едниот трага по Кетрин, љубовта од минатото за која верува дека е заробена во локалната гробница, а другиот се заљубува во нејзината човечка репликација, отелотворена во ликот на Елена Гилберт. Едниот дрзок и безобѕирен, другиот скромен и човечен, сепак тие наоѓаат начини да живеат заеднички живот. Дали се тие единствените вампири во Мистик Фолс? Дали секој од нив ќе ја постигне целта по која трагал? Дали љубовта помеѓу вампир и човечко битие може да опстои? „Читајте“ ги вампирските дневници за да дознаете.rn

    rnИнтересни податоци: Во оваа серија ќе научите дека вампирите јадат лук, пијат света вода, распнувањето нема ефект врз нив и имаат рефлексија во огледало.rnrnНина Добрев (Елена Гилберт) е 6 месеци помлада од Стивен Р. Мекквин (Џереми), додека во серијата е 2 години постара.rnrnПилот епизодата за Вампирски дневници е снимена во Ванкувер, каде е снимено и второто продолжение на „Самрак„, „Нова месечина“.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Кога и како да ја гледате: Доколку сте романтичари и решивте да ја гледате серијата поради љубовта која во неа дефинитивно ги поместува границите, тогаш каучот во дневната соба кога нема никој дома е идеалната атмосфера за вас. Ако пак повеќе ве фасцинираат тврдокорните елементи во серијата, може да размислите да поканите и друштво за гледање.rnrn.

    rnrnСлични серии: „Вистинска крв“, „Месечина“, „Натприродни“, „Бафи, убиец на вампири“, „Порти“rn.rn

    „Животот е без врска на секој начин Џереми. Барем кога си вампир, можеш да не се чувствуваш лошо поради тоа ако не сакаш.“

    rn