КАФЕ ПАУЗА

Tag: Валентино

  • 6 книги кои ќе ве одведат во Италија од кое било место на Земјата

    6 книги кои ќе ве одведат во Италија од кое било место на Земјата

    Направете си едно убаво еспресо, пуштете го Ерос Рамацоти или некоја убава арија и изгубете се во овие наслови кои ќе ви ја доловат Италија без да имате потреба да се помрднувате од омилената фотелја во вашиот дом, но ќе имате впечаток како навистина да сте таму.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на ЗемјатаrnrnСите кои барем еднаш ја посетиле убавата Италија, без разлика дали поминале преку мостот Риалто во Венеција, ручале свежи каноли во Палермо или пак седеле на Шпанските скали, веруваме дека безусловно се заљубиле во преубавата земја која маѓепсува со својата богата историја, шармантните пејсажи, прекрасните градби, вкусните јадења, модата и единствениот стил на живот во кој едноставно мора да се вљубите.rnrnМеѓутоа, колку и да сакаме да патуваме често во Италија или да се преселиме таму, тоа сепак за многумина е невозможна мисија. Затоа се тука филмовите, книгите и музиката кои барем за момент ќе ја донесат Италија во вашиот дом.rnrnВи претставуваме 6 книги кои ја доловуваат магијата на Италија и ќе ве одведат таму од кое било место на Земјата.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјатаrn

    1. Хотел Пеликан (Hotel il Pellicano) – Роберт Виолет

    rnОва е приказна за прочуениот хотел кој можеби го претставува најславниот хотелски комплекс во Италија. Самата книга содржи гламурозни слики од 50-тите и 60-тите години, како и историјата на гости кои го посетувале славниот хотел.rn

    2. Животот на Прада (The Prada Life) – Џан Луиџи Паракини и Ентони Шугар

    rnОва е единствената книга која нуди историски точен и автентичен новинарски профил на најпознатата италијанска модна дизајнерка Мјуча Прада. Читајќи ја оваа книга ќе се запознаете не само со една жена од високиот стил, туку и со софистицираната и преубава Италија.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјатаrn

    3. Леопардот (Il Leopardo) – Џузепе ди Лампедуза

    rnНа сите ќе им се допадне приказната за сицилијанскиот принц кој мора да се соочи со генералот Џузепе Гарибалди за време на обединувањето на Италија. По оваа книга е снимен и одличен филм со фантастична сценографија и костимографија, во режија на Лочино Висконти.rn

    4. Откривање на минатото: Внатрешен дизајн и архитектура (The Invention of the past: Interior design and architecture) – Студио Перегали

    rnИако Милано е познат по одличниот современ дизајн, во оваа книга се издвоени неколкуте најдобри дизајнери од миланската сцена, како Лори Сартори Римини и нејзиниот партнер Роберто Перегали. Прочитајте ја оваа книга и дознајте зошто целиот свет полудува по нивните магични внатрешни дизајни.rnrn6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјатаrn

    5. Сребрената лажица (The Silver Spoon)

    rnИако ретко кој вистински Италијанец поседува готвач, бидејќи нивните мајки ги научиле на сѐ што знаат за готвењето, ова е вистинска кулинарска библија со преку 2.000 рецепти од цела Италија. Оваа книга не е илустрирана, но сепак ќе ве научи како да подготвите совршено рижото миланезе и останати вкусни италијански специјалитети.rn

    6. Валентино: На масата на императорот (Valentino: At the emperor’s table) – Валентино Гаравани и Андре Леон Тали

    rnНе постои друга книга која повеќе ќе го привлече вашето внимание. Оваа книга дава детален приказ на Валентиновите најраскошни маси, во неговите домови ширум светот. Ќе забележите дека боите и текстурите совршено одговараат на неговите креации.

  • 6 модни трендови кои ќе ве натераат да ѝ се радувате на пролетта

    6 модни трендови кои ќе ве натераат да ѝ се радувате на пролетта

    Пролетта е време кога природата се буди и оживува. Па време e и ние да оживееме малку, време е да ги разгледаме пролетните трендови кои веќе ги преплавија улиците по светот. Валентино, Диор, Долче и Габана како и другите модни гиганти ги поставија нивните императиви за оваа сезона.rnrn0-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mkrn

    1. Деколте со рамки

    rnОвој тренд најдобро ја доловува минималистичката, рафинирана и елегантна верзија на 90-тите. Скриена во сенката на карираните кошули, скинатите фармерки и бутновната облека, време е деколтето со рамки да блесне на модната сцена. Видено на ревиите на Александар Венг, Адам Липс и Вес Гордон.rnrn1-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 2-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 3-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mkrn

    2. Бермуди

    rnКога ги видовме бермудите на ревиите од Диор и Џеј Кру слатко воздивнавме. Овие пантолони се одлични за пролетните месеци и одговараат со голем број парчиња. Сега уште треба да влеземе во вежбалницата и да се ослободиме од килограмите кои ги накачивме зимава.rnrn4-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 5-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk6-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mkrn

    3. Гингам принт

    rnОвој прекрасен принт од 50-тите се враќа на голема врата. Во форма на долги здолништа и женствени блузи како кај Дијан вон Фурстенбург, Оскар де ла Рента и Алтузара, овој тренд засекогаш ќе биде меѓу првите асоцијации за женственост и топлина.rnrn7-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 8-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 9-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mkrn

    4. Војнички стил

    rnВојничкиот стил го здогледавме кај Марк Џејкобс и Ралф Лорен, а од таму директно се најде во плакарите на огромен број блогерки. Тешкиот памучен материјал, од кој најчесто се прават униформите е модернизиран така што добива женствен изглед кој ѝ соодветствува на женската силуета.rnrn10-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 11-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 12-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mkrn

    5. Точки, точки и точки…

    rnТочките никогаш не го отстапуваат своето место меѓу најжешките трендови, но Тајкун, Ред Валентино и Долче и Габана одлучија малку да го надградат овој принт. Пробајте го овој тренд и бидете забележани.rnrn13-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 14-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 15-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mkrn

    6. Мантил за дожд

    rnПоследниве неколку сезони, дизајнерите одлучија да бидат практични и да ни понудат мода која навистина можеме да ја носиме. Затоа создадоа палета од мантили за дожд за да нѐ спасат од катастрофите при невреме. Од Мајкл Корс до Питер Сом, сигурно ќе останете суви со овие водоотпорни опции.rnrnMichael Kors - Runway - Mercedes-Benz Fashion Week Spring 2015 17-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mk 18-6-trendovi-koi-kje-ve-nateraat-da-i-se-raduvate-na-proletta-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Валентино, колекција пролет/лето 2015

    Валентино, колекција пролет/лето 2015

    Оваа романтична, артистичка и прекрасна колекција се издвојува по својата едноставност. Дизајните се инспирирани од модата во 18-от век која владеела помеѓу младите девојки од Европа на нивните традиционални патувања за истражување на уметноста, културата и традициите на Италија. Погледнете како оваа колекција изгледаше на модната писта во Париз…rnrnВалентино колекција пролет/лето 2015rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Валентино – Колекција „Haute Couture“ пролет/лето 2014

    Валентино – Колекција „Haute Couture“ пролет/лето 2014

    Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли се оние кои беа одговорни за изработката на оваа прекрасна колекција за висока мода од Валентино. Тие изјавиле дека работењето на колекцијата им претставувало неверојатна авантура. Инспирацијата за моделите започнала од природата, а потоа и од покомплексната природа на женственоста, како и општо од светот. Може да се забележи огромна разновидност во дизајните, почнувајќи од нежни и едноставни фустани за потрадиционалните девојки, па сè до смели и бестрашни модели за оние кои не се плашат да ја покажат својата дива страна. Погледнете како оваа колекција изгледаше на модната писта во Париз.rnrnВалентино – Колекција „Haute Couture“ пролет/лето 2014rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

    Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

    Во светот на модата постојано се појавуваат нови дизајнерски имиња. Почнувајќи од 1923 година па сè до денес, ова се дваесетте највлијателни дизајнери во историјата на модата.rn
    rn

    Џорџо Армани

    rnПоранешниот аранжер на излози, Армани, ја започнал својата кариера во 1975 година, во истоимената компанија. Славата ја стекнал за кратко време, кога започнал да дизајнира костими за Ричард Гир. Армани соработувал со многу познати ѕвезди, меѓу кои и со Лејди Гага за која ги дизајнираше костимите кои таа ги носеше на нејзината последна турнеја. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Пјер Карден

    rnФранцузинот роден во Италија, Пјер Карден, има футуристички пристап кон модата. Неговите парчиња облека создадени во 20-от век, беа оценети како облека креирана во 25-от век. Познат е по авангардните балон–фустани кои и денес се популарни. Освен облека, Карден дизајнирал и автомобили и чадори. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Коко Шанел

    rnНа почетокот на 20-от век, Коко Шанел воведе револуција во женската мода, создавајќи поудобна облека со што ги ослободи жените од корсетите. Кариерата ја започнала со отворањето на првата продавница за шапки во 1910 година, со финансиска помош од нејзиниот љубовник. Во 1923 година го лансираше парфемот „Шанел број 5“. Со почетокот на Втората светска војна, Шанел ја затвори продавницата за шапки и повторно ја отвори дури во 1954 година, кога ѕвонарките станаа популарни. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Кристијан Диор

    rnПрвата модна линија на Диор беше одржана во неговиот дом во 1947 година и подразбираше строги креации кои ја потенцираа половината. Но разбирајќи ги потребите на жените, Диор продолжи да креира облека која ги открива колената и не ја стега половината. Смртта на Диор во 1957 година значеше и пропаст на целата компанија. За среќа, тогаш 21-годишниот Ив Сен Лорен, кој беше непознат за јавноста, беше унапреден и ја продолжи славата на модната куќа Диор. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Долче и Габана

    rnИталијанските дизајнери Доменико Долче (роден во Сицилија во 1958 година) и Стефано Габана (роден во Милано во 1962 година), својот прв успех го доживеале во 1985 година, за време на модната недела во Милано. Истовремено, дуото започна романтична врска која траеше 19 години. Иако нивната романса заврши, Долче и Габана продолжија да работат заедно дизајнирајќи парфеми и модни додатоци. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Том Форд

    rnВо 1990 година, кога модната куќа Гучи беше пред банкрот, едно ново и непознато лице беше назначено за креативен директор на оваа модна куќа. Тоа беше Том Форд, кој подоцна стана познат по провокативните и сексуално експлицитните рекламни кампањи за зајакнување на брендот. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Хуберт де Живанши

    rnЖиванши отворил сопствена модна куќа во текот на 1950-те години, откако се преселил во Париз, каде што го донел своето аристократско наследство. Тој е можеби најпознат по дизајнирањето облека за Одри Хепберн, и приватно и професионално, во филмовите „Појадок кај Тифани“ и „Шарада“. Одри Хепберн, меѓу другото, беше и заштитно лице за неговиот парфем L’interdit. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Џон Галијано

    rnПрвиот обид за лансирање на сопствена модна линија Галијано го направи веднаш по дипломирањето на Колеџот за уметност и дизајн во Лондон, но финансиските проблеми беа пречка за развој на неговиот талент. Во 1995 година, тој почна со дизајнирање за Живанши, со што стана првиот британски дизајнер на чело на француската мода куќа, а веќе во 1996 година стана уметнички директор на Диор. Пред една година, Галијано беше разрешен од Диор заради антисемитски забелешки. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Жан Пол Готје

    rnИ покрај несогласувањата со француската модна куќа Хермес во периодот од 2004 до 2010 година, самоукиот француски дизајнер, Жан Пол Готје, ќе остане запаметен по конусниот градник кој го дизајнираше за Мадона во почетокот на 90-те години. Креациите на Готје се специфични заради спојот на два спротивни елементи, кожа и метал. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Марк Џејкобс

    rnМарк Џејкобс станал препознатлив по својот бунтовен талент, благодарение на отказот што го добил во еден бутик затоа што изработувал облека од премногу скапи материјали. Во 1997 година, Џејкобс станал уметнички директор на Луј Витон, каде што од 1984 година почнува да работи заедно со неговиот колега Роберт Дафи. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Келвин Клајн

    rnКариерата на Келвин Клајн започнала во 1968 година, неговиот стил од 90-те години со минималистички и чисти линии и денес е препознатлив ширум светот. Клајн докажа дека ваквите чисти линии, карактеристични за машката облека, може да ги носат и жените. Неговата компанија „Вечност, опсесија, бегство“ е синоним за облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Рене Лакост

    rnФранцускиот тенисер Лакост, познат по тоа што вовел тениска униформа со поинаков изглед од стандардната, е основач на истоимената компанија за спортска облека. Во 1920 година го добил прекарот „Крокодил“, со што крокодилот за кратко време станал заштитно лого на брендот Лакост. За најголем изум на Лакост се смета поло маицата. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Карл Лагерфилд

    rnНа 17-годишна возраст Карл Лагерфилд бил второпласиран на еден избор за фустани, веднаш зад победникот Ив Сен Лорен. Веднаш потоа, Лагерфилд почнал да дизајнира за најпознатите модни куќи. Во 1983 година ја доби најголемата задача за него: враќање на модната куќа Шанел за одбележување на 12 години од смртта на Коко Шанел. Денес Лагерфилд дизајнира истовремено и за сопствената модна куќа и за Фенди. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Ралф Лорен

    rnАмериканскиот бренд Ралф Лорен за многумина претставува бренд кој повеќе од 40 години му пркоси на времето. Роден како Ралф Лифшиц во еврејско семејство во Бронкс, тој го менува своето име во Ралф Лорен во текот на 50-те години. Кариерата на Лорен започнала во 1967 година, прво со дизајнирање на машка, а подоцна и на женска облека. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Ив Сен Лорен

    rnВо 1966 година, Ив Сен Лорен ја шокирал јавноста со неговиот смокинг наменет за жени. Со тоа, овој дизајнер им го отвори патот на жените за носење машки костими и за покажување моќ и авторитет. Популарните сафари јакни и чизми на високи потпетици, исто така се креација на Ив Сен Лорен. Тој е првиот дизајнер кој вовел етнички модели на модната писта и првиот кој создал колекција „подготвена за носење“. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Валентино

    rnЗа едно интервју во 2008 година, на прашањето „Што сакаат жените?“, Валентино одговорил: „Знам што сакаат жените. Тие сакаат да бидат убави.“ Ова е мотото со кое тој постигна огромен успех, дизајнирајќи ја венчаницата на Жаклина Кенеди и освојувајќи ја наградата Нејман Маркус (моден Оскар). Креациите на Валентино изобилуваат со драматичност, детали и луксуз. Валентино се повлече од светот на модата во 2007 година. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Џани Версаче

    rnЏани Версаче беше моден могул цели 20 години, сè додека не беше убиен пред неговиот дом во Мајами во 1997 година. Со отворањето на неговата прва продавница во 1978 година, Версаче станал синоним за гламур и иновативност. Тој дизајнирал за Мадона, Елтон Џон и за принцезата Дајана. По неговата смрт, раководството на модната куќа го презеде неговата сестра, Донатела Версаче. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Луј Витон

    rnИдејата за дизајнирање чанти Витон ја добил уште кога почнал да работи како носач на багаж. Неговата прва линија чанти била лансирана во 1854 година. Благодарение на Луј Витон, денес имаме правоаголни куфери идеални за долги патувања. Заради многуте копии на неговите производи, Луј Витон го создаде своето лого (иницијалите LV вметнати на костенлива површина), кое се наоѓа на секоја негова чанта. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Вера Ванг

    rnКога Вера Ванг ја планирала сопствената венчавка во 1989 година, таа била разочарана од слабиот избор на наметки, па така сама ја дизајнирала својата венчаница. За кратко време поранешната натпреварувачка во уметничко лизгање станала најпознатиот бренд за венчаници. Денес Вера Ванг не дизајнира само невестински фустани, туку и накит, долна облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Вивиен Вествуд

    rnГолемата дама на британската мода, Вивиен Вествуд, отсекогаш имала талент за провокација. Во 70-тите години, Вествуд создала нов бран и панк мејнстрим, кога почнала со продажба на ексцентричната колекција на масивни чевли на платформа и маици со слоганот „Лондон – епицентар на луксузот“. Вествуд ќе остане запаметена по нејзиното модно деби, кога претстави линија корсети со нејзин потпис, инспирирани од силуетите на куртизаните од 18-от век. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnИзвор:

  • Магичната кампања на „RED Valentino“ за пролет/лето 2012

    Магичната кампања на „RED Valentino“ за пролет/лето 2012

    Автор: Симона РистоскаrnrnНовата кампања на „RED Valentino“ за претстојната сезона е вистинска бајка која ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви ја поттикне имагинацијата. Задржувајќи ја софистицираноста на Валентино, но сепак со чувство на современост и доза екстравагантност, таа ве воведува во една магична земја каде моделите се трансформирани во принцези, а модните писти во таинствени шуми. Кампањата е снимана во „Parco dei Mostri“ (Паркот на чудовиштата), кој е лоциран во Бомарцо, Италија.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Првичната идеја на креативните директори Марија Грациа и Пјер Паоло Пиколи била да ја доловат маѓепсаната шума, во која хероините постојано ги откриваат имагинарните и волшебни светови на романтични принцези и лоши кралици. Она што е сигурно е дека нивната идеја одлично изгледа спроведена на дело.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Она што новата колекција го нуди е истакнување на романтиката и женственоста. Слатки и симпатични фустанчиња, полни здолништа, деликатни машнички и куси палта, сè тоа во неутрални и пастелни бои. Колекцијата опфаќа од заводливи фустани до секојдневни шик парчиња, а дизајнерите тврдат дека во нив ќе се чувствувате како вистинска принцеза на модата!rnrnПодолу можете да погледнете избор од парчињата облека кои со сигурност ќе бидат и повеќе од актуелни во светот на модата оваа пролет и лето. Се надеваме дека оваа неодолива колекција ќе ве инспирира и ќе ве натера да го разиграте вашиот стил во топлите денови кои полека, но сигурно доаѓаат.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012
    rnrn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
    rn