Вашите плакари ги чуваат во себе највредните и најомилените парчиња облека. Но, понекогаш се прашувате зошто тој ви е секогаш во хаос? Дали ви се случило од големата пренатрупаност и неуредност, да не можете да најдете некое парче облека? И, веројатно си помислувате како останатите девојки и жени успеваат да се справат со тој предизвик. Вие не сте единствените на овој свет чиишто плакари се најчесто неуредни, но има и жени кои кон своите плакари се однесуваат со длабока почит и им го посветуваат потребното внимание. Кои се нивните тајни за одржување на уредноста и беспрекорната подреденост на облеката?rn
1. Старите работи ги заменуваат со нови
rn
rnrnЖените кои имаат совршено уредни плакари не се врзуваат со стари парчиња облека кои никогаш не ги носат и кои само зафаќаат место. Кога купуваат ново парче облека, за него прават место исфрлајќи некое старо, кое веќе не го носат. Истото важи и за чевлите и модните додатоци. Не се плашете да ги фрлите во канта доколку се премногу стари и изветвени или да ги дадете во некоја донација доколку се добро зачувани, но знаете дека нема никогаш повеќе да ги облечете.rn
2. Прават редовна „чистка“
rn
rnrnОвие жени редовно ги средуваат своите плакари. „Чистките“ за нив не преставуваат никаков проблем. На пролет и на есен тоа го прават редовно, но искуствата покажуваат дека најдобро е барем еднаш месечно да нурнете во плакарите и да откриете што кријат во себе. Ослободете се од сите парчиња кои повеќе никогаш нема да ги облечете или од оние кои чекаат да бидат поправени, потскратени, стеснети…rn
3. Имаат одреден систем по кој ги местат алиштата
rn
rnrnСекоја жена има различен пристап по ова прашање. Не мора да ги групирате алиштата според временскиот период кога ги носите, иако тоа е најлогичен пристап. Ниту пак да ги местите според бојата или стилот. Едноставно размислете кој начин ви е најфункционален, а таквата подреденост во плакарот ќе внесе свежина и лесен пристап до облеката во секое време.rn
4. Секоја педа од просторот ја користат на најефикасен начин
rn
rnrnТреба добро да се осмисли просторот, така што секој сантиметар ќе биде најефикасно искористен. Користете закачалки за чантите, полици за чевлите, тешко достапните полици и делови употребете ги за складирање на патни торби и други предмети и облека која многу ретко ја користите (капути, шешири, опрема за скијање…). Најдобро би било да ги извадите сите нешта од плакарот, добро да погледнете во празниот простор и да смислите на кој начин ќе ги организирате работите во него.rn
5. Секогаш ги враќаат работите на нивното место
rn
rnrnЖените со уредни плакари ништо не оставаат на случајноста. Секогаш ги враќаат работите на своето определено место, без исклучок. Не можете да барате среден плакар, доколку само ги вадите парчињата облека од него, а не ги враќате по нивната употреба, а потоа наеднаш, кога треба да ја средите собата, ги натрупувате набрзина по полиците.


rnrnСо цел да ја докажат тесната поврзаноста на стресот, навиките во исхраната и уредноста на средината, научниците од Универзитетот спровеле еден експеримент во кој учествувале 100 студенти. Тие биле поделени во две групи – првите биле сместени во домови каде што кујните биле уредни и чисти, додека другите во станови со хаотични и натрупани кујни. Студентите биле охрабрени да зборуваат за прашања поврзани со стресни ситуации и непријатни нешта кои ги доживеале во текот на своите животи. Притоа добиле колачи, крекери и моркови.rnrnРезултатите од истражувањето покажале дека студентите кои се сеќавале на одредени непријатни моменти, а кои престојувале во неуредни и натрупани кујни, повеќе посегнувале по колачите, дури двојно повеќе од оние кои биле сместени во уредни кујни. Студијата укажува дека неуредноста на кујните ја намалува контролата при консумацијата на храната. Поради тоа, кога луѓето се наоѓаат во неуредни кујни и простории внесуваат повеќе калории и побрзо се дебелеат. Причините за ваквото однесување на студентите, сметаат научниците, не се изненадувачки. Кога телото чувствува одреден стрес, што многу често може да го предизвика неуредениот и хаотичен простор, има потреба од поголемо количество храна. Исто така, во тие ситуации, во нашиот организам се лачат хормони кои го олеснуваат напластувањето на мастите.rnrnМожеби станува збор за мала, но сепак многу значајна студија. Најважната порака којашто можеме да ја извлечеме од ова истражување е дека неуредниот дом ја одредува средината во којашто живееме, што, пак, влијае врз нашите навики во исхраната. Ова истражување може да се поврзе со едно поодамнешно, спроведено во 2008 година, кое посочува оти луѓето кои имаат проблеми при организацијата и одржувањето на уредноста на своите домови се соочуваат со 77 проценти поголеми шанси да добијат прекумерна тежина.rnrnИако некогаш изгледа тешко, соберете сила и средете си го домот. Можеби тоа треба да биде првиот чекор при почеток на одредена диета или здрав начин на исхрана и здрав начин на живот. Иако средувањето на домот можеби не е секогаш на листата задачи кои си ги поставувате, обидете се да внесете промена, а резултатите брзо ќе ги забележите. Средувајќи го домот, ги исфрлате сите непотребни работи кои го гушат вашиот простор, а притоа ги разбиструвате и вашите мисли.
rn
rnrnОткако ќе ги усвоите овие навики, одеднаш ќе се запрашате зошто вашиот дом и претходно не изгледал вака убаво. Сепак, доколку некогаш сте навистина уморни за да ги измиете садовите, мирно одете на спиење, не треба да имате грижа на совет, бидејќи тоа ќе го направите наредното утро.


rnrn

rn
rn
rn
rn
rn


