Кој вели дека познатите уметнички дела се само за на ѕид? „Purple Fishbowl“, бутик во Индонезија, создава прекрасни модели инспирирани од најголемите уметнички ремек-дела низ историјата. Започнувајќи од познатата „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог, па сè до „Водени лилјани“ на Клод Моне, целиот бутик е како музеј кој можете да го носите на себе. Таму можете да најдете елегантни кошули, здолништа, па дури и фустани со овие уметнички дела. Совршени за сите оние кои се љубители на уметноста.rnrnrnrn
Ако се сметате себеси за добро образован љубител на уметност, тогаш сигурно верувате дека многу добро ги познавате овие дела. Сте ги гледале во книги, на компјутерските екрани, а некои од нив можеби дури и во живо, во уметничките галерии ширум светот. Токму затоа и решивме да го тестираме вашето познавање на уметноста, како и способноста за забележување детали. Па, ајде, дали ќе успеете да ги забележите деловите кои не припаѓаат на овие ремек-дела?rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Папучите[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Ламбата[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Копчињата[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Галебот[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Седлото на црвениот преден коњ[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Гавранот на дрвото[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Шолјата со чај[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Дизајнот на чаршавот[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Чадот од оџакот[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Чашата со вино[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Капата на човекот кој танцува[/toggle_item]rn[/toggle_box]
Кога Мона Лиза исчезнала од Лувр во 1911-тата година, кражбата на едно од најпознатите дела на да Винчи станало глобална сензација. Се претпоставува дека Винченцо Перуџа, работник во музејот, ја криел легендарната слика во орманот за метли додека зградата не се затворила. Две години подоцна тој бил уапсен, а сликата вратена на своето место каде заедно со преостанатите уметнички креации, стои како сведоштво за неверојатниот талент и генијалност на најпознатите сликари во историјата.rnrnrnrnПостојат голем број изгубени уметнички дела кои за жал не ја делат истата судбина со Мона Лиза и треба допрва да бидат пронајдени, па дознајте кои се 10-те најбарани меѓу нив.rn
1. Цвеќе од афион – Винсент ван Гог
rnrnrnОва уметничко дело е украдено од музејот Махмуд Кали во Каиро, во 2010-тата година. Неговата вредност се проценува на 50 милиони американски долари.rn
2. Гулаб со грашок – Пабло Пикасо
rnrnrnСликата настанала во 1911-та година, а станала плен на кражба во 2010-та, кога заедно со уште 4 ремек-дела исчезнала од Музејот за модерна уметност во Париз. Нејзината вредност се проценува на 100 милиони долари.rn
3. Концерт – Јоханес Вермер
rn
rnВермеровата слика настанала во 1664-та година, а исчезнала со уште 12 други во 1990-та во големата кражба на музејот Изабела Стујарт Гарднер во Бостон. Се проценува на околу 200 милиони долари.rn
4. Бура на Галилејското море – Рембрант Хермесон ван Рејн
rnrnrnОва ремек-дело од 1633-та година исчезнало заедно со претходната слика во истата кражба на музејот Изабела Стујарт Гарднер и се проценува на 50 милиони долари.rn
5. Рождеството со Св. Френсис и Св. Лоренс – Караваџо
rn
rnКараваџовите дела се едни од највредните во светот и токму поради таа причина се честа мета на крадците. Една успешна кражба се одиграла во 1969-тата година, кога оваа слика била украдена од ораториумот Сан Лоренцо во Палермо.rn
6. Праведни судии – Јан ван Ајк
rn
rnСликата настанала помеѓу 1426-тата и 1432-тата година, а била украдена во 1934-тата година од Катедралата св. Бава во Белгија.rn
7. Портретот на младичот – Рафаело
rnrnrnОва ремек-дело настанало околу 1513-та година и се смета за едно од најважните слики во историјата на уметноста. Исчезнало во текот на Втората светска војна, откако било запленета од гестапо.rn
8. Мостот Чаринг-Крос, Лондон – Клод Моне
rn
rnМоне го насликал познатиот циклус слики од мостот Чаринг-Крос во Лондон, во кој е прикажан во различно време од денот и од различни агли. Една од сликите била украдена од музејот Кунстал во Ротердам, во 2012-тата година.rn
9. Читањето на девојката во бело-жолто – Анри Матис
rnrnrnИ оваа слика била украдена истиот ден кога била украдена претходната слика. Насликана е во 1919-тата година и се проценува на 50 милиони долари.rn
10. Трите студии на Лусијан Фројд – Френсис Бејкон
rn
rnСликата е украдена во 1988-та година од берлинскиот музеј Нова национална галерија и се проценува на околу 150 милиони долари.
Делата на Салвадор Дали, кои ги рушат сите норми и граници на уметноста, секоја година привлекуваат милиони луѓе во уметничките галерии и музеи ширум светот. Овој екстравагантен уметник познат по своите необични мустаќи и ексцентрични убедувања е еден од најзначајните уметници на 20-тиот век. Во чест на неговиот 112 роденден, кој помина вчера, ви претставуваме 10 интересни факти од неговиот живот кои веројатно не сте ги чуле досега…rnrnrn
1. Направил филм со Дизни
rnКога ќе помислите на Дизни, гротескните дела на Салвадор Дали сигурно не ви ни паѓаат на памет. Но, во 1945 година оваа неверојатна соработка навистина се случила кога Волт Дизни го контактирал Дали за да направат продолжение на контроверзниот филм „Фантазија“ (Fantasia). Одговорот на Салвадор бил „Дестино“ (Destino), кој за жал не бил достапен за јавноста сè до 2003 година кога бил објавен од страна на Рој, внукот на Дизни.rnrnrn
2. Салвадор одбрал да биде избркан од уметничкото училиште
rnПред последниот испит по историја на уметност, Дали го изјавил следново: „Ни еден од професорите во училиштево не е компетентен да ме оценува, се повлекувам.“ Меѓутоа, вистинската причина била од финансиска природа, бидејќи татко му кажал дека ќе престане финансиски да го издржува кога ќе ја добие дипломата.rnrnrn
3. Ги збогатил неговите секретарки
rnСосема ненамерно. Дали не им давал нормална плата на неговите секретарки, наместо тоа им давал процент од вкупната заработка. Тоа не била некоја голема сума на пари на почетокот, но подоцна вредноста ѝ пораснала на милиони.rnrnrn
4. Дали за малку ќе се згушел додека држел предавање
rnЗа време на Меѓународната изложба на надреализам во Лондон во 1936 година, Дали држел предавање во стар метален костим за нуркање за да ја истакне идејата дека тој постои на дното од морето на потсвеста. Но, она што го немал предвидено е дека без проток на кислород во костимот нема да може да дише. За среќа, поетот Дејвид Гаскојн бил во близина и го спасил Салвадор со неговиот вешт зафат.rnrnrn
5. Дали се оженил со сопругата на неговиот пријател
rnДали ја запознал љубовта на неговиот живот, Елена Ивановна Диаконова, попозната како Гала, во 1929 година. Проблемот било во тоа што таа веќе била омажена со францускиот надреалистички поет Пол Елуард. Не е воопшто чудно што тоа не претставувало пречка за Салвадор и дошло до прилично необична врска помеѓу тројцата додека Гала не се развела од Елуард и се омажила за Дали во 1934 година. Нивниот брак бил далеку од традиционален, бидејќи и двајцата продолжиле да се гледаат со други луѓе, но останале заедно сè до смртта на Гала во 1968 година.rnrnrn
6. Салвадор Дали умрел пред Салвадор Дали да биде роден
rn9 месеци пред Салвадор Дали да биде роден, Салвадор Дали умрел. Постариот брат на уметникот го носел истото име и според родителите и самиот Дали, тој се реинкарнирал во него. Дали насликал многу дела инспирирани од оваа мисла, едно од нив е секако и „Портрет на мојот мртов брат“ во 1963 година.rnrnrn
7. Многу го привлекувале карфиоли
rn„Сè завршува со карфиолот!“. Ова е единственото објаснување што Дали го дал на изненадената француска публика кога се појавил во бел „Rolls Royce Phantom II“ полн со 500 килограми карфиоли. Како што подоцна му објаснил на американскиот новинар Мајк Валас, тој едноставно не можел да одолее на „логаритамската форма“ на карфиолот.rnrnrn
8. Дали бил садист во детството
rnКога бил мало момче, Салвадор експериментирал со болката и тоа не само на себе. Еднаш кога одел по мост со неговиот пријател, Дали забележал празнина во безбедносната ограда. Без многу двоумење, тој го турнал пријателот од мостот. Момчето паднало од 5 метри височина на камењата долу и завршил со сериозни повреди. Додека мајката на момчето во паника побрзала да му помогне на синот, Салвадор си седел на страна и мирно ја гледал целата драма јадејќи цреши.rnrnrn
9. Многу сакал пари
rnПонекогаш уметникот бил нарекуван Авида Доларс, прекар кој е анаграм од Салвадор Дали и се однесува на неговата љубов спрема парите. Приказната вели дека Јоко Оно, вдовицата на Џон Ленон, му понудила 10.000 долари за едно влакно од неговите мустаќи. Тој ја прифатил понудата, но наместо да ѝ прати негово влакно, тој ѝ испратил тревка, затоа што се плашел дека Јоко ќе го искористи влакното за да му фрли магија.rnrnrn
10. Тој е еден од најпродуктивните познати уметници во историјата
rnЗа време на неговата кариера тој создал повеќе од 1.500 уметнички слики, а тука не спаѓаат неговите илустрации, краткометражни филмови, скулптури, цртежи, настапи и уште многу други дела.rnrn
Знаеме дека уметноста не распознава ниту пол, ниту раса, ниту возраст, но кучето Дагер е доказ дека дарбата и фините работи не прават разлика ниту во видот. Откако неговата сопственичка, Ивон Дагер, утврдила дека нејзиното милениче поседува редок и неверојатен талент да создава прекрасни апстрактни уметнички дела, таа решила веднаш да го охрабри тоа и го обезбедила својот кучешки Леонардо да Винчи со сиот потребен материјал за сликање. rn
Луѓето не се единствените суштества кои се преокупирани со егзистенцијалните прашања и потрагата по вистинското „јас“
rnrn
Кучето Дагер, требало да биде тренирано куче – асистент за невладината организација за помош на лица со инвалидитет „Кучешки придружници за независност“.
rnrn
Но, еден ден неговата уметничка страна ги променила работите засекогаш
rnrn
Дагер набљудувал како неговата сопственичка Ивон слика и постојано се вртел околу неа
rnrn
rn
„Започна да ме подбуцнува и јас го прашав ‘Дагер, сакаш ли да нацрташ нешто?’ Тој само мрдна со опашката и јас реков во ред“, објаснува Ивон.
rn
rnrn
Денес, Дагер на Њујоршката уметничка сцена е познат како Догвинчи
rnrn
Неговите уметнички дела се продаваат од 50 до 200 долари по слика
rnrn
Целиот профит оди на сметката на „Кучешките придружници за независност“. Во продолжение погледнете го Дагер во акција…
Шведската артистка Сесилија Леви пронашла нов начин како да ги користи старите книги и стрипови. Наместо да ги фрла, таа се одлучила да ги трансформира во прекрасни хартиени уметнички дела. Таа пред да започне да се бави со уметноста, била книговезец и токму нејзината поранешна работа ја инспирирала да ѝ пристапи на литературата на еден сосем поинаков, оригинален и креативен начин.rnrnrnrnМожеби звучи непријатно за сите љубители на книгите и нивната вредност, но ретко кој може да остане рамнодушен на рачно изработените уметнички творби на Сесилија и секој ќе се согласи дека нејзините дела се всушност еден мил и убав тестамент за литературата. Таа најпрвин започнала да експериментира со 3Д хартиени објекти во 2009-тата година. Оттогаш има создадено различни чаши и чинии и секогаш бара стари, неупотребливи книги кои ќе ги трансформира во едни нови и уникатни форми кои ќе продолжат да ги раскажуваат нивните приказни.rnrn
Скулптурите направени од книги се едни од најпопуларните уметнички дела кои може да се видат денес. Старите книги кои фаќале прашина на полиците се претвораат во прекрасни уметнички дела кои го одземаат здивот. А следниве 25 се меѓу најневеројатните скулптури направени од книги кои без сомнение ќе ви бидат инспирација и на вас.rnrnКнигата на живототrnrn
Најголемите и најдобрите уметнички дела се оние кои ве инспирираат да создадете нешто ваше. Затоа, американската фризерка Урсула Гоф од Канзас одлучила да ги рефлектира нејзините омилени дела од класичната уметност врз нејзиниот занает. Таа, на својот официјален профил на Инстаграм објавува слики од фризури кои со својата форма и боја наликуваат на познатите уметнички ремек-дела како „Врисокот“ или „Ѕвездено небо“.rnrn„Ѕвездено небо“ – Ван ГогrnrnУрсула започнала да се занимава со уметноста кога имала само 5 години.rn
„Претпочитам да ја фарбам косата на истиот начин како кога сликам на платно, користејќи ги истите техники за нанесување боја и теоријата за идентични бои“ – вели Урсула за начинот на изработка на фризурите.
Францускиот артист Џулиен Маланд, уште познат како „Seth Globepainter“, создава колоритна улична уметност насекаде низ светот. Неговите поголеми уметнички креации и мурали обично покажуваат деца и содржат многу бои. Маланд често соработува и со другите локални и светски артисти, па неговите дела знаат да бидат и контекстуални.rnrnrnrnМаланд е активен уште од 90-тите години и има издадено 2 книги за своите патувања и својата уметност. Последната книга носи наслов „Extramuros“ (Екстрамурос) и го прикажува неговото „сликање на Земјата“ кога патувал низ земји како Индија, Кина, Мексико, Индонезија и Виетнам.rnrn
Кога станува збор за уметност, можностите се бескрајни. Овој артист од Канада е познат по своите интригантни цртежи направени само од оган и чад, со помош на техниката наречена фумаж. Во видеото кое го објавил на Јутјуб, Стивен Спазук ја покажува својата способност да создаде неверојатни уметнички дела преку различни алатки, вклучувајќи ги и традиционалните четки, пердуви, оган, па дури и скалпели. Со самото гледање на овој процес вие ќе бидете целосно маѓепсани.rnrnrnrnДоколку ви се допаѓа неговата неверојатна работа, погледнете го неговиот портрет, како и дел од неговите најпопуларни дела досега кои вклучуваат различни сцени со птици во кои комплетно ќе се изгубите…rnrnrnrn