КАФЕ ПАУЗА

Tag: улога

  • Улогата на самотијата во модерното време

    Улогата на самотијата во модерното време

    Нашата желба да бидеме задоволни самите со себе се јавува како резултат на масовната потрошувачка и брзиот начин на живеење. Така, се јавува потребата да се истакнеме од другите како посебни и единствени, без разлика дали станува збор за стилот на облекување, зборување или однесување.rnrnУлогата на самотијата во модерното времеrnrnСепак, да не заборавиме дека и самотијата може да има голема улога при личниот раст и развој на единката и тоа на следниот начин.rn

    1. Самотијата го насочува вашето внимание кон вас самите

    rnКолку пати досега сте почувствувале како животот минува, а вие воопшто не го живеете? Како резултат на брзиот ритам на живеење кој е веќе длабоко вкоренет во вашето секојдневие, чувствувате дека распоредите и работните обврски ги контролираат вашите животи. Токму поради тоа самотијата некогаш може да ви биде вистинскиот спас – бидејќи ви дозволува за миг да го насочите внимание кон вас и кон вашите потреби.rn

    2. Самотијата ве прави автентични

    rnЌе се изненадите кога ќе станете свесни за тоа колку другите луѓе влијаат врз вашите одлуки. Така, голем дел од вас најверојатно ги избрале своите работни места или местото на живеење поради семејството или пријателите. Понекогаш, ваквите одлуки не се својствени за вас самите туку тие се направени врз основа на фактот дека честопати заборавате да го слушнете сопствениот глас. Не заборавајте дека токму осаменоста ќе ви помогне да ги слушнете сопствените потреби и внатрешниот глас.rn

    3. Самотијата нуди можност за растење и созревање

    rnСите ние сме меѓусебно поврзани на многу начини, но понекогаш треба да најдеме простор кој ќе ни овозможи да растеме и да созреваме како личности. Разноразните обврски кои ги имаме кон нашите родители, пријатели, партнери и деца, но и нивните очекувања кон нас понекогаш нè спречуваат да ги увидиме нашите вистински способности и нашата вистинска природа.rn

    4. Самотијата ја развива креативноста

    rnНајдобрите уметнички дела се создадени во скапоцените мигови на осамеништво. Токму осаменоста е таа што ни помага подобро да се фокусираме и да ја вложиме сета потребна енергија за да се отелотвори сето она што е скриено во нас.rnrnОткако прочитавте за влијанието на самотијата врз нашите животи, можеби ќе сакате да погледнете и шармантни илустрации кои ги доловуваат потценетите моменти на самотијата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Која е улогата на цинкот во одржувањето на имунитетот?

    Која е улогата на цинкот во одржувањето на имунитетот?

    Имунитетот е сложен процес за чие непречено одвивање се потребни повеќе хранливи материи, а е една од нив е и цинкот. Според истражувањата, цинкот игра голема улога во имунолошкиот систем и еве на кој начин помага во зајакнување на нашиот имунитет.rnrnКоја е улогата на цинкот во одржувањето на имунитетот?rnrnЦинкот е еден од најважните минерали и е вториот најзастапен минерал во нашето тело по железото. Важно е да знаете дека телото не може да го произведува, па затоа морате да го внесувате преку исхраната.rnrnЦинкот, исто така, игра важна улога и во активирањето на повеќе од 100 ензими кои се вклучени во важни функции, како создавањето ДНК, синтеза на протеини, имунолошка функција, па дури и клеточен раст, поделба и метаболизам.rnrnЕдна од најпознатите функции на цинкот е неговата улога во одржувањето на имунитетот. Минералот помага во создавање молекули на антителата преку кои телото се брани од разноразни бактерии и вируси.rnrnПокрај тоа, цинкот делува и како антиоксиданс кој ги зајакнува природните одбранбени механизми на телото. Цинкот се карактеризира и со антиинфламаторни својства и може да помогне во борбата против оксидативниот стрес.rnrnЕдинствениот начин за внесување на цинк во организмот е преку храната и разноразните додатоци. Научниците предупредуваат дека вегетаријанците и веганите треба особено да внимаваат со оглед на тоа дека морската храна и месото се примарни извори на овој минерал. Од друга страна, растителните извори на цинк стануваат сè помалку недостапни.rnrnПрвите знаци кои укажуваат на недостаток од цинк се губењето апетит и ослабената имунолошка функција.rnrnОд друга страна, прекумерното внесување на додатоци од цинк може да доведе до гастроинтестинални нарушувања. За повеќето луѓе, дневното консумирање цинк не смее да надмине повеќе од 40 милиграми. Надминувањето на препорачаната дневна количина може да ја попречи и апсорпцијата на други важни минерали како бакар, железо и магнезиум.rnrnОткако прочитавте за улогата на цинкот во зајакнувањето на имунитетот, можеби ќе сакате да прочитате и како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • 12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светот

    12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светот

    Несомнено е дека татковците играат огромна улога во животот на нивните деца, обидувајќи се да им бидат поддршка, помош и утеха. Но, покрај другото, неизбежен дел е и забавата. Погледнете ги овие 12 мажи кои покажуваат дека улогата на татко е една од најдобрите работи во светот.rn

    Тие знаат како да направат нивните малечки да се чувствуваат прекрасно

    rn12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светотrn

    Секогаш се подготвени да играат криенка

    rn12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светотrn

    Купувањето не им претставува проблем

    rn12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светотrn

    Тие веруваат во љубов на прв поглед

    rn12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светотrn

    Ја разбираат моќта на гушкањето

    rn12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светотrn

    Тие се поудобни од која било перница во светот

    rn12 мажи покажуваат дека да се биде татко е најдобрата работа во светотrnrnЗа да погледнете уште прекрасни фотографии, свртете на наредната страница…rn

  • 4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силни

    4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силни

    Постои посебна врска помеѓу татковците и ќерките. Иако, најчесто фигурата на мајката се поврзува со стекнувањето одредени вредности кај девојчињата, никако не треба да се изостави и огромното влијание на таткото врз оформувањето на нивниот карактер. Таткото има посебно значајно место во воспитувањето на ќерките и нивното формирање во независни и силни млади жени.rnrn(1) 4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силниrnrnТатковците можат да ги научат своите ќерки на многу нешта, а еве некои од нив:rn

    1. Постојано да тежнеат кон остварување на своите цели

    rnТатковците можат да ги научат своите ќерки колку е важно постојано да си поставуваат цели и да не се откажуваат на патот кон нивното постигнување. Без оглед дали станува збор за образованието, кариерата, љубовниот живот… Татковците кои ќе успеат да развијат близок и пријателски однос со својата ќерка, можат многу да ѝ помогнат при донесувањето исправни одлуки и при трасирањето на патот кон успехот. Прекрасно е чувството кога знаете дека таткото е секогаш тука за логистичка и морална поддршка.rn

    2. Важноста на грижата за себе и своето здравје

    rnВо семејствата каде што има ќерки, особено во оние каде што таткото е единствената машка фигура, ретко постојат женски табу теми. Таткото најчесто е запознаен со сите женски прашања. Затоа, кога станува збор за здравјето, физичко или ментално, татковците секогаш се грижат за своите ќерки и ги потсетуваат на тоа колку е важно да се грижат за себе. Преку квалитетен однос, во кој нема табу теми, ќерките можат многу да научат од своите татковци. Кога станува збор за здравјето и за грижата околу себе, не постојат табу теми, а посветените татковци тоа најдобро го знаат.rnrn(2) 4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силниrn

    3. Традиционалната улога на половите е минато време

    rnСовремениот свет ги урива границите меѓу половите, а традиционалната улога на мажите и на жените се менува. Ако порано работите и обврските се делеле исклучиво на машки и женски, сега живееме во време кога нештата имаат сосема друга димензија. Татковците можат да бидат одличен пример пред своите ќерки и да им покажат дека миењето садови, пуштањето машина за перење алишта, пеглањето, како и готвењето не се единствено женски обврски. Татковците кои немаат ограничени сфаќања и кои не ги делат обврските и улогите на машки и женски, се добар пример за своите деца. Со тоа тие ги учат на едни нови вредности кои ќе им помогнат при изборот на својот партнер – ќерките ќе бараат човек кој во сите работи ќе биде покрај нив, а синовите ќе го следат примерот на своите татковци и ќе бидат прекрасни сопрузи и родители, подготвени да помогнат во секоја ситуација.rn

    4. Секогаш да бидат свои

    rnДецата, најважните животни лекции ги учат дома, од своите родители. Во семејството се создава основата на секоја личност, врз којашто таа продолжува да го гради својот живот. Доколку таткото и мајката имаат еднаква улога во воспитувањето на своите деца, тие ќе можат од двајцата родители да ги усвојат најдобрите навики и животни лекции. Многу е важно, секој член на семејството да има право на свое мислење и да има можност тоа да го искаже јасно и гласно, без да биде осудуван или критикуван. Татковците ја имаат можеби најважната улога во охрабрувањето на своите ќерки да бидат секогаш свои. Нивното одобрување е исклучително важно за ќерките уште од најмали години, а тоа се провлекува и во текот на сиот живот.

  • Неверојатна приказна за жената: Таа пее кога сака да плаче и се смее кога сака да вика

    Неверојатна приказна за жената: Таа пее кога сака да плаче и се смее кога сака да вика

    Жените постојано ги изненадуваат мажите со нивната сила. Тие ги воспитуваат децата и ги издржуваат сите потешкотии, а истовремено блескаат од среќа, љубов и радост. Тие се смеат кога сакаат да викаат. Пеат кога сакаат да плачат. Плачат кога се среќни и се смеат кога се тажни. Не прифаќаат „Не“ како одговор кога знаат дека постои подобро решение. Тие се борат за она во кое веруваат и храбро им се спротивставуваат на неправдите. Прочитајте ја следнава приказна за настанокот на жената и нејзината бесценета улога во светот…

    rn

    Неверојатна приказна за жената: Таа пее кога сака да плаче и се смее кога сака да вика

    rn

    Ангелот ѝ пришол на жената и ја допрел.

    rn

    „Боже, но таа е толку нежна.“

    rn

    Да, таа е нежна“, се сложил Креаторот на светот. „Но, ја направив и силна. Не можеш ни да си замислиш колку многу може таа да издржи и колку многу може да направи.“

    rn

    „А умее ли да размислува?“

    rn

    „Таа не само што е способна да размислува, туку и да изнесува аргументи и докази.“

    rn

    Тогаш Ангелот забележал нешто, ја испружил раката и го допрел образот на жената.

    rn

    „Ох, овој модел изгледа пропушта вода. Ти реков дека не треба да се обидуваш да сместиш премногу работи во неа.“

    rn

    Не пропушта“, одговорил Креаторот. „Тоа е солза.“

    rn

    „А, што ќе ѝ е солзата?“, се изненадил Ангелот.

    rn

    Креаторот објаснил:

    rn

    „Преку солзата таа може да ја изрази нејзината радост, тага, емоција, болка, разочарување, осаменост и гордост.“

    rn

    Ангелот бил импресиониран

    rn

    „Боже, па ти си гениј! Нема сомнеж дека си мислел на сѐ, бидејќи жената е навистина неверојатна!

    rn

    „Жената, велат, настанала од машкото ребро.

    rn

    Не од нозете за да биде понижувана,

    rn

    Не од главата за да биде надминувана,

    rn

    Туку од делот под рацете за да биде заштитена,

    rn

    И од страната на срцето за да биде сакана.“

  • Дознајте за што служат линиите на вашите дланки

    Дознајте за што служат линиите на вашите дланки

    Линиите на дланките не служат само за предвидување на иднината. Тие имаат многу посериозна научно докажана улога, поради што се навистина многу важни. Рацете и дланките се делови од телото кои најмногу ги користиме. Тие за да се прилагодат на сите активности за кои ги користиме како држење, растегнување, дигање, куцање, пишување и многу други, мораат постојано да го менуваат својот облик. Да бидеме попрецизни, кожата која ги прекрива мора да се прилагоди на сите комплексни положби.rnrnДознајте за што служат линиите на вашата дланкаrnrnТука главна улога имаат линиите на дланката. Имено, тие линии познати како набори и бразди помагаат на кожата да се рашири и потоа повторно да се собере во зависност од тоа што правиме со рацете, односно тие ја делат дланката на така наречени делови за свиткување. Линиите ѝ овозможуваат на кожата да се превитка преку дланката кога го менуваме нејзиниот облик, на пример кога ќе ја стиснеме во тупаница или ќе ги превиткаме рацете. Со други зборови, кога не би ги имале тие линии, кожата на дланките би висела.rnrnПогледнете ја внимателно вашата дланка и ќе забележите дека секоја линија се наоѓа точно на местото каде дланката се превиткува. Истото важи и за линиите на лактите, колената, зглобовите итн. Линиите кои ја држат нашата кожа настануваат уште додека сме во утробата на мајката, околу 12 недели по зачнувањето. Дебелината и бројот на линиите зависи од многу фактори како што се расата и генетиката.rnrnПовеќето луѓе имаат три главни линии на дланката, а некои имаат само една што може да е знак за абнормален развој на бебето во утробата, односно Даунов синдром, фетален алкохолен синдром или други генетски нарушувања.

  • 20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    Глумата и актерството не се толку лесни професии како што повеќето мислат. Ретко кога некој актер се појавува на филмскиот сет, ги одработува своите 8 часа и си оди дома. Големите улоги бараат и голема посветеност и големи психофизички подготовки. Но, и естетиката треба да се има предвид за актерите да можат да се соживеат со ликот кој го играат.rnrnОва се 20-те актери кои поминале низ најневеројатни физички трансформации за нивните филмски улоги.rn

    1. Ен Хатавеј – „Клетници“

    rn(1) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 25 кг пред почетокот на снимањето на филмот, 6 кг за време на снимањетоrn

    „Бев на диета за изгладнување за да изгледам како да ѝ се приближувам на смртта. Но имав план и водич, нутриционист, кој ми помогна низ целиот процес. Само морав да престанам да јадам цели 13 дена за време на снимањето.“

    rn

    2. Рене Зелвегер – „Дневникот на Бриџит Џоунс“

    rn(2) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 18 кгrn

    „Првите два дена е супер, можеш да си ги оствариш сите фантазии за прекумерно јадење секаква храна, од пици до чоколади. После една недела гликозните нивоа во телото ти полудуваат и не се чувствуваш многу добро. Никој не сака да го слушне тоа, но таква е вистината.“

    rn

    3. Кристијан Бејл – „Машинист“

    rn(3) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 28 кгrn

    „Немам цел еден ден да станам невидлив, да јадам толку малку што ќе исчезнам. Не ја прифатив оваа улога мислејќи: ‘Oх, потребна е физичка трансформација’. Баш секогаш си велам: ‘По ѓаволите! Потребна е физичка трансформација.’“rn

    rn

    4. Шарлиз Терон – „Чудовиште“

    rn(4) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 13 кгrn

    „Најпрвин почнав да се прејадувам крофни, но по некое време почнаа да ми стануваат одвратни. Обожавам чипс и солена храна, па секогаш со мене имав скриена резерва на пакетче чипс.“

    rn

    5. Метју Фокс – „Алекс Крос“

    rn(5) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 19 кгrn

    „Да бидам искрен, понекогаш го мразев ова. Ако го тргнете резултатот настрана, тогаш слабеењето како процес воопшто не ми се допадна.“

    rn

    6. Метју Меконахи – „Клубот на купувачи Далас“

    rn(6) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 21 кгrn

    „Ми беше тешко. Имав 64 кг и бев постојано гладен и нервозен. Телото ми наликуваше на малечка птица која плаче да ја нахранат и која сфаќа дека мајката нема да дојде да ја нахрани. Тешко е.“

    rn

    7. Мила Кунис – „Црниот Лебед“

    rn(7) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Вежбав 4 часа дневно, 7 дена во неделата. Имав само еден ден слободен за мојот роденден и по пола ден за наградите Еми и Златен Глобус. На овие денови, мојот инструктор по балет работеше со мене од 5 часот наутро до 11 часот навечер, потоа одев во одделот за шминка и фризура и потоа на доделувањето на наградите.“

    rn

    8. Натали Портман – „Црниот Лебед“

    rn(8) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Имаше ноќи кога мислев дека ќе умрам. Тоа беше првиот пат кога сфатив дека еден актер може толку многу да се посвети на една улога, што полека може да се уништи себеси.“

    rn

    9. Том Хенкс – „Отфрлен“

    rn(9) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 2 2кгrn

    „Најтешкиот дел беше времето. Посакував да имам некаква таблета и да ја изгубам целата тежина одеднаш, но реалноста беше таа: морав да започнам во октомври, знаејќи дека ќе завршиме во февруари. Идејата дека треба да поминам 4 месеци во постојана состојба на претпазливст, што се однесува до она што го јадев и два часа во салата за вежбање секој ден, правејќи само монотони вежби, беше застрашувачка. Единствениот излез е да се мотивираш со некаков трик со медитација. Не е воопшто гламурозно.“

    rn

    10. Крис Прат – „Чувари на галаксијата“

    rn(10) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 29 кгrn

    „Шест месеци изгледаат како долг период, освен ако не гледаш наназад… сѐ што треба да направиш е да останеш конзистентен и времето ќе летне. Ако ја тргнете нездравата храна од вашата диета и потрошите неколку часа на ден правејќи вежби, 6 месеци ќе поминат многу брзо и ќе се чувствувате психички, физички и духовно поздраво – сѐ е поврзано.“

    rnrn

  • Актери кои претерале додека се подготвувале за својата улога

    Актери кои претерале додека се подготвувале за својата улога

    Сите актери имаат свои методи на подготовка за одредени улоги, но некои од нив ги поминуваат сите граници. Токму затоа се случува тие да завршат со пневмонија, скршени ребрa или прогонувачки мисли. Погледнете дел од најекстремните подготовки за некои од најголемите улоги на филмското платно.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnГери Олдман го загубил својот британски акцент поради сите свои американски улоги, па морал да оди на терапија за говор со цел да го врати назад.rnrnЗа време на снимањето на филмот „The Birds“, на Типи Хедрин ѝ фрлале вистински птици во лице со цел да се подготви за иконската сцена со нападот.rnrnБрајан Кренстон научил како да прави метамфетамин од страна на Управата за борба со наркотици со цел да може подобро да ја одигра својата улога во „Breaking Bad“.rnrnЗа својата улога во „Nymphomaniac“, Шаја Лабаф решил да ги однесе работите на едно ниво повисоко и навистина да има секс со својата соработничка на камера. Неговата девојка го напуштила брзо по овој настан.rnrnЗа своите улоги Роберт Дениро качил 30 килограми за филмот „Raging Bull“, живеел еден месец во Сицилија за „Godfather Part 2“, ги скршил своите заби за „Cape Fear“ и еден месец работел како таксист за „Taxi Driver“.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnЗа да се подготви за својата улога во „The Joker“, Хит Леџер се затворил во хотелска соба цел месец за да може да го вежба својот лик. На крајот, тој изјавил дека се нашол во „просторот на психопатите“.rnrnЗа да ја добие улогата на Џим Морисон во „The Doors“, Вал Килмер научил 50 нивни песни. На крајот, тој толку добро ги пеел што останатите вистински членови на оваа музичка група не можеле да разликуваат кога пее Морисон, а кога Килмер.rnrnБред Пит доброволно дозволил да му ги скршат забите за улога во „Fight Club“. Откако завршил со снимање бил на забар за да му ги поправат забите.rnrnЗа да се подготви за својата улога во „Silence of the Lambs“, Скот Глен гледал видеа кои биле запленети од полицијата на кои имало луѓе кои биле измачувани и убивани. Тој ја одбил улогата во вториот дел бидејќи вели дека снимките и до денешен ден го прогонуваат.rnrnСо цел да се подготви за својата улога во филмот „In the Age of Innocence“, Даниел Деј Луис 2 месеци одел низ Њујорк облечен во облека од 1870-тите на ниски температури. Во еден момент бил дијагностициран со пневмонија.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnЗа својата улога во филмот „Sonny“, Џејмс Франко поминувал многу време со машка проститутка, па дури и го следел на неговите посети со клиенти.rnrnЗа да се подготви за својата улога во филмот „Safe House“, Дензел Вашингтон поминал низ сесии на измачување со вода.rnrnДаниел Деј Луис додека го снимал филмот „My Left Foоt“ бил исхрануван со лажичка и одбивал да стане од инвалидската количка помеѓу сцените. Позицијата во која седел му предизвикала 2 скршени ребри.rnrnОткако Кристијан Бејл изгубил 30 килограми за својата улога во „The Machinist“ така што живеел со едно јаболко на ден, тој веднаш качил 45 килограми за улогата во „Batman Begns“.rnrn6 месеци пред снимањето на филмот „Last of the Mohicans“, Даниел Деј Луис исчезнал и откако повторно се појавил изјавил дека живеел во дивина со цел да се подготви за улогата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Тајниот свет од соништата на една купохоличарка“ – Софи Кинсела

    Книга: „Тајниот свет од соништата на една купохоличарка“ – Софи Кинсела

    Тајниот свет од соништата на една купохоличаркаПостојат многу зависности, некои се зависни од алкохол, други од работа, но има и такви кои се зависни од шопинг. Доколку имате симптоми на купохолик, не грижете се, не сте единствени.rnrnОваа книга ќе ви го ублажи чувството на грижа при купување, дури и ќе ве научи, сè она што ќе го купите да го гледате како добра инвестиција. Можеби ова не е секогаш правилен пристап кон работите, но со сигурност олеснува кога ќе разберете дека не сте единствените со ваков „проблем“. rnrn„Тајниот свет од соништата на една купохоличарка“ е една од петте книги од серијата „Купохоличарка“ на Софи Кинсела. Оваа извонредна новелистка со англиско потекло, чие вистинско име е Маделин Викам, го користи псевдонимот Софи Кинсела за своите авторски дела. Препознатлива е по пишувањето примамливи и интересни романтични комедии, во кои многу од девојките би се пронашле.rnrnОна што особено ми се допаѓа, е тоа што е оригинална во своето пишување, но пред сè природна. Во нејзините книги нема да сретнете „вештачки“ филмски настани, туку случки кои се реални и можат да му се случат секому.rnrnГлавниот лик во книгата е Ребека Блумвуд, со прекар Беки. Како што самата писателка вели:rn
    rn

    „Таа е финансиски новинар. Нејзината работа е да ги советува луѓето како да управуваат со своите пари. Таа го поминува своето слободно време… во купување.“

    rnТајниот свет од соништата на една купохоличаркаКнигата е поделена на поглавја, а речиси секое поглавје започнува со некое од писмата кои се адресирани до Беки. Секако, тоа се писма кои пристигнуваат поради нејзините долгови.  Таа е во своите дваесетти години и „плива“ во долгови поради неконтролираното користење на кредитните картички. Но тоа ù е во крвта, не може да се воздржи кога ќе здогледа примамливи излози, модерни потпетици или добро парче облека.rn
    rn

    rn

    „Има некаква возбуда во влегувањето во продавница, каква било продавница, возбуда која не можеш да ја победиш.“

    rn

    rnБеки работи во списанието „Успешни заштеди“, но воопшто не е инспирирана од својата работа. Тоа работно место не ù годи и не ја исполнува. Своите текстови ги составува препишувајќи од разни финансиски брошури, без никаква заинтересираност и посветеност на работата. Целата иронија е тоа што многумина ги читаат нејзините текстови за финансиски заштеди, некои дури ја прашуваат за совет, а ни самата не може да се извади од своите долгови и да ги скрати трошоците.Тајниот свет од соништата на една купохоличаркаЗа секое трошење наоѓа причина, кога работите ќе ù тргнат наопаку се спасува со купување. Кога и да почне да ја гризе совеста бидејќи потрошила многу пари, веднаш наоѓа изговор како тоа што го купила може да стане добра инвестиција.rn
    rn

    „Всушност, мислам дека шопингот треба да биде наведен во листата на кардиоваскуларни активности. Моето срце никогаш не чука толку брзо како кога ќе здогледам знак НАМАЛЕНО ЗА 50%.“

    rn Софи има таква дарба, што не секој писател ја поседува – се става во улога на главниот лик и раскажува во прво лице, знае толку добро да илустрира одредена случка и навистина да ве насмее, исто како да го гледате настанот пред своите очи. Она што е урнебесно смешно е обидот на Беки да добие работа на висока позиција во банка. Иако нема апсолутно никакво познавање за таа позиција, одлучна е да оди до крај, па се наоѓа во ситуација да мора да зборува на фински, јазик кој не го познава добро, или да речеме не го познава воопшто.rnrnНајголемите соништа ù се некој по грешка да го исплати нејзиниот долг во банка или да добие на лото. Таа дури ќе купи купон за лотарија и толку се внесува во овој сон, што веќе почнува да планира каде ќе ги потроши парите. Се разбира, нема толкава среќа, па мора да се освести и да се врати назад во реалноста.  Пробува да се извади од незгодната ситуација со штедење пари, но баш напротив, излегува дека троши премногу. Потоа пробува со тактиката заработување повеќе пари, но и тука среќата нема да ù се насмее.Тајниот свет од соништата на една купохоличаркаДоколку барем малку се пронајдовте во улогата на Ребека, со сигурност треба да ја прочитате книгата. Ви гарантирам дека не би останале рамнодушни на смешните случки во кои се наоѓа главниот лик. Ќе ве опседне со својата оригиналност и многу често ќе се поставите во нејзина кожа. Доколку не преферирате читање книги, би ви препорачала да го гледате филмот „Исповеди на купохолик“ базиран на оваа серија книги од Софи Кинсела.rnrnОстанатите книги од оваа серија се:rn

      rn011

    • „Купохоличарка во странство“
    • rn011

    • „Купохоличарка се мажи“
    • rn011

    • „Купохоличарката и нејзината сестра“
    • rn011

    • „Купохоличарката и бебето“
    • rn

    rnПозитивната страна е тоа што петте дела не се строго поврзани, па може секој дел да го читате независно, без да ги имате прочитано претходните. Но сепак, би ви препорачала да ги читате по ред. Доколку баравте начин да го пополните своето слободно време, еве ви одлична опција.rnrnСте прочитале некоја од книгите на Софи Кинсела? Споделете го тоа што најмногу ви се допаднало.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Девојките на агентот 007 – Џејмс Бонд

    Девојките на агентот 007 – Џејмс Бонд

    Автор: Ели РадескаrnrnБонд девојка (анг. Bond Girl) е главната женска улога во филмовите за Џејмс Бонд, познатиот англиски агент 007. Бонд девојките се атрактивни и убави, познати по нивниот впечатлив изглед. Тие се менуваат скоро во секое продолжение на филмот, за разлика од актерите кои го толкуваат Бонд во неколку продолженија. Имињата на Бонд девојките се интригантни, двосмислени и провокативни. Ова се поголемиот дел од нив.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд1. Урсула Андрес е првата Бонд девојка која ја толкува главната женска улога во „Доктор Но“ (Dr. No), Хани Рајдер. Воедно ова е првиот филм за Џејмс Бонд прикажан во 1962 година, каде Шон Конери ја има улогата на агентот 007. Незаборавен момент од филмот е кога Хани Рајдер излегува од вода во бело бикини пеејќи „Под манго дрвото“ (Underneath the Mango Tree). Таа поставува стандард за идните Бонд девојки, а се појавува и во пародијата за Џејмс Бонд во 1967 насловена како „Казино Ројал“ (Casino Royale).Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд2. Блекмен во улога на Пуси Галор e една од најпознатите Бонд девојки која во „Голдфингер“ (Goldfinger) од 1964-та толкува улога на негативец, но подоцна му помага на Бонд да го спречи злобниот план на Голдфингер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд3. Мие Хама ја толкува улогата на Киси Сузуки од „Само двапати се живее“ (You only live twice) од 1967 година. Оваа Бонд девојка е прекрасна Јапонка која заработува нуркајќи и барајќи школки, но она што никој не го знае е дека таа работи за тајните служби. Таа дури и ќе се омажи со Бонд, но само поради потребите на нивната заедничка мисија.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд4. Дијана Риг во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ (On her Majesty’s secret service) од 1969 година ја одигра улогата на Трејси ди Виченцо. Таа е една од најсилните Бонд девојки и неговата единствена вистинска љубов со која стапува во брак.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд5. Џил Џонс ја игра улогата на Тифани Кејс во „Дијамантите се вечни“ (Diamonds are forever) од 1971 година. Во филмот, Тифани е шверцер на скапоцени камења, а самата тврди дека името ѝ е дадено според престижната продавница „Тифани“, каде нејзината мајка се породила купувајќи свршенички прстен.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд6. Барбара Бах ја толкуваше улогата на девојката Ања Амасова во „Шпиунот кој ме сакаше“ (The spy who loved me), продолжението од 1977. Таа е руски агент со кодирано име XXX и влегува во тимот на Бонд успешно толкувајќи двојна улога.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд7. Мелина Хевлок е името на оваа Бонд девојка одиграна од страна на Керол Буке во „Само за твоите очи“ (For your eyes only) од 1981-та. Таа му се придружува на Бонд во една од неговите мисии со цел да ја одмазди смртта на нејзините родители, а во една пригода ќе му го спаси животот на агентот 007.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд8. Октопуси играна од страна на Мод Адамс во истоименото продолжение „Октопуси“ (Octopussy) во 1983 година –  Мод Адамс претходно се појавува во „Човекот со златниот пиштол“ од 1974 каде ја толкува улогата на придружничка на негативецот Скараманга.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд9. Ким Бејсингер во улога на Домино Петачи во „Никогаш не вели никогаш“ (Never say never again) од 1983 година – Ова е всушност првата голема улога за Ким Бејсингер. Таа е љубовница на негативецот Ларго, но ќе го предаде откако ќе ја дознае вистината за смртта на нејзиниот брат.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд10. Тања Робертс е Стејси Сутон во продолжението од 1985 година насловено како „Поглед на убиство“ (A view to a kill). Стејси е геолог и му помага на Бонд да го разоткрие страшниот план на Зорин.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд11. Марјам Д’Або ја има улогата на Кара Милови во „Здивот на смртта“ (The living daylights) од 1987 година. Таа е позната виолончелистка која е спасена благодарение на инстинктите на Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд12. Кери Лоуел во улога на Пем Буливер во „Дозвола за убиство“ (Licence to kill) од 1989 година – Од оваа девојка Бонд ги добива потребните информации и разоткрива цела дилерска организација.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд13. Наталија Симонова – оваа улога ја има Изабела Скорупко. Таа е руски компјутерски програмер. Наталија му помага на Бонд да ја најде трагата на неговиот непријател во „Златно око“ (Golden eye) од 1995 година.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд14. Фемке Џенсен во улога на Ксенија Онатоп е уште една девојка во „Златно око“ (Golden eye), но не е одраз на женственост, таа ги убива нејзините жртви кршејќи ги со силните колкови.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд15. Веј Лин е улогата на Мишел Јео, одлична Бонд девојка од „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies). Таа е агент од Кина која многу добро знае карате. На почетокот, водејќи иста мисија со Бонд, тие се противници, но на крај се здружуваат за да го уништат Карвер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд16. Парис Карвер – оваа улога ја толкува Тери Хачер, уште една Бонд девојка во „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies) од 1997 година. Оваа Бонд девојка е убиена од страна на нејзиниот сопруг поради аферата со Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд17. Џинкс – Во ова продолжение насловено како „Умри друг ден“ (Die another day), Џинкс е жена-лидер во НАСА чија љубопитност ја доведува до многу неволји, но се разбира Бонд е секогаш тука да ја извлече.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд18. Улогата на Веспер Лунд ја толкува убавата актерка Ева Грин во „Казино Ројал“ (Casino Royale) од 2006 година. Таа крие многу тајни во текот на нејзината мисија со Бонд и преминува од позитивен лик во негативен. Откривајќи ја женската моќ за лаги и интриги, Бонд вели дека после неа нема да верува во ниедна друга жена.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд19. Стробери Филдс чија улога ја има Гемма Артертон, е агент во MI6 чија задача е да го врати Бонд во Ла Паз, Боливија. И покрај тоа што нејзиното име не е нагласено во текот на филмот „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace) од 2008 година, во листата на улоги е наведена како Стробери.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд20. Камил – улогата ја има Олга Куриленко, исто така во продолжението „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace). Таа е член на тајната служба во Боливија, а подоцна се приклучува кон мисијата на Бонд поради сопствени мотиви.Девојките на агентот 007 - Џејмс БондМислите дека Бонд ги заведува сите овие девојки? Или агентот 007 е тој кој паѓа на шармот на убавата жена? Останува да видиме што ќе ни донесат девојките од 23-то продолжение „Скајфал“(Skyfall).rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.