Лесна комедија за препознавањето на вистинските нешта кои ни биле пред нос целото време, но сме ги игнорирале… и многу повеќе за „спонзорушите“, за трулото американско школство, за манипулациитеrnrnРежи
ја: Џејк КасданrnrnУлоги: Камерон Дијаз, Џастин Тимберлејк, Џејсон Сегел, Луси ПанчrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 17 јуни 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnДа го немав гледано документарецот „
Чекајќи го Супермен“ за трулоста на американскиот образовен систем, новата комедија „Лоша учителка“ ќе беше за нијанса посмешна. Учителите кои преспиваат на работното место, кои пушат марихуана во училишниот двор и на кои им е гајле за децата можеби е (малку) претерана слика, но сепак и не толку далеку од тоа какви се навистина работите. Сепак, комедијата мора да се признае, има смешни секвенци особено во сцените со Џејсон Сегел (популарен по серијата „
Како ја запознав мајка ви?“) чиј хумор е интелигентен и циничен. Од друга страна, забавно е да се види Камерон Дијаз во улога, поинаква од нејзините досегашни ангелски, совршени и шеќерни ликови.rn
rnrn
rnПриказна: Елизабет (Камерон Дијаз) е учителка која е посветена на тоа да најде богат маж кој ќе ја издржува цел живот. Таа е површна, злобна и тотално егоцентрична. Но, сега за сега, нејзините планови не се реализираат, а според Елизабет, единствена причина за тоа е фактот дека нема големи гради. Следна мисија: да се соберат пари за да стави силикони. Додека измислува секакви варијанти за да дојде до долар повеќе, таа мора да се соочува со нејзината најголема непријателка која воедно е и учителка во истото училиште, Ејми (Луси Панч). Во меѓувреме почнува да го „лови“ новиот учител Скот (Џастин Тимберлејк) кој е згоден и има огромно семејно богатство, но е апсолутно здодевен. Истовремено, Елизабет се обидува да го игнорира човекот кој всушност е вистинскиот избор за неа, учителот по физичко Расел (Џејсон Сегел).
Интересно е тоа што вообичаените американски комедии се обидуваат да имаат некаков образовен момент, ѓаволот да се престори во ангел, лажгото во искрен човек… Но тука, тој едукативен момент е толку слаб, речиси незабележлив што е вистинско освежување. Гледаме приказна заради приказна, а не за да извлечеме некоја мудрост и поука. Така, Елизабет на крај го одбира вистинскиот маж за неа, но останува повеќе или помалку истиот гад од човек, така што не е ни важно. Нејзе не можете да ја сакате затоа што е како ураганот Ајрин за детското образование, но на моменти добро ќе се забавувате со неа.
Глума: Комплетниот каст од Камерон, Џејсон до Луси е со голем „бекграунд“ во комични улоги, така што за нивната реализација нема сомнежи. Единствено отскокнува Тимберлејк на кој во неколку сцени му се читаа неискуството, незнаењето и да кажеме немањето талент. Добро, не е Мадона. Но сепак, можеби најпаметно е да се држи до работите кои најмногу му лежат.
Кога и како да го гледате: Со оглед на тоа дека моментално игра во кино, може да го погледнете таму. Но искрено, нема нешто претерано да добиете со големото платно, па слободно може да си го пуштите и дома.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.rn