Оваа бајка може да нè научи на многу лекции, особено за љубовта кон себе. Постои едно психолошко клише дека мораме да научиме да се сакаме себеси, дури и оние делови од нас што често се мета на јавно осудување. Имајќи го тоа на ум, еден експерт укажува на важната лекција што со векови се крие во оваа приказна.rnrn
rnrnЏош Грејсел, психолог и автор, тврди дека работата на себе не е толку тешка колку што сите кажуваат. Овој пат тој се обидел да го објасни себеприфаќањето според примерот на една од најубавите бајки од нашето детство, „Убавицата и ѕверот“.rnrnОваа француска бајка е создадена во далечната 1740-та година, а до денес е објавена во голем број варијации. Најкратко кажано, преубава девојка доброволно се согласува да остане заробена од страна на суров ѕвер за да го спаси својот татко. Ѕверот изгледа страшно и убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да избега. Секоја ноќ, Ѕверот ја прашува Убавицата дали сака да се омажи за него, и секоја ноќ таа повторно го одбива. Како што вели Џош, читателите знаат дека Ѕверот е нешто што убавицата мора да научи да го сака без убедување и дополнителни информации. Убавицата мора да научи да ја гледа убавината во Ѕверот!rnrnНа почетокот постојат само случајни навестувања што ја водат Убавицата да размисли за тоа дека Ѕверот можеби и не е толку страшен. Во тие моменти навиваме да го сфати она што сите ние го знаеме: Мора да научи да го сака овој Ѕвер. Да преминеме на главното. Таа со текот на времето се заљубува во Ѕверот и доаѓа до судбоносниот бакнеж по кој тој се претвора во прекрасен принц. Една од најубавите верзии на оваа приказна истакнува дека Убавицата толку многу го засакала што кога го погледнала принцот викнала: „Каде е мојот Ѕвер? Врати ми го мојот Ѕвер!“rnrn
rnrnСега, помислите на некој дел од себе и вашиот живот кој не ви се допаѓа, кој не можете да го прифатите и кој сакате да го промените. Нешто за коешто размислувате само негативно. Постојат одредени работи во животот кои ве заробуваат и со тек на времето започнувате да ги мразите, толку многу што од сè се обидувате да побегнете. Оваа бајка сите овие векови крие универзална вистина и најверојатно тоа е причината за нејзиниот опстанок. Според неа мора да научите да ги сакате и работите кои кај себе во моментот ги мразите.rnrnНе станува збор за тоа дека треба да добиете преубав принц, туку да сфатите дека зад секоја „грдотија“ се крие некоја вредност, богатство што треба да го засакате. Додека не успеете во тоа ќе бидете затворени во затворската просторија на неприфаќањето. Само низ овој вид прифаќање можете да ги цените вашите проблеми и предизвици како подароци. Кога ќе се прифатите и засакате себеси може да се каже дека ќе живеете среќно до крајот на животот. Тоа значи дека без разлика на тоа колку немате објаснување за некои работи или колку тие моментално ви создаваат болка, сепак можеби во нив постои некоја виша цел. Прифатете ги! Спасете се себеси од патењето и понатамошната болка и спремете се за поуката која ќе ја научите со прифаќањето на моменталното животно искушение.rnrnНемојте да додавате „Но…“, туку прифатете го предизвикот и обидете се да пронајдете убавина во „Ѕверот“ од вашиот живот.
Tag: Убавицата и Ѕверот
-

Убавицата и ѕверот: Поучна бајка што со векови крие важна психолошка лекција!
-

„Убавицата и ѕверот“ – фотосесија од бајките
Бенџамин Фон Вонг – млад талентиран фотограф, нè остава без здив со најновата фотосесија направена во една од најголемите библиотеки во Австрија и воопшто во светот, Штифт Адмонт. Во процесот на изработка, тој несвесно направил извонредни фотографии кои премногу потсетуваат на бајката „Убавицата и ѕверот“.rnrn
rnrn rn„Таа фотосесија не требаше да биде ништо повеќе од волшебна и надреална фантазија. Но, во сред работа сфатив: ‘О, Боже, јас сум всушност во проклета бајка’.“
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?
Во анимираните приказни на Дизни сме сретнале многу принцези и главни јунакињи кои нè воодушевувале и од кои сме се инспирирале како мали, а нови возбудливи карактери се појавуваат и ден-денес. Оваа астрологија нема цел да „ви го пробие“ карактерот ниту пак да ви ја предвиди иднината, туку само да ве забавува. Според карактеристиките на секој хороскопски знак, ова се принцезите на Дизни кои ги претставуваат 12-те знаци во зодијакот.rn
Овен – Мерида (Храбра)
rnИсто како Мерида, овните се независни, динамични, избувливи и по малку авторитарни. Сигурно и вие повеќе би сакале да ви дува ветер во косата додека стрелате кон зајдисонцето, отколку да стапите во брак со некој кого не го познавате.rnrn
rnБик – Снежана (Снежана и седумте џуџиња)
rnБиковите се стрпливи, практични и поверени личности. И би морале да бидат доколку треба да се грижат за седум мали џуџиња како Снежана. Мистерија е како тоа ѝ успева на нејзина возраст. Таа има само 14 години.rnrn
rnБлизнаци – Ариел (Малата сирена)
rnАриел, сирената која толку многу посакуваше да постане човек, има многу слични карактеристики со близнаците, како на пример, со нивната неуморна, итра и љубопитна природа. За жал нејзиното однесување предизвика таа скоро да биде проголтана од ајкула, затоа, пазете се.rnrn
rnrn -

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински
Пораснавме надевајќи се дека еден ден ќе го запознаеме принцот на бел коњ и замислувајќи ги сите машки ликови од бајките и сказните како вистински. Но, дали желбата навистина да сретнеме такво момче во реалниот живот сосема исчезнува кога ќе пораснеме? Момците од сказните прават буквално сè за девојката која ја сакаат, пеат, играат, се борат и прелетуваат планини само за да ја освојат. Еве дел од ликовите на Дизни кои би требало да бидат вистински.rnrn
rnЏон Смит
rnОвој лик оди прв на листата бидејќи е вистински авантурист, бестрашно момче кое освојува со својата привлечност и шарм. Сигурно токму ова се причините поради кои Покахонтас му го подари своето срце.rnrn
rnТарзан
rnА Тарзан оди втор. Кому му требаат скапи и луксузни коли кога може да јази по дрва и да се бори со диви ѕверови? Можеби е израснат од мајмуни, но тој факт ќе го занемариме со оглед на тоа што е толку згоден. Плус, можеби изгледа грубо, но во душата е плишано мече. За среќа Тарзан постои и во вистинскиот живот.rnrn
rnЅверот
rnУбавица со ѕвер покрај себе – во модерно време тоа е вистински сон за многу девојки. Најважно од сè е тоа што, настрана од моредното сфаќање за Убавицата и Ѕверот, сказната ни дава поука – не е сè до надворешниот изглед. Но, Ѕверот на Дизни открива колку всушност е убав, откако добро ќе го запознаете.rnrn
rnХеркулес
rnМожеби на почетокот се однесува по малку арогантно, но да бидеме реални, Херкулес е полубог! Плус, би направил сè за девојката која ја сака, и целата таа негова храброст, прави најискрено да посакаме да беше вистински.rnrn
rnАладин
rnМожеби е уличар и не е вистински принц, но со сигурност знае како да шармира дама. Не јава на бел коњ, но има магичен килим! Која девојка не би сакала прв состанок на летечки килим за одблизу да ги гледа ѕвездите кои тој би ги дофатил за неа?rnrn
rnПринцот Ерик
rnЕдинствениот од сите принцеви на Дизни кој не пееше за својата сакана, но неговите очи просто маѓепсуваат, така што ќе му го простиме тоа.rnrn
rnМајло
rnМожеби не е типичен Дизниев карактер, со впечатлив изглед и мажественост, но сепак излезе вистински херој во приказната. Впрочем, кој рече дека момче со гик изглед не може да ги освојува женските срца?rnrn
rnПетар Пан
rnОк, носи хеланки, но знае како да го истакне детскиот дух и како да се забавува. Која девојка не би сакала момче кое ќе ја однесе во волшебен свет и ќе го разбуди детето во неа? И како капак на сè, дечкото го победи лошиот капетан Кука, така што, кому му е грижа што носи хеланки, сепак е јунак.rnrn
rnШенг
rnЛошото момче, лидер на армијата. Способен, трениран, згоден и добро граден… Веднаш ни ги освои срцата. Плус, не се плашеше да тргне по успешна и храбра девојка, нетипична за тогашното општество.rnrn
rnПринцот од Пепелашка
rnМожеби ни е омилен бидејќи по малку го асоцираме со штикли, но сеедно, станува збор за класичен принц на бел коњ кој секоја девојка го посакува. И секако, секоја девојка заслужува да има свој принц на бел коњ.rnrn
rnrnКој принц вие би сакале да биде вистински? Кои се карактеристиките со кои би ве освоиле овие ликови? Дали и во денешно време постојат принцеви, само што се облечени поинаку за разлика од оние од цртаните и не јаваат на бели коњи, ниту летаат на магични килими?rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме
И по 80 години, анимираните генијални дела на Волт Дизни се уште се едни од најгледаните во светот. Почнувајќи од 1937 година, па сè до денес снимени се околу 50 неверојатни филмови, секој на свој начин посебен и забавен. И покрај големиот избор на анимирани Дизни филмови, има неколку од детството на многу генерации кои едноставно не можат да се заборават. Кога случајно ќе налетаме на нив, без разлика на годините, се потсетуваме на времето кога сме ги гледале и веднаш се појавува насмевка на нашето лице.rnrn
rnСнежана и седумте џуџиња – Snow White and the Seven Dwarfs (1937)
rnСнежана и седумте џуџиња е првиот анимиран долгометражен филм во историјата, првиот кој бил целосно во боја и првиот филм на продукцијата на Волт Дизни. Базиран е според германската бајка на браќата Грим. Незаборавни песни од овој филм е „Heigh Ho“, „Whistle while you work“ и „Some day my prince will come“.rnrnrnrn
Пинокио – Pinocchio (1940)
rnПинокио е вториот анимиран филм на Дизни. Базиран е според „Авантурите на Пинокио“ од Карло Колоди. Најпознатите песни од Пинокио се „When you wish upon a star“, „Give a little whistle“ и „Hi-Diddle-Dee-Dee (An Actor’s Life for Me )“.rnrnrnrn
Пепелашка – Cinderella (1950)
rnПепелашка е 12от Дизни филм и е базиран според бајката „Cendrillon“ од Чарлс Перолт. Песните кои се издвојуваат од овој филм се „Тhe Work Song“ и „Bibbidi-Bobbidi-Boo“.rnrnrnrn
Петар Пан – Peter Pan (1953)
rnБазиран според драмата Петар Пан, момчето кое никогаш нема да порасне од Џ. М. Бери е 14от анимиран филм на Дизни. Петар Пан бил дел и од Филмскиот Фестивал на Кан во 1953 година. Најпознатите песни од филмот се „A Pirate’s Life“, „Following the Leader“ и „You can fly“.rnrnrnrn
Сто и еден далматинец – One hundred and one dalmatians (1961)
rnОвој анимиран филм е базиран според новелата на Дуди Смит. Сто и еден далматинец е 17от на листата на Дизни. Песната која посебно се издвојува во овој филм е „Cruella De Vil“.rnrnrnrn
Мечот во каменот – The sword in the stone (1963)
rnОвој анимиран фантазија-комедија филм е 18от на листата од Дизни. Базиран е според книгата „The sword in the stone“ на Т. Х. Вајт. Незаборавни песни од овој филм се „Higitus Figitus“, „That’s What Makes the World Go Round“ и „Mad Madame Mim“.rnrnrnrn
Книгата на џунглата – The jungle book (1967)
rnОвој анимиран филм е 19от по ред на Дизни. Инспириран е од приказните за дивото дете Могли од Рудјард Киплинг. Песни кои се издвојуваат во овој филм се „The Bare Necessities“ и „I wanna be like you“.rnrnrnrn
Малата сирена – The little mermaid (1989)
rnДизни за време на 70те и 80те има неколку анимирани филмови кои добиле строги критики и со појавата на Малата сирена тие повторно се вратиле на добар пат. Овој анимиран филм е базиран според бајката со исто име и го одбележал почетокот на нова ера, наречена Дизни Ренесанса. „Under the Sea“ и „Kiss the Girl“ се песни од овој филм кои нема никогаш да бидат заборавени.rnrnrnrn
Убавицата и ѕверот – Beauty and the Beast (1991)
rnБазиран според бајката „La Belle et la Bête“ од Жон-Мари, ова е 30от анимиран филм на Дизни. Песните кои долго ќе се паметат од овој филм се „Be our guest“, „Something there“ и „Beauty and the Beast“.rnrnrnrn
Аладин – Aladdin (1992)
rnАладин е 31от анимиран филм на Дизни. Базиран е според Арапската фолк-приказна „Аладин и магичната ламба“ од 1001 Ноќ. Незаборавни песни од Аладин се „A friend like me“, „Prince Ali“ и „A whole new world“.rnrnrnrn
Кралот лав – The Lion King (1994)
rnКралот лав е анимиран музички-авантуристички филм кој се наоѓа на 32то место на листата од Дизни. Дејството се одвива во Африка и била инспирирана од библиските приказни за Јосиф и Мојсеј, како и од Хамлет на Шекспир. Овој филм е еден од најуспешните на Дизни. Најпознатите песни се „Hakuna Matata“, „Circle of Life“, „I can’t wait to be king“ и „Can you feel the love tonight“.rnrnrn
Покахонтас – Pocahontas (1995)
rnПокахонтас е 33от по ред анимиран филм на Дизни. Овој анимиран филм е првиот кој е базиран според реален историски лик. „Colors of the wind“ е песната по која ќе се памети овој анимиран филм.rnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





