Бидете трпеливи со времето на вашиот живот. Сигурно секојдневно имате рокови до кои треба да се придржувате за да ги исполните вашите обврски, крајни датуми и уште многу други работи кои „ве брзаат“. Но, стрпете се, имате време за сѐ. Вам не ви е даден овој живот за постојано да брзате и да трчате, туку да уживате додека чекорите низ него, да уживате по секој пат и во секој преземен чекор.rnrn
rnrnНе трчајте премногу брзо низ вашиот живот. Попатно дајте си време да ги разгледате убавините што ве опкружуваат, време да размислите, да набљудувате. Забележете дека и во зима постојат сончеви зраци кои може да ве згреат. Настојувајте во сѐ она што ве опкружува да најдете убавина, затоа што дури и кога природата е замрзната може да создаде прекрасни пејзажи.rnrnДајте си време на себе. Затоа што додека сте зафатени трчајќи наоколу, без да уживате во убавините на животот, ќе го пропуштите снегот кој ќе почне да се топи. Ќе пропуштите да видите како тревата повторно раззеленува, како пролетта повторно заживува и како цвеќињата расцутуваат. Не дозволувајте зад вас да помине убавината на малите нешта. Не треба пасивно да минувате низ животот со исцрпени бели дробови. Земете длабок здив, зашто вам ви треба нешто поголемо и поубаво.rnrnДајте си време за дишење, да седнете, да ги затворите очите и вистински да погледнете. Побарајте ја убавината во скршените гранки и облачното време. Видете ја онаа убавина која е присутна насекаде околу вас.rnrnДозволете си да бидете она што сте. Не трчајте. Дајте си го трпението кое го заслужувате. Дозволете му на вашиот живот да минува бавно и смирено, наместо низ бура. Забавете го вашето темпо. Сѐ она што треба да биде ваше, ќе дојде со текот на времето, на еден или на друг начин. Верувајте во своето време и имајте надеж дека ве очекува подобра иднина.rnrnПрочитајте ги и овие цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста.
Tag: трпеливост
-

Не трчајте премногу брзо низ вашиот живот, бидете трпеливи
-

Цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста
Иако под влијание на стресниот модерен живот полека се губи, сепак, трпението е доблест која секој треба да ја негува. Доколку сте трпеливи не можете ништо да изгубите, туку само да добиете. Овие неколку цитати имаат за цел да ви прикажат колкава е моќта на трпеливоста.rnrn
rn„Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.“ − Џојс Маер
rn
„Имај трпение. Сите работи се тешки пред да станат лесни.“ – Саади
rn
„Работете напорно. И имајте трпение. Затоа што без разлика кои сте, ќе бидете повредени во вашата кариера и треба да имате трпение за да поминете преку повредите.“ − Ренди Џонсон
rn
„Нашето трпение ќе достигне многу повеќе отколку нашата сила.“ − Едмунд Бурк
rn
„Имајте трпение со сите работи, но пред сѐ со себеси.“ – Свети Францис де Сејлс
rnrn
rn„Добриот карактер не се формира за една недела или за еден месец. Тој се создава малку по малку, ден по ден. Потребен е долготраен и трпелив напор за да се развие добар карактер.“ – Хераклит
rn
„Со љубов и трпение, ништо не е невозможно.“ − Даисаку Икеда
rn
„Човекот кој е господар на трпението, е господар на сѐ останато.“ − Џорџ Савил
rn
„Ако сум ѝ сторил некоја услуга на јавноста, тоа се должи на моето трпеливо размислување.“ − Исак Њутн
rn
„Кога имав 20 години, мислев дека имам 30, но бев премногу далеку од тоа. Кога сте млади, сакате сѐ да се случи сега. Како што растете, можете да погледнете наназад и да видите дека сите прекрасни работи сте ги постигнале со време и трпение.“ − Елиша Катберт
rnrn
rn„Никогаш не би научиле да бидеме храбри и трпеливи, ако постоеше само среќа на овој свет.“ − Хелен Келер
rn
„Дури и среќниот живот не може да биде без одредена доза темнина, а зборот среќа би го изгубило своето значење ако не биде балансиран со тагата. Многу е подобро да ги преземате работите како што доаѓаат, заедно со трпение и леснотија.“ − Карл Јунг
rn
„Постои нешто добро во секој навидум неуспех. Не треба да го видите тоа сега. Времето ќе ви го открие. Бидете трпеливи.“ − Свами Шиванада
rn
„Бидете трпеливи и имајте разбирање. Животот е премногу краток за да бидете одмаздољубиви или злонамерни.“ − Филипс Брукс
rn
„Колку повеќе се познавате себеси, толку повеќе трпение ќе имате за она што го гледате во другите.“ − Ерик Ериксон
rnrn

-

Соочување со одбивање: 6 изненадувачки придобивки од ова искуство
Ако сте од оние кои се обидуваат да пробаат речиси сè, сигурно сте се соочиле со одредено одбивање. Секако, тоа воопшто не е пријатно чувство. Кога тоа поминува, понижувањето и вината остануваат да ве прогонуваат, заедно со вашите спомени. Секогаш кога ќе се присетите на овие моменти, се чувствувате ужасно, а тоа може да трае повеќе денови, недели или пак месеци. Но, доколку едноставно не посегнувате кон нешто ново и останувате во зоната каде што сте безбедни, тогаш, на некој начин, вие залудно го трошите вашето време. Потребно е да знаете дека искуството е важен дел од вашиот живот, а еве некои работи коишто ги добивате тогаш кога се соочувате со одбивањето.rnrn
rn1. Одбивањето „ве симнува на земја“
rnТешко е да се има објективно мислење за себе. Дури и да сте најрационалниот човек на светот, честопати ќе ја потцените или ќе ја прецените вашата вредност и вашите способности. Мислењето „Јас сум најдобар“ е позитивно и е поттик за вашата самодоверба, но оваа мисла исто така може да ве стави и во заблуда. Токму одбивањето ви овозможува да ја проверите реалноста. Тоа ве тера да се посомневате во вашите способности, велејќи си „Можеби јас не сум толку добар во тоа“ или пак „Дефинитивно, треба да се потрудам повеќе“. Ова ќе ви даде појасна претстава за тоа што навистина знаете за себе, а на некој начин ќе ви го покаже и патот по којшто треба да одите за да се подобрите.rnrn
rn2. Одбивањето значи дека се обидувате да најдете нешто вредно
rnНе е лесно да се достигнат одредени цели, но секој којшто има достигнато нешто повеќе, тоа го направил после одреден број одбивања. Ако постојано добивате одбивања тогаш продолжете да се обидувате. Ова ќе покаже дека сте подготвени да го инвестирате вашето време и вашата енергија во нешто што го сакате. Секако, патот може да биде трнлив, но порано или подоцна вие ќе стигнете до посакуваната дестинација.rnrn
rn3. Одбивањето ве прави трпеливи
rn„Сакам сè и го сакам тоа сега!“ Не изненадувајте се доколку се препознаете во овие зборови. Ова е заеднички начин на размислување на многумина современи луѓе. Моменталното задоволување е она по што копнеат многу, а притоа се заборава процесот којшто е потребен за да се добие нешто вредно. Сигурно повеќето од вашите цели не доаѓаат на едноставен начин и бараат поголем напор за нивно остварување. Не постои замена за напорната работа и посветеноста. Не смеете да дозволите да ве мотивира неуспехот. Добрите работи им доаѓаат на оние кои чекаат, а одбивањето е прекрасен начин да го научите тоа.rnrn
rn4. Одбивањето прави да се запрашате кои се причините за тоа
rnСоочувањето со одбивањето може да ве натера да ги преиспитате своите причини за тоа што ви се случило. Со согледување на своите причини можете да откриете дека она што го правите можеби и не е најдобриот избор за вас, па така ќе откриете нешто подобро, нешто што повеќе ви одговара. Да правите нешто што сакате е силна причина и добра основа којашто ќе ви помогне во остварувањето на вашите цели.rnrn
rn5. Одбивањето ви помага да ги видите работите на почист начин
rnОдбивањето боли, но со моменталната болка доаѓа големо и долгорочно олеснување. Лошото чувство останува во вас, но веќе знаете каква е ситуацијата и ќе престанете да си вршите самите тортура околу тоа. Одбивањето не е пријатно, но тоа ви помага да ги видите работите појасно, а тоа е од витално значење. Конечно можете да продолжите понатаму.rnrn
rn6. Одбивањето ве прави посилни
rnОдбивањето е тешко и задава болка, но реалноста е дека тоа не ве убива, туку ве прави посилни. Тешко е да се надмине стравот од одбивање и првиот пат ќе страдате најмногу, но секој нареден удар ќе биде помалку болен. На крајот, вие ќе станете поцврсти и нема да се плашите од новите работи коишто доаѓаат, ќе бидете поискусни и повеќе подготвени да се справувате со предизвиците коишто доаѓаат во животот.rnrn
rnrnЖивотот е убав, без сомнение, но тука не се исклучени и страдањата. Причината зошто постои болката е да ве направи посилни. Обидете се да погледнете на сите неповолни ситуации како на уште една можност да станете посилни и да продолжите да се борите со вашите битки, со насмевка на вашето лице, знаејќи дека сè ќе биде во ред! -

5 знаци дека сте поврзани со партнерот на многу подлабоко ниво отколку со кој било друг претходно
Една од најтешките и многу ретки работи во животот е поврзувањето со друг човек, ама онаа вистинска конекција кога имате чувство како да сте едно, си ги познавате мислите и чувствата и знаете дека тоа е тоа. Иако изгледа и звучи како многу едноставна работа, навистина не е. Светот денес е многу различен, луѓето и вредностите драстично се имаат променето, па искреноста е нешто што ретко може да се сретне. А кога таа не постои меѓу вас и некој друг, тогаш е невозможно е со тој некој да бидете поврзани.rnrn
rnrnНо, иако тешко, не е невозможно да ја пронајдете таа личност со која ќе се поврзете на многу различно и далеку подлабоко ниво отколку со кој било друг. Таа личност прави да се чувствувате дека сѐ е можно кога доволно се сака, а доколку во некого ги препознаете следниве 5 знаци, тогаш таа личност е веќе дел од вашиот живот.rn1. Ве тера да живеете во моментот
rnТој/таа се грижи за вас како никој друг. Таа поврзаност која ја чувствува прави да сака да бидете среќни и исполнети, а бидејќи знае дека тоа е можно само доколку навистина живеете, оваа личност со сета душа ве тера да живеете во моментот. Животот е полн со каење за ненаправените нешта и пропуштените прилики, па токму затоа присутноста сега и тука е од витално значење. Кога живеете во моментот, вие ги правите одлуките кои баш тогаш сакате да ги направите, односно нема простор за подоцна да се каете бидејќи дури и кога би можеле да се вратите назад, вие пак би го направиле истиот избор.rn
2. Ги прави сите први чекори
rnСтравот и недовербата во себе се број 1 и број 2 непријатели на секој човек. Несигурни сме во своите способности и тоа како делуваме во даден момент, па се случува да се затвориме себеси и да не си дозволиме да ризикуваме ни за момент. А тоа е залудно потрошено време. Личноста која го согледува сето ова и на која и покрај сѐ не и е воопшто тешко таа да ги преземе сите први чекори во врската е личноста која се поврзува со вас на сосема друго ниво од сите други. Не сите се подготвени да преземат сѐ во свои раце не само на почетокот, туку и понатаму, но оние кои го прават тоа вредат да ги зачувате.rn
3. Трпелив/а е
rnТрпеливоста е карактеристика на големите луѓе. А за вас таква е онаа личност во чие присуство се чувствувате неверојатно заштитено и сигурно. Дури и кога вие сѐ уште не сте такво засолниште за неа, оваа личност стрпливо ќе чека на вас давајќи ви ги слободата и времето кои ви се потребни за да опуштите и предадете на таа конекција. А чувството после долго чекање е прекрасно и вреди многу повеќе од што било друго со кое сакате да го споредите. Трпеливоста е тука поткрепена со големо количество разбирање. Бидејќи сите ги процесираме нештата различно едни од други, сосема е логично и дека ќе се однесуваме кон нив секој на свој начин. А оваа личност е доволно трпелива да чека на вас.rn
4. Одлучен/на е
rnНајлесно од сѐ е откажувањето. Го избирате полесниот пат и решавате дека повеќе не сакате или немате сила да се борите за нешто. Но ова не ви е дозволено ако покрај себе имате некој кој е одлучен и посветен на тоа да ви укаже дека во животот сѐ е борба и дека само така ќе го добиете она што го заслужувате. Кој било друг би дигнал раце од вас и не би се обидел да смени нешто ни со мал прст. Но оваа личност го прави тоа, таа вложува во вас и врската и повеќе од очекуваното, свесна и подготвена дека нема веднаш да го добие истото и од ваша страна. Единствена мотивација за ова може да биде поврзаноста која се чувствува во воздухот меѓу вас и вербата во онаа хемија која постои кога сте во меѓусебна близина.rn
5. Интуитивен/на е
rnКако што е веќе спомнато, трпеливоста оди рака под рака со разбирањето. Ниту една врска не може да успее ако не постои разбирање и доверба меѓу партнерите. Кога ќе ја најдете таа личност која разбира што сакате и чувствувате без да има потреба да ѝ кажете, тогаш знаете дека покрај себе ја имате вистинската личност. Таа ве познава многу добро и знае да препознае кога сте тажни, среќни, отсутни, присутни и сл. И секако, знае точно што да направи во тој момент бидејќи познавајќи ве вас, знае како да се справи со целата ситуација. А чувството кога имате некој ваков покрај себе е незаменливо.rnrnКолку некој треба да е посебен за да биде оваа личност за вас?
-

Како да го живеете животот со полна пареа и по ваши правила?
Дали сте забележале дека во последно време правите повеќе тешки воздишки отколку што произведувате насмевки на вашето лице? Дали чувствувате дека нешто не ви дозволува да го живеете животот на начин на кој навистина сакате? Дали сте заборавиле какво е чувството на целосна исполнетост и верба во себе? Не мора да биде така. Вие заслужувате да оставате силен впечаток со своите постапки секој нов ден и сè што ќе направите да се вбројува во вашите успеси и подвизи.rnrnСекако дека не треба да целите кон утопија, бидејќи совршенството е илузија. Но зошто да не се будите наутро радувајќи му се на денот и чекајќи да видите какво ново изненадување ќе ви приреди? Наместо да го одлагате вашето станување од кревет наутро и да го исклучувате алармот, скокнете на нозе при првото ѕвонење и подгответе се за новиот ден. Да, лесно е да постапите така кога го живеете животот онака како што сакате.rnrn
rnrnВи се смачи да бидете безволни, да се однесувате меланхолично и без желба и енергија за ново животно искуство? Во тој случај ова се седумте работи кои мора да ги направите.rnСекогаш, секогаш следете ја вашата страст!
rnСекојдневно сме сведоци на личности кои неволно си ја работат својата работа. Заглавени се во лавиринтот на незадоволството и не само што лошо си ја вршат работата туку и им отежнуваат на оние околу себе. Гледате службеничка во банка која попрво би била каде било во светот отколку на нејзиното работно место, и ви станува јасно дека не сакате и вие да бидете заробени цел живот работејќи нешто што не ви е по ќеф.rnrnОна што треба да го направите е да ја одредите својата страст и да тргнете кон неа без размислување! Некој ви вели дека е глупаво или невозможно или дека многу сонувате? Можеби е невозможно за него, што не значи дека би било и за вас!rnrn
rnrnСакате да фотографирате, пишувате, цртате, да имате своја продавница, да станете професионален организатор на настани, можеби стилист, професор… што уште не! Имате толку многу опции, што е она што ви го диктира срцето?rnrnУбавината на животот е кога наутро итате кон вашето работно место знаејќи дека ќе направите промена во нечиј живот, дека некому ќе му помогнете, дека нешто вие ќе научите или пак ќе го пренесете знаењето на некој друг.rnНе задоволувајте се со малку
rnНема да речете дека е во ред онака како што веќе стојат работите, или да се лажете себеси дека не можете повеќе само затоа што ве мрзи да ја исправите главата од перница и да почнете да го спроведувате вашиот сон во јаве.rnrnДа, претераната амбициозност не ви носи ништо добро, но ве молам, слободно поседувајте ја амбициозноста како карактеристика во умерени количини. Секогаш можете повеќе и целете кон тоа да постигнете нешто плус. Не зборувам само за пари или кариера, туку поголемо искуство или повеќе знаење.rnrn
rnПродолжете да учите
rnУште од основно не можеме да дочекаме нашето образование да заврши и да дојде тој момент кога ќе држиме во рака диплома, знаејќи сè што треба да знаеме. Не постои човек кој знае сè и чии знаења не можат да се надополнат. Како што сè повеќе се доближувам до моментот кога ќе го завршам формалното образование, желбата за знаење и откривање на светот сè повеќе расте во мене. Никогаш нема да бидете сезнајковци и секогаш ќе треба да научите нешто ново, инаку нели животот би бил здодевен до бол?rnrnНеактивниот мозок не е продуктивен. Секогаш задавајте си нова задача. Искуство кое треба да го стекнете, вештина која треба да ја совладате, книга која треба да ја прочитате. Продолжете со учење, формално или не. Никогаш не знаете каков интерес ќе поттикне во вас она што сте го прочитале. Никогаш не знаете која ќе биде новата брилијантна идеја што ќе ви падне на памет.rn
Вежбајте трпеливост
rnСо цел да ја стекнете трпеливоста како навика, мора да бидете изложени на ситуации кои од вас бараат да бидете трпеливи. Вие можете да го испланирате својот живот во детали, но работите ќе се случат тогаш кога ќе биде вистинското време.rnrnСекако дека треба да имате цел, дека треба да знаете каде се движите и да се поттикнете себеси на работа што би резултирала со успех. Но не брзајте да стигнете веднаш до крајот и до моментот кога работата ќе ви се исплати и сите ќе бидат воодушевени давајќи ви позитивни критики. Работете, стремете се кон вашите цели, но бидете многу трпеливи за исходот. Тоа ќе ве направи многу помудри и повешти.rnrn
rnИмајте верба
rnВи се чини дека сте во соба со заклучени врати и не можете да најдете излез? Имајте верба дека еден ден ќе пронајдете прозорец кој ќе ве ослободи. Вербата е еден од клучните елементи во животот. Без разлика дали сте религиозни или пак верувате генерално во позитивна енергија која ќе ви помогне да се справите со лошите моменти, важно е да имате верба.rnrnМногумина нашле излез од многу полоши ситуации од вашата. Како пример земете ги оние кои немале ништо, а постигнале многу. Вие може да ја имате способноста да пронајдете изум кој ќе го промени светот, но сè додека немате верба и ги слушате оние кои ви велат дека не можете, вие нема да се помрднете ни со прст, а тоа е жалосно.rn
Не ограничувајте се себеси
rnЕдинствениот кој може да ве спречи на вашиот пат кон остварување на целите сте самите вие. Најчесто самите сме си најголеми непријатели на себеси. Ќе се согласиме на нешто што не ни одговара, ќе одбереме да не работиме напорно за она што го заслужуваме, ќе им се предадеме на оние кои мислат дека се подобри од нас.rnrnВие одбирате каде ќе одите, што ќе правите и како ќе го живеете својот живот. Не ограничувајте се. Истражете ги своите интереси, истакнете се на нови полиња, пронајдете нов интерес.rnrn
rnМалку себичност не е на одмет
rnНе живеете за постојано да им ги олеснувате животите на сите околу вас, туку за да живеете онака како што сакате, а тоа некогаш бара и малку себичност. Ако не знаете да кажете „не“ кога некој ќе побара нешто од вас, тогаш ќе бидете принудени да си правите противуслуга на самите себе.rnrnДа, треба да мислите и на другите, но исто така и на себеси. Никогаш нема да успеете секому да му угодите, а неретко нема да добиете ни едно „благодарам“. Вие сте личноста на која примарно треба да се фокусирате. Издвојте време да му помогнете на оној кој знае да ја цени вашата помош и само тогаш кога со таа услуга не си штетите себе.rnrnНе значи дека сте лоша личност ако речете „не“. Не значи дека постојано треба да им помагате на другите и секогаш да им излегувате во пресрет притоа уништувајќи си ги сопствените можности за успех.
-

Поедноставете си го вашиот живот
„Всадете“ си во глава дека животот е убав и најверојатно таков и ќе ви биде. Се прашувате зошто? Затоа што со таа мисла на ум ќе имате доволно мотив и волја да станете подобра личност, што дополнително ќе ви даде мотив да се борите за успех, а тоа од своја страна е еднакво на хармоничен живот. Ослободете го вашиот ум и почнете да размислувате едноставно. Советите кои следуваат можеби ќе ви помогнат во тоа.rn
- rn011
- Не обидувајте се да ги прочитате мислите на другите луѓе. Не очекувајте ниту тие да ги прочитаат вашите. Комуницирајте!
rn
rn
- rn011
- Бидете љубезни, но не обидувајте се да се спријателувате со сите луѓе околу вас.
rn
rn
- rn011
- Наместо тоа, одвојте доволно време за да ги негувате врските со оние пријатели кои ви значат најмногу во животот.
rn
rn
rn- rn011
- Вашето здравје е вашиот живот. Одете барем еднаш годишно на лекарски преглед, да проверите дали сè е во ред со вашето здравје.
rn
rn
- rn011
- Одвојте доволно часови за спиење секоја вечер. Изморениот ум не може да биде продуктивен.
rn
rn
- rn011
- Станувајте секое сабајле 30 минути порано одошто сте планирале, за да не мора налудничаво да трчате низ дома брзајќи да стигнете до саканото место. На тој начин ќе избегнете казни за брзо возење, доцнење и други непотребни главоболки.
rn
rn
rn- rn011
- Не губете си го времето со чувства на љубомора. Единствената личност со која треба да се натпреварувате сте вие.
rn
rn
- rn011
- Опкружете се себеси со луѓе кои ќе можат да ги „пополнат вашите дупки“. Дозволете им да си ја вршат онаа работа во која се најдобри, за да можете и вие да го правите она во кое сте најдобри.
rn
rn
- rn011
- Немојте да бидете премногу горди и самоуверени. Разговарајте за проблемот, ракувајте се или прегрнете се и продолжете понатаму.
rn
rn
rn- rn011
- Организирајте го вашиот дом, како и просторот во кој работите. Прочитајте ја книгата на Дејвид Ален „Завршете ги работите“ (Getting Things Done) од која можете да усвоите доста практични совети за добра организација.
rn
rn
- rn011
- Ослободете се од работи кои не ги користите и кои нема никогаш да ви затребаат.
rn
rn
- rn011
- Побарајте второ мислење, ако не сте сигурни околу нешто.
rn
rn
rn- rn011
- Потрошете малку време за да научите некој скратен пат за завршување на задачите, кој ќе можете постојано да го користите во иднина.
rn
rn
- rn011
- Не обидувајте се да ги задоволите желбите на сите. Правете го само она што сметате дека е исправно.
rn
rn
- rn011
- Немојте да пиете алкохол или да користите наркотици кога сте лути, разочарани или тажни. Наместо тоа – џогирајте. Ќе се чувствувате многу подобро.
rn
rn
rn- rn011
- Не одложувајте ги оние задачи за кои ви се потребни две минути да ги завршите. Сторете го тоа веднаш.
rn
rn
- rn011
- Секогаш бидете искрени пред себе и пред другите.
rn
rn
- rn011
- Не земајте и не посакувајте нешто што не ви припаѓа вам.
rn
rn
- rn011
- Правете една работа во еден временски период и притоа дадете сè од себе.
rn
rn
- rn011
- Кажувајте им „те сакам“ на оние луѓе што ги сакате што е можно почесто и покажувајте го тоа на разни начини.
rn
rn
rn- rn011
- Бидете свои, не копирајте го однесувањето на некој друг.
rn
rn
- rn011
- Држете се настрана од драмата на другите луѓе. Ни самите немојте непотребно да создавате своја.
rn
rn
- rn011
- Ако нешто мразите да правите, тогаш престанете.
rn
rn
rn- rn011
- Третирајте ги сите со исто ниво на почит каква што би покажале кон вашиот дедо и бидете исто толку внимателни, колку што би биле со вашето тримесечно братче или сестриче.
rn
rn
- rn011
- Извинете се секогаш кога знаете дека сте погрешиле.
rn
rn
- rn011
- Бидете љубопитни. Не плашете се да научите нешто ново. Почесто анализирајте ги вашите идеи и можности.
rn
rn
rn- rn011
- Не бидете срамежливи. Поврзувајте се со луѓето. Запознавајте нови.
rn
rn
- rn011
- Немојте премногу да се грижите за тоа што другите мислат за вас.
rn
rn
- rn011
- Немојте да јадете кога ви е досадно. Јадете само кога сте гладни.
rn
rn
rn- rn011
- Оставете ги оние нешта кои не можете да ги промените. Фокусирајте се на оние кои можете да ги промените.
rn
rn
- rn011
- Следете го вашето срце. Не трошете си го вашето време, исполнувајќи ги соништата и желбите на некој друг.
rn
rn
- rn011
- Бидете трпеливи и радувајте се на малите победи.
rn
rn
rn- rn011
- Прифатете го фактот дека колку и да е лоша или добра некоја ситуација во моментов, таа состојба ќе се промени во иднина.
rn
rn
- rn011
- Созревајте со текот на годините, но немојте пребрзо да пораснете.
rn
rn
- rn011
- Сфатете дека не сте секогаш толку многу во право колку што мислите дека сте.
rn
rn
- rn011
- Пронајдете некоја тешка работа, во која ќе уживате додека ја извршувате. Колку повеќе се трудите, толку посреќни ќе бидете.
rn
rn
- rn011
- Правете го она во што сте добри. Во спротивно само ќе се фрустрирате.
rn
rn
- rn011
- Правете грешки, научете нешто од нив, насмевнете се за тоа искуство и продолжете понатаму со вашиот живот.
rn
rnЗвучи мошне едноставно нели? :)rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Фантастични песочни замоци
Понекогаш е тешко да се одреди каде е границата на човековата креативност. Секој од овие замоци претставува пример за упорност, трпение и прецизност, а на креаторите треба да им се симне капа. Иако летните одмори поминаа, песочните плажи се секогаш пријатни за око бидејќи не потсеќаат на одмор, пријатно време и релаксација.rnrn
rnrnПогледнете ги овие воодушевувачки песочни зданија и уживајте.








