Оваа топла сезона дефинитивно е во знакот на украсните очила за сонце. Модните писти го пренесоа трендот на улиците, па веќе на лицата можеме да видиме впечатливи додатоци кои ги красат рамките, што ги прави очилата за сонце задолжителен и маркантен моден додаток.
Еве неколку идеи за она што е хит и шик оваа сезона.rnrn
Очила за сонце со украси на работ
rnОвие очила ќе направат да изгледате гламурозно. Вниманието го привлекуваат пчеличките и цветните декорации на работ. Одат одлично со пролетен фустан со принтови во пастелни бои.
rn
Очила за сонце со украсни камчиња во форма на мачка
rnДоколку цветовите и пчеличките не ви се вклопуваат во имиџот, можеби ќе можете да се навикнете на украсни камчиња, кои ги има во разни облици и големини, понекогаш наредени во низа по целата должина на рамката. Со камчиња во боја различна од онаа на рамката, дефинитивно покажувате дека имате храбар стил, додека за посуптилен изглед можете да изберете тие да бидат во иста боја.
rn
Бисерни очила за сонце
rnОвие очила се апсолутен хит. Ќе направат да изгледате тренди и забавно.
rn
Кружни очила за сонце со светки
rnВаквите рамки не се погодуваат лесно за да бидат во согласност со формата на лицето, но начелно нема да погрешите ако одите на поголема варијанта. Изберете кружни рамки со светкав финиш за погламурозен изглед на вашиот секојдневен стил.
rn
Очила за сонце со филигран
rnУште еден тренд во модата со очилата за сонце, се рамките збогатени со елементи од филигран. Тие делуваат впечатливо и изразито декоративно. Комбинирајте ги со шик облека, на пример бела свилена блуза и тесни панталони.
rn
Очила за сонце со метални рамки
rnЗа елегантен и минималистички изглед изберете метални рамки со отсечоци во необични форми. Почнете да ги комбинирате со едноставна облека, па ако ви легнат на стилот, одете кон похрабри комбинации.
rn
Ретро украсени очила за сонце
rnКлупските очила се повторно ин, со тоа што овој пат специфичната форма е надополнета со многу светкави камчиња. За да го доловите ретро изгледот, комбинирајте ги со обична црна маичка (рамбовка) и светкави фармерки.
rn
Очила за сонце со цветни декорации
rnДекоративниот елемент и во овој модел е додаден на рабовите, овој пат во вид на впечатливи цветови. Флертувачки пролетен фустан е одличен избор за комбинирање со нив во топлите денови.
Ова се само некои идеи доколку сакате очила за сонце со впечатливи декорации, а ако имате лански модел погоден за обработка, некои од овие хит модели можете да ги направите и сами.rnrnПогледнете уште 12 стилски женски модели на очила за сонце кои се носат оваа година.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.