„La Tomatina“ е најлудиот и најголемиот фестивал за тепачка со храна, кој секоја година традиционално се одржува во градот Бунол во областа Валенсија, Шпанија. Според пресметките, околу 35.000 луѓе од сите краишта на светот, учествувале на годинешниот фестивал кој се одржа на 31 август 2011 година, на кој се војуваше со 120 тона домати.Своите почетоци, овој фестивал ги има уште во 1944 година. Тогаш млади луѓе кои сакале да учествуваат на некоја парада, започнале тепачка. Бидејќи во близина имало тезга со зеленчук, тие ги земале доматите и ги употребиле како оружје. Полицијата интервенирала за да ја прекине борбата и ги натерала виновниците да платат за настанатата штета. Следната година овие луѓе ја повториле тепачката, но овој пат си понеле домати од дома. Сепак полицијата повторно реагирала и ги разбркала. После неколкугодишно повторување на оваа тепачка, градот се согласил да се направи фестивал во таа чест. Ова не е единствениот чуден фестивал во светот. Во Вестланд, Мичиген, оваа година во јули, 5.000 луѓе се валкаа во кал, одбележувајќи го 24-тиот ден на калта, додека пак во Полска, на вториот ден од Велигден, се фрлаше вода врз непознати минувачи по улиците во знак на т.н. „Мокар понеделник“.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Не се потребни никакви истражувања за да дознаеме колку корисна може да биде кратката кафе пауза за работниците, но и општо за целиот бизнис. Добрите работодавци отсекогаш знаеле дека паузата за време на работните часови, делува врз продуктивноста на работниците. Сепак, никој не е точно сигурен кога првпат во историјата паузата на работниците станала поврзана со кафето. Една приказна вели дека токму пронајдокот на првата еспресо-машина е почетокот на оваа секојдневна традиција. Имено, тоа се случило во 1901 година, кога италијанскиот сопственик на една фабрика, Луиџи Безера, барал начин како да им ја намали паузата на неговите работници. Му текнало дека доколку најде начин како побрзо да прави кафе, неговите работници побрзо би го испиле и веднаш би се вратиле на своите работни позиции. Така му дошла идејата да употребува пареа под притисок за побрзо да направи свежо кафе со топла вода. Неговата идеја давала дури и подобри резултати одошто очекувал, а токму овој момент вовел еден нов начин на правење кафе низ светот.Скоро во истиот период фабриката „Barcolo Manufacturing“ од Бафало, Њујорк официјално ја направила кафе паузата дел од бенефициите кои вработените можеле да ги уживаат за време на работните часови. Според приказните од неколку стари весници, во 1902 година вработените преговарале за кратки паузи наутро и напладне, а еден од нив доброволно се пријавувал да го грее кафето на плотна загревана од керозин. Сепак, кој точно ја направил првата официјална кафе пауза сè уште е збунувачка приказна. Една друга компанија од Бафало, прикажува запис од 1901 година, според кој се гледа дека било одлучено да им се дава бесплатно кафе на вработените.Но дури во 1964 година, кафе паузата стана национален проблем во САД. Според магазинот „Time“, во јуни 1964 година, обединетите автомобилски работници започнале преговори со големата тројка (General Motors, Ford и Chrysler) за 15-минутно исклучување на машините за да можат да уживаат во кафе паузата. Иако во тие преговори биле вклучени и други работи како здравствено осигурување, покачување на платите и бенефиции за пензионерите, сепак проблемот со кафе паузата за малку не довел до штрајк и затворање на погоните.Денеска во скоро секој договор за вработување пишува дека во работна смена од 8 часа, работникот може да направи барем една пауза. Исто така, голем број работодавци се одлучуваат да нудат бесплатно кафе за своите вработени, бидејќи за мал трошок може да извлечат многу поголема корист. Според професорот Кери Купер од универзитетот во Ланчестер, кога вработените бараат на работното место да им се обезбеди бесплатно кафе, всушност му викаат на својот работодавец „Цени ме“.rnrnКакво е вашето искуство? Ја добивате ли својата заслужена кафе пауза на работното место? Кој плаќа за вашето кафе?rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Секоја држава има своја култура, историја и традиција. Најчесто знаменитостите и спомен-обележјата се обидуваат да дадат слика за склопот на овие три нешта и да останат да сведочат засекогаш. Секој од нив носи со себе посебна порака и има своја вредност. Овие пет примери се некои од најголемите споменици во светот, кои прават Кипот на слободата во САД и статуата на Исус во Бразил да изгледаат малечки.rn.rn
Мајка татковина, Киев, Украина
rnОваа неверојатна статуа е изградена во 1981 година од Евгениј Вучетич. Изработена е од титаниум и тежи 530 тони, а со се основата, нејзината висина достигнува 102 метри. Само споменикот е висок околу 62 метри. На штитот кој е поставен во левата рака се наоѓа грбот на Советскиот Сојуз. „Мајка татковина“ е дел од музејот „Големата патриотска војна“ во Киев, кој им оддава почит на оние кои се стекнале со титулата херој на Советскиот Сојуз или херој на социјалистичкиот труд.rn
Големиот Буда од Ушику, Јапонија
rnСпоменикот на Големиот Буда во Ушику, комплетно бил изграден во 1993 година, а неговата височина достигнува 120 метри. Статуата е целосно обложена со бронза и тежи 4.003 тона. Самата статуа претставува музеј на 4 ката, а на висина од 85 метри се наоѓа и балкон за набљудување. На третиот кат од музејот можат да се погледнат повеќе од 3.000 златни статуетки кои го претставуваат Буда.rn
Изворниот храм на Буда, Хена, Кина
rn„Изворниот храм на Буда“ е најголемата статуа во светот. Без основата која е висока 25 метри, статуата достигнува 128 метри. Статуата е завршена во 2002 година, а за нејзината изградба биле потрошени 55 милиони американски долари. Храмот своето име го добил според изворите со топла вода во неговата околина, за кои се верува дека се лековити.rn
Татковината повикува, Волгоград, Русија
rnОваа застрашувачка статуа е изградена во спомен на озогласената битка за Сталинград, во која животот го загубиле околу 2 милиони лица. Во моментот кога била изградена во 1967 година, статуата со својата височина од 85 метри била највисока во светот. Иако оваа висина во денешно време е надмината, сепак останува да сведочи за тие времиња.rn
Петар Велики, Москва, Русија
rnСтатуата на Петар Велики е направена во 1997 година, како спомен за 300 години од создавањето на Руската морнарица. Создадена е од грузискиот дизајнер Зураб Тсеретели, а со нејзината височина од 94 метри, таа е седма најголема скулптура во светот.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Бидејќи веќе ви ја претставивме „Холандската Венеција“, сега решивме да отидеме на истокот и да ви ја прикажеме Кинеската Венеција. Градот Жоужуанг се наоѓа во областа Џангсу и е лоциран на само 100 километри од Шангај. Својата историја, градот ја започнува во 700-та година од новата ера. Имено, Жоужуанг претставува најстариот кинески град на вода. Интересното е тоа што многу работи во градот се зачувани и непроменети што говори за традицијата и културата на овие луѓе. Сега тој е многу популарно место, кое го посетуваат илјадници туристи.rn
Автор: М. Давидовскаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnВелигден е најголемиот Христијански празник, но во секоја земја различно се празнува. „Мокар понеделник“ е името на вториот ден од Велигден во Полска, долгогодишна традиција зачувана до денес.На овој ден, обичај е да се фрла вода врз непознати минувачи по улиците, а симболизира прочистување пред доаѓањето на пролетта.Во минатото неженетите момци ги прскале со вода девојките и на тој начин ги искажувале своите интереси и чувства. Девојките пак, во знак на благодарност, подарувале бојадисано јајце. Кај други, обичајот бил поинаку толкуван. Ако девојката е испрскана значело дека ќе се омажи таа година.Но, со текот на годините и обичаите се менувале. Добиле модерен начин на обележување. Па така, секоја година во Полска, момците се на улиците со шишиња и кофи со вода кои ги истураат врз девојките. За нив овој ден е вистински кошмар, но сепак одлично се забавуваат.Покрај во Полска, овој ден се одбележува и во Украина и Чешка.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.
Велигденските празници се на прагот. Денес, на Велики Четврток, секоја христијанска домаќинка ги вапсаше првите три велигденски јајца пред изгрејсонце, во црвена боја, која е симбол на светата пролеана крв на Исус Христос. Порано за Велигден се вапсале само црвени јајца. Црвената боја е симбол на радоста и на животот. Денес, секој сака да биде уникатен и препознатлив по нешто, па убаво би било доколку на овој голем христијански празник му дадете ваш личен „шмек“ со уникатно украсување на велигденските јајца. rnrnОбичај е на овој празник да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот. Доколку сакате на вашите блиски роднини и пријатели да им подарите велигденско јајце со креативен дизајн, ви предлагаме 3 интересни начини на украсување, кои нема да ви одземат многу време за изработка.rnrn
1. Цветни велигденски јајца
rnПотребно ви е:rn
rn011
Боја за јајца во разни бои
rn011
Тврдо варени јајца
rn011
Бел оцет
rn011
Самолеплива хартија во разни бои
rn011
Мало парче картон
rn011
Модла во форма на цвет
rn
rnКако да ги направите: Во неколку чаши сипете зовриена вода и во секоја од нив ставете различна боја за јајца. Потоа сипете 60 мл бел оцет во секоја чаша. Со лажица ставете по едно јајце во секоја чаша. Откако ќе се обојат, ставете ги јајцата на хартиена крпа убаво да се исушат. На картонче нацртајте убав цвет и исечете го со скалпел. Со помош на добиената модла, нацртајте цветови на разнобојната самолеплива хартија. Исечете ги цветовите и залепете ги на велигденските јајца за да им дадете прекрасен „шарен“ изглед.rnrn
2. Велигденски јајца со уметнички „шмек“
rnПотребно ви е :rn
rn011
Хартија за печење
rn011
Акрилни бои
rn011
Восочна хартија
rn011
Јајца
rn011
Тава
rn
rnКако да ги направите: Откако ќе се оладат јајцата кои претходно убаво сте ги свариле, во тава постелете хартија за печење и на неа сипете акрилна боја од тубите. Ставете едно јајце во тавата и тркалајте го додека да се обои секаде подеднакво. Повторете ја постапката за останатите јајца, притоа комбинирајќи различни комбинации од бои, за јајцата да ви испаднат пофраерски. Откако ќе завршите со работа, оставете ги јајцата да се исушат на восочна хартија.rnrn
3. Велигденски јајца во боите на пролетта
rnПотребно ви е:rn
rn011
Суви цветови
rn011
Хартија
rn011
Дебела книга
rn011
Лепило
rn011
Јајца
rn
rnКако да ги направите: Наберете неколку цвеќиња од вашата градина или купете неколку од цвеќарница. Цветовите откинете ги од дршката, ставете ги на една половина од лист хартија и преклопете ги со другата половина. Така припремени, цветовите ставете ги помеѓу страниците на некоја подебела книга (лексикон, енциклопедија) и оставете ги убаво да се исушат и испеглаат. Исушените цветови со лепило залепете ги на јајцата и ќе добиете фантастичен природен дизајн на вашите велигденски јајца.rnrnrnrn
Традиционална десктоп позадина која не потсетува на мирисот и вкусот кои ги има кафето доколку се приготви веднаш откако е сомелено. Нема поинтензивен мирис на кафето од овој. Ако сте љубители на тазе кафе, чиј јак вкус го сакате разблажен со неколку капки млеко, овој избор би требало да му прилега на вашиот десктоп оваа недела.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
Денеска православните христијани го прославуваат големиот празник Божиќ. Без разлика дали се водите според Јулијанскиот или според Грегоријанскиот календар, на овој ден се празнува раѓањето на Исус Христос.rnrnБогатата трпеза и големиот број традиции го прават овој празник толку посебен. Денеска на една македонска трпеза ќе може да се најде убаво печено месо, мрсна сарма или подварок, печен компир, по некоја заостаната риба од бадниковата вечера, фино црвено вино, а за десерт чоколадна торта, милиброд и печена тиква. Сепак, од држава во држава, се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. Следуваат традиционалните божиќни трпези на 16 земји од светот, а вие одберете која ќе ја посетите наредната година.rn
Франција
rnБожиќната трпеза во Франција и во местата каде се зборува француски јазик е наречена Le Reveillon. Тоа е долга вечера или по можност забава, а името потекнува од францускиот збор réveil (будење), бидејќи обичајот подразбира луѓето да останат будни до полноќ, кога се служи вечерата и часовите кои следуваат потоа. За предјадење се служи „Foie gras“ (џигер од гуска или патка), остриги, пушен лосос или тенки палачинки направени со брашно од хељда. Главен оброк е печена гуска декорирана со костени, а место тоа може и мисирка, говедско или јагнешко печено месо. Пијалакот кој иде во комбинација со вечерата варира од едно до друго место, но најчесто се служи шампањско. Традиционалниот француски десерт на „La Reveillon“ е „Buche de noel“ – ролован сунѓерест колач (прикажан на сликата), направен да изгледа како паднат трупец дрво, а е декориран со печурки направени од матена белка и шеќер.rnrnrn
Перу
rnУште на почетокот на декември во перуанските цркви се одржува настанот „Chocolatadas“. Користејќи пари донирани од граѓаните, организаторите на овој настан го печат колачот panettone и прават зачинето топло чоколадо во големи казани. Колачот и чоколадото им се служат на луѓето од пониска социјална класа, во знак на прославување на празникот. Главен оброк на трпезата е печена мисирка, гарнирана со свежо овошје, а се служи во комбинација со пире од јаболка, „tamales“ (вид мексиканско јадење) и разни видови салати, погачица, сладок леб марципан и колачот „pannetone“.rnrnrn
Литванија
rnЛитванскиот божиќен оброк наречен „Kucios“ произлегол од паганските обичаи и голем број ритуали сè уште се одбележуваат. Специфично за него е што се состои од 12 различни видови јадења. Оброкот традиционално започнува кога првата ѕвезда ќе се појави на небото, која и најавува на мајката во секое домаќинство да скрши лепче за секој гостин. Според литванските обичаи, а и во останатите Балтички земји, едно место на масата секогаш останува празно. На трпезата не се служат месо и млечни производи. За главно јадење се служи риба (крап, харинга или штука) во комбинација со кисел зеленчук. Исто така, се служат и погачички т.н. „kuciukai“ (мали, слатки печива без квасец, со афионово семе) потопени во млеко од афионово семе, кое е омилено јадење за празникот. Исто така, во Литванија се верува дека секој оној кој ќе ја напушти Божиќната трпеза пред да завршат сите со јадење, ќе го следи несреќа.rnrnrn
Шпанија
rnВо текот на божиќните празници во Шпанија традиционално се јаде касно навечер. Така, на ноќта пред Божиќ, вечерата почнува некаде помеѓу 22 и 12 часот на полноќ. Оброкот обично започнува со разновидни мали сатчиња т.н. „tapas“ (прикажани на сликата), кои се сочинети од различни видови сирења, тиквички, шунка, маслинки… Супата од морски плодови е многу популарна за Божиќ, особено во крајбрежните региони. Се служи и бела шпаргла, како и јадења од разновидна морска храна, вклучувајќи „angulas“ (бебиња на јагула), „langostinos“ (морски ракчиња) и „besugo“ (печена морска риба од видот спариди). За десерт Шпанците обично јадат колачиња од марципан, шпански крофни т.н. „churros“ и „turron“ (колач во форма на цигла направен од мед, шеќер, печени бадеми и белки од јајца).rnrnrnrn