КАФЕ ПАУЗА

Tag: топло чоколадо

  • Зимско задоволство: Топло чоколадо со Нутела

    Зимско задоволство: Топло чоколадо со Нутела

    Топлото чоколадо е еден од најпопуларните зимски десерти. Токму затоа и за максимално задоволство ви нудиме рецепт од само три состојки за божествено топло чоколадо со Нутела кое брзо и едноставно може да го подготвите во вашиот дом.rnrn(0)-toplo-chokolado-so-nutela-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 470 милилитри млеко
    • rn011

    • 3 до 4 лажици Нутела
    • rn011

    • 1/8 лажица ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете 120 милилитри од млекото и целата доза Нутела во мало тенџерче, загрејте ги на средна температура и мешајте сè додека добро не се соединат. Потоа додајте ја и ванилата и повторно измешајте. За крај, сипете го преостанатото млеко и мешајте на умерен оган сè додека не се стопат сите состојки. Топлото чоколадо турете го во шолја и по желба додајте шлаг, парчиња чоколадо, колачиња или цимет.

  • Врело и слатко задоволство: Топли чоколади кои задолжително мора да ги вкусите оваа зима

    Врело и слатко задоволство: Топли чоколади кои задолжително мора да ги вкусите оваа зима

    Дали ги сакате моментите кога во топлината на вашиот дом, додека надвор паѓа снег, вие уживате во шолја топло чоколадо, потполно сами, со своето момче/девојка или пак пријател/ка? Ако сега, низ оваa наша мала приказна, барем за момент успеавте да ги замислите овие прекрасни зимски мигови, тогаш вистинско време е да продолжите со читањето на овој текст. Ви нудиме неколку нови, вкусни и слатки варијанти на топлото чоколадо кои задолжително мора да ги вкусите оваа зима.rnrn1-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_rn

    1. Цимет и топло чоколадо

    rnПодгответе освежителна напивка за оваа зима така што ќе споите две слатки задоволства – цимет и топло чоколадо.rnrn2-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_rn

    2. Топло чоколадо со карамела

    rnНаместо класично топло чоколадо со шлаг, испробајте нова варијанта така што преку шлагот ќе нанесете стопена карамела.rnrn3-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_rn

    3. Топло чоколадо со путер од кикиритки

    rnСè што ви е потребно за да ја подготвите оваа вкусна напивка е блендер, многу топло чоколадо и путер од кикиритки според дозата која најмногу ви одговара.rnrn4-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_rn

    4. Мексиканско топло чоколадо

    rnДоколку топлото чоколадо не ви е доволно топло, додајте малку чили и ќе добиете вистинско мексиканско топло чоколадо.rnrn5-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_rn

    5. Чизкејк топло чоколадо

    rnЧизкејк топлато чоколадо е најдобар доказ дека белото чоколадо не мора да биде досаден избор за топло чоколадо, т.е. дека може да биде вкусно, особено ако има вкус на чизкејк.rnrn6-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_rn

    6. Топло чоколадо со вкус на црвено вино

    rnНикогаш не сте слушнале за оваа комбинација? Верувајте ни на зборот, ова и тоа како може да биде вкусно, а со тоа претставува одлична замена за вашата омилена напивка од детството.rnrn7-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_rn

    7. Топло чоколадо со вкус на мента

    rnИзмешајте чоколадни бонбони со топло млеко, направете од нив топло чоколадо, а потоа додадете малку нане. Верувајте ни, уживањето ќе биде целосно!rnrn8-vrelo-i-slatko-zadovolstvo-topli-chokoladi-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-vkusite-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

  • Најдобриот есенски пијалак: Топло чоколадо со тиква

    Најдобриот есенски пијалак: Топло чоколадо со тиква

    Започнете го викендот со нешто слатко

    rnНајдобриот есенски топол пијалак: Топло чоколадо со тикваrn

    Потребни состојки (за 2 шолји):

    rn

      rn011

    • 200 грама темно чоколадо
    • rn011

    • 225 грама пире од тиква
    • rn011

    • 1 супена лажица кокосово млеко
    • rn011

    • 1/4 лажичка цимет
    • rn011

    • 2 лажички сируп од агаве
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте вода во мал сад врз кој ќе поставите друг сад со искршените коцки чоколадо за тие да можат да се стопат без да изгорат. За да го направите пирето од тиква, најпрво исечкајте ја тиквата на мали парчиња, а потоа варете ја на пареа 15-тина минути. Потоа изматете ја со миксер за да добиете крем текстура и додајте цимет. Во смесата со тиквата додајте го и чоколадото, сирупот од агаве и кокосовото масло за заедно да се загреат. За вкус, можете да додадете и свежи листови нане.

  • 3 вкусни и егзотични рецепти за топло чоколадо кои едноставно мора да ги пробате

    3 вкусни и егзотични рецепти за топло чоколадо кои едноставно мора да ги пробате

    Топло чоколадо, подготвено со необични и егзотични додатоци за неизмерно уживање

    rn3 вкусни и егзотични рецепти за топло чоколадо кои едноставно мора да ги пробатеrn

    Кардамон и нане

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 40 грама црно чоколадо
    • rn011

    • 300 милилитри млеко
    • rn011

    • 2 лажици слатка павлака
    • rn011

    • Шеќер (по вкус)
    • rn011

    • 1-2 гранчиња нане
    • rn011

    • Прстофат кардамон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте го млекото и во него стопете ги коцките чоколадо. Додајте ја слатката павлака и шеќер по вкус. Измешајте. На крај додајте ги нането и кардамонот, оставете го малку да постои и потоа сервирајте. Рецептот е за две шолји.rn

    Чили и цимет

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 40 грама црно чоколадо
    • rn011

    • 300 милилитри млеко
    • rn011

    • Шеќер (по вкус)
    • rn011

    • 1/2 црвена чили пиперка
    • rn011

    • 1/2 лажица мелен цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте го млекото и во него стопете го чоколадото, а потоа додајте и шеќер. Ситно исечкајте ја пиперката и додајте ја заедно со циметот. Оставете да постои 5 минути. Пред да го сервирате, по желба исцедете го. Рецептот е за 2 шолји.rn

    Ѓумбир и ванила

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 40 грама црно чоколадо
    • rn011

    • 300 милилитри млеко
    • rn011

    • 1 лажица ванилин шеќер
    • rn011

    • 1/2 стапче ванила
    • rn011

    • 1 парче свеж ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете го ѓумбирот, исечкајте го на мали парчиња, па загрејте го заедно со млекото и потоа извадете го. Стопете го чоколадото во врелото млеко и потоа додајте ванилин шеќер и изрендано стапче ванила. Оставете да постои 5 минути и пред сервирање исцедете го. Рецептот е за 2 шолји.

  • 5 здравствени придобивки од пиењето топло чоколадо

    5 здравствени придобивки од пиењето топло чоколадо

    Еден од најпопуларните зимски пијалаци, топлото чоколадо, е преполно со неверојатни придобивки. Тоа не само што ве одржува топли за време на студената сезона, туку исто така може и да го подобри вашето општо здравје. Чоколадото само по себе изобилува со моќни антиоксиданси кои помагаат при спречување на срцеви болести, предвремено стареење, па дури и намалување на ризикот од некои видови рак.rnrn5 здравствени придобивки од пиењето топло чоколадоrnrnТоплото чоколадо одамна било користено за борба против различни болести и лошо расположение. Тоа е познато како посебен и здрав пијалак од 16-ти до 19-ти век кој понекогаш се употребувал и медицински. Постојат многу вкусни и здрави рецепти кои можете секојдневно да ги пиете со цел да ги почувствувате наредниве здравствени придобивки од топлото чоколадо…rn

    1. Ја подобрува моќта на вашиот мозок

    rnСтудиите покажуваат дека пиењето топло чоколадо може да ви помогне при подобрувањето на моќта на вашиот мозок како и со неговото општо здравје. Состојките во топлото чоколадо го зголемуваат крвотокот и кислородот кои патуваат кон вашиот мозок, притоа помагајќи ви да размислувате подобро. Доколку сакате да ја подобрите вашата меморија, пијте околу 500 милилитри топло чоколадо секојдневно.rn

    2. Содржи многу антиоксиданси

    rnСпоред едно истражување спроведено од страна на Универзитетот Корнел, топлото чоколадо содржи повеќе антиоксиданси од зелениот чај и виното. Исто така, пиењето топло чоколадо е еден од највкусните начини да ги внесете во вашето тело овие моќни антиоксиданси. Топлото чоколадо содржи малку повеќе антиоксиданси од едно чоколадо, кои се ослободуваат во оној момент кога пијалакот е загреан.rn

    3. Го подобрува вашето расположение

    rnЧоколадото, вклучувајќи го и топлото чоколадо, е добро познат начин за подобрување на расположението. Овој вкусен напиток ви помага да се борите против стресот, анксиозноста и депресијата. Топлото чоколадо стимулира отпуштање на ендорфини, кои го подобруваат вашето расположение и за само неколку секунди прават да се чувствувате посреќно. Но, проблемот е што некои топли чоколада можат да содржат високо количество шеќер, па токму затоа тие можат да бидат лоши за вашето здравје. Трудете се колку што можете, да го одбирате она топло чоколадо на кое не му е додавано шеќер со цел да ги искусите сите негови придобивки во целост.rn

    4. Добро е за здравјето на вашите артерии

    rnСостојките во топлото чоколадо се одлични за здравјето на вашите артерии. Флавоноидите го намалуваат ризикот од срцеви болести така што го намалуваат крвниот притисок и ги подобруваат крвните садови. Секогаш избирајте го овој здрав пијалак за одржување на вашето здравје, но внимавајте да не претерувате. Не заборавајте дека самото чоколадо содржи во себе шеќер и заситени масти, па токму затоа не си дозволувајте да пиете повеќе од 500 милилитри, односно 2 чаши дневно.rn

    5. Може да ви помогне при намалувањето на телесната тежина

    rnДоколку се обидувате да намалите некое кило, пиењето топло чоколадо може да ви помогне да ги постигнете вашите цели. Доколку е направено соодветно, топлото чоколадо е вкусен напиток со малку калории кој може да ви помогне при борбата со копнежите по благо. Исто така, топлото чоколадо може да ви помогне да го спречите внесувањето на калоричните десерти кои изобилуваат со шеќер како крофните, тортите и слично…rnrnСега кога сте свесни за дел од најдобрите здравствени придобивки од пиењето топло чоколадо, што чекате? Брзо одете во вашата кујна и направете си го овој совршен зимски пијалак. Доколку сакате овој пијалак да биде уште поздрав, наместо кравјо млеко додадете незасладено кокосово или бадемово млеко со цел да избегнете додавање шеќер. Запомнете, колку помалку шеќер додавате во вашите пијалаци, толку подобри ќе бидат тие за вашето здравје.

  • Направете вашиот мозок да работи 200 на час

    Направете вашиот мозок да работи 200 на час

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПрогресивното губење на интелектуалните способности во медицината е познато како деменција. Најмоќниот процесор на светот, мозокот користи само 20% кислород, а произведува доволно енергија да го контролира целиот организам. За неговата моќ зборува и фактот што може да напои светилка од 20 вати.rnrnТоа е во најмала рака, најневеројатниот дел од човековото тело, а за да би функционирал беспрекорно мора да се посветите на менталната нега преку храната и вежбите.rnrnnapravete-vashiot-mozok-da-raboti-200-na-chas-kafepauza.mkrn

    Топло чоколадо – одлично за мозокот

    rnИстражувачи од Харвард утврдиле дека чоколадото е одлична храна за мозокот и дека две шолји вкусна чоколадна напивка можат да ја подобрат неговата работа.rnrnИспитувањето е извршено на 60 лица, на старост од 73 години, кои секојдневно биле послужувани со две шолји топло чоколадо. По 30 дена резултатите биле зачудувачки позитивни.rn

    Користете рибино масло во исхраната

    rnМногу од нас го избегнуваат рибиното масло, што е голема грешка. Воопшто не е мит дека рибата е добра за организмот, како здрава намирница која треба почесто да се конзумира. Рибата посебно се препорачува на дијабетичари, кои треба да конзумираат најмалку две порции масна риба неделно.rn

    Научете да жонглирате

    rnОсвен храната, која е главна превентива за појава на деменција, постојат и ментални вежби кои можете да ги практикувате во борба против губењето на менталните способности.rnrnЕдно од позабавните хобија кое може да ви помогнете да се концентрирате подобро и да обрнувате повеќе внимание на деталите е жонглирањето. Оваа вежба бара извонредна координација на рацете и очите, при што мозокот работи забрзано. По три месеци ќе видите напредок.rn

    Спијте повеќе!

    rnМозокот обожува одмор, бидејќи на тој начин црпи енергија за нови информации. Од витално значење се 6 до 8 саати сон. За време на спиењето, мозокот не се исклучува целосно, само се наоѓа во фаза на мирување која целосно му годи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите топло чоколадо од Нутела?

    Како да направите топло чоколадо од Нутела?

    Наградете се себеси со топло чоколадо од вашиот омилен крем – Нутела

    rnКако да направите топло чоколадо од Нутелаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 3 големи лажици Нутела
    • rn011

    • 320 милилитри млеко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВклучете ја ринглата на средна температура и во тенџере за готвење додадете ја Нутелата и 80 милилитри млеко и добро промешајте. Потоа додадете уште 240 милилитри млеко и зголемете ја температурата на ринглата до средно висока. Мешајте сè додека мешавината не се згусне. Откако ќе завршите, сипете го топлото чоколадо во вашата омилена чаша и по ваш избор потопете маршмелоу или шлаг пена со дробено пеперминт-стапче.rnrnКако да направите топло чоколадо од Нутела?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки зимски колачиња

    Слатки зимски колачиња

    Вкусни зимски колачиња кои ќе ви послужат како декорација за топлите напивкиrnrnПразничната еуфорија сè уште трае, зимска идила низ замаглените прозорци, среќа и радости, и мирис на жешко кафе… Оваа сезона е совршена за секакви топли напивки, топло чоколадо, кафе, какао, чајче, а уште подобро ако сето тоа го надополниме со мирисот на свежи колачиња.Слатки зимски колачињаПотребно ви е:rn

      rn011

    • 300 г бело брашно
    • rn011

    • 250 г путер на собна температура
    • rn011

    • 5 кафени лажички бело вино
    • rn011

    • Ванилин шеќер
    • rn011

    • Шеќер во прав
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnСè што треба да направите е да ги измешате состојките во еден сад, а потоа да ги замесите како тесто. Исукајте го тестото додека постигне дебелина од околу 3 мм и со помош на разни форми за печење колачи, отсечете делови од тестото.Слатки зимски колачиња Направените форми од тесто, исечете ги во долниот дел со цел да ги направите погодни за да ги поставите на вашата шолја. Печете ги колачињата 10 минути на температура од 180°C. Додека се сè уште жешки, наросете ги со шеќер во прав.Слатки зимски колачињаУживајте во топла зимска напивка и зимски колачиња. Добар апетит.rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадна свеќа која можете да ја изедете

    Чоколадна свеќа која можете да ја изедете

    Замислете си чоколадна свеќа, мини тортичка и тивка музика. Совршена комбинација, нели? А сега пробајте повторно да си ја замислите чоколадната свеќа, но овој пат откако ќе ја запалите, таа полека ќе почне да се топи и по неколку минути ќе се претвори во топло чоколадо кое ќе ја прелее мини тортичката. Ви звучи подобро?rnrnЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеrnrnОваа неверојатна идеја е на Стефан Буро, кој успешно ја создал првата чоколадна свеќа во светот која може да се јаде. Десертот истовремено е практичен, уникатен и забавен. А како точно функционира, можете да погледнете на наредниве неколку фотографии…rnrnЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедетеЧоколадна свеќа која можете да ја изедете

  • Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    За повеќето возрасни луѓе со добро здравје, внесувањето 200 до 300 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на две до четири шолји кафе, не е штетно по здравјето. Напротив, умерените количини кафе можат да го подобрат вашето целокупно здравје. Тоа ја намалува главоболката и болката во мускулите, ја подобрува краткотрајната меморија, го крева крвниот притисок, го намалува ризикот од рак на кожа и дојка, се бори против целулитот, дури се користи и како состојка во препаратите за нега и убавина… Но, преголемата консумација на кофеин може да има и негативни последици како несоница, нервоза, тегоби во стомакот, неуморност, брзо чукање на срцето и тресење на снагата.rnrnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rnrnАмериканската администрација за храна и лекови го регулира внесувањето кофеин во газираните пијалаци. Лимитот е 71 милиграм кофеин во 350 милилитри газиран пијалак. Енергетските пијалаци многу го прекршуваат овој лимит, откако масовно го заземаа пазарот на пијалаците. Многу брендови содржат и многу поголеми количини кофеин во една лименка, за кои купувачот не е ни свесен. Затоа, доколку кофеинот ви создава некакви проблеми, посетете ги официјалните веб-сајтови на пијалаците кои честопати ги консумирате за да проверите колку кофеин содржат. Плус, имајте на ум дека ваквите пијалаци содржат многу „празни“ калории и вештачки засладувачи, кои доведуваат до покачена телесна тежина. rnrnПогледнете колкави количини кофеин се кријат во популарните пијалаци.rnrn

      rn011

    • Во 250 мл инстант кафе има од 27 до 137 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 30 мл еспресо има 30 до 90 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл безкофеинско кафе има од 3 до 12 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола има 23 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетална Кока-кола има 31 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола зиро има 23 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 250 мл Пепси има 25 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетално Пепси има 24 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл чај има од 40 до 120 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во лименка Ред бул од 250 мл, има 80 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл топло чоколадо има 3 до 13 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.