КАФЕ ПАУЗА

Tag: тонење

  • Вистинските причини за потонувањето на Титаник

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник

    Многу години подоцна, луѓето сѐ уште се опседнати со еден од најголемите бродоломи во историјата. Титаник важел за најголемиот брод опремен со најсовремената технологија од тоа време. Па, како еден обичен леден брег успеал да го предизвика падот на овој океански гигант? Најновите докази откриваат дека покрај парчето мраз постоеле и неколку други фактори кои придонеле за катастрофата. Дознајте за што станува збор…rn

    Пожар во машинското одделение

    rn

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник
    Титаник испловил од пристаништето во Саутхемптон во април, 1912 година
    rnrnБританскиот новинар Сенан Молони ја истражувал историјата на Титаник цели 30 години. По деталната анализа на фотографиите што биле направени пред поаѓањето на бродот, тој претпоставил дека причината за потонувањето е пожарот кој избил во резервоарот за гориво.rnrnПожарот избил пред да заплови бродот, а екипажот правел безуспешни обиди да се одржи структурата на бродот со недели. Новинарот дознал дека сопствениците на бродот знаеле за пожарот и се обиделе да го скријат тој податок од патниците со тоа што го свртеле бродот од другата страна на брегот во Саутхемптон за дамките од огнот да не бидат забележливи.rnrnСредишниот дел на бродот се загреал и достигнал температура од 1.000 степени Целзиусови на тоа место. Кога Титаник удрил во ледениот брег, челикот почнал да се распаѓа и се создал огромен отвор во средината. Експертите потврдуваат дека цврстината на челикот може да се намали и до 75% на толку висока температура.rn

    Двогледот бил заклучен во шкаф, а клучот останал на брегот

    rn

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник
    Еден од двогледите на Титаник кој бил најден на дното од океанот многу години подоцна
    rnrnТокму пред поаѓање, менаџерите на компанијата за бродови „White Star Lines“ одлучиле да го заменат моменталниот капетан со Хенри Вајлд кој имал искуство со големи патнички бродови. Меѓутоа, Дејвид Блер, претходниот капетан, заборавил да му ги даде на Вајлд клучевите од кутијата каде што се наоѓал двогледот. Секако дека Титаник имал свои опсерватори, но без двоглед тие морале да се потпрат само на сопствените очи. Па така, кога го забележале ледениот брег, веќе било предоцна. Јавноста дознала дека двогледот бил заклучен дури 95 години подоцна кога клучот бил ставен на аукција.rn

    Уште неколку други фактори кои можеби довеле до големата трагедија

    rn

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник
    Ова е веројатно истиот судбоносен леден брег
    rn

      rn011

    • Немало месечина која би можела да го осветли ледениот брег. На тој начин опсерваторите ќе можеле да го забележат порано. Освен тоа, ѕвездите блескале толку силно што навистина било тешко да се распознае морето од небото. Не можеле убаво да ја дефинираат линијата на хоризонтот, а тоа уште повеќе ја отежнало можноста да се забележи опасноста. Не заборавајте дека набљудувачите немале двоглед!
    • rn011

    • И покрај предупредувањата на другите бродови, Титаник не го забавил движењето во ледената зона. Ако бродот пловел малку побавно, ќе можел да го избегне катастрофалниот леден брег.
    • rn011

    • Еден од набљудувачите предупредил дека на десниот бок на бродот му се заканува опасност, но не можело да се преземат никакви мерки. Експертите исто така заклучиле дека офицерот почекал 30 секунди пред да даде наредба за промена на курсот, а тоа дополнително придонело за катастрофалниот бродолом. Имено, Титаник пак ќе удрел во ледениот брег, но само предниот дел ќе бил сериозно оштетен и бродот ќе можел да остане на површината на водата.
    • rn

    rnДоколку сакате да дознаете повеќе за работите што се случувале на бродот, прочитајте ја и вистинската љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и Роуз.

  • Куќи кои можат да издржат силен ураган

    Куќи кои можат да издржат силен ураган

    Мината недела Њујорк беше погоден од земјотрес и ураган, две екстремно ретки елементарни непогоди за овој град. Иако инспирација за овој дизајн се токму случувањата во Њујорк, сепак овој концепт би бил далеку посоодветен во краишта, каде што мајката природа почесто ја покажува својата сила. Тед Гивенс, партнер во компанијата „10 Design“ ја реализирал својата феноменална замисла за предградие составено од куќи со ултрамодерен изглед, кои можат без проблем да издржат силен налет на торнадо или ураган.Куќи кои можат да издржат силен ураганНеговиот одговор на природните непогоди се куќи на хидрауличен систем, кој се активира при појава на екстремно силни ветрови и ја спушта куќата безбедно под нивото на земјата. Откако ќе пропадне под земја, покривот на куќата се заклучува, правејќи го отпорен на ветар и вода.Куќи кои можат да издржат силен ураганЦелата населба би била поврзана со мрежа од сензори кои ќе ја интерпретираат временската состојба. Тој систем ќе функционира како човечки организам и ќе може да ги спушти куќите во земјата за само неколку секунди.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    Никогаш не се знае во каква несреќна околност можете да се најдете. Бидејќи вашиот живот или животите на други луѓе може да зависи од вашата способност за снаоѓање во критични ситуации, битно е да бидете подготвени. Еве неколку совети за преживување во тешки околности:rnrnrn

    Како да постапите ако ве касне змија?

    rn

    И покрај тоа што сите сме виделе на филм како актерите наводно го вшмукуваат отровот и го плукаат, вие не се обидувајте да го правите тоа. На тој начин само ќе вшмукате повеќе отров. Повеќето убоди од змија не се фатални, па затоа не треба да паничите. Стравот ќе предизвика побрзи отчукувања на срцето, кои пак ќе го рашират отровот низ телото. Исчистете ја раната, како што тоа го правите за секоја друга рана. Потоа врзете врвка некаде помеѓу убодот и срцето, за да го спречите брзото ширењето на отровот. Веднаш побарајте медицинска помош, а доколку сте во шума и не можете да најдете доктор, излезете на пат и стопирајте возило.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што ако ајкула се обидува да ве нападне?

    rn

    Обидете се да останете мирни за да не ве забележи ајкулата. Доколку сметате дека ќе ве нападне, удрете ја со тупаница или со некој силен предмет во очите или по шкргите. Ајкулите не сакаат да напаѓаат плен кој што возвраќа на ударот, па затоа најверојатно ќе отплива. Како и да е, за да го избегнете овој проблем, најдобро би било да не одите сами во длабокото, да не пливате во самрак или навечер, немојте да носите светли костими за капење и воопшто немојте да влегувате во вода доколку имате отворена рана.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Како да се спасите ако ве брка мечка?

    rn

    Немојте да и вртите грб на мечка или да се обидувате да и избегате, бидејќи таа ќе мисли дека сте плен кој треба да го брка. Не постои начин да бидете побрзи од мечка. И да се качите на дрво, таа ќе дојде по вас, од каде што ќе немате излез. Најдобра солуција ви е да легнете на земја и да глумите мртви. Мечката најверојатно ќе дојде да ве провери, можеби дури и ќе ве мава со канџите. Ако имате среќа, мечката ќе изгуби интерес и ќе ве остави.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што да правите ако автомобилот ви тоне во вода, а вие сте во него?

    rn

    Прво и основно што треба да го направите е да ги отворите прозорците од автомобилот. Целта е водата да навлезе внатре, за да биде притисокот еднаков и внатре во автомобилот и надвор од него. Потоа ќе можете да ги отворите и вратите и излезете од автомобилот најбрзо што можете. Доколку пак, не можете да ги отворите прозорците, пробајте да ги скршите. Ако и тоа не ви успее, почекајте додека се наполни автомобилот со вода. Кога нивото на водата ќе стигне до вашата глава, притисокот ќе се изедначи. Задржете го воздухот, отворете ја вратата и отпливајте.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што ако ве фати молскавично време?

    rn

    Она што не треба да правите е да седите на отворени места, под дрво или под јарбол, во подземно засолниште или на непокриени трибини. Немојте да се приближувате до метални огради или до вода. Исто така, подобро е да седите во поголема зграда, отколку во помала. Додека сте внатре, немојте да допирате ништо што спроведува струја, како рамки на прозорци, тушеви, цевки или олуци. Немојте да користите телефон, телевизор и компјутер. Ако во моментот сте во автомобил, затворете ги прозорците и обидете се да не допирате ништо што спроведува електрицитет.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што ако јазикот ви е залепен на замрзнат метален столб?

    rn

    Ова не е опасно по живот, но сепак е болно и засрамувачки. Најдобар совет би било воопшто да не го лепите јазикот на замрзнат столб . Но, ако сепак решите да постапите така, не се обидувајте набрзина да го одлепите, бидејќи можете да откинете парче. Наместо тоа, ставете ги рацете (кои би требало да ви се во ракавици) на металниот столб за да го стоплите. Ако доволно се загрее, ќе можете полека да го одлепите јазикот. Ако имате топла вода во близина, полијте го јазикот за да се одлепи, но никако немојте да експериментирате со плунка или со ладна вода, бидејќи тие ќе се замрзнат и ќе ја отежнат ситуацијата.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?