КАФЕ ПАУЗА

Tag: толеранција

  • Научете да бидете потолерантни затоа што кога ќе се родат децата, ќе имате повеќе расправии, а помалку секс

    Научете да бидете потолерантни затоа што кога ќе се родат децата, ќе имате повеќе расправии, а помалку секс

    Кога новороденчето ќе пристигне во семејството, начинот на живот се менува одеднаш. Новите родители се соочуваат со многу проблеми што предизвикуваат расправии, а дури една петтина од паровите се разделуваат во текот на првата година од раѓањето на нивното дете. Недостатокот на сон и секс, оддалечувањето и емоционалниот стрес го нарушуваат заедничкото живеење, а ситуацијата ја влошуваат и променетите односи со семејството, лошата комуникација, недостатокот на пари и исцрпеноста.rnrnНаучете да бидете потолерантни затоа што кога ќе се родат децата, ќе имате повеќе расправии, а помалку сексrn

    Нема да разговарате и по пет дена

    rnПоловина од паровите се караат почесто од порано, а кај една третина од паровите се случува да не разговараат и по пет дена.rnrnПричина за честите расправии во текот на првата година од раѓањето на детето е докажувањето кој е поуморен и кој треба да се разбуди ноќе, а 16 % од паровите се расправаат и поради недостатокот на секс. Истражувањата покажуваат дека дури 86 % од родителите имаат помалку секс откако имаат бебе, а некои чекаат и повеќе од два месеци за повторно да имаат интимни моменти во спалната соба. Околу 20 % од родителите сметаат дека нивниот партнер не им посветува доволно внимание по пристигнувањето на приновата, а 12 % чувствуваат дека партнерот им врши притисок за да водат љубов.rn

    Во текот на следните шест години…

    rnВо овој период, на родителите најмногу им пречи недостатокот на сон. Со текот на времето страстите повторно се разгоруваат, но истражувањата покажале дека најмалку шест години паровите не спијат исто како што спиеле во времето пред да станат родители.rnrnНовороденчето се буди барем трипати во текот на ноќта, а првите три месеци се најкритични, но и подоцна децата се будат ноќе и треба повторно да ги заспиете или пак, се болни, па родителите имаат испрекинато спиење.rnrnВо текот на првите три месеци по раѓањето, во просек мајките спијат еден час помалку, а татковците 13 минути помалку. Дури и кога децата ќе бидат на возраст од 4 до 6 години, времетраењето на спиењето кај родителите сè уште е пократко – мајките спијат околу 20 минути пократко, а татковците 15 минути пократко.rnrnРодителите поминуваат 54 минути на ден обидувајќи се да го заспијат своето бебе, што е речиси 14 дена во годината, а дневно поминуваат и по два километри додека го заспиваат бебето. Поради исцрпеност, 11 % од родителите признале дека халуцинираат, а 44 % забораваат што сакале да кажат. Освен тоа, 64 % од родителите, кога ќе се погледнат назад кон својата прва година како родител, велат дека се импресионирани од фактот што успеале да „преживеат“.rnrnПрочитајте зошто се чувствувате осамено во врската и што да направите за да го промените тоа.

  • Интересно истражување: Пцуењето ја намалува болката при повреда

    Интересно истражување: Пцуењето ја намалува болката при повреда

    Според едно научно истражување, официјално можеме да кажеме дека пцуењето ја зголемува толеранцијата на болка дури за една третина. Група експерти, вклучувајќи ги д-р Ричард Стивенс, професор по психологија на Универзитетот Кил, експертот по јазик и автор д-р Ема Бирн, и лексикографот Џонатан Грин, спровеле истражување за да откријат како старите и измислените пцовки помагаат при толеранција на болка.rnrn(1) pcuenjeto-ja-namaluva-bolkata-pri-povredarnrnЕкспертите измислиле нови зборови, „twizpipe“ и „fouch“, сакајќи да увидат дали луѓето би можеле да ги користат при појава на болка за да си помогнат наместо да посинат.rn

    „Сленгот содржи над 1.000 пцовки, но секогаш има место за додавање нови“, рекол Џонатан Грин, лексикограф и автор на „Речник на сленгот од Грин“ (Green’s Dictionary of Slang).rnrn„Новиот збор треба да има значење, да биде корисен и ако е можно да биде и духовит. Пцовката не произлегува туку-така од никаде. Мора да има потекло за да може да се користи во лингвистиката“, додава тој.

    rnЈазичниот експерт Ема Бирн, која помогнала во креирањето на двата нови збора вели:rn

    „По долга дискусија, се одлучивме за пцовките кои беа најдобро општествено прифатливи и кои имаат некоја сличност со вистинските пцовки.“

    rnВолонтерите ги тестирале новите зборови заедно со традиционалните пцовки и контролен збор додека нивните раце биле потопени во вода со мраз што ја тестирало нивната толеранцијата на болка и граница.rn

    „Се чини дека пцуењето има емоционална поврзаност и тоа најверојатно се должи на околностите во кои ги слушаме овие зборови“, изјавил д-р Ричард, кој го водел истражувањето.

    rnНовите зборови покажале слична емоција како постарите, но не помогнале во ослободувањето на болка. Повторувањето класичните пцовки се покажале како најдобра опција за зголемувањето на толеранцијата на болка. Волонтерите ги оцениле овие зборови како пет пати поемотивен од новите пцовки.rnrnЕкспертите сė уште не се сигурни која е поврзаноста со пцуењето за време на болка, но откриваат полека.rnrnНашата длабока, емоционална поврзаност со пцовките може да биде причината која тие помагаат при толеранција на болка.rn

    „Како фармацевт, бев заинтересиран да дознаам повеќе за ова истражување, бидејќи секогаш сакам да научам нови начини кои можат да им помогнат на луѓето во справувањето со нивната болка“, рекол фармацевтот Абрахам.rnrn„Се надевам дека овие студии ќе го подобрат интересот кај луѓето за болка и самозаштита, кои се важни здравствени проблеми. Ги охрабрувам сите кои чувствуваат некаква болка да разговараат со фармацевт за тоа какви опции постојат за лекување“, додава тој.

    rnПрочитајте ги и овие 5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни.

  • Хороскопскиот знак кој никогаш не толерира лаги

    Хороскопскиот знак кој никогаш не толерира лаги

    Вистината вреди злато, а многумина сметаат дека само таа е правилниот одговор. Кога станува збор за хороскопските знаци, најголеми застапници на вистината се Овните, кои под никакви околности не толерираат лаги.rnrnХороскопскиот знак кој никогаш не толерира лагиrnrnИако другите често им замеруваат за нивниот егоизам и експлозивен карактер, Овните се навистина искрени. Никогаш не губат време за смислување приказни, бидејќи знаат дека вистината е наједноставниот пат до среќата.rnrnТие сметаат дека за да кажете лага, морате да се изневерите и разочарате себеси, а потоа да ги повредите другите. Иако нивната сурова искреност неретко ги повредува другите, важна е и перцепцијата на вистината на оној што ја кажува.rnrnИако понекогаш е попријатно да ја слушнеме поубавата верзија на приказната, вистината сепак е највредна и ќе спречи да бидете разочарани од некој суров и искрен коментар.rnrnПогледнете и кои хороскопски знаци се најголемите критичари.

  • Луѓето кои обожаваат лута храна најверојатно се мазохисти

    Луѓето кои обожаваат лута храна најверојатно се мазохисти

    Дали обожавате да јадете феферони, чили и секаков вид лута храна? Лутата храна е добра за нашето здравје, но сепак научниците не се сосема сигурни зошто некои луѓе можат да ја толерираат лутината, а други не можат да вкусат ниту едно мало луто пиперче. Меѓутоа, постојат неколку теории зошто е тоа така.rnrnЛуѓето кои обожаваат лута храна најверојатно се мазохистиrnrnЕдна од причините е дека некои луѓе се едноставно родени со помал осет за лутина. Имено, нивните рецептори за топлина се помалку чувствителни од оние кај останатите луѓе. За тоа е заслужен протеинот TRPV1 кој реагира на физичка температура, но и во случај кога молекули од лута храна (капсаицин) ќе се сврзат за него. Со други зборови овој протеин има намалена реакција кај луѓето кои можат да толерираат лута храна.rnrnДругата причина е дека некои луѓе се навикнале на јадење многу лута храна, па нивните рецептори за топлина едноставно ослабеле и не се веќе толку чувствителни на лутина. Тие развиле толеранција на капсаицин што им овозможило без проблем да уживаат во лутите специјалитети.rnrnТретата и најверојатна причина е дека луѓето со висока толеранција на лутина се бенигни мазохисти, што е поврзано со карактерните особини. Со текот на времето тие научиле да уживаат во болката што ја предизвикува лутата храна, а тоа може да се смета за еден вид мазохизам.rnrnВо која група се пронаоѓате вие? Погледнете го следново видео за да добиете подетални информации на оваа тема…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=XgbKrC2vh_I

  • Инспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразата

    Инспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразата

    Ели Визел е еден од најзначајните луѓе кои некогаш постоеле. Тој бил писател, професор, политички активист и добитник на Нобелова награда кој го преживеал холокаустот. Тој успеал да го долови ужасот на холокаустот на таков начин што предизвикал сочувство и емпатија кај сите луѓе ширум светот. Нема сомнеж дека неговите искуства оставиле голем белег во историјата на човештвото. Во таа чест, прочитајте ги неговите инспиративни цитати за мирот, толеранцијата и омразата…rnrnИнспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразатаrn

    „Мора да одбереме страна. Неутралноста му помага на поробувачот, но никогаш на жртвата. Молкот го охрабрува мачителот, но никогаш маченикот.“

    rn

    „Човек што мрази одредена група, ќе почне да ги мрази сите, а на крајот ќе се замрази и самиот себе.“

    rn

    „Спротивно на љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.“

    rn

    „Можеби ќе има периоди кога ќе бидеме немоќни да ја спречиме неправдата, но никогаш не смееме да заборавиме да протестираме.“

    rn

    „Ниту една човечка раса не е супериорна, ниту една вера не е инфериорна. Сите колективни осуди се погрешни. Само расистите ги практикуваат.“

    rn

    „Човештвото мора да запамети дека мирот не е Божји дар. Мирот е подарок што меѓусебно треба да си го даруваме.“

    rn

    „Кога човек не е благодарен, нешто недостасува во неговото или нејзиното човештво. Човекот може да се дефинира според неговиот или нејзиниот став кон благодарноста.“

    rn

    „Пријателството го обележува животот многу подлабоко од љубовта. Кај љубовта постои ризик да премине во опсесија, а пријателството никогаш не е ништо повеќе од споделување искуства.“

    rn

    „Човечките суштества треба да бидат одговорни сами за себе. Оставете го Господ на мира. Тој си има доволно проблеми.“

    rn

    „Исто како што очајот се пренесува од едно на друго човечко суштество, така и надежта може да се пренесе само од човек на човек.“

    rn

    „Ако не го пренесете искуството, тоа е исто како да сте го изневериле.“

    rn

    „Кога ќе донесете живот на овој свет, мора да го заштитите. Мора да го заштитиме со тоа што ќе го промениме светот.“

    rn

    „Понекогаш, во некои благородни моменти, зборовите можат да вредат исто толку колку и делата.“

    rn

    „Да бев сам на светов, ќе имав право да одберам очај и самотија. Ама не сум сам.“

    rn

    „Во кое било општество, фанатиците не ме мразат само мене, ве мразат и вас исто така. Тие ги мразат сите.“

    rn

    „Религијата не ја претставува врската меѓу човек и Бог, туку врската меѓу луѓето.“

    rn

    „Повеќето луѓе мислат дека сенките ги следат, ги водат или ги опкружуваат суштествата и предметите. Вистината е дека тие исто така ги опкружуваат зборовите, идеите, желбите, делата, чувствата и сеќавањата.“

    rn

    „Секаде каде што мажите и жените се прогонувани поради нивната раса, религија или политички убедувања, тие места, во тој момент, мора да станат центар на универзумот.

    rnВо продолжение прочитајте ги и овие цитати од Мајка Тереза кои ќе ви помогнат да станете подобри луѓе.

  • Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!

    Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!

    Родените во овој хороскопски знак, иако изгледаат мирољубиво, кога се бесни подобро да се тргнете на страна од нив. Имаат големо трпение за сè, но и сопствен праг за толеранција, внимавајте да не го надминете.rnrn(1) Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!rnrnНајмногу ќе ги разбесните доколку ги потценувате, додека поради недостаток на посветеност кон нив, тие можат целосно да ве игнорираат. Исклучително се темпераментни и не ги одбираат средствата со кои ќе го отстранат противникот од нивниот пат. Доколку сте имале несреќа да им покажете која е ваша најслаба точка, очекувајте да ве нападнат токму таму. За жал, не е исклучена можноста, нивната одмазда да ги опфати и вашите блиски луѓе, затоа што родените во овој знак, знаат дека на тој начин уште повеќе ќе ве повредат.rnrnРодените во овој хороскопски знак, често знаат толку многу да се внесат во планирање на некоја одмазда, притоа по пат да заборават зошто и воопшто почнале со таа работа. Но, тоа само дополнително ги разбеснува и по секоја цена го завршуваат веќе започнатото. Затоа, најдобро е воопшто да не се замерувате со нив.rnrnМожеби веќе препознавте некој свој пријател или член на семејството? Станува збор за хороскопскиот знак Овен.

  • 4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

    4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

    Како што полека се приближуваме на третата декада од 21-ви век, луѓето низ светот постепено стануваат свесни за интолеранцијата, опресијата и поделеноста. Сепак, жално е што сѐ уште постојат места каде човечките и граѓански права секојдневно се прекршуваат на најнеподнослив начин и ниедна земја не е имуна на тоа.rnrn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnИмаме уште многу да учиме за промовирањето на солидарноста и толеранцијата на глобално ниво, како и борбата за праведни и инклузивни општества. Не смееме да дозволиме дискриминацијата да се шири ако сакаме да опстанеме како човечки вид. Во продолжение прочитајте за најчестите примери на дискриминација во светот која зазема многу форми и против која треба да продолжиме секојдневно да се бориме.rn

    1. Полова дискриминација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnЖените и девојките низ светот континуирано се соочуваат со полова дискриминација скоро секој ден. Ова се преведува во различни форми на насилство, во лимитации и ограничувања во можностите како на приватен, така и професионален план (како образованието и вработувањето), па дури и преку стереотипните говори и говорот на омраза. Според Обединетите нации, се проценува дека 35% од жените глобално искусиле физичко насилство од своите партнери или други лица, а повеќето од нив го доживеале тоа пред да наполнат 5 години. Понатаму, околу 70% од сите жртви на трговијата со луѓе се женски лица. Ова се само дел од статистиките на посериозните случаи на дискриминација кои ги покажуваат насилствата со кои жените се соочуваат. Во зборовите на добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзеи :rn

    „Не можеме сите да успееме ако половина од нас се воздржани и ограничени.“

    rnЖенските права се човечки права и сите заслужуваат еднакви можности.rn

    2. Расна дискриминација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnМилиони луѓе низ светот секојдневно се соочуваат со расна дискриминација. Системскиот расизам продолжува да влијае врз малцинствата. Ова посебно се забележува во правниот систем на САД, каде афро-американците се 6 пати повеќе апсени од белите луѓе. Во 2014-тата година, податоците од извештаите на ФБИ покажуваат дека 6.727 луѓе биле жртви на насилство и криминал од омраза и 48.3% од нив биле цел на напаѓачите само поради нивната раса. Но, Америка е само мал дел од целокупната расна дискриминација, но добар пример дека треба да се направи, прифати и прослави различноста.rn

    3. Дискриминација по сексуална ориентација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnЛГБТ заедницата е постојано изложена на најразлични форми на опресија. Дури 80 држави од светот имаат закони кои ги забрануваат истополовите бракови или дискусиите за правата на геј популацијата. Во некои од нив, хомосексуалноста е казнувана со смрт и дури и во оние земји каде таа е легална, постојат многу други рестрикции. Никој не треба да се суди или прогонува по нивната сексуална ориентација. Тоа е основната дефиниција на апсурдот.rn

    4. Религиозна дискриминација

    rn4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се боримеrnrnКако и со векови наназад, така и денес религиозната дискриминација претставува глобален проблем од толкав размер, што често е причина за најразлични конфликти. Со минатогодишните терористички напади во Сан Бернандино и Париз, процентот на криминал и насилство од омраза против муслиманите тројно се зголемил. Според истражувањата, една четвртина од светските религиозни групи се соочуваат со непријателства и неприфаќање во своите држави. Понекогаш, ова се јавува во форма на социјално неприфаќање, но многу влади ставаат забрани и рестрикции на одредени религиозни групи. Општо гледано на сите лимитации на религијата, истражувањата покажале дека околу 39% од земјите имаат високи или многу високи религиозни рестрикции. Тоа значи дека 5,5 милијарди луѓе живеат во општества со овие рестрикции. Религиозната слобода е стандард кој треба да се држи во секое модерно општество и секој треба да има право да биде она што ќе го избере и да живее според она во кое верува или не верува.

  • 5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

    5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

    Не се само несреќните моменти, лошите периоди и погрешните избори оние кои го загорчуваат нашиот живот и прават да се чувствуваме неуспешно, изгубено, уморно и депресивно. Понекогаш тоа се добрите, одлични, фантастични работи за кои имаме погрешни претстави и кои не се во склад со нашата природа и со она што нè исполнува и инспирира. Па затоа се случува да имаме добра работа, стабилна врска, богат општествен живот, пријатели кои нè подржуваат и грижливо семејство, а секое утро да се будиме нерасположени и исцрпени, прашувајќи се што воопшто ни фали, кога веќе имаме сè?rnrn1-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Редоследот на животните успеси

    rnСе знае како треба да живееме. Најпрво школувањето, потоа работата, па брак, деца. Некаде по пат низ школувањето и работата, треба да стекнеме љубовно искуство, но не преголемо, да го пронајдеме човекот на својот живот и да се омажиме. Потоа, логично доаѓаат деца, а животот ни тече како брз јапонски воз. Да, во ова резиме, клучниот збор е „застрашувачко“. Треба да играме на сигурно, бидејќи тоа е мудро и обезбедува добивка, иако таа добивка изнесува само 10%. Но, тоа е подобро отколку да сме вложиле 100% и на крајот да сме изгубиле сè. Подобро за кого?rnrnЗа нашите родители кои се грижат за нас. И за нашиот страв од животот. Но, ако сме неоткриени авантуристи, чија таканаречената сигурност нè заробува, спречува и нè убива, тогаш како некој мал и сигурен процент на среќа, задоволство, напредок, љубов, хармонија… да го сметаме за свој успех?rn

    2. Партнерство

    rnСекој треба да има некого, бидејќи не сакаме да бидеме сами, без љубов. Но, можеби ние сакаме да бидеме сами. И тоа воопшто не значи дека ќе живееме без љубов. Можеби не сакаме конвенционалност на врската и бракот, а можеби не сакаме некој покрај нас само за да не бидеме сами, туку сакаме љубов, страст, посветеност, сродна душа, раст и развој, вистинско партнерство, кое ретко го гледаме околу себе меѓу паровите кои ги познаваме. И не прифаќаме ништо помалку од тоа. Бидејќи сакаме партнерски однос ист како односот кој го имаме самите со себе.rn

    3. Стареење

    rnСовремениот стил на живот не допушта стареење. Границите на младоста се поместија дури до педесеттите. Жените кои треба да бидат баби стануваат млади мајки. Одлично. Делува како стилот на живот да е порелаксиран и како староста да не е повеќе толку застрашувачка. Меѓутоа, тоа сè е императив на младоста. Должен си да бидеш млад и да се противиш на сите начини. А стареењето се случува непрекинато и без можност за запирање. Можете ли во некој момент да сфатите дека тоа е најдобриот аранжман за животот? Можеби ќе сфатите, кога доволно ќе се оддалечите од младоста и кога ќе помислите дека сте застанале, на пример во триесеттите, и ќе се смрзнете од таа мисла. Стареењето е дар!rnrn2-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    4. Работата

    rnАко имаме работа која ни обезбедува егзистенција, треба да бидеме задоволни. Времињата се несигурни, толку многу луѓе ги немаат основните средства и услови за живот. Но, ако ја мразиме својата работа, иако ни овозможува да патуваме – со сопствен автомобил, ако сакаме, или уште подобро со авион, материјалната сатисфакција нема да биде доволна за да бидеме задоволни. Сите ние имаме своја цена, а кога плаќаме со нервите и здравјето, тоа е најголемата цена. Мора да пронајдеме нешто за да работиме и нешто што сакаме – поради рамнотежа, па макар и бесплатно.rn

    5. Толеранција

    rnСе случува да ги измешаме поимите толеранција и трпение. Толеранцијата е одлична работа, ако не го загрозува нашиот интегритет и здравје. Но, некои работи не треба да ги толерираме и треба да научиме како да го правиме тоа. Некои прекини се поздрави и почесни од многу толеранции.

  • Зошто сме пофини со странци отколку со луѓето кои ги сакаме?

    Зошто сме пофини со странци отколку со луѓето кои ги сакаме?

    Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога за една иста работа, со странец се однесувате пофино отколку со некој член од вашето семејство? На пример, одите на вечера кај вашиот најдобар пријател и неговите родители ви поставуваат секакви прашања за вашиот живот, за факултетот, за девојката/момчето, на кои вие најкултурно и со големо трпение одговарате. Но кога истите прашања би ви ги поставиле вашата мајка или вашиот татко, некултурно и целосно без волја ќе одбиете да одговорите на истите.rnrn1-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnМислењето на луѓето е дека блискоста предизвикува некое ниво на презир меѓу нив. Спротивно на ова, експертите сметаат дека, всушност, со текот на времето, колку сме поблиски со одредена личност, толеранцијата кон нејзините мани, недостатоци и работи кои најверојатно и од самиот почеток несвесно не ни се допаѓале, се намалува. Меѓу другото, фактот дека знаеме многу работи за тие луѓе кои се наши партнери или членови на семејството повлекува често предвреме да „знаеме“ што сакаат да кажат, што мислат, која им била намерата и слично. Па кога на тоа ќе се додаде и потребата за меѓусебно разбирање, која како резултат на намалената толеранција е и самата намалена, настанува бунтување на внатрешното јас кај луѓето, па се соочуваме со расправии и караници со луѓето кои највеќе ни значат.rnrnЗошто комуникацијата е полесна со странци, т.е. луѓе кои не се од нашето семејство? Едноставно: тие не се дел од нашето секојдневие. Тие не се соочуваат со нашите проблеми и не се должни да ги делат нашите падови и загуби, што не е случај со семејството. Времето поминато со нив е време за дружба и релаксација, тие не се присутни цело време, па целиот тој однос е некако на дистанца, што и го прави многу поедноставен. За разлика од ова, кога станува збор за нашите блиски, нашиот мозок кој е навикнат на тој начин на комуникација, практично станува мрзелив кон интерпретирање на нивните зборови што води кон меѓусебно неразбирање.rnrn4-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnМногу важен дел на меѓусебната комуникација е да знаеме како другиот се чувствува. Мислењето дека некого познаваме и разбираме повлекува намалена меѓусебна комуникација, па несвесно претпоставуваме некои работи и нивни чувства кон одредена работа без и воопшто да ги прашаме. Тоа е често сфатено како одземена слобода на мислење и искажување чувства, па во комбинација со толеранцијата, која веќе е значително намалена, и нетрпението, настануваат конфликти.rnrnСите овие нешта ги нема кога се работи за нашиот однос со странци. Тие го гледаат и споделуваат само најдоброто кај нас, додека семејството е место каде нема потреба од носење маски. Можеме да бидеме тоа што сме бидејќи тие ќе нѐ прифатат во секое наше светло и расположение, ќе не слушаат и толерираат. Тие се дел од нас без разлика на сѐ и после сѐ, додека странците не се обврзани да трпат ништо што ни најмалку не им се допаѓа. Ние потсвесно сме свесни за ова, па за жал, често не ја гледаме потребата да придонесуваме кон подобрување на односот со нашите блиски. Па кога таа слобода на однесување ќе ги премине границите на толеранција, стануваме нељубезни едни кон други, некогаш дури и злобни.rnrn2-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnНо секако дека тоа не го правиме намерно. Желбата за подобар однос со нашите сакани е првиот чекор, бидејќи тие се единствените личности кои под кои било околности се тука за нас и кои без разлика не сѐ, ќе останат тука за нас.rnrnСледењето на три едноставни чекори/стратегии ќе ве донесат до момент кога ќе размислите како да се однесувате во одредени случаи и што не е во ред да кажете. Иако на почетокот ќе ви се чини невозможно, дефинитивно вреди да се применат.rn

    1. Замислете си како би изгледал вашиот живот без вашите сакани

    rnИдејата која стои зад ова е да се согледа празнината која би постоела во животот на поединци кога би ги изгубиле луѓето кои ги сакаат. Често кажуваме и правиме нешта кои во моментот не ги промислуваме и со тоа ги повредуваме нашите најблиски и малку по малку ги оддалечуваме од себе. Но неверојатно е како човековиот ум и срце можат реалистично да ја претстават болката дури и при самата помисла на губење на сакана личност, што се покажало доста ефективно при процесот на прифаќање на нивните мани и зголемување на толеранцијата кон нив. Сѐ што е потребно е да направите список на сите работи кои ги сакате и почитувате кај вашите блиски и секој ден да си замислите како би било кога би изгубиле барем една од тие работи. Со тек на време ќе научите да ги цените малите нешта и да бидете благодарни што вашето семејство и вашиот партнер се во вашиот живот и ви ги пружаат сите тие убави работи.rn

    2. Поминувајте време со вашите сакани во присуство на други луѓе

    rnТука се мисли на моментот кога сосема поинаку се однесуваме во присуство на луѓе кои не припаѓаат во нашиот најблизок круг. Повеќе размислуваме и внимаваме на нашите зборови и изрази, па кога во истото тоа друштво на луѓе ќе се најдат и нашите блиски, ќе имаме шанса да бидеме пољубезни и со нив. Доста брзо може да согледаме дека тоа и не е толку тешко, па односот кој го имаме со личностите кои ни значат значително ќе се подобри.rn

    3. Направете пауза од вашите сакани

    rnНе е можно никогаш повторно да не ве изнервираат или, пак, секогаш да кажуваат сѐ што треба и сѐ да биде совршено. Идеален однос не постои. Но може да одлучите тој да биде позитивен, да се подобрува и да се одржува таков. Па наместо да кажете нешто за што подоцна ќе жалите или да направите нешто што не можете да го преправите, дајте си себеси шанса да се тргнете настрана, да паузирате и поубаво да го согледате проблемот. Со ладна глава подобро ќе ги разберете работите и ќе ги средите вашите ставови, па наместо да ја повредите саканата личност со вашата немарност, ќе успеете да се воздржите. Пошироката перспектива и разгледувањето на работите ставајќи се во нивна кожа, може да разјасни, па дури и да смени некое ваше размислување.rnrn5-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnПрименувајќи ги овие три совети, си давате себеси можност да бидете подобра личност кон себе и кон вашите блиски и сакани. Тоа се луѓето кои се секогаш тука за вас и на кои секогаш ќе можете да се потпрете, кои се ваше рамо за плачење и кои имаат срце да се радуваат на сите убави работи заедно со вас. Со нив ги споделувате сите добри и лоши моменти, а тоа е однос кој треба да се негува. На крајот на краиштата, како вие би сакале тие да се однесуваат со вас?

  • Зошто е убаво да се има брат или сестра?

    Зошто е убаво да се има брат или сестра?

    Како да им простат на луѓето кои ги сакаат и како да се изборат за себе, децата учат од нивните постари браќа и сестри. Во разно разните ситуации кои животот им го носи, тие учат како да се справуваат со лутината, грижата на совеста, среќата и тагата – вели американскиот психолог д-р Џејмс Велборн. Во продолжение, прочитајте ги неговите експертски совети за тоа како треба да се воспитуваат децата и кои битни работи можат да ги научат децата од нивните помали или постари браќа и сестри.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат што значи љубовта

    rnБраќата и сестрите можат меѓусебно да се научат што значи да се сака, а што да се биде сакан. Меѓутоа, за децата да сфатат што точно значи љубовта, родителите треба да им покажат дека прегратките и нежноста се составен дел од нивното семејство. На тој начин ќе ги научите децата меѓусебно да се почитуваат и да ги заштитуваат луѓето кои ги сакаат.rn

    Ја учат битноста на тимската работа

    rnДецата не можат да ги одберат нивните браќа или сестри, но сеедно, тие мораат да научат да соработуваат. За да го научат поимот тимска работа, родителите треба да им доделат задачи, кои за да ги завршат успешно, ќе мораат да вложат заеднички труд. Доколку се бунат и протестираат, зададете им уште повеќе задачи. На крајот ќе сфатат дека со заедничка работа, ќе можат многу далеку да дотуркаат во животот, отколку ако се себични – објаснува д-р Велборн.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат како да бидат толерантни

    rnВо текот на детството, постарите браќа и сестри, во глобала имаат тенденција да ги избегнуваат помладите, бидејќи се срамат од нив. Но, иако нивниот помлад брат или сестра им се чини поинаков и неинтересен, родителите уште од мали треба да ги научат на толеранција и да им напоменат дека нема да го трпат тој игнорантски однос. Најлесен начин да го направите тоа, е да го пофалите постарото дете кога ќе го видите како разговара со своето помало братче или сестриче во школо. Дадете му до знаење дека многу ве радува фактот дека тој/таа одвоил време да го види помалото дете и гордо ставете му до знаење дека тоа е една од главните задачи на постарите деца – да се грижат за помладите.rn

    Учат како правилно да се караат

    rnКавгите се сосема вообичаени во текот на детството, но она што е битно за родителите, е да ги научат нивните деца цивилизирано да ги решаваат недоразбирањата. Не смеете да допуштите да се караат многу долго и насилно, бидејќи од една глупава кавга, може да настане вистинска анархија во домот. За да не се случи тоа, приберете ги покрај вас и објаснете им како треба да се носат со новонастанатата ситуација. Откако ќе им го објасните тоа, пуштете ги сами да пробаат да го решат проблемот. Ваквата пракса на советување за цивилизирано решавање на споровите, сигурно ќе им користи и за во иднина, кога ќе пораснат, бидејќи ситните кавги сигурно и тогаш нема да недостигаат.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат да бидат и лидери и следбеници

    rnВо односот помеѓу постарите браќа и сестри, секогаш некој повеќе се наметнува како лидер, додека другиот е следбеник. Меѓутоа, без разлика кој е постар, а кој помлад, вие како родители треба да внимавате таквиот однос да не се претвори во тиранија на постарото дете врз помладото. Одвојте време и објаснете им на вашите деца дека улогите треба да се менуваат, односно дека во некои ситуации едниот од нив може да биде водач, а другиот следбеник, но во следната ситуација, улогите треба да си ги сменат. Ова многу ќе им помогне за во повозрасните години, кога ќе мораат да се соочат со фактот дека некогаш ќе бидат лидери, но некогаш ќе мораат да бидат и покорни следбеници на туѓите наредби.rn

    Учат да се изборат за себе

    rnДецата, во меѓусебниот однос учат како да бидат решителни и да не попуштаат во одредени ситуации, а тоа ќе им помогне подоцна во животот, во оние ситуации кога ќе мораат сами да се борат за себе. Направете една вежба со нив, во која ќе ги терате меѓусебно да си се спротивставуваат еден на друг. Во повеќето односи помеѓу браќата и сестрите, едниот е секогаш пошефовски настроен од другиот, па поради тоа, ќе треба да му укажете на попопустливото дете да научи да рече „не“ и да си држи до своето.rn

    Ја учат вештината на преговарањето

    rnУште едно однесување специфично за децата, е тоа што секогаш го сакаат она што го има нивниот брат/сестра. Наместо да плачат, да го крадат од другото дете и да ви бараат да им го купите истото, научете ги како успешно да преговараат за да го добијат. Така на пример, натерајте ги да склучат договор, дека ако сакаат нешто да позајмат од братот/сестрата, за возврат ќе треба да му/ѝ го местат креветот цела недела. На тој начин, ќе ги научите на многу важната животна лекција, дека ништо во животот не е бесплатно и за сѐ треба чесно да се потрудат за да го добијат, напоменува д-р Велборн.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.