Италијанскиот дизајнер Клаудио Ското изработил линија на карактеристичен мебел со специјален дизајн инспириран од најчесто употребуваните фонтови од страна на дизајнерите. Со неговата работа, тој ги пренесува овие фонтови од професионалниот во домашниот амбиент.rnrnrnrnНеговата линија наречена „Decor Type“ ги извлекува карактеристиките на буквите од листот и ги трансформира во функционални елементи за домот.rnrnrnrnСекое парче мебел содржи една или повеќе букви од фонтовите: Arial, Times New Roman, Garamond и други.rnrnЗа дизајнерите, луѓето кои имаат свој омилен фонт, или оние кои едноставно сакаат да бидат опкружени со букви и зборови, линијата на Ското ќе им овозможи да покажат впечатлив стил во домашното внатрешно уредување.rnrnrnrn
Кога дизајнирате визит карта, изборот на естетските елементи има многу поголемо влијание од едноставно разубавување на самата картичка. На пример, просторот помеѓу зборовите и боите можат да привлечат позитивно внимание кон вашиот бренд доколку знаете како правилно да ги искористите.rnrnrn
Простор
rnВнимавајте на просторот помеѓу буквите, зборовите и помеѓу редовите. Соодветниот празен простор му овозможува на читателот побрзо да ги обработува информациите.rnrnСовет: Погрижете се висината на празниот простор помеѓу редовите да биде поголема од висината на буквите.rnrn
Типографија
rnОдлучете дали сакате да употребувате sans-serif или serif фонтови. Sans-serif обично се употребува за заглавја, додека пак другиот вид се поефикасни за останатиот текст.rnrnСовет: Не правете комбинација од различни фонтови од ист тип (на пример, Verdana + Tahoma) во текстот бидејќи ќе остави непрофесионален впечаток.rnrn
Избор на фонт
rnВерувајте, изборот на фонтот игра огромна улога. Секој фонт има посебна улога и пренесува различно значење. Некои фонтови на пример, се посоодветни за визит карта од областа на бизнис со чоколади и други видови слатки, додека пак истиот тој фонт воопшто не би изгледал добро на визит карта за личност која е вработена во банка.rnrnСовет: Со фонтот што ќе го одберете, искуцајте ги зборовите кои сметате дека го опишуваат. Ако изгледа како да се совпаѓаат со карактерот на фонтот, тогаш отприлика ќе знаете какво влијание ќе има врз оние кои го читаат.rnrn
Празен простор
rnПразниот простор е еден од клучните елементи при дизајнирање на визит картата. Ако имате премногу информации и премалку празен простор, читателот нема да знае на каде да се насочи и да го идентификува она што е најважно…rnrnСовет: Оставањето повеќе празен простор се смета за софистицираност, додека пак визит карта која е пренатрупана со текст може да делува евтино. Употребете многу празен простор за да го истакнете дизајнот на визи картата и да им овозможите на луѓето веднаш да ги лоцираат најважните информации на неа.rnrn
Бои
rnБоите можат да ја истакнат вашата визит карта, но исто така можат да пренесат и скриена, емоционална порака. На пример, црвената боја се интерпретира како љубов, енергија и опасност. Жолтата како интелигенција, внимателност и плашливост. А сината пак, како смиреност, самодоверба и искреност.rnrnСовет: И покрај тоа што одредени бои сугерираат одредени значења, сепак тоа не значи дека во вашиот случај не можете да го смените значењето на бојата што ќе ја одберете. Размислете зошто ви се допаѓаат одредени бои и какво значење би можеле да имаат тие за читателите.rnrn
Веќе имавме можност да прочитаме за одличниот проект на Чачо Пуебла наречен „Grandmother Tips“ кој привлече огромно внимание ширум светот, па поради тоа тој решил да состави и втор дел од интересните и незаборавни совети од неговата баба.rnrn„Никогаш не купувајте го првиот продукт од Епл, почекајте да ги поправат грешките во следниот модел.“rn rn
„Отсекогаш сум сакал да го кажам ова: Се враќаме поради барањето на јавноста! Поради големиот успех ќе споделиме нови совети со вас. Но, овој пат сакам да биде многу поинтерактивно. Па ако имате некои совети од вашата баба, слободно споделете ги со нас на нашата фан-страна на Фејсбук,“ вели Чачо Пуебла.
rn„Запомни синко: вистинските пријатели никогаш не пишуваат среќен роденден на твојот ѕид.“rnrn„Немојте да мислите дека сè што ќе напишете на вашиот блог може да се смета за литература.“rnrn„Не грижете се за тоа колку пати ви ја виделе содржината, коментарите се многу, многу, многу поважни.“rnrn„Оние кои имаат статус – комплицирано е, сакаат да кажат дека бараат нешто подобро.“rnrn„Верувајте ми, следачи не значат пријатели. И обратно.“rnrn„Запомнете дека луѓето кои имаат смајлиња за фотографија на профилот се воглавно грди.“rnrn„Никогаш, никогаш не лајкнувајте си го својот статус. Тоа ве прави да изгледате очајни за внимание.“rnrn„Не е важно што велат, вашите деца нема никогаш да ви бидат пријатели на ниедна социјална мрежа.“rnrn„Девојките спијат со момци кои употребуваат Фотошоп, но се мажат со оние кои работат во Ексел.“rnrn„Не мислете дека копчето Reload има моќ да го забрза времето.“rnrn„Слушај синко: Tвитер – тоа се само Фејсбук статуси кои се обидуваат да звучат фенси.“rnrn
Графичката дизајнерка и илустраторка Тиен-Мин Лијао изработила интересна анимација за промоција на абецедата. Таа на нејзините раце нацртала линии со мастило, кои кога гестикулира се претвораат во јасни букви. Ова е нејзин личен типографски експеримент, преку кој ги истражува односите помеѓу големите и малите букви. Со лесни и едноставни движења на рацете, тие се трансформираат од едни во други. За дечињата кои одбиваат да го научат писмото, можеби решението лежи токму во концептот на младата дизајнерка.rn
„Направив 26 комбинации, кои со мастило ги нацртав на моите раце. Секоја комбинација значи некоја голема и мала буква, на пример А и а. Исто така, создадов и италик стил и некои нови фонтови“, вели Лијао.
Децата, а особено тинејџерите, никогаш не ги слушаат советите кои им ги даваат нивните родители, баби и дедовци, бидејќи сметаат дека знаат сè и нема потреба ништо да им се објаснува. Но, Аргентинецот Чачо Пуебла, кој работи во маркетинг агенција во Мадрид, сфатил дека, како одминуваат годините, сè повеќе му ги кажува на неговиот син, истите совети кои ги сметал за неважни кога тој бил дете. Како што се навраќал кон спомените поврзани со вредностите на кои неговото семејство го учело, почнал да се запрашува какви совети би сакал да слушне поврзани со денешниот стил на живот.rnrn„Никогаш, ама баш никогаш не му дозволувај на партнерот да ја дознае твојата лозинка. Верувај ми.“rnrnЧачо ги искомбинирал талентот на неговата сестра за фотографија, прекрасните манекенски пози на неговата баба и неговата љубов кон типографијата и така го создал неговиот фантастичен проект „Grandmother Tips“ (Совети од баба). Советите се однесуваат на денешнава ера на технологии и социјални медиуми, кои се убаво дизајнирани на хартија, а позирањето на неговата „модерна“ баба, ги прави овие фотографии неверојатно слатки и интересни.rnrn„Немој да мислиш дека си фотограф, само затоа што користиш Инстаграм.“rnrn„Никогаш немој да играш 'World of Warcraft'. Многу, многу, многу е заразно.“rn
„Ја обожавам типографијата уште од кога бев дете. Сакав да направам нешто во врска со тоа. Фино е што на луѓето им се допаѓа.“
rn„На Вимео има подобар квалитет, но на Јутјуб има повеќе содржина.“rn
На прашањето, како неговата баба реагирала на овој проект и популарноста која ја стекнува, Чачо вели: „Таа е навистина среќна, но не бидејќи се гледа себеси на интернет (таа не ни знае што е тоа интернет)… но сака да го направи нејзиниот внук среќен, така што ќе му помогне околу работата на неговите проекти.“
rn„Синко, немој да твиташ, само колку да се рече дека си твитнал.“rnrnИ покрај тоа што неговиот проект ја потенцира разликата помеѓу генерациите, тој смета дека, во принцип нема толку големи разлики, освен во начинот на комуницирање.rnrn„Немој да купуваш апликација која има грдо лого.“rn
„Напредокот во технологијата и индустријата и промените во животниот стил, сигурно изгледале возбудливо и застрашувачки и порано, исто како што ни изгледаат нам сега, но сепак, преминувањето од радио на телевизија изгледа како помал чекор во однос на она што се случува сега. Мене ми изгледа како целата човекова раса да расте. Технологијата и новите начини на комуникација, социјализација и споделување, нè принудуваат да се втурнеме во нешто големо. Се надевам дека ваквиот начин на живот е чекор напред, бидејќи сум многу засрамен од она што ние, како човечка раса, сме го постигнале за сиве овие години и не сме еволуирале брзо како нашите пронајдоци.“
rn„Немој да веруваш во сè што ќе прочиташ и видиш на Википедија.“rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Јулија Бродскаја е родена во 1983 во Москва. Таа е позната по своите елегантни, детални, рачно изработени илустрации од хартија. Сега живее во Велика Британија, каде што работи како уметник-илустратор.rnrnrnrnОд 2004, кога дошла во Велика Британија, почнала да се интересира за разни форми на уметност, почнувајќи од сликање на платно, изработка на оригами и колажи, па сè до потрадиционалните уметности.rnrnrnrnВо 2006, се запишала на постдипломски студии за графичка комуникација на универзитетот Хартфордшир, кога продолжила да експериментира и да ги истражува омилените елементи во работата: хартијата, типографијата и рачните изработки со многу детали.rnrnrnrn rn
„Типографијата е мојата втора љубов, после хартијата, и многу ми е мило што најдов начин да ги комбинирам заедно. Со ова не сакам да кажам дека ги исклучувам нетипографските дизајни. Сакам да работам на секакви проекти.“
rnrnrnТаа многу брзо се здоби со меѓународна репутација како резултат на нејзините исклучително креативни хартиени илустрации. Соработува со многу компании, а некои од нејзините клиенти се Нокија, Старбакс и Њујорк Тајмс.rnrnrnrn rnrn