КАФЕ ПАУЗА

Tag: тинејџерска мистерија

  • ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

    ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

    ТВ серија за 5 тинејџери чии животи одеднаш ќе се поврзат поради фаталната клетва која долго време го демне градот Рејвенсвуд….rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood) Главни улоги: Никол Андерсон, Тајлер Блекбрн, Бритни Олдфорд, Брет Даер, Мерит Петерсон, Стивен Кабрал, Мег ФостерrnrnЖанр: драма, хорорrnrnКреатори: Оливер Голдстикс, Џозеф Доерти, И. Марлин КингrnrnПремиера: 22 октомври 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrnДејството започнува во автобус кој патува накај градот Рејвенсвуд. Во него се возат двајца тинејџери на 17-годишна возраст, Миранда (Никол Андерсон) и Кејлеб (Тајлер Блекбрн). Тие се запознале претходната вечер преку девојката на Кејлеб, Хана, која го замолила да не ја остава Миранда да оди сама во град каде што жителите прават забави на гробишта.rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)rnrnМиранда патува накај Рејвенсвуд бидејќи сака да го запознае својот единствен жив роднина, Рејмонд Колинс (Стивен Кабрал) и да дознае зошто тој дозволил таа да расте со странци наместо со него. Таа и Кејлеб вечерта пристигнуваат во градот, но и покрај тоа што не се луѓе кои лесно се плашат, она што таму ќе го видат многу ќе ги вознемири. Барајќи го Рејмонд, чија куќа се наоѓа веднаш покрај гробиштата, тие ќе налетаат на надгробни плочи на кои ги има нивните имиња и фотографии. Исплашени и збунети, тие почнуваат да истражуваат надевајќи се дека сè ова е само некоја бизарна случајност која би можела да му се случи на секого.rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)rnrnНивната потрага ќе ги доведе до неколку збунувачки, но истовремено и неверојатни откритија. Историјата на Рејвенсвуд е преполна со трагедии и страдања, а жителите од околните градови тврдат дека тој е проколнат. Но, ништо нема да има смисла сè додека не се случи страшна несреќа која ќе ги спои животите на 5 тинејџери од овој град. Миранда, Кејлеб, Реми (Бритни Олдфорд) и близнаците Лук (Брет Даер) и Оливија (Мерит Петерсон) ќе мора да навлезат длабоко во историјата на Рејвенсвуд, и пред да биде предоцна, да ја откријат клетвата која со години владее низ градот и да најдат начин како да ја победат и да се спасат себеси од сигурна смрт.rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood) ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)rnrnГрадот Рејвенсвуд се наоѓа во близина на градот Роузвуд каде што се одвива дејството од ТВ серијата „Убави мали лажливки“. Овие две серии се спојуваат преку девојката на Кејлеб, Хана (Ешли Бенсон). И покрај тоа што не може да се каже дека приказната во „Рејвенсвуд“ е нешто досега невидено и необично, сепак доколку сте љубители на мистерии и паранормални случувања, оваа ТВ серија може да ви биде интересно и на моменти застрашувачко бегство од реалноста.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Изопачено (Twisted)

    ТВ серија: Изопачено (Twisted)

    Мистериозно убиство на 11-годишна возраст и враќање во истата средина 5 години подоцнаrnrnТВ серија: Изопачено (Twisted)Главни улоги: Аван Џогија, Кимберли Квин, Денис Ричардс, Меди Хасон, Кајли БанбариrnrnЖанр: тинејџерска мистерија, трилерrnrnКреатор: Адам МилчrnrnПремиера: 11 јуни 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Twisted“ е нова американска тин-драма која се емитува на каналот ABC Family во вторник. Жанровски се работи за комбинација од мистерија и трилер, а многу потсетува на „Pretty Little Liars“, заради напнатоста како резултат на непознатото, размислувањата и акциите кои ги преземаат протагонистите, а не заради сличност во приказната.ТВ серија: Изопачено (Twisted) Дени е харизматично момче на 16-годшина возраст кое после 5 години се враќа во училиштето од каде заминало заради убиството кое го извршило врз неговата тетка. Обидувајќи се да се ресоцијализира наидува на голем отпор од неговите врсници, кои го нарекуваат социо (од социопат). Во моментот кога се случил немилиот настан од минатото, со него биле двете негови другарки Џо и Лејси со кои му е особено важно да се зближи повторно.ТВ серија: Изопачено (Twisted)ТВ серија: Изопачено (Twisted)Џо многу бргу почнува да му верува и го прифаќа, дури и се обидува да најде начин да му помогне, додека Лејси, која го оставила стариот живот зад себе и изградила имиџ во училиштето едвај се согласува да разговара со него.rnrnОд случката од минатото не се развива приказната во серијата, туку од ненадејното убиство на една од соученичките од училиштето, за кое, очекувано, главен осомничен е Дени.ТВ серија: Изопачено (Twisted)Мајката на Дени, која и самата порано била популарна во соседството од сè срце сака му помогне на својот син, но често излегува дека го прави спротивното. Дополнителна отежнувачка околност е тоа што таткото на Џо е полициски шериф во градот.ТВ серија: Изопачено (Twisted) ТВ серија: Изопачено (Twisted)Никој не знае зошто Дени го направил грозоморниот чин пред 5 години, ниту пак тој смее да каже. Не знаеме ниту кој и зошто ја убил девојката од училиштето, како и дали Дени е виновен за тоа или не.rnrnСеријата ветува свежа приказна за љубителите на мистеријата. Да се надеваме дека ова нема да биде уште една растегната приказна која од недела во недела ќе станува сè потешко да се следи.ТВ серија: Изопачено (Twisted)ТВ серија: Изопачено (Twisted)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.