КАФЕ ПАУЗА

Tag: тинејџерки

  • Како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

    Како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

    Во време кога социјалните мрежи станаа императив и поставија стандарди за сè, од бојата на косата, стилот на облекување, до тоа како треба да изгледа нашето тело, навистина е тешко да се биде тинејџер, да се справува со хормони, несигурности и да прерасне во стабилна и задоволна личност. Повеќето тинејџерки се несигурни и незадоволни од своите тела, затоа е многу важно мајките да реагираат навреме и преку детален разговор да му објаснат на своето дете зошто е важно да се сакаат себеси и своите несовршености.rnrnКако да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?rnrnПубертетот носи многу хормонски промени во организмот, од кои како последица се јавуваат вишокот килограми и акните, а сето тоа предизвикува несигурност и незадоволство кај младите девојки. Во ваквите ситуации, често родителите се главна потпора кои можат да им помогнат на младите девојки да застанат на свои нозе и успешно да се изборат со несигурноста и да стекнат самодоверба. Разговорот за време на пубертетот е неопходен и многу е важно да знаете како да им пристапите на тинејџерите на прав начин, за да можат да го почувствуваат вашето разбирање и поддршка.rn

    Не го намалувајте нивниот проблем

    rnКога ќе ви ги каже неправилностите кои не ги сака на себе, слушајте ја и разберете ја. Објаснете ѝ дека таа моментално минува низ процес на промени и дека набрзо нејзиното тело ќе стане убаво со малку трпение и труд.rn

    Објаснете им го значењето на туѓите коментари

    rnОбидете се на време да ја научите дека туѓите коментари не треба да допираат до неа. Дека таа е убава онаква каква што е и дека сето тоа ќе стане неважно оној момент кога навистина ќе научи како да ужива во себе и во својата убавина.rn

    Помогнете им да станат задоволни со себеси

    rnПредложете ѝ да започне со некој спорт, за да го обликува своето тело на правилен начин. Исто така, советувајте ја во изборот на гардероба која добро ѝ стои, како и за шминката и фризурата. Таа ќе стане многу посигурна кога ќе добие поддршка за сопствените одлуки и комплиментите добиени од личност на која ѝ верува.rnrnПочитајте го и ова неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка.

  • 14 работи за кои мајките отсекогаш биле во право

    14 работи за кои мајките отсекогаш биле во право

    Нашите мајки често се премногу грижливи, ни досадуваат и нѐ опоменуваат, но на крајот од денот тоа се жените кои поминале часови и часови во болки за ние да постоиме и тие ни мислат најдобро. Погледнете ги сите оние работи кои ги игнориравте во вашите тинејџерски години.rnrn1-14-raboti-za-koi-majkite-otsekogash-bile-vo-pravo-kafepauza.mkrn

    1. Девојките кои во основно ве третирале лошо, ќе испаднат полоши од вас

    rnСе сеќавате на девојката која ве исмејуваше во школските денови? Оваа година ќе најдете фотографии од нејзината свадба со момчето кое за малку очите ќе си ги извадеше во средно. Мајка ви ова го предвиде пред 15 години.rn

    2. Момчињата стануваат подобри како што стареат

    rnВака ве тешеше мајка ви секој пат кога ќе дојдевте дома со скршено срце.rn

    3. Понесете палто

    rnНоќите се секогаш поладни од деновите. Смешно е како сѐ уште не се придржуваме до ова, но таа секогаш знаеше.rn

    4. Не ги бричете/кубете мустаќите или влакненцата од брадата

    rnАко го направите ова тие ќе пораснат погусти и потемни следниот пат.rn

    5. Не ја фарбајте/бланширајте косата

    rnЌе ја оштетите! Потребата да направите трајни промени на косата е толку силна кога сте лута тинејџерка која сака да се покаже пред сите, но веројатно ќе зажалите кога ќе отидете на факултет. Вашата колешка или цимерка ќе има убава и блескава коса во природна боја, а вашата, без разлика колку препарати ќе искористите, никогаш нема да изгледа толку убава како нејзината.rn

    6. Средното образование е важно

    rnАко завршите средно со слаби оценки нема да се запишете на добар факултет и ќе мора да седите дома со вашата мајка која е супер и ви готви… Чекајте дали ова навистина звучи одлично? Искрено размислете.rn

    7. Внимавајте на џепарлакот – не затоа што е „одговорно“ или затоа што таа не сака да ви даде повеќе пари туку така ќе се чувствувате посигурно

    rnКога ви го намали џепарлакот вашата мајка ви мислеше само добро затоа што се сетила како ѝ било неа во 20-тите години кога немала пари и затоа што посакува да израснете во паметна жена која има финансиска независност и знае да управува со нејзините приходи, бидејќи таа нема секогаш да биде тука.rn

    8. Секогаш носете крем за заштита од сонце

    rnЌе изгледате како грчка божица со прекрасен тен во 20-тите и 30-тите, но после тоа ќе изгледате вака.rn

    9. Одржувањето на човечки живот е неверојатно тешко и потценето

    rnСега сте во 20-тите. Имате милениче? Имате растение? Тогаш можеби и разбирате 1/1000-ти дел од тоа колку е тешко да воспитувате дете.rn

    10. Редовно мијте ги забите

    rnИли потрошете илјадници денари по забарски сметки за пак да имате одвратни заби.rn

    11. Не пушете цигари

    rnНема потреба од дополнителен коментар.rn

    12. Практичноста е модерна

    rnМожеби ѝ се смеевте на мајка ви кога носеше широки фармерки, но погодете што? Високите потпетици и тесните фустани не се удобни, а неудобноста изгледа како премногу да сте се труделе. Исто така: NORMCORE. Мајка ви знаеше за ова пред Карл Лагерфилд.rn

    13. Сега кога сте постари, заблагодарете ѝ се за сите добронамерни совети

    rnБез разлика колку ве нервирала порано вашата мајка дури и тогаш била во право. Мајки: 1000. Останатата популација на Земјава: 0.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни апликации кои секоја тинејџерка би требало да ги има

    Интересни апликации кои секоја тинејџерка би требало да ги има

    Автор: Софија СионоваrnrnБез апликации нашите смартфони се само телефони. Постојат толку многу апликации кои е добро да ги имаме затоа што тие ни го организираат животот и му додаваат малку разонода на обичниот ден. Животот би бил досаден ако немаме со што да се занимаваме.rnrn1-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mkrn

    1. Wanelo (iOS, Android)

    rnWanelo (WАnt-NЕed-LОve) е интересна апликација за шопинг и една од повеќето кои жените би требало да ги имаат. Со оваа апликација можете да зачувате сѐ што посакувате во форма на една голема листа на желби. Wanelo има стотици продавници и преку милион работи. Можете да ги следите вашите омилени продавници и пријателите. Можеби ќе го најдете совршениот фустан за на состанок или убава книга за мрзеливото попладне.rn

    2. We heart it (iOS, Android)

    rnАко сакате да пронајдете мотивација за квалитетен тренинг, сакате да гледате уметнички фотографии, или пак облека и предмети, тогаш оваа апликација е како направена за вас. Освен тоа што гледате, можете да додавате и ваши или пак да „хартнете“ слики кои ќе стојат на вашето „платно“. Ако сте обожавател на фотографија, тогаш оваа апликација мора да се најде на вашиот телефон.rnrn2-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mkrn

    3. Duolingo (iOS, Android)

    rnБез разлика каде сме, некогаш знае да ни биде многу досадно, но учењето на нов јазик не би требало да биде. Duolingo е апликација преку која можете да научите нов јазик. Сѐ што треба да направите е да го изберете јазикот кој би сакале да го научите и да почнете. Duolingo ве учи да пишувате, зборувате, а дури можете да изберете цели и малку по малку да се трудите да ги постигнувате.rn

    4. Wattpad (iOS, Android, Blackberry, Kindle fire)

    rnАпликацијава е одлична алатка ако сте аматерски писател. Таа ви овозможува да ги објавувате вашите книги/приказни онлајн. Исто така, ако не ве бидува во овој оддел, тогаш можете да читате што напишале другите.rnrn3-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mkrn

    5. Band of the day (iOS, Android)

    rnДури и на shuffle истата музика може да биде монотона и по одреден период да стане досадна. Оваа алатка е тука да го промени тоа. Нејзина функција е секој ден да ви претставува по еден бенд, а Band of the day има огромен вариетет од жанрови и можете да ги оцените вашите омилени, Кога ќе ви досади истата музика и ви е потребно нешто ново, ова ќе ве размрда.rn

    6. Fashiolista (iOS, Android)

    rnИако е повеќе како социјална мрежа за откривање на нови модни парчиња, Fashiolista ви дозволува да направите листа на работи кои ги сакате, слично на Pinterest. Минусот е во тоа што не можете да ставите ваши фотографии на листата, но сепак на веќе додадените можете да го најдете изворот и онлајн да го купите она што сте го виделе.rnrn4-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mk_rn

    7. Keeper (iOS, Android, Windows Phone, Kindle fire)

    rnВашиот телефон често е во рацете на вашите пријатели и постојано ви рошкаат по вашите фотографии, пораки и слично, но после ова тоа ќе биде невозможно. Keeper ви ги чува сите лозинки, кориснички имиња на други апликации и веб-страни. Исто така ако се одлучите да ставите лозинка на вашиот телефон, можете да зачувате информации кои не би сакале да ги заборавите. Ако ја заборавивте вашата лозинка, нема потреба да кликате Forgot Password туку само видете ја во Keeper.rn

    8. Mathway (iOS, Android)

    rnМатематиката не ви е силна страна? Без грижи, оваа апликација е спремна на секој вид математички проблем без разлика дали се работи за алгебра, тригонометрија, статистика и сл. така што ќе ви го реши за само неколку секунди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 тинејџерски филмови кои секоја девојка треба да ги погледне

    7 тинејџерски филмови кои секоја девојка треба да ги погледне

    Автор: Ана ПетровиќrnrnБез разлика на вашата возраст, постојат тинејџерски филмови кои секоја девојка треба да ги погледне. Тие се забавни, понекогаш и поучни и скоро сите ќе изнудат насмевка на вашето лице. Ако не сте гледале некој од овие филмови, викнете ги вашите пријателки, направете пуканки и уживајте во забавата.rnrn(0) 7-tinejdzherski-filmovi-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-pogledne-kafepauza.mkrnrn

    1. Злобни девојки (Mean Girls)

    rn(1) 7-tinejdzherski-filmovi-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-pogledne-kafepauza.mkЛиндзи Лохан ја гледаме во улога на девојка која е образована дома до своите 16 години, и која влегува во средношколските води, несвесна за општествената хиерархија. Од повлечена девојка, таа преминува во дел од групата „Пластични“, заради популарност во училиштето.rnrnОва е еден од тинејџерските филмови кој ја прикажува опасноста од обидот за вклопување во друштвото. Базирана на научно-стручната книга „Пчелите-матици и имитаторите“, овој филм пробува да ги подучи девојките да се прифатат себеси и да не се обидуваат да ги импресионираат момците со нивниот стремеж за слава и популарност.rnrnrnrn

  • 7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

    7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

    Во тинејџерските години толку се опседнувавме со изгледот, што со цел да изгледаме што подобро и тренди, понекогаш претерувавме и постигнувавме ефекти како веѓи во облик на сперматозоиди или изглед на ракун. Еве кои се 7-те грешки кои ги прави секоја тинејџерка и 7-те начини на кои се справува денес со нив.rnrn1. Премногу исчупани веѓи. Колку и да чупате, постојано има вишок, сè до моментот кога ќе остане само црта од неколку влакна. Најлош е ефектот кога задебелениот дел на почетокот останува значително подебел од останатиот дел на веѓата со што се добива изглед на сперматозоид.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnДенес: Грешките од минатото ги трпиме денес. Недостатокот на влакна на веѓите го покриваме со нанесување пудра и исцртување со трајно моливче за веѓи.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrn2. Изгорена коса. Ако имавте кадрава коса, сигурно не ви беа доволни пеглите за коса, па редовно легнувавте на даската за пеглање алишта за да го постигнете посакуваниот ефект. Ако пак имавте мерак за кадрици како на принцеза, веројатно не ви е непознато претераното горење на косата со фигаро.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnДенес: Се враќате на природниот изглед. Ви здодеаја фарбите и горењето со електрични уреди.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrn3. Изглед на ракун. Стававте толку многу креон во очите што целите ви стануваа крвави. Ефект – поглед како на ракун.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnДенес: Добро е што таа фаза помина. Сега практикувате посуптилна шминка во стилот мачкини очи.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrn4. Протези во боја. Ви изгледаше многу кул кога станаа достапни протезите во разни бои, но, да бидеме реални, ефектот е како да ви пораснале светликави печурки во устата.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnДенес: Ако сè уште имате потреба од исправување на забите, се одлучувате за најкласичната варијанта. Нема ништо срамно во тоа да се носат протези како возрасен, но едно предупредување – избегнете ги гумичките во боја кои создаваат ефект како да ви се заглавила храна помеѓу забите.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrn5. Фризури кои нанесуваат болка. Како тинејџерки мислевте дека што постегнато е опавчето, тоа подобро. Или можеби ве фати манијата за носење ситни плетенки?rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnДенес: Сега сакате што поопуштен изглед и чувство. Сакате фризура која ќе ја направите и нема да ја мислите. Пунџичка, обично опавче, кратка коса или излегување од бањата, благо гужвање со восок и очекување дека останатото само ќе си дојде на место – сè е подобра опција од намерното предизвикување главоболка.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrn6. Премногу светки. Ви изгледаше многу кул да ви светка целото лице, дури и да не ви се познава лицето под светките. :)rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnДенес: Светкавиот ефект внимателно го вметнувате во целокупниот изглед.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrn7. Премногу шминка. Многу сакавте да се шминкате. Понекогаш дури човек да се запраша дали има лице на шминката или обратно.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnДенес: Опуштен, префинет изглед. Инвестирате во скапи четки и шминки и се трудите да го извадите максимумот за парите кои сте ги дале.rnrn7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџеркиrnrnИма некоја тинејџерска лудост која сте ја направиле во име на убавината, која би сакале да ја споделите?

  • Книга: „Некој како тебе“ – Сара Десен

    Книга: „Некој како тебе“ – Сара Десен

    Вистинското пријателство е ветување кое го одржуваш засекогаш…rnrnНаслов на оригиналот: Someone like you – Sarah DessenrnrnКнига: „Некој како тебе“ – Сара ДесенОткако бев пријатно изненадена од книгата „Препушти се“, која разведри нешто што изгледаше дека ќе биде здодевен викенд, решив да побарам и нешто друго од Сара Десен. Таа навистина знае како креативно да ја пренесе својата мисла, а особено е добра во раскажувањето детали за тинејџерскиот живот.rnrn„Од сите книги кои ги имам напишано, морам да кажам дека ‘Некој како тебе’ има најмногубројни фанови. Иако почетокот не беше баш најдобар, задоволна сум како луѓето продолжија да реагираат на приказната за Хали и Скарлет“. Десен исто така открива дека книгата е посветена на Бјанка, нејзината пријателка од средно.rn rn

    Синопсис

    rnХали и Скарлет се најдобри другарки уште од детството. Скарлет секогаш била похрабра, поотворена и поснаодлива, додека Хали на некој начин стоела во нејзината сенка. Но летото пред нивната завршна година од средно, нивните улоги ќе се променат. Момчето на Скарлет, Мајкл, го губи животот во трагична сообраќајна несреќа. Откако Скарлет ќе открие дека го носи неговото бебе и ќе реши да го задржи, Хали мора да биде храбрата потпора на својата пријателка.rnrnВо меѓувреме Хали започнува врска со Мејкон Фокнер, другарот на Мајкл. Мејкон е типично таинствено лошо момче, кое на некој начин ја менува Хали. Иако сака да го задржи покрај себе, Хали многу често чувствува тежина поради неговата таинственост и тоа почнува да ѝ пречи.rnrnДали Хали и Скарлет ќе бидат доволно силни за да ги издржат предизвиците кои се пред нив? Дали тие една на друга си се доволни за да ги пребродат тешките моменти?rn rn

    „Постојат извесни нешта на овој свет на кои секогаш можете да сметате, како кога се обложувате на сигурно, а кога тие ќе ве изневерат, напуштајќи го местото на кое сте ги засолнале, тоа значајно ја потресува вашата верба, како и почвата под вашите нозе“.

    rn

    Книга: „Некој како тебе“ – Сара Десен

    rnrn

    Лична критика

    rnДоколку погледнете во базичната тема на книгата, станува збор за тинејџерска бременост – не баш ретка појава и исто така неретко е тема на многу книги и трудови. Но, Десен знае и од најобична тема да развие едно такво раскажување кое ќе ги привлече читателите и можеби дури и несвесно ќе им одржи една добра лекција за животот. Книгата можеби не ме фасцинираше, но во секој случај искрено би им ја препорачала на тинејџерките, бидејќи опфаќа многу аспекти од тинејџерството.rnrnКако што веќе кажав, книгата ги содржи основните проблеми кои се јавуваат или може да се јават за време на тинејџерскиот период во животот на една девојка. Предизвиците на едно пријателство, врската со лошо момче кое ја носи девојката од невин детски свет во светот на возрасните, и секако, односот на тинејџерите со нивните родители. Особено ми остави впечаток односот на Хали со нејзината мајка, и тоа како нејзината мајка го поднесува преминувањето на Хали во светот на возрасните. Искрено мислам дека е добра и поучна приказна за помладите, така што, топло ја препорачувам.rn rn

    „Ги заслужувам сите оние ‘те сакам’ и плодовите од киви и цвеќето и воините исполнети со љубов кои ќе тропнат на мојата врата. Ги заслужувам фотографиите од своето лице со милион различни изрази и со топлината која ја предизвикува клоцањето на моето бебе под мојата рака. Имав право да созреам, да се менувам, да се преобразувам во сите оние девојки во каква што можев да се развивам во текот на животот, од кои секоја беше подобра од претходната“.

    rn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

    72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

    72-годишниот Кинез Liu Xianping е најверојатно најкул дедо на светот. Тој сакал да ѝ помогне на неговата внука да ја искомбинира облеката за промотивните фотографии, наменети за нејзината онлајн продавница за женска тинејџерска облека „Yuekou“. После кратко време, овој дедо станува интернет сензација.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека
    rn

    Сѐ започна како шега. Тој избра едно парче и го облече со цел да ни даде совет како да го комбинираме. Ни стана забавно и започнав да го фотографирам и сите фотографии ги прикачив на веб-сајтот“ – раскажува внуката.

    rn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облекаrnrnТалентираниот, слабичок дедо одлично се снашол во работата на модел за женска облека, со што ѝ помогнал на неговата внука, да ја зголеми продажбата шестократно.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облекаrnrnОткачениот дедо Лиу се справил со сѐ што носат тинејџерките, од розова облека, секси здолништа, тантела, хулахопки во боја, чантички, шалчиња, до очила за сонце и успеал да ги изрекламира на уникатен, хумористичен и женствен начин.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека
    rn

    Зошто да не е прифатливо некој како мене да носи женска облека? Тоа што сум модел за продавницата ѝ помага на мојата внука, а јас немам што да изгубам. Бевме многу среќни на денот на фотографирањето. Јас сум многу стар и единствено нешто за што се грижам, е да бидам среќен“ – изјавил тој.

    rn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облекаrnrnКоментарите за идејата се многу позитивни, а голем број од обожавателите дури му завидуваат на добрата фигура која ја има дедото, особено на неговите витки, долги нозе.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Откачени“ тетоважи на заби

    „Откачени“ тетоважи на заби

    Дали сте за тетоважа? А, на заби? Овој неодамнешен јапонски тренд, полека станува новиот моден додаток кај тинејџерките. Тие особено внимаваат дизајнот да одговара на нивниот маникир. Тетоважите се привремени, лесно се отстрануваат и не ја оштетуват глеѓта. Стоматолозите гарантираат дека се безбедни. Погледнете неколку идеи и размислете дали и вие на ваков начин би ја украсиле вашата насмевка.„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на забиПокрај кај тинејџерките, овој тренд очигледно е добро прифатен и кај возрасните… Среќа што засега тетоважите се само привремени. 🙂„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на заби„Откачени“ тетоважи на заби
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 дизајни на женски тинејџерски соби

    25 дизајни на женски тинејџерски соби

    Ви треба идеја за уредување на вашата соба? Овој сет од слики е составен од најразлични дизајни – од сериозни соби за тинејџерки, до разиграни и шарени нијанси на розови, портокалoви и црвени аранжмани. Собите не само што се убави за око, туку се и многу практични и функционални, со интересни работни бироа, полици за книги и убави плакари. rnrn25 дизајни на тинејџерски собиrnrnНекои се направени според одредена тема, други пак се спој од складни елементи. Разгледајте ги добро и послужете се со некоја идеја за вашата соба.rnrn


    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.