КАФЕ ПАУЗА

Tag: текст

  • Татко на 3 деца опишал колку е „едноставен“ животот на неговата сопруга

    Татко на 3 деца опишал колку е „едноставен“ животот на неговата сопруга

    Бред Кирнс е писател и татко на 3 деца. На неговиот блог често пишува за родителството и семејниот живот. Читателите ја сакаат искреноста и топлината на неговите текстови, но една објава особено се истакнала. Тој напишал за навидум обичниот ден на неговата сопруга. Прочитајте го текстот и ќе ви стане јасно зошто илјадници луѓе се согласиле со него.rnrnТатко на 3 деца опишал колку е „едноставен“ животот на неговата сопругаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnМасивен ден на работа денес. Го имавме месечниот состанок. Морам да патувам 5 часа со автомобил и воз.rnrnПа, кога конечно ќе почнам, морам да седам таму цел ден и да работам важни работи и да имам големи разговори. Заморно е.rnrnА што прави мојата сопруга? Ништо посебно навистина.rnrnСè што треба да направи е да ги разбуди двете момчиња, да ги облече и да ги нахрани додека го дои третото.rnrnБез сомнение треба да бидат изнесени надвор или во парк за да ја истрошат целата енергија. Колку е лесно тоа. Сè што треба да направи е да ги организира нивните чанти, да ги најде нивните шапки, да спакува нешто за јадење и дополнителна облека и да им постави безбедносни појаси во автомобилот.rnrnДодека се таму, ќе треба да го нахрани бебето уште еднаш бидејќи тоа е она што го прави. Без да го испушти треба да разговара и да им помага на другите да се качат и да се симнат од лулашките и да ги стимулира доволно за да не им стане здодевно. Навистина е лесно.rnrnПотоа ќе дојдат дома каде што ќе им направи ручек. Веројатно нема да јадат. Па, додека се обидува да ги натера да одморат, ќе се вклучи на Интернет за онлајн шопинг. Продукти за дома. Каков живот! Зарем не би оделе сами во супермаркет со 3 деца?rnrnБез сомнение на пладне ќе сакаат да ги возат нивните велосипеди, скутери и да трчаат надвор. Таа веројатно ќе седи и повторно ќе го храни Теди. Во 4 попладне ќе почнат да се заморуваат. Таа ќе се расправа со нив за глупави нешта како „Не го удирај брат ти“. Знам…rnrnПотоа, во 5 попладне ќе сака да знае каде сум и како ми е. Продуктите ќе пристигнат, а момчињата ќе полудуваат. Треба да го држи Теди и треба да ги нахрани додека ја започнува нејзината вечерна рутина. Најверојатно ќе ѝ одговорам со порака „Ќе ти се јавам“, бидејќи сум премногу зафатен.rnrnТаа ќе направи вечера, ќе ги гледа како јадат, ќе ги избања и ќе ги среди за во кревет, сето тоа за еден час и со една рака бидејќи сè уште го држи Теди. Изморена од постојаната тортура и немањето ни секунда за себе, повторно ќе ми се јави и ќе праша каде сум. Ќе биде уморна, фрустрирана и нема да сака да ја допрам. Ќе биде раздразлива и нема да сака ништо повеќе од туш, шампон и шолја чај.rnrnЈас ќе се вратам околу 19:30 по мојот масивен ден. Таа ќе седи на нејзиниот телефон во близина на децата бидејќи не им се спие и сигурно сите купени продукти ќе бидат извадени бидејќи успеала да ги нареди само оние за во фрижидер.rnrnЈас веројатно дури ќе треба да направам и вечера.rnrnЗа време на викендите ќе му каже на Нокс дека има мотор бидејќи „тато работи многу напорно за нашето семејство“.rnrnКако што кажав, денес е масивен ден за мене. Ти благодарам госпоѓа DaDMuM за сè што правиш за нас. Ти си лепилото.rnrn[/message_box]rnrnМожеби по читањето на овој текст ќе сакате да ги побарате вашите мајки и сопруги кои седеле дома и да им се заблагодарите за целата напорна работа што ја завршиле за вас.

  • До премногу чувствителните луѓе: Вашата способност да чувствувате длабоко е благослов

    До премногу чувствителните луѓе: Вашата способност да чувствувате длабоко е благослов

    Колку повеќе се обидувате да бидете искрени кон себе, толку поповредено се чувствувате. Се чувствувате несигурно и чувствувате вина обидувајќи се да почувствувате сè. Да бидете чувствителни не е шега.rnrnДо премногу чувствителните луѓе: Вашата способност да чувствувате длабоко е благословrnrnЕдноставно чувствувате сè. Ја апсорбирате енергијата околу вас, без разлика дали е добра или лоша. Таа ја консумира вашата душа и ви станува уште потешко да дишете.rnrnГо ловите секое сетило и тоа ве носи на повисоко ниво. Секој мирис, звук, допир и вкус што го чувствувате е премногу интензивен.rnrnЧовечката интеракција е тешка за луѓето како вас бидејќи сè прифаќате со целото срце.rnrnНе сакате да гледате некого што страда, умира или плаче бидејќи и вие ќе го почувствувате тоа. Уште полошо е што сте немоќни да помогнете. Најчесто тоа е надвор од вашите можности и способности.rnrnПонекогаш чувствувате како да губите делови од вас. Го барате вистинското место, но не постои вистинско место за вас. Единственото нешто што го имате сте вие самите и светот околу вас. Едноставно е како што звучи, но како ќе знаете кога нешто е правилно? Не можете да очекувате нешто правилно од несовршен свет, а овој факт го крши вашето срце.rnrnЛесно е да изгубите допир со она што се случува надвор. Надворешниот свет е злобен. Ви судат, ве обележуваат и ви кажуваат што треба да бидете. Вашето срце е премногу кршливо. Навикнати сте да го игнорирате силниот импулс од вашите срца, иако знаете дека наскоро ќе излезе во форма на зборови.rnrnЛесно е да се скрши вашето срце, потребно му е долго време за закрепнување, но добро го криете тоа. Се преправате како ништо да не се случило.rnrnДоволно сте силни за да ги криете вашите емоции и доволно сте силни да ги покажете, да го покажете вашето вистинско јас. Нема потреба да се плашите.rnrnЧувствителноста е супермоќ на која треба да бидете горди. Вие сте избраните кои можат да го почувствуваат секој дел од сè. Прифатете го овој прекрасен благослов.rnrnПогледнете и како да откриете дали сте претерано чувствителна жена.

  • Вљубете се во личноста што ќе ве научи како да се сакате

    Вљубете се во личноста што ќе ве научи како да се сакате

    Вљубете се во личноста којашто нема само да ве сака, туку и ќе ве научи како да се сакате себеси. Преку нејзината добрина ќе научите да бидете подобри кон себе. Преку нејзината прошка ќе научите и самите да си простувате.rnrnВљубете се во личноста што ќе ве научи како да се сакатеrnrnСите велат дека треба да се сакате себеси пред да засакате некој друг. Но понекогаш потребно е да го следите примерот на другите. Љубовта кон себе не е едноставна, особено кога сме програмирани да ги гледаме нашите недостатоци. Се гледаме секој ден и се навикнуваме на тоа. Но бидејќи се знаеме толку добро, не знаеме како изгледаме низ очите на другите, низ очите на некој што нè нема видено.rnrnИ тие не ги гледаат работите за коишто сте несигурни. Не ви судат за грешката што сте ја направиле минатата недела. Гледаат колку сте привлечни. Гледаат колку сте убави кога се смеете. Ги забележуваат овие мали детали.rnrnНе знаете како да се гледате без призмата на судењето, па не знаете како изгледате во очите на странците кои прв пат ве погледнуваат.rnrnИ потоа кога некој ќе ве запознае и кога ќе почнете врска, привлечноста се заменува со емоционална поврзаност. И како таа личност ве запознава, сфаќа дека не сте совршени. Ги забележува сите ваши навики и недостатоци. Можеби ги гледа дури и работите што не ги сакате, но не се фокусира на нив како вас. Она на коешто се фокусира е вашата совршеност.rnrnСо текот на времето се вљубувате уште повеќе и таа личност ги согледува сите ваши страни. Се познавате многу добро, а личноста не бара непознати недостатоци. Она што го гледа овде е личноста која и покрај сè е совршена.rnrnНе треба да ги гледате вашите недостатоци како нешто лошо. Токму тие недостатоци ве прават човек. Тие недостатоци ве поврзуваат со другите. А сечија најголема несигурност прави повеќе да им се допаѓате на другите. Бидејќи тоа се нештата што ве прават реални.rnrnАко сите бевме совршени немаше да има потреба да се поврзуваме едни со други, немаше да имаме потреба од никого. Потребни сме си еден на друг за да се научиме да се сакаме себеси.rnrnЗаљубете се во личноста која ќе ве научи да бидете подобри кон себе. Заљубете се во личноста која ќе ве научи подобро да се однесувате кон себе. Заљубете се во личноста која сака сè во врска со вас, дури и вие самите никогаш да не се чувствувате така кон себе. Заљубете се во личноста која ве прави подобри без да ве менува. Ова е личноста во која треба да се вљубите и оваа личност ќе ве научи да се сакате.rnrnНемојте да се лажете дека мора прво да се сакате себеси за да сакате некој друг. Потребно е да се почитувате. Потребно е да се сакате барем малку. Потребно е да се грижите за себе. Ако ги немате овие основи, ќе им дозволите на другите да се однесуваат лошо со вас.rnrnНо љубовта се учи различно од секого. Понекогаш е потребна само една личност, а ова знаење е она што го заслужувате и од вас и од себеси. Ова е врската што ќе ви го промени животот.rnrnПрочитајте и како да најдете љубов што ќе трае.

  • Драги жени, вие сте убави

    Драги жени, вие сте убави

    Драги жени, се надеваме дека ова утро ќе се разбудите и ќе му се насмеете на вашиот одраз во огледалото. И тоа не затоа што сте совршени, не затоа што сте сфатиле сè и вашиот живот е среден, не затоа што никогаш не правите грешки, туку затоа што ќе сфатите дека не постои ниту една единствена душа на Земјата која изгледа, размислува, чувствува и љуби како вас.rnrnДраги жени, вие сте убавиrnrnА тоа е прекрасно.rnrnЛицето кое гледа во вас можеби има дамки. Кожата може да е со брчки, изморена, бледа. Може да има мозолчиња, гребнатини, лузни. Може да има темни кругови околу вашите очи или пак остатоци од вчерашната шминка. Може да има тага која зборува зад вашата насмевка.rnrnМожеби не го сакате она што го гледате, и тоа е во ред. Животот е бескрајна битка за љубовта кон себе, патување за наоѓање и редефинирање себеси. И без разлика дали успевате или не според стандардите на светот, тоа не ја одредува вашата вредност.rnrnВие нема да го прославувате секој момент, нема постојано да зрачите со самодоверба и радост, а ова не значи дека ги немате тие работи, тоа значи дека сте човек. Она што е важно е дека ќе продолжите да се движите, да се обидувате, да верувате дека заслужувате љубов бидејќи тоа е вистина.rnrnНесовршеноста нема да го промени тоа.rnrnМожеби сте високи или ниски, слаби или со облини, диви или нежни, сингл или во врска. Но ова се само описи, тие не кажуваат кои сте. Без разлика дали сакате да пеете или уживате во градинарство, камиони или лакирање на вашите нокти, ова се работите кои ве прават вас. Но тие не ја дефинираат личноста којашто сте.rnrnДраги жени, се надеваме дека кога ќе се облечете се чувствувате удобно наместо да размислувате што би сакал некој друг. Се надеваме дека правите фотографии (или не) без постојано да се споредувате со други луѓе на екранот. Се надеваме дека готвите или цртате затоа што сакате, без разлика што ви вели некој. Се надеваме дека знаете да се третирате како пријател, пријател кој го тешите и охрабрувате бидејќи знаете колку сте неверојатни.rnrnСе надеваме дека ќе престанете да им дозволувате на неуспешните врски да ве дефинираат. Се надеваме дека знаете дека начинот на кој ве третира некој не треба да ви стане белег. Се надеваме дека ќе се ослободите од луѓето кои прават да се чувствувате како да не сте доволно вредни. Се надеваме дека си кажувате позитивни зборови сè додека не почнете да верувате во нив.rnrnВие сте вредни. Вие сте сакани. Вие сте силни.rnrnДраги жени, се надеваме знаете дека убавината не е нешто што може лесно да се дефинира. Убавината се наоѓа во начинот на кој се смеете, начинот на кој ги следите вашите страсти, начинот на кој ширите љубов, начинот на кој работите напорно и не се откажувате дури и кога не сакате.rnrnМожеби нема да успеете, можеби ќе се скршите, можеби ќе направите грешка, ќе изгубите работа, ќе имате неуспешен брак, ќе ви го скршат срцето. Но, ниту едно од овие нешта не се вашиот идентитет.rnrnТокму ова ве прави убави. Фактот дека нема ниту една личност на планетата која е како вас – несовршена, комплексна, несредена, прекрасна.rnrnПрочитајте ги и овие моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат!

  • Силните личности не се плашат од својата слабост

    Силните личности не се плашат од својата слабост

    Да бидете силни не е титула, тоа е начин на живот. Тоа е бројот на удари кои успешно сте ги примиле, како и мерило за тоа колку пати повторно сте застанале на нозе. Силата не се мери со физички показатели. Маже да се одреди со тоа колку пати сте се издигнале од дното, а притоа не сте го изгубиле достоинството.rnrnСилните личности не се плашат од својата слабостrnrnСилните луѓе не се плашат од своите слабости бидејќи ги прифаќаат и никогаш не стануваат нивни робови. Нив не им е страв од грешка бидејќи преземаат одговорност за своите постапки и почнуваат од почеток, одново и одново.rnrnСилните луѓе не губат вера бидејќи знаат да се заблагодарат за оние искуства кои им оставиле рана на душата. И тие плачат, доживуваат порази, разочарувања и очај. Но, никогаш не се предаваат.rnrnСилните луѓе веруваат во љубов бидејќи знаат дека таа спасува кога животот нема смисла. Бескрајната моќ на силата може да се спознае само преку љубовта.rnrnНе е точно дека силен дух имаат само оние кои успеале да ги победат своите чувства и живеат само со разумот. Вистински силен е оној кој научил да живее со срцето, притоа не престанувајќи да го слуша својот разум.rnrnНекој можеби смета дека оваа рамнотежа е премногу идеална за да биде реална. Можеби навистина е така. А можеби не сте се запознале доволно за да бидете сигурни во силата на вашата љубов. И ако ги имате овие карактеристики, вие без сомнение сте ментално силна личност!

  • Најмногу нè повредуваат сеќавањата што не знаеме дека ги создаваме

    Најмногу нè повредуваат сеќавањата што не знаеме дека ги создаваме

    Понекогаш не знаеме дека се наоѓаме во сеќавање сè додека не помине моментот. Неколку денови подоцна ние почнуваме да размислуваме за моментот и да ги анализираме деталите, разговорите, зборовите. Се обидуваме да го зачуваме тој момент во нашиот ум и се држиме за него.rnrnsekjavanjata-koi-ne-znaeme-deka-gi-sozdavame-ne-povreduvaat-najmnogu-kafepauza.mkrnrnНо не е секогаш вака. Понекогаш знаеме дека создаваме сеќавања во моментот кога ги создаваме. Застануваме и си велиме „Никогаш нема да го заборавам овој момент“, и не го забораваме. Ги внесуваме во нашата меморија звуците, глетките и мирисите. Тоа е како првиот годишен одмор за кој знаеме дека родителите потрошиле многу пари, и иако понекогаш ни изгледал како присилена семејна забава, сепак имаме прекрасни сеќавања, а понекогаш и фотографии од тие денови. Или пак, сеќавањата за нашите баби и дедовци, и викендите поминати со нив играјќи карти или гледајќи телевизија. Овие моменти го оформиле нашиот живот. Тие се местата кои ги посетуваме кога ги затвораме очите, слушаме некоја песна или гледаме некој стар филм.rnrnНо сеќавањата за кои не сме биле свесни дека ќе бидат сеќавања, се оние кои нè „убиваат“. Тие се прикриваат како најобично одење до продавница и завршуваат врежани во нашиот мозок. Тие се сеќавањата за кои е доволно само една песна да нè врати назад.rnrnИзгледа дека и најдобрите сеќавања може да нè натераат да ни недостасуваат работите поврзани со нив. Начинот на кој се одвивале работите, нешта кои можеле да се случат, но не се случиле. Ние сакаме овие моменти да бидат повеќе од сеќавања. Сакаме да ги преживееме, па дури и само на кратко. Можеби ќе сме променеле нешто и резултатот би нè променил нас. А можеби нема да промениме ништо, но ќе уживаме во нив барем уште една секунда. Збогувањето ќе трае подолго, последниот бакнеж ќе биде поубав… Тогаш можеби нема да бидеме загрижени дека тој момент би бил нашето последно сеќавање…rnrnПогледнете ги и овие цитати кои ќе ви го разубават утрото.

  • Истражувањата потврдија: Стриповите ја развиваат љубовта кон книгите

    Истражувањата потврдија: Стриповите ја развиваат љубовта кон книгите

    Иако многумина сметаат дека стриповите не се соодветен избор за едукација на децата, сепак научниците тврдат дека тие се исто толку корисни како и книгите. Комбинацијата на забавните цртежи и кратките текстови, како и самата приказна која се обработува може да бидат вистинскиот пат кон развивање љубов за книгите и желба за учење.rnrnСтриповите ја развиваат љубовта кон книгатаrnrnПсихолозите се едногласни во ставот дека родителите треба активно да работат на развивање навики за читање кај своите деца. Според последните истражувања на Универзитетот во Илионоис, стриповите не само што се добри за развивање љубов кон книгите, туку играат и клучна улога во поставувањето на основите за понатамошното образование на децата.rn

    „Возрасните сметаат дека децата во стриповите ги гледаат само цртежите. Тоа е навистина така во некои случаи, но тие истото го прават и со илустрираните книги. Младите кои сакаат да стигнат до некое сознание мораат и текстот да го прочитаат и прегледаат со внимание. Кога ќе сфатите дека сликите и зборовите заедно ја прават приказната поквалитетна, ќе ви стане многу јасно дека стриповите се исто толку корисни како и енциклопедиите“, вели проф. д-р Керол Тил.

  • Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

    Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

    Владо Јаневски ги има отпеано некои од најубавите текстови кои некогаш сме ги слушнале. Тој успева со секоја своја песна на неверојатно сликовит начин да каже по нешто за љубовта. Неговите песни изобилуваат со прекрасни љубовни стихови од кои лесно може да се направи цела збирка поезија, а ова е само мал дел од нив.rnrnНајубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски
    rn

    „Надвор е утро. Излегуваш од мојта соба тивко и на прсти, како лопов, со мојто срце в џеб.“

    rn

    „Е, да, на времето имавме ти и јас наша тајна географија, од Бога и од луѓе да нè сокрие.“

    rn

    „И тогаш, некоја будала ќе го спомне ко на шала твојто име, а јас без глас ќе те проколнам што не знам да те преболам.“

    rn

    „Ти си тајна отровна од сите што ја кријам, која крв ми зоврива и не дава да спијам… Сè што разум зборува, срце не може да чуе… Љубовта ме лекува – љубовта и ќе ме отруе.“

    rn

    „Се разденува, во стварност повторно се селиме… Како закана ни доаѓа време да се разделиме.“

    rn

    „Љубовта е ретка птица брлива, без причина ќе слета и без збор ќе одлета некаде, кај друг да запее.“

    rn

    „Кога спиеш, те гледам топла, пожелна и мека, и не можам да не мислам кој чека да му се вратиш ти.“

    rnНајубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски
    rn

    „Заплеткан во свилена пајажина од грев и страсти, жив сум само кога на саат или два ќе сме сами.“

    rn

    „И сè што нема да ти кажам пак од внатре ќе ме сотре, а може тоа што те сакам ќе престане од утре.“

    rn

    „А сега одете си сите, сакам да сум сам. Не би ме разбрале ни да ви објаснам… Ве имам како свои, но ми фали едно лице сокриено во мојто непроѕирно срце.“

    rn

    „Во овој свет на лаги само ти си вистина! Среде мрачен океан – единствен остров светлина.“

    rn

    „Се трудам да те симнам од срце и од усна… под насмевка ја кријам осаменоста ко лузна.“

    rn

    „Бакнежот е средба најубава на свет, мост на кој си идат душите во пресрет, а мојата те чека на пола пат.“

    rn

    „На полноќ се палат запалки… на полноќ се љубат сказалки… А кому ли она вечерва нуди усни место вечера?“

    rn

    „Во глава носам албум, а на секој лист – твоја слика и твој ракопис. Ми води чекор во познат декор штом го отворам.“

    rnНајубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски
    rn

    „И без мене ти пак ќе постоиш, а мојто срце-шестар црта кругови околу твојот лик.“

    rn

    „Јас кого би сакал ако не си ти и со кој би делел бол и радости? Моето срце ти е дом и одаја, од надеж светната и со нежност послана.“

    rn

    „Ако не те сакам, зошто ми е мака кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе? Ако не ми требаш, тогаш што ми прави, кога ќе ме гушнеш, светла топлина во гради?“

    rn

    „Ти ги знаеш сите мои мани, а пак ме примаш кога ќе нападне злоба и лудило од сите страни… мојот спас е твојто болно чекање.“

    rn

    „Ти немаш право да прашаш како ми е без тебе и дали сум сам! Оваа рана на душа ќе ја зашие време и ќе заборавам…“

    rn

    „Друга рака да ме допре освен твојата, в срце пелин ќе ми посади. Го враќам филмот, но да сфатам не можам зошто моите сни ти беа претесни?“

    rn

    „Сегде околу нас љубов евтина, со рака просјачка и мантил искинат… но мојата ќе трае сè дур сум жив… твојто име да е мој последен здив.“

    rn

    „Денес имам сто крила да полетам, утре пак на дно штом ќе им здосадам… Вака или така ќе си мине времето, само ти ќе ме сакаш еднакво.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни грешки при куцање СМС-пораки

    Смешни грешки при куцање СМС-пораки

    Ви се случило ли некогаш да напишете СМС-порака и дури откако ќе притиснете „испрати“ да сфатите дека сте направиле печатни грешки, поради кои можете да бидете тотално погрешно сфатени? Не знаеме за вас, но бидете сигурни дека илјадници американци имаат што да кажат на темава. Кога куцаат СМС-пораки, тие ја користат опцијата за автоматско коригирање на зборовите, па понекогаш наместо да им се олесни пишувањето, тие се ставаат себеси во чудна ситуација со нивните блиски луѓе и не сакајќи прават страшна семејна драма, започнуваат неочекувани кавги со љубовниот партнер, звучат ужасно безобразно и перверзно и што ли уште не!rnrnОва е нашата селекција на 25 ултра смешни СМС-пораки испратени од ајфон, кои веруваме дека ќе ве насмеат до солзи и ќе ви го продолжат животот за неколку години. Ако оваа доза хумор, извлечена од реални ситуации на луѓе не ви е доволна, продолжете со читање комични СМС-пораки на сајтот DamnYouAutoCorrect.com. Уживајте. 😀 😀 :DrnrnСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС поракиСмешни грешки при куцање СМС пораки
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најинспиративните песни на сите времиња

    Најинспиративните песни на сите времиња

    Сите имаме по некоја песна која ја слушаме во моменти кога ни треба нешто ментално да нè подигне. Еве една подолга листа на инспиративни песни, песни кои нè поттикнуваат на некаква акција, кои нè потсетуваат на убавината на животот, песни кои ни го подигнуваат расположението кога ни е тоа потребно, кои нè потсетуваат кои сме и зошто сме. Тешко е да се изберат најдобрите помеѓу илјадниците песни со вакво дејство, но оние од оваа листа со сигурност имаат едно нешто заедничко – сите нè инспирираат да станеме подобри личности. Не заборавајте да ја надополните листата со некој ваш личен фаворит.rnrnНајинспиративни песниrn

    Somewhere Over The Rainbow

    rnhttps://youtu.be/V1bFr2SWP1Irn

    Chariots of Fire

    rnhttps://youtu.be/8a-HfNE3EIorn

    It’s a Beautiful Day

    rnhttps://youtu.be/co6WMzDOh1orn

    Walking On Sunshine

    rnhttps://youtu.be/FIoWtw6jc-Irn

    What a Wonderful World

    rnhttps://youtu.be/ZQckLuSOwnMrn

    It’s My Life

    rnhttps://youtu.be/9SKFwtgUJHsrn

    That’s What Friends Are For

    rnhttps://youtu.be/HyTpu6BmE88rn

    Return To Innocence

    rnhttps://youtu.be/Rk_sAHh9s08rn

    Circle of Life

    rnhttps://youtu.be/IwH9YvhPN7crn

    You Raise Me Up

    rnhttps://youtu.be/9bxc9hbwkkwrn

    True Colors

    rnhttps://youtu.be/LPn0KFlbqX8rn

    When You Believe

    rnhttps://youtu.be/IFXuk3uvWHcrn

    I Will Survive

    rnhttps://youtu.be/ARt9HV9T0w8rn

    I Dare You To Move

    rnhttps://youtu.be/iOTcr9wKC-orn

    Hero

    rnhttps://youtu.be/0IA3ZvCkRkQrn

    I Believe I Can Fly

    rnhttps://youtu.be/GIQn8pab8Vcrn

    Another One Bites the Dust

    rnhttps://youtu.be/hMenB9Ywh2Qrn

    Holding Out for a Hero

    rnhttps://youtu.be/bWcASV2sey0rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.