Постерите направени од фирмата „Postertext“ ви овозможуваат да ја обесите вашата омилена книга на ѕид, буквално. Сите постери се направени од самиот текст во книгата, прецизно нареден за да отслика некоја од незаборавните сцени.rnБидејќи е невозможно целиот текст да се вметне во постерот, обично се опфаќа текстот од првите неколку поглавја, со исклучок на неколку, во кои е употребен текст од целата книга. Фонтот е доволно голем за некој со нормален вид да може да го прочита, без визуелни помагала.rnrn„Авантурите на Шерлок Холмс“ – Артур Конан ДојлrnrnОвие експресивни постери претставуваат одличен декоративен елемент за вашата канцеларија или дневна соба. Можат да бидат и добар поклон за љубителите на книги, а најинтересното е што можете да ги нарачате онлајн за цена од 24 до 35 долари, зависно од вашиот избор.rnrn„Авантурите на Том Соер“ – Марк Твенrnrn„Дракула“ – Брам Стокеrnrn„Моби Дик“ – Херман Мелвилrnrn„Грофот Монте Кристо“ – Александар Димаrnrn„20 000 милји под морето“ – Жил Вернrnrn„Војна на световите“ – Херберт Џорџ Велс
Ако досега ви се случило да ви биде напорно читањето, па во потрага по олеснување сте наишле на конвертор кој текстот го претвора во аудио, денес е веќе возможно и спротивното. Бејблфиск е уред во вид на очила кој ги претвора изговорените зборови во текст и тоа директно пред очите на оној кој ги носи.rn
Видете го она што го зборувате.
rnТоа е всушност софтвер за препознавање на говор кој се базира на алгоритми за помагање на слушањето кои овозможуваат препознавање на говор дури и во бучни средини. Штом зборовите се чуени, тие веднаш се преобразуваат во текст. Оваа функција ја овозможуваат вградените конторлори, додека двата микрофони детектираат од каде доаѓа звукот.Овој иновативен уред може да најде различна примена. Мрзеливите ученици можат да го применат за да се покажат при презентирање на училишните проекти, додека студентите би можеле полесно да си поминат при полагање испити. Бејблфиск може практично да се примени и во работни услови, како на пример за време на состаноци или предавања. Сепак, најкорисен е за луѓето кои имаат оштетување на слухот.Слушнатото со Бејблфиск веднаш се зачувува на флеш меморија во аудио и во текст формат, заради што е достапно и за понатамошна употреба. Ако вам ви паднат пар Бејблфиск очила во рака, сами одлучете дали ќе ги употребите или злоупотребите. Не ја обвинувајте иновативноста и креативноста за сè што може да произлезе од неа.