Денес, учењето странски јазик е сѐ поголем предизвик и потреба. Иако тоа ниту малку не е лесен процес, на крајот трудот и работата секогаш се исплатат. Сепак, постојат многу митови и заблуди во врска со јазиците кои се зборуваат ширум светот, а денес ви прикажуваме неколку интересни занимливости кои можеби ќе ве изненадат.rnrn
rn
Јапонскиот јазик е уникатен и невозможно е да го научите
rnМногу Јапонци со години наназад верувале дека нивниот јазик е уникатен и дека странците не можат вистински да го разберат и да го совладаат. Меѓутоа, граматиката на овој јазик е прилично едноставна, додека пак единствен најголем проблем за сите оние кои сакаат да го совладаат јапонскиот јазик е неговото писмо.rn
Францускиот јазик е пологичен во споредба со останатите јазици
rnМитот дека францускиот јазик е најјасен и најлогичен помеѓу сите останати, со векови е посилен од вистината. Имено, уште во 1647 година славниот француски филолог, Клод Фавр де Воглас рекол дека во сѐ што се кажува се следи редоследот на логично размислување, што воедно е и природен ред, а во тоа време владеело мислењето дека тој јазик поседува природна логика и јасност која другите јазици (па дури и латинскиот) ја немаат. Од друга страна, одредени лингвисти во францускиот јазик гледаат сложено совршенство како одраз на самата цивилизација. Но, вистина е дека е секој јазик е логичен и јасен во иста мера во која може да биде доживеан и како нејасен.rn
Кинеските знаци се наречени идеограми
rnИдеограм е графички симбол кој ја претставува идејата, наместо група букви, а многу европски мислители со векови верувале дека кинеските знаци служат токму за да се опише говорот. Италијанскиот мисионер Матео Ричи кинеското писмо го споредил со хиероглифи, а бидејќи тоа до ден денес е поедноставено, се дошло до тоа некои поими да се употребуваат како слогови, па може да се здружуваат што овозможува брзо читање и пишување. Некои од знаците кои се присутни во кинескиот јазик се освоени во системите за пишување во други источни јазици (како што е јапонскиот и корејскиот), а разликата помеѓу зборовите составени од повеќе симболи е екстремна. Исто така, за кинескиот јазик често се зборува дека претставува еден јазик, а говорниот кинески традиционално се дели на седум дијалектски групи.rnrn
rn
Велшкиот јазик е застарен
rnВелшкиот јазик го зборуваат околу 611.000 луѓе во Велс и околу 130.000 во Англија. Исто така, покрај англискиот, тој е и официјален јазик во училиштата.rn
Британскиот англиски е изворен англиски
rnМногумина сметаат дека англискиот јазик кој се зборува во Велика Британија е оригинален англиски и дека сите останати облици на тој јазик, како американскиот, австралискиот, новозеландскиот и јужноафриканскиот, многу се разликуваат од неговиот чист облик. Но, англискиот кој се зборува во Британија во последните три века значително се променил од стандардниот американски англиски.rn
Примитивните култури имаат примитивен јазик
rnПогрешно е сфаќањето дека културите со ниско ниво на материјален развој имаат едноставни јазични системи. Лингвистите го докажале спротивното од тоа дека примитивните јазици се одликуваат со недостаток на вокабулар, минимална граматика и слично, затоа што секој јазик подеднакво добро содржи сѐ што е потребно за да се каже она што се сака. Така на пример, во лапонскиот јазик има 1.000 различни зборови со кои може да се опише ирвасот.

rnrnПостоеле голем број мотиви за прифаќање на ова заедничко маратонско патување. Како жена која преживеала рак во текот на нејзините 60-ти години, Џанет преставува извор на инспирација и мотивација за другите луѓе. Воедно, парот имал за цел да промовира здрав, алтернативен животен стил, додека истовремено покрева „еколошка свест за одржлива иднина“.rnrn
rnrn
rn













rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
Рекордот за најголемата шолја кафе е поставен на 8-ми април, 2008 година, од страна на „
На 4-ти август, 2006 година е поставен рекордот за најдолгиот хот-дог во светот. Направен е од производителот за месо „Shizuoka Meat Producers “ и „
Најголемата мисирка е купена на аукција во Велика Британија на 12-ти декември, 1989 година. Тежела 39, 1 килограм, а на добротворната аукција била продадена за 4 400 фунти.
Ноќниот живот во Пукет, Тајланд, се измени засекогаш минатата есен, кога беше отворен ноќниот клуб Sound Phuket. Тој се наоѓа на третиот кат на трговскиот центар
Дизајнот на клубот е инспириран од човечкото уво, па затоа во него сé е заоблено. Интензивната музика и јаките визуелни ефекти ќе ви понудат незаборавно Sci-Fi искуство.

Отворен е пред нешто помалку од една година, а веќе е место во кое би отишле доколку сакате да бидете видени. Ресторанот работи одлично, а храната приготвена од врвниот мајстор Ентони Германи е неодолива.rn

Комплексот е распослан на 1000 квадратни метри на кои се наоѓаат бар, ресторан, ноќен клуб, хала и музичко студио. Поранешниот магацин сега претставува празник за очите и одлично место за забава.rn
rnrn rn
Навистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.rn























