КАФЕ ПАУЗА

Tag: свекрва

  • Брутално искрено отворено писмо од една свекрва до нејзината снаа

    Брутално искрено отворено писмо од една свекрва до нејзината снаа

    „Сум видела многу совети за свекрви во кои се говори за тоа што смеат, а што не, само за да не ѝ пречат на својата снаа. Се трудам. Но, доколку навистина сакаш да се согласуваме, еве ти неколку совети кои и ти исто така би требала да ги следиш“, е почетокот на искреното писмо од една свекрва упатено до нејзината снаа кое во продолжение ви го пренесуваме во целост.rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnАко не сметаш дека сум добредојдена во секој момент тогаш немој ни да ми го кажуваш тоа, па после да се жалиш на Фејсбук дека постојано висам во твојата куќа и го пикам носот таму каде што не му е место. Ако не мислиш „секогаш“, тогаш води сметка пред тоа да го кажеш. Извини ако не сум разбрала дека мора однапред да закажам термин за да ги видам своите внуци. Ако тоа нè одржува во мир, тогаш тоа и ќе го правам. Разбирам дека моето доаѓање без најава е непристојно, но од некоја причина ти никогаш не ми се јавуваш на телефон, па тогаш…rnrnЈави се на проклетиот мобилен! Не сум телефонски оператор кој се обидува да подметне мобилна тарифа која не ти треба. Мајка сум му на твојот сопруг, баба на твоите деца и најмалку што можеш да направиш е да се јавиш на телефон со цел да ми кажеш: „Извини, рацете ми се полни со работа и сега не можам да разговарам“.rnrnГи обожавам внуците, но не сум 24/7 на располагање. Иако не можеби не ти изгледа така, и јас имам свој живот. Ако сакаш да ги чувам децата, ќе го направам тоа со одушевување. Но, мораш навреме да ме замолиш за да го организирам својот распоред. Ако очекуваш да го почитувам твоето време и простор, го очекувам истото за возврат. Ти ветувам дека ќе одговорам кога ќе ми се јавиш.rnrnОднесувај се како возрасна личност и немој да ме озборуваш зад грб. Сигурна сум дека моето дете, а мојот син е моето дете, не сака да биде помеѓу нас две, баш како што ни ти не би сакала. Ако имаш проблем со мене, однесувај се како голема девојка и разговарај со мене за тоа.rnrnПасивната агресија е само агресија и е непристојна. Немој да зборуваш како ми е светната куќата и одма потоа да додадеш дека сепак ти повеќе сакаш да поминуваш време со децата, а не со метлата во рака. Ти имаш мали деца, а моите се возрасни. Своето сум го направила. Разбери го тоа. Ако мојата куќа е средена, тоа не значи дека автоматски те критикувам поради нередот во твојата.rnrnНемој да ми купуваш облека и украси, ако се разликуваат од она што веќе го имам. На подарениот коњ не му гледам во заби, но јасно е дека купуваме од различни каталози. Бонот за подарок или нешто што децата го направиле мене ми е доволно. Ако не си забележала, имам модерна кујна и навистина не знам како да се снајдам со тие рустични декоративни предмети што ми ги подаруваш.rnrnЈа одлучувам како ќе ги трошам своите пари. Ако сакам да им подарам дарови на внуците, тоа е затоа што можам и затоа што сакам. Од тебе не очекувам да ми враќаш денар за денар.rnrnСакам мојот син да биде среќен и да има среќен брак, но имам една вест за тебе – јас сум му мајка. Секогаш ќе му бидам мајка. Ако вас ве раздели нешто, јас до крајот на својот живот ќе бидам тука за него. Еден ден и твоите деца ќе пораснат, па ќе го сфатиш тоа.rnrnДали сфати колку сум сјајна мајка? Толку сум сјајна што сум го одгледала мажот за кој си одлучила да се омажиш и да имаш деца со него. Можеби не сум во тренд, не читам книги за воспитување на деца и можеби не сум им дорасната на твоите стандарди, но изгледа дека сепак сум направила нешто проклето добро. Не мораш да скокаш секогаш кога ќе отворам уста. Извини ако давам совети кои не си ги барала, но од мене зборува искуството низ годините. Можеби некогаш и би требало да ме послушаш.rnrnЗнам дека не ми веруваш, но не се обидувам да те контролирам или да те осудувам. Не. Океј, можеби малку те осудувам. Но, тоа е посилно од мене, иако се трудам. Само сакам син ми и внуците да имаат среќен и добар живот. Тој е твој сопруг, но исто така е и нечиј син, брат, вујко, внук и татко. Мораш да го делиш, без разлика дали ти се допаѓа тоа или не. Биди дарежлива во тоа, затоа што јас сум. Ти звучи сето ова изводливо? Се надевам дека да. Еве, ќе ги чувам децата преку викендот за вие двајца да можете да имате вечер само за вас. Само вети ми дека нема цела вечер да ме озборуваш мене. Може?“rnrn[/message_box]rn

    Автор: Наталија Наумовска

  • 25 работи што сите свекрви потајно ги мислат, но никогаш не ги кажуваат

    25 работи што сите свекрви потајно ги мислат, но никогаш не ги кажуваат

    Иако вам можеби ви се чини дека свекрвата сака само да ви „соли памет“, не сте сосема во право. И на свекрвите им е тешко да се прилагодат на промените, но нивните намери се секогаш најдобри. Токму затоа, тие ги премолчуваат следниве работи, иако потајно ги мислат…rnrn25 работи што сите свекрви потајно ги мислат, но никогаш не ги кажуваатrn

    1. „Боли кога некој ќе ве замени“

    rnВо првите децении од неговиот живот, таа била жената која најмногу се грижела за вашиот сопруг, а сега одеднаш нејзината улога е споредна. Дајте ѝ време да се прилагоди на промената.rn

    2. „Знам дека тој е сега твој сопруг“

    rnНо, тој сѐ уште е нејзин син. Без разлика што тој пораснал и се оженил, мајчинската грижа и понатаму треба да присутна во неговиот живот.rn

    3. „Немаш самодоверба“

    rnДури и најмалите, обични коментари што излегуваат од устата на свекрвите, невестите ги доживуваат како критики и навреди, па затоа мораат многу да внимаваат за да не ги повредат.rn

    4. „Добро би било да покажеш малку благодарност“

    rnИако можеби не ви се допаѓа нејзиниот подарок за роденден, таа сепак го купила и потрошила време за да го одбере. Заблагодарете ѝ се искрено.rn

    5. „Го посакувам најдоброто и за тебе и за мене“

    rnМајките/свекрвите честопати им велат на нивните синови дека сакаат да бидат среќни и да имаат убав живот, но ретко кога кажуваат гласно дека и тие самите би сакале да бидат среќни. Сакаат да бидат вклучени, да ги прашувате за совет и да разговарате со нив.rn

    6. „Имам големо искуство…“

    rnВашата свекрва знае дека планирате да купите стан, вие знаете дека таа веќе купила и продала неколку станови во нејзиниот живот, а сепак никој не бара совет од неа. Зошто?rn

    7. „Доаѓам во посета“

    rnСвекрвите доаѓаат за да го видат семејството, а не состојбата на домот. Тие не очекуваат дека станот ќе блеска и покрај тоа што имате мали деца. И тие биле млади мајки и свесни како изгледа домот преполн со деца. Опуштете се кога ќе ви дојде свекрвата на гости. Пуштете ги децата да си играат со неа и уживајте во мирните моменти.rn

    8. „Го имам неговиот телефонски број“

    rnАко вашата свекрва сака насамо да разговара со нејзиниот син, ќе му се јави на мобилен. Нема да го бара на домашниот телефон.rnrn25 работи што сите свекрви потајно ги мислат, но никогаш не ги кажуваатrn

    9. „Многу сум благодарна“

    rnСвекрвите се многу благодарни за малите работи што им ги овозможуваат снаите, како на пример, тоа што не се расправаат кога му дозволуваат на сопругот сам да отиде во посета на мајка му. Сите мајки сакаат да си ги имаат децата само за себе, барем на кратко.rn

    10. „Имам мала тајна…“

    rnТаа се плаши дека ќе го прекинете контактот со неа, ако погреши нешто. Тоа е нејзината најголема тајна.rn

    11. „Јас, како баба, се натпреварувам со мајка“

    rnНекои мајки немаат средства да купуваат скапи подароци или да го носат децата на скапи излети. Сѐ што можат да направат е да ги причуваат децата и да ве сакаат со сето нивно срце.rn

    12. „Среќна сум што ве имам“

    rnКога свекрвата ќе дојде да преспие кај вас дома, ја дочекувате со подготвена соба, чисти пешкири и сѐ друго што ќе ѝ затреба. Тоа таа многу го цени и многу е благодарна.rn

    13. „Ги чувам работите што ми ги подарувате“

    rnМногу се благодарни за секој магнет што ќе ѝ го донесете од вашите патувања.rn

    14. „Не треба да ме викаш ’мамо’“

    rnТаа не го очекува тоа од вас, но би сакала да бидете доволно блиски за да можете да разговарате за сѐ што ви се случува.rn

    15. „Сакам да ве направам среќни со моите мали гестови“

    rnАко ви купила нешто што не ви се допаѓа, можете да ѝ го кажете тоа, но на љубезен начин.rn

    16. „Ти благодарам што го правиш син ми среќен“

    rnДоколку вашата свекрва никогаш не ви го кажала ова, тоа е така затоа што не сака да си помислите дека ви се умилкува. Таа е многу благодарна што нејзиното дете е среќно со вас.rnrn25 работи што сите свекрви потајно ги мислат, но никогаш не ги кажуваатrn

    17. „Многу сум љубопитна“

    rnТаа очајно сака да знае кога ќе стана баба!rn

    18. „Многу би сакала да разговарам со тебе за важни работи“

    rnСвекрвите многу пати стојат на страна и гледаат како донесувате животни одлуки што можеби не се најдобри за вас.rn

    19. „Свесна сум дека нема уште долго да бидам со вас“

    rnТаа сака да биде среќна во последниот период од животот, а не да се расправа за ситници.rn

    20. „Разговарај со мене“

    rnАко мислите дека не можете да разговарате со вашата свекрва затоа што не ја знае целата приказна, објаснете ѝ. Таа само сака да помогне.rn

    21. „Би сакала да бидеме поблиски“

    rnПоследниот пат кога ви била на гости, едвај сте размениле неколку збора. Таа не разбира зошто е тоа така. Доколку постои некаков проблем, би сакала да го решите што е можно побрзо.rn

    22. „Мислев дека ќе бидеш среќна поради тоа што сум ти свекрва“

    rnТаа се надевала дека ќе се разбирате, но ситуацијата е поинаква и тоа ја убива.rn

    23. „Некои свекрви кажуваат секакви работи“

    rnНо, вистинската свекрва никогаш не го прави тоа намерно.rn

    24. „Моите повици во 8 часот наутро во сабота не се злонамерни“

    rnТаа се надева дека нема да ве налути со тоа што ви се јавува наутро. Вашата свекрва едноставно не може да дочека да го започне викендот со вас.rn

    25. „Сум имала богат, возбудлив и комплициран живот“

    rnТаа би сакала да ја доживувате како интересна жена, а не само како свекрва. Свекрвите пред сѐ се луѓе со возбудливо минато, а не здодевни баби кои сакаат да ве нервираат.rnrnДоколку сепак не можете да излезете на крај со мајката на вашиот сопруг, можеби ќе ви помогнат следниве 10 совети за да се справите со вашата свекрва.

  • Како да бидете најдобри пријателки со вашата свекрва?

    Како да бидете најдобри пријателки со вашата свекрва?

    Добивањето признание од мајката на сопругот е можеби најголемиот предизвик со кој се соочуваат девојките што стапуваат во брак. Па, како да го добиете нејзиното признание? Овие 6 совети не само што ќе ви помогнат во тоа, туку ќе ви помогнат ѝ да станете најдобрата пријателка на вашата свекрва.rnrnkako-da-bidete-najdobri-prijatelki-so-vashata-svekrva-kafepauza.mkrn

    1. Побарајте совет од неа

    rnПокажете ѝ на вашата свекрва дека ја почитувате и дека го цените нејзиното мислење со тоа што ќе побарате некој совет од неа. Прашајте ја за некој рецепт, или за бојата на дневната соба и сè друго за кое би сакале помош. Таа навистина ќе го цени тоа што сте побарале помош од неа.rn

    2. Јавете ѝ се само за да ја слушните

    rnКога сте се омажиле со нејзиниот син, таа прифатила дека го „изгубила“ поради вас. Кога ќе ѝ се јавите и ќе ѝ покажете дека сакате да изградите некаква врска со неа, тоа навистина ќе ѝ помогне да се справи со промените во нејзиниот живот. Наместо да мисли дека го изгубила синот, ќе биде многу подобро да мисли дека всушност сега има нова ќерка.rn

    3. Посетувајте ја

    rnОдлично е да ѝ се јавите, но уште подобро е ако отидете да ја посетите. Посетата ѝ покажува дека ви недостига и дека ја сметате за семејство. На вашата свекрва ќе ѝ биде многу полесно да ве сака кога ќе се обидете да ја вклучите во новото семејство. Особено кога ќе имате деца, таа навистина ќе сака да биде дел од нивниот живот. Ако се навикнете да ја посетувате на почетокот, ќе ви биде многу полесно да ги носите вашите деца почесто да ја посетат нивната баба.rn

    4. Поврзете се со неа

    rnДури и ако мислите дека немате ништо заедничко, таа сепак го одгледала вашиот сопруг. Таа исто така е свесна за сите негови досадни навики (како оставање на чорапите во дневната или ставање на празното пакување млеко во фрижидерот). Кажете некоја едноставна шега за неговите интересни недостатоци и навики. Кога вашата свекрва ќе сфати дека може да се шегува со вас, таа ќе се чувствува многу поудобно во вашето друштво.rn

    5. Немојте да се натпреварувате со неа

    rnДајте ѝ време да биде сама со својот син без вие да ѕиркате наоколу. Ова може да звучи чудно, но многу е нормално свекрвите да почнат да се натпреваруваат со нивните снаи. Ако таа сака да му го направи омиленото јадење на нејзиниот син, немојте да се натпреварувате со тоа. Кога ќе сфати дека нема потреба да се натпреварува со вас, таа ќе настојува и вие секогаш да бидете во близина.rn

    6. Заблагодарете ѝ се

    rnОваа жена, без разлика како се чувствувате за неа, го изгледала мажот од вашите соништа. Дури и ако не се согласувате за многу работи, таа сигурно има направено нешто добро, нели? Заблагодарете ѝ се што го научила вашиот сопруг да биде добар маж, маж со кој сакате да создадете семејство.rnrnВашата свекрва само сака да биде дел од вашиот живот. Правејќи ги овие работи вие ќе ѝ покажете дека сакате да ја вклучите и дека сакате да бидете дел од нејзиниот живот. Ако сè се одвива како што треба, не само што ќе стекнете нов пријател, туку ќе имате и уште една мајка. И вашите деца ќе ви бидат благодарни ако ја имаат нивната баба во нивниот живот.rnrnПогледнете ги и 5-те работи кои никако не смеете да ѝ ги кажете на свекрвата.

  • Интересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд

    Интересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд

    Постои општо верување дека снаите и свекрвите не се согласуваат. Колку и да постојат исклучоци од ова, сепак, на оваа сметка се направени безброј шеги. Без разлика во која позиција сте моментално, дали сте снаа или свекрва, не треба премногу сериозно да ги сфаќате овие шеги. Сепак, нивната цел е да ве насмеат. Погледнете некои од нив во продолжение и разубавете си го овој викенд.rnrnИнтересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викендrnrn1. Мојата свекрва е вистинско богатство. А богатството мора да биде закопано.rnrn2. Која е разликата помеѓу свекрва и терорист? Со терористот понекогаш можете да направите компромис.rnrn3. Една девојка ја прашува нејзината пријателка: Дали го пронајде човекот кој ја спаси свекрва ти од давење во реката? На тоа таа одговорила: Да, а веќе и ми се извини.rnrn4. Ако немаш ништо добро да кажеш, тогаш најверојатно си ми свекрва.rnrn5. Добро е да имате четири мажи, но како би се справиле со четири свекрви?rnrn6. Колку свекрви се потребни за да уништат еден брак? Само една… мојата!rnrn7. Адам и Ева биле најсреќен пар, затоа што Ева немала свекрва.rnrn8. Колку свекрви се потребни за да ја променат сијалицата? Само една. Таа ќе застане и ќе чека светот да се врти околу неа.rnrnИнтересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викендrnrn9. Разговор помеѓу две пријателки. Едната вели: Мојата свекрва е ангел. На тоа другата одговара: Колку си среќна. Мојата е сѐ уште жива.rnrn10. Навистина заслужувам Нобелова награда за мир затоа што премолчувам многу работи што сакам да ѝ ги кажам на мојата свекрва.rnrn11. Драга моја свекрво, нареден пат кога ќе ми биде потребно бескорисно мислење кое не е добро дојдено, ќе знам каде да се обратам. Ти благодарам.rnrn12. Никогаш не заборавам лица. Но кога станува збор за свекрва ми, би направила исклучок.rnrn13. Никогаш не правам будала од мојата свекрва. Секогаш ја оставам сама да си го покаже природниот талент.rnrn14. Кои се најлошите работи во врска со вашата свекрва? Нејзините лица!rnrn15. Свекрвата ја прашува девојката на нејзиниот син: Значи, сакаш да ми станеш снаа? Девојката на тоа одговара: Па не сакам, ама не гледам друг начин да се омажам со твојот син!rnrn16. Што се измешани емоции? Кога ќе ја видите вашата свекрва со крпа во вашиот автомобил.rnrn17. Што е најлошото нешто што може да ви го каже докторот кога ќе ја однесете вашата свекрва во болница? Жал ни е, бевме во можност да ја спасиме.rnrnИнтересни шеги за свекрвите кои ќе ви го разубават овој викенд

  • Астрологијата открива каква е вашата сегашна или потенцијална свекрва

    Астрологијата открива каква е вашата сегашна или потенцијална свекрва

    Не мора да значи дека сè ќе тргне наопаку со мајка му штом се мажите, но пожелно е да ги имате овие работи на ум.rnrn(1) Astrologijata-otkriva-kakva-e-vashata-segashna-ili-potencijalna-svekrva-www.kafepauza.mkrn

    Овен

    rnКога таа ќе се доближи до вашиот дом ќе се чувствувате како војник на кого му се приближува генерал. Дома ви влегува како ураган и се однесува како да не ја интересира вашиот личен живот, но нека не ве залажува тоа. Нејзе ја интересира повеќе од она што можете да замислите. Очекувајте да ви пререкува заради готвењето, затоа што таа не сака нејзиното синче да пати поради вашето „лошо“ готвење. Сака секаде да заповеда и да суди, па затоа е важно да ѝ се спротиставите уште од самиот почеток.rn

    Бик

    rnТаа ќе биде горда на вас – сопругата на нејзиниот син, но кога најмалку очекувате ќе ве потсети дека сте во брак со него, онака без причина. Тоа ќе значи дека нешто не ѝ се допаѓа. Свекрвата родена во Бик е материјалист и секогаш ќе има што да ви каже за вашите финансии. Опседната е со ред и чистота. Доколку сакате да ѝ угодите со некој подарок, имајте предвид дека нема толку да ја интересира убавината на подарокот, колку неговата цена. Ако често ѝ ги оставате децата на чување, очекувајте да бидат разгалени и дебели.rn

    Близнаци

    rnАко нејзе ѝ оставите добар впечаток, тоа ќе биде како да сте добиле на лотарија. Тешко ќе се разберете со неа, затоа што едно мисли, друго говори, а трето прави. Ќе биде идеална за чување деца затоа што има силно чувство на одговорност. Сака да се меша во личниот живот на својот син, а во брачните расправии нема секогаш да биде на негова страна. Тоа ќе биде така не затоа што ве сака вас, туку затоа што одлучува според моменталното расположение.rn

    Рак

    rnРакот е предвидлива свекрва и не е опасна, но е доста раздразлива. Не обидувајте се да ја излажете затоа што има силна интуиција. За нејзината храна секогаш треба да велите дека е совршена и неповторлива за да не се најдете на нејзината црна листа. Многу е чувствителна, но сè што прави е за да биде поблиску до децата и семејството.rn

    Лав

    rnНемате среќа ако ви се падне ваква свекрва. Таа во вас ќе гледа своја конкуренција, па затоа не очекувајте пофалби од нејзина страна. Покажете заби уште на почетокот затоа што таа е еден од најинтелигентните знаци во зодијакот и ќе знае да игра валкано со вас. Постојано ќе се труди да ве контролира вас и вашиот дом затоа што таа има потреба да надгледува сè околу неа. Нејзина добра страна е што е добар педагог и нема да ги разгали внуците и покрај големата љубов.rn

    Девица

    rnТаа е многу поразумна и поедноставна свекрва од другите и не се обидува да се наметне по секоја цена. Ако домот постојано да ви биде супер чист и таа нема да ви најде мана. Во спротивно ќе се однесува како полицаец и ќе ве држи на око. Штедлива е и затоа можете од неа да добиете добар финансиски совет. Ако разговарате со неа за парите, тоа многу ќе го зацврсти вашиот однос.rn

    Вага

    rnТаа ќе биде ваша десна рака. Секогаш ќе биде тука во ситуациите во кои ви е потребна и во оние во кои не ви е потребна. Нема лесно да се вовлекува во семејните расправии. Секогаш ќе биде добро расположена и ќе им купува скапи подароци на внуците.rn

    Скорпија

    rnНикогаш не знаете каква свекрва ќе биде Скорпијата. Таа може да биде прав тиранин кој ќе ве стрела со поглед и со зборови или пак ќе ве обожава. И во двата случаи битно е да бидете искрени со неа, затоа што многу го цени тоа. Обично е тешка на почетокот, но со тек на време ќе видите колку е таа чувствителна, внимателна и спремна да помогне во секоја ситуација.rn

    Стрелец

    rnСвекрвата родена во овој знак ќе биде отсутна. Смета дека нејзиниот син не е веќе нејзина грижа, туку ваша, и затоа нема во ништо да ви се меша. Ќе бидете опуштени покрај неа. Нејзе во подоцнежните години од животот ја интересира духовниот свет, па може да се зближите доколку тоа ви е заедничко.rn

    Јарец

    rnСе меша само кога парите се во прашање затоа што тоа ја опседнува. Останатиот дел од вашиот заеднички живот со нејзиниот син не ја интересира премногу. Ако ви затреба некој да ви помогне со готвење или да ви позајми пари, таа е тука. Немојте да ѝ оставате премногу време со вашите деца затоа што може неверојатно да ги разгали.rn

    Водолија

    rnНејзе ја интересира општата благосостојба и речиси нема да се меша во вашиот брак. Ако интелектуално не сте рамни на неа, таа помалку ќе ве сака, но секако ќе ве почитува. Секогаш можете да побарате пари на заем од ваква свекрва. Ако ѝ дозволите да влијае на внуците, таа ќе сака да ги научи да мислат самостојно.rn

    Риби

    rnНема да сака да излезе од кај вас, но не за да ве контролира, туку за случајно да не ви затреба нешто. Држете ја на дистанца, но спомнувајте ѝ колку ја цените нејзината помош. Така ќе направите да се чувствува удобно покрај вас. Ќе биде прекрасна баба на вашите внуци поради нејзината бескрајна внимателност.

  • 5 работи кои ни под разно не смеете да ѝ ги кажете на свекрвата

    5 работи кои ни под разно не смеете да ѝ ги кажете на свекрвата

    Колку и да е вашата свекрва неподнослива, надмена и арогантна, некои работи не смеете никогаш да ѝ ги кажете в лице, пред сè заради вас, вашиот сопруг и вашиот брак.rnrn5 работи кои ни под разно не смеете да ѝ ги кажете на свекрватаrn

    Зошто мораш да му се јавуваш баш секој ден?

    rnОна што би следело како одговор на ова прашање не би сакале да го слушнете ни во вашиот најголем кошмар. Како може да помине ден, а мајката да не се јави да го праша синот дали е добар, како му прошол денот, што ќе јаде за ручек и слично? Тој самиот треба да се справи со мајка му во врска со ова, не вие.rn

    Син ти е одличен во кревет

    rnНикогаш, ама баш никогаш не ја спомнувајте темата секс пред вашата свекрва. Тоа за неа е табу тема и што се однесува до неа, тоа нејзиниот син не го прави.rn

    Не сакам да седам дома и да чувам деца додека син ти си гради кариера

    rnВо нејзино време тоа не било така. Местото на жените било во домот, со децата, а за нивната кариера не можело ни да стане збор додека тие не пораснат. Исто така, ако одлучите да бидете мајка со кариера, подгответе се да слушате критики.rn

    Убаво беше јадењето, само малку мрсничко, ми се затнаа крвните садови 🙂

    rnВо никој случај да не ви падне на памет да го критикувате нејзиното јадење. Дури, треба да изедете што повеќе, да побарате репете и една порција за носење за да се насладите и другиот ден од нејзиниот вкусен ручек. Откако ќе го испофалите нејзиното готвење, можете да побарате и десерт за кој сте убедени дека ќе биде многу добар.rn

    Бараме куќна помошничка, немам време да чистам и да средувам по дома

    rnКако е можно некоја непозната жена да ви седи по дома, да ги пегла кошулите на нејзиниот син, да ви го раскрева креветот во кој спиете и да ви ја пере долната облека? Овие работи не се за кажување пред свекрвата, бидејќи во нејзино време таа ги правела сите овие работи и плус се грижела за одгледување на нејзиниот син кој е сега ваш сопруг. Ако си најмите жена за помош во домот, склопете договор за дискреција и молчење – што е сигурно, сигурно си е.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто не се согласуваат снаите и свекрвите?

    Зошто не се согласуваат снаите и свекрвите?

    Според истражувањето спроведено од страна на веб-порталот „One Poll“, околу 40% од дамите имаат лош однос со своите свекрви, а голем дел од нив секојдневно водат војна, поради „добронамерните“ совети кои им ги упатува нивната свекрва. 4 од 10 жени имаат тежок однос со свекрвата, а 1 од 10 жени, воопшто не комуницира со свекрвата, за да ги избегне честите расправања. Најголем повод за кавга, е вмешувањето на свекрвата во воспитувањето на децата.rnrnЗошто не се согласуваат снаите и свекрвите?rnrnСвекрвите кои пред своите снаи честопати ги започнуваат речениците со „Во мое време јас правев вака“, или се фалат дека синот ги наследил добрите особини од неа, се најомразени помеѓу женската популација, а најлоша е онаа која се осудува на сопругата на нејзиниот син да ѝ дава финансиски совети.rnrnЗошто не се согласуваат снаите и свекрвите?rnrnОколу половина од мажените жени, признале дека се имаат искарано со нивниот сопруг поради вмешувањата од страна на неговата мајка, а 15% за малку ќе ја прекинеле љубовната врска поради конфликт со свекрвата.rnrn

    Еве каде грешат свекрвите

    rn

      rn011

    • Дава совети за „подобро“ воспитување на децата.
    • rn011

    • Се однесува како да знае ама баш сѐ подобро од снаата.
    • rn011

    • Дава изјави од типот „Во мое време постапувавме вака…“
    • rn011

    • Ја критикува снаата околу воспитувањето на децата.
    • rn011

    • Им дава на децата премногу слатки и нездрава храна.
    • rn011

    • Се прави дека знае што на внуците им се допаѓа, а што не.
    • rn011

    • Не ја слуша снаата.
    • rn011

    • Ги потенцира добрите особини на синот, бидејќи тој ги „наследил“ од неа.
    • rn011

    • Се меша во финансиските работи на нејзиниот син и снаата.
    • rn011

    • Го прашува синот „Јадеш доволно? Изгледаш слабо“.
    • rn011

    • Ѝ дава забелешка на снаата дека треба да ослаби.
    • rn011

    • Им потенцира на синот и снаата дека треба побрзо да имаат деца, зашто нема да се подмладат.
    • rn011

    • Ги критикува јадењата на снаата, бидејќи таа не знае да зготви доволно добро.
    • rn011

    • Дава забелешки за облеката на снаата.
    • rn011

    • Одбива да слуша совети од снаата како да ги чува внуците, бидејќи знае, „и таа имала свои деца“.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 начини да се справите со терсене свекрва

    10 начини да се справите со терсене свекрва

    Некои жени се благословени со прекрасни свекрви кои се секогаш расположени да ги чуваат внуците и да помогнат со домашните обврски на снаата. Но, оние понесреќните на кои им се „потрефува“ да имаат незгодна свекрва, која секогаш критикува и создава проблеми по дома, едноставно не можат да го поднесат тој стресен однос. Следуваат неколку совети за справување на снаата со нејзината свекрва.

    rn

    10 начини да се справите со терсене свекрва

    rnrn

    1. Спречете ексалирање на кавгата

    rnСекогаш кога ќе имате некоја непријатна ситуација со вашата свекрва, обидете се да останете смирени. Особено ако сте премногу вознемирени од нејзината постапка, најдобро ќе биде да не и враќате ништо за да не прерасне кавгата во сериозен проблем. Бидете искрени со неа и дајте и на знаење дека ви треба „тајм аут“. Излезете од просторијата за да си ја „оладите главата“ и потоа смислете добар план за тоа како најдобро би се справиле со ситуацијата.rn

    2. Не сфаќајте си ништо лично

    rnНикогаш немојте да си ги сфаќате при срце коментарите упатени кон вас од вашата свекрва. Некои свекрви никогаш не би се задоволиле со изборот на нивниот син на жената на неговиот живот. Едноставно кажано, ниедна не е доволно добра за нејзиниот син. А вие бидејќи го љубите вашиот сопруг, обидете се на посмирен начин да излезете на крај со неговата мајка.rnrn10 начини да се справите со терсене свекрваrn

    3. Определете си ги приоритетите

    rnНемојте да и дозволите на вашата свекрва да ве совлада, да ја исцица вашата енергија и целата моќ да ја оставите во нејзини раце. Наредете му на вашиот ум дека без разлика колку ужасна таа знае да биде кон вас, никогаш нема да дозволите негативната енергија која ја создава, лошо да повлијае на вашиот дом и на вашата способност да бидете одлична сопруга и мајка.rn

    4. Задачата на сопругот

    rnМажот е главата на семејството и негова одговорност е секогаш да ве заштитува вас и децата, па дури и од неговата сопствена мајка. Тој во ниедна ситуација не треба да дозволи неговата мајка негативно да зборува за вас или да се однесува лошо со вас. Обидете се да го натерате да сфати како вие се чувствувате во врска со односот кој го имате со свекрвата, и која е неговата улога во него.rnrn10 начини да се справите со терсене свекрваrn

    5. Заклучете ги бравите

    rnНикогаш не и давајте на вашата свекрва резервен клуч од вашата куќа. Ненајавените посети не се секогаш добредојдени, па ако вие или вашиот сопруг и дадете клуч, ќе ја изгубите улогата на добра снаа која ја повикува свекрвата на ручек или пак ќе добиете критика дека не сте ја поканиле на гости одамна, а таа всушност се појавува на прагот од вашиот дом во секое време и невреме.rn

    6. Разговарајте со неа

    rnНаправите искрен муабет со вашата проблематична свекрва. Објаснете и како нејзините постапки влијаат врз вашето семејство. Можеби таа не може да сфати дека нејзиниот син не е повеќе нејзиното малечко кое треба да го пази, туку дека сега тој има свое семејство за кое треба да се грижи. Со внимателно одбрани зборови, најдете начин да и прикажете која е нејзината улога како свекрва.rnrn10 начини да се справите со терсене свекрваrn

    7. Секоја приказна има две страни

    rnОбидете се да сфатите каква е вашата свекрва под површината, кои се нејзините добри карактеристики и слаби страни. Можеби целата глупава ситуација е резултат на страшно недоразбирање или можеби таа има причина да биде загрижена. Што и да се врти низ нејзината глава, обидете се да дознаете лично од неа зошто сето тоа се случува, а потоа продолжете понатаму со вашето нормално секојдневие.rn

    8. Бидете подобрата личност

    rnОва можеби е многу полесно да се каже, отколку да се направи, но никогаш немојте да и пристапувате на вашата свекрва со бес и лутина, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Со „ладна глава“, смирен тон и искреност, решавајте ја ситуацијата на најлесен и најбезбеден начин.rnrn10 начини да се справите со терсене свекрваrn

    9. Ставете се во нејзина кожа

    rnБез разлика колкав е нејзиниот син, таа секогаш ќе биде негова мајка, која го сака и му мисли добро. Вашата свекрва можеби има проблем да го пушти нејзиниот син да порасне. Ставете се себеси во нејзини чевли и анализирајте го нејзиното однесување со синот од таа перспектива.rn

    10. Добриот збор железни врати отвора

    rnОбидете се од своја страна колку можете повеќе да придонесете вашиот однос со свекрвата добро да се изгради за да функционирате како семејство. Понекогаш можеби ќе треба да правите отстапки, но резултатите кои можат да произлезат од тоа ќе бидат вредни за вашиот вложен напор. На крајот на краиштата, таа ќе биде дел од вашата фамилија додека некој од вас две не умре, па зошто да не се потрудите да го направите тој однос поподнослив?rnrn10 начини да се справите со терсене свекрваrnrnНадминувањето на разликите помеѓу вас и вашата свекрва може да не биде воопшто лесна или брза задача, но ако вашите обиди родат хармонија во вашето семејство, тогаш значи вредело. Дали навистина сакате да бидете сопруга која ќе поставува граници и ќе бара од нејзиниот маж да одбере помеѓу неговата мајка и вас? Внимавајте со поставувањето ултиматуми – можеби нема да ви се допадне резултатот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.