КАФЕ ПАУЗА

Tag: Св. Валентин

  • Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

    Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

    Денот на вљубените полека се приближува, а романтиката и љубовните теми веќе започнуваат да ги преплавуваат социјалните мрежи, како и нашите мисли. А, има ли нешто поромантично од еден силен, несебичен, праведен суперхерој кој буквално ќе ве издигне во облаците? Во продолжение погледнете кој суперхерој од познатите стрипови може да биде вашиот потенцијален партнер за Денот на вљубените, според вашиот хороскопскиот знак.rn

    1. Овен: Капетан Америка (Captain America)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnОвните уживаат во материјалните задоволства на животот и сакаат да бидат сигурни дека тоа секогаш ќе биде така. Според астролошките прогнози, постојат можности за подобар финансиски план за Овенот, па на нив е да одлучат дали ќе ги искористат тие можности или не. Бидејќи претставуваат поларни спротивности, Капетан Америка со својата смиреност и љубезност е совршениот избор за Овните.rn

    2. Бик: Зелениот фенер (The Green Lantern)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnБиковите обично знаат како добро да се снајдат во секоја ситуација. Нивните противници често немаат никакви шанси против нив, но можеби треба да им дадат една. Потребни се двајца за да се игра танго, а можеби ризикот ќе се исплати. Зелениот фенер знае како да се справи со тврдоглавоста на Биковите и затоа тој е и најдобриот партнер за нив.rn

    3. Близнаци: Зан од Неверојатните близнаци (Zan of the Wonder Twins)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnСпоред астролошките прогнози, ова е добар период за Близнаците да ги зајакнат своите врски со пријателите и најблиските. Како и секогаш, клучно е да останат позитивни и добро расположени. Зан знае како е да се биде брат близнак, па совршено ќе ги разбере сите нивни потреби.rn

    4. Рак: Молњата (The Flash)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnРаковите се секогаш емотивни, среќни и романтични, а најмногу им оди од рака кога ќе ги променат плановите во последен момент. Спонтаноста е вистинскиот пат кој треба да го изберат, бидејќи така ќе бидат пријатно изненадени. А, зарем постои некој побрз и поспонтан од Молњата?rn

    5. Лав: Спајдермен (Spiderman)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnЛавовите се инспиративни и мотивирани. Тие имаат толку многу идеи и промени, а толку малку време. Важно е да останат фокусирани на своите мисли, бидејќи некои од овие идеи гарантираат успех и подобра финансиска состојба. Спајдермен, со неговата харизма и интелигенција, ќе биде совршениот партнер за нив.rn

    6. Девица: Бетмен (Batman)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnСлободоумни, толерантни и отворени, Девиците знаат како да ги прифатат другите личности онакви какви што се. И токму поради тоа тие ја уживаат и нивната поддршка. Сега е нивната шанса да ги остварат своите најголеми соништа, бидејќи го имаат сè она што им е потребно. А, кој може да ви даде поголема поддршка (од секој можен аспект) од темниот витез?rnrn

  • Момче подготвило прекрасен подарок за девојка си за Св. Валентин: Ја претворил во принцеза на Дизни

    Момче подготвило прекрасен подарок за девојка си за Св. Валентин: Ја претворил во принцеза на Дизни

    Брајан Флин не е уметник, но имал уметничка идеја за подарок по повод Денот на вљубените. Не знае добро да црта, па затоа го ангажирал илустраторот Дилан Бонер за да ја претвори својата девојка Манини Гупта во принцеза од филмовите на Дизни.rn
    rn

    „Сакам нашата врска да биде епска и безвремена како и цртаните со кои растевме, па затоа решив да нарачам слики во кои ние сме дел од познатите сцени на Дизни и да ја изненадам за Св. Валентин. Ова тајна веќе три месеци едвај чекам да ѝ ги покажам“, вели тој.

    rnМомче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизни Момче подготвило прекрасен подарок за Св. Валентин за девојка си: Ја претворил во принцеза на Дизниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ве очекува на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак?

    Што ве очекува на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак?

    Врските кои ги градиме се тесно поврзани со нашите лични карактеристики, па затоа хороскопоските знаци се добар показател за тоа каков викенд нè очекува за Св. Валентин.rnrn0-Shto-ve-ochekuva-na-Denot-na-Vljubenite-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnКако прв знак во хороскопот, на Овенот, кој е роден лидер, не му се потребни посебни празници за да ја прослави љубовта.rnrnПоради нивната силна енергија и ентузијазам може да имаат антиВалентин (хорор филмови, мрсна храна и многу лук).rnrnТоа не значи дека нема да се заинтересираат, но секако ќе се постават себеси на прво место.rn

    Бик

    rnБикот ужива во подароци и во материјални добра и секако дека ќе очекува внимание, најмалку со чоколадо, за Денот на вљубените.rnrnСмирената и сензационалната страна на Бикот ќе има потреба да го прослави овој романтичен празник на интимен начин.rnrnКога ќе ви се закачат еднаш, закачени се засекогаш, затоа што премногу брзо се приврзуваат. Па доколку се однесувате како навистина да ви е убаво бидете сигурни дека токму таа порака сакате да ја примат.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците живеат во двоен свет што им овозможува лесно да се адаптираат во секоја ситуација, но исто така тоа ги прави и неодлучни.rnrnТие би го поминале Денот на вљубените сосем нормално и со некое попатно изненадување – лукавиот Близнак секогаш има нешто зајадливо во својот ракав.rnrnОние кои се сингл, благодарение на својата површна природа, ќе им се додворуваат на најатрактивните во клубот, а оние кои се зафатени ќе ги отвораат своите луксузни подароци.rn

    Рак

    rnРаковите сакаат да се чувствуваат сигурно и удобно, затоа ќе го поминат овој ден со некој со кој се длабоко поврзани, како брачниот партнер или семејството.rnrnБидејќи се чувствителни, слободните Ракови најверојатно ќе го искористат ова време за самосожалување и давење во својата осаменост.rnrnПриврзаните ракови никогаш нема да заборават на сите блиски да им посветат внимание на овој ден.rn

    Лав

    rnБез разлика дали се сингл или зафатени, овој ден е како створен за нив. Тие го гледаат овој ден како повод да си докажат колку другите луѓе ги ценат нив и секако – ќе очекуваат внимание и подароци.rnrnСамоуверениот и вообразен Лав мора да има закажано некаква прослава на овој ден, макар и со пријателите, а притоа ќе се преправа дека не му е грижат за тоа.rnrnТие се енергични, живи и сакаат секаков повод за забава што значи дека нивниот Ден на вљубените ќе биде еден забавен бал.rn

    Девица

    rnМногу се пребирливи, но штом еднаш успеете да го тргнете нивниот лукав слој, ќе го пронајдете нивното топло срце.rnrnНим не им е грижа за овој ден, па затоа настојуваат да размислуваат логички и практично.rnrnЗошто да потрошат еден ден на сакање кога треба да ги сакате 365 дена? Баталете ги досадните подароци — Девиците многу лесно ги согледуваат вештачките изливи на љубов за да би го освоиле така лесно нивното срце.rn

    Вага

    rnТие се премногу дружељубиви, но исто толку и нерешителни, што значи дека тие ќе го поминат Денот на вљубените правејќи планови во последната минута со личноста која штотуку ја одбрале.rnrnНо, како романтични и шармантни индивидуалисти со нетрпение го очекуваат овој ден.rnrnТие сакаат да флертуваат – нека не ве изненадува ако повеќе флертуваат со сите во клубот отколку со вас.rnrnНа крајот на денот, Вагите се повторно оние нежни луѓе кои бараат баланс и фер игра и секогаш ви се враќаат.rn

    Скорпија

    rnТие се независни луѓе и затоа нема да им пречи сами да го прослават овој ден, особено затоа што тие секогаш сакаат да наздрават за своја душа.rnrnТие се многу страсни љубовници кои секогаш со сигурност ги искажуваат своите чувства вклучувајќи го и она: Те сакам!rn

    Стрелец

    rnТие се позитивни луѓе, оптимистични индивидуалисти кои имаат големо срце и уште поголема имагинација. Слободните Стрелци нема во никој случај да ги начекате како дремат дома, туку ќе одат да гледаат некој филм кој ќе ја понесе нивната инспирацијата.rnrnОние кои имаат партнери ќе прават нешто авантуристичко, затоа што обожуваат да истражуваат нови нешта.rn

    Јарец

    rnЈарците се вредни и одлучни луѓе, кои го користат својот прагматизам за да го достигнат посакуваното – всушност, и да немаат закажано состанок за Денот на вљубените тие ќе се досадуваат, сè додека некој не се сложи со нив да го гледа „50 нијанси на сиво“.rnrnПоради нивната конзервативна природа, понекогаш знаат да бидат песимистички расположени, па нека не ве чуди ако веќе најават дека сами ќе бидат на Денот на вљубените…. и дека самите ќе си пратат букет цвеќе за ефектот да биде поголем.rn

    Водолија

    rnТие сакаат да се уникатни, а нивната љубов кон другите ќе ги натера да земат учество во Денот на вљубените. Како креативни и со различни идеи, тие сакаат да си создадат своја верзија на овој празник.rnrnОние кои се зафатени играат воздржана игра бидејќи не сакаат да искажуваат чувства во јавност, но доколку се сингл тогаш претпочитаат да се дружат со пријателите затоа што важат за многу дружељубиви луѓе.rn

    Риби

    rnКако и нивниот симбол, Рибите не сакаат да пливаат сами и токму затоа тие на овој ден ќе бидат во нечие друштво. Тие се трагачи по авантури, па затоа и ќе прават нешто несекојдневно.rnrnПонекогаш се подредени, па затоа Рибите ќе ги остварат сите желби кои срцето на партнерот ќе ги посака на овој празник на заљубените.

  • Совршен маникир за Денот на вљубените

    Совршен маникир за Денот на вљубените

    Подготвени сте за Денот на вљубените? Има само уште неколку дена, па доколку сè уште немате идеја за маникир, погледнете ги овие одлични предлози кои со сигурност ќе ви се допаднат. Бидете креативни и изненадете го вашето момче со уникатен дизајн кој ќе го привлече неговото внимание. Маникирот е најдобриот моден додаток, па токму затоа изберете мудро…rnrnСовршен маникир за Денот на вљубенитеrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 23 идеи за софистициран и секси изглед за Св. Валентин

    23 идеи за софистициран и секси изглед за Св. Валентин

    Доволно тешко е да најдеме соодветна облека за обичен состанок, а не пак за Св. Валентин. Секако, ако имате резервација на некое убаво место, тогаш треба малку поконзервативно да се облечете. Не грижете се, подготвивме 23 идеи како да изгледате софистицирано, а сепак тој да посака да ја скине облеката од вас.rnrn0-23-idei-za-sofisticiran-i-seksi-izgled-kafepauza.mkrnrnПрвиот совет што ви е потребен е дека не мора да носите црвено од глава до пети само затоа што е Денот на вљубените. Најдобро е додатоците да бидат црвени. Црвена плик-чантичка или високи потпетици ќе бидат сосема доволни.rnrnВторо, софистицирано во ниеден случај не значи неудобно. Ако одите на вечера треба да се чувствувате удобно и да уживате во секој заеднички момент без да изгледате како премногу да сте се дотерувале.rnrnТрето и најважно, културата и однесувањето треба да ви соодветствуваат на стилот т.е. да бидат дамски.rnrn1-23-idei-za-sofisticiran-i-seksi-izgled-za-sv-valentin-kafepauza.mk2-23-idei-za-sofisticiran-i-seksi-izgled-za-sv-valentin-kafepauza.mkrnrnrnrn

    rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

    Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

    Без разлика дали сте сингл или во врска, вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен партнер за Денот на вљубените. Таа е секогаш тука за вас, знае точно сакате и кога го сакате тоа, ве познава толку добро што не ви потребни зборови за да комуницирате и ве видела дури и во најлошото светло. Па, зарем има подобра личност со која би можеле да го поминете овој ден? Погледнете зошто треба да бидете со вашата пријателка на Денот на вљубените…rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    1. Можете да изедете цела кутија чоколади без да бидете осудувани

    rnПред вас стои цела кутија со чоколади во форма на срце и не ви е проблем сами да изедете сè бидејќи и вашата најдобра пријателка е веќе на половина пат од таа цел.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    2. Пиете вино само со една цел – да се опијаните!

    rnМожеби виното прави да се чувствувате секси кога сте со вашето момче, но кога сте со вашата најдобра пријателка виното има само една цел, а таа е комплетно да се опијаните.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    3. Таа најдобро ве прегрнува

    rnЗошто би сакале груба прегратка од некој испотен и влакнест маж кога вашата пријателка не само што нежно ве прегрнува туку и мириса на ванила и колачиња.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    4. Заедно ќе го гледате „The Notebook“ и двете подеднакво ќе уживате во него

    rnЗарем има подобро време од Денот на вљубените за целосно да се изгубите во нереалната слика за љубовта и врските? Вашето момче постојано ќе превртува со очите за време на овие „лигави“ романси, но вашата најдобра пријателка е онаа која ќе ви подава марамчиња за вашите солзи додека и таа самата плаче.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    5. Таа активно ги слуша вашите проблеми и навистина се грижи за вас

    rnТаа не ве слуша поради чувството на обврзување, туку затоа што навистина сака да ви помогне. Звучи како одлична вечер помината со неа, нели?rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    6. Таа знае што навистина сакате за Денот на вљубените

    rnЕдно шише евтино вино, мала кутија со чоколади и многу озборување. Се разбира!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    7. Вие вистински уживате во времето поминато со неа

    rnОбожавате да поминувате време со вашата најдобра пријателка и тоа не го правите поради обврската да ја видите, туку затоа што навистина сакате да сте покрај неа. Дури и во оние денови кога ги мразите сите, таа е единствената која вистински ја сакате.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    8. Таа никогаш не ве одбива

    rnВие сте си најважниот приоритет и никогаш не ги заборавате оние денови кои имаат посебно значење за вас. Но, дури и во оние „луди“ моменти, таа секогаш е тука да ве поддржи!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    9. Вашиот однос не вклучува секс

    rnБидејќи немате сексуални односи една со друга, не чувствувате никаков притисок да бидете средени или да носите неудобна долна облека. Вие се чувствувате пријатно покрај неа дури и ако сте во тренерки и со мрсна коса!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    10. Никогаш нема да „раскинете“

    rnНе треба да се грижите за рокот на траење на вашето пријателство бидејќи знаете дека секогаш ќе бидете една покрај друга. Вие толку добро се познавате и сте искрени една со друга, што знаете дека дури и ако се појави проблем, можете брзо и едноставно да го решите.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    11. Не постои притисок за подарок

    rnОдеднаш Денот на вљубените не е толку стресен кога не „полудувате“ околу совршениот подарок за вашиот партнер. Тој е само уште една вечер помината покрај вашата најдобра пријателка, со многу алкохол и одлична забава.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    12. Денот на вљубените не ви создава притисок да ја дефинирате вашата врска

    rnДали состанокот на овој ден значи дека сте во официјална врска? Вие сте веќе 6 месеци заедно, па дали тоа води кон нешто сериозно? Кога сте покрај вашата најдобра пријателка нема време за овие дилеми. Едноставно фатете ја за рака и заборавете на целата драма!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    13. Таа нема да се противи доколку побарате од неа да одите заедно во кино на „50 Shades of Grey“

    rnПа, зошто да не би ја поминале оваа вечер во кино на еден од најочекуваните филмови за оваа година? По читањето на книгите, сигурно веќе со месеци едвај чекате да го видите совршеното тело на Џејми Дорнан на големото платно и неговата изведба на неверојатниот Кристијан Греј.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    14. Не постои непријатна тишина за време на вечерата

    rnВие две толку добро се познавате што дури и да ви снемаат теми за разговор (што да бидеме реални не е можно да се случи), сепак ќе најдете начин како да ја исполните тишината со пријатни чувства.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    15. Таа ве видела во вашето најлошо светло и сè уште е покрај вас

    rnНаместо да ги криете оние темни страни од вашата личност, постојано чувствувајќи се лошо за нив, таа ве мотивира да ги изнесете на површина и да се справите со нив најдобро што можете. Токму затоа, покрај неа вие сте подобра личност!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрата музичка плејлиста за Денот на вљубените

    Најдобрата музичка плејлиста за Денот на вљубените

    Зарем може да се организира совршениот љубовен состанок ако ја немате соодветната музичка плејлиста? Доколку веќе имате планови за Валентин во домашна атмосфера, тогаш топло ви ја препорачуваме оваа одлична плејлиста од 2 часа која ќе ја исполни вашата вечер со многу љубов, страст и романтика. Уживајте!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Среќни парови ги опишуваат меѓусебните чувства без да го спомнат зборот „љубов“

    Среќни парови ги опишуваат меѓусебните чувства без да го спомнат зборот „љубов“

    „Стави го срцето на хартија“ е кампања на „Холмарк“, компанија која што продава картички и честитки. Св. Валентин е поводот да снимаат неколку среќни парови барајќи од нив да ги опишат чувствата кои ги имаат еден за друг, ама притоа ниту еднаш да не го употребат зборот љубов. Од тоа што може да се види како резултат, сфаќаме дека љубовта може да се искаже на многу начини дури и без да се каже „те сакам“.rnrnОва се дел од изјавите на двојките.rn

    Роб и Кристен: „Имам пеперутки по целото тело само што ќе помислам на Роб.“

    rn(2) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mkrn

    Боб и Ким: „Велат дека ‘двајцата стануваат едно’. Ние го сторивме тоа.“

    rn(3) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mkrn

    Адам и Емили: „Кога го гледам, чувствувам дека светот пак е совршен.“

    rn(4) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mkrn

    Кери и Герет: „Кери е мојот живот. Таа е неговиот темел. Без неа сè ќе се распадне.“

    rn(5) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mkrn

    Карлос и Габи: „Живеам за нејзината среќа.“

    rn(6) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mkrnrnВо продолжение следува видео од Хирам и Фелисита. Останатите побарајте ги на нивниот Јутјуб канал.rnrn

  • Искрени, невообичаено хумористични пораки за Денот на вљубените

    Искрени, невообичаено хумористични пораки за Денот на вљубените

    Како што се ближи Денот на вљубените, веројатно на сите парови веќе низ глава им се вртат идеи како да го прослават овој ден. Од подароци до романтични вечери и прошетки, сите барем еднаш сме ги поминале овие клише идеи кои ни се веќе досадни. Па ако ги ставиме настрана сите традиционални, познати начини, а земеме предвид дека креативноста и хуморот се секогаш добра комбинација, тогаш следниве фантастични инспиративни картички се една одлична идеја да ја изненадите саканата личност.rnrn

    Не чиниш помалку од повеќето луѓе
    Не чиниш помалку од повеќето луѓе
    rnrn

  • Брутално искрени честитки за сопругата по повод Св. Валентин

    Брутално искрени честитки за сопругата по повод Св. Валентин

    Последниве неколку години професорот по маркетинг Екант Виeр од Австралија ѝ правел уникатни љубовни честитки на својата жена по повод Денот на вљубените. Иако тие не се она што би се очекувало од еден романтичен потег, дефинитивно се доказ за една зрела и стабилна врска во која романтиката е брутално реална.rnrn

    Со тебе, само една жена на светот ми е потребна …со само една жена би можел да излезам на крај.
    Со тебе, само една жена ми е потребна
    …со само една жена би можел да излезам на крај.
    rnrn
    Те сакам бидејќи... Сум во триесеттите години од животот и почнуваат да ми снемуваат други опции
    Те сакам бидејќи…
    Сум во триесеттите години од животот и почнуваат да ми снемуваат други опции
    rnrn
    Те сакам бидејќи маката што сум со тебе… …е помала од маката која би ја имал ако треба пак да излегувам на состаноци.
    Те сакам бидејќи маката што сум со тебе…
    …е помала од маката која би ја имал ако треба пак да излегувам на состаноци.
    rnrn
    Секогаш ќе бидеме заедно Бидејќи веќе имам многу инвестирано во нас.
    Секогаш ќе бидеме заедно
    Бидејќи веќе имам инвестирано во нас, па не сакам да пропадне.
    rnrn
    Вечно заедно …заради децата…
    Вечно заедно
    …заради децата…
    rnrn
    Сакам да бидам со тебе до крајот на животот… бидејќи тоа ме плаши помалку отколку да сум сам
    Сакам да бидам со тебе до крајот на животот…
    бидејќи тоа ме плаши помалку отколку да сум сам
    rnrn
    Заедно сме посилни... Финансиски
    Заедно сме посилни…
    Финансиски
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.