Госпоѓата Ивена Смаилес неодамна го прославила својот 105-ти роденден, но на еден сосема необичен начин. Оваа бабичка живее во дом за стари лица во Велика Британија, а таму се случило големо изненадување за неа.rnrnrnrnВработените во домот пред роденденот ја прашале дали има некоја посебна желба за нејзиниот подарок, а таа без двоумење им рекла дека сака тортата да ѝ ја донесе „пожарникар со тетоважи“. И, погодете што? Тетка Ајви, како што ја нарекуваат во домот, го добила најневеројатниот подарок.rnrnrnrnНа денот на нејзиниот роденден, пожарник се качил по надворешни скалила до третиот кат и со тортата в рака влегол преку прозорецот во собата на оваа супер бабичка.rnrnrnrnДебра Картер, една од вработените во домот каде што живее госпоѓа Ивена, вели дека оваа жена има неверојатна смисла за хумор. Таа објаснува дека секоја година им дава по некој предизвик на вработените во домот кога станува збор за нејзиниот роденденски подарок.rnrnrnrnСупер бабичката ја посетиле не еден, туку петмина пожарникари.rnrnrnrnСреќен роденден тетка Ајви!
Има повозрасни луѓе кои во одреден период од животот престануваат да се грижат за тоа што мислат другите и почнуваат да се забавуваат. Овие седумнаесет откачени супер бабички се дел од таа група.rnrnСе чини дека не ѝ е лошоrnrnБаба Близеријанrnrn
rnСодржина: „Long Branch“ е краток романтичен филм, во кој се работи за една девојка по име Лин, која едноставно сака да има секс за една вечер. Но, работите се усложнуваат кога дознава дека Греј, момчето коешто го „собира“ од улица за да имаат секс, ѝ вели дека живее во далечното соседство Лонг Бранч во Канада, кое е оддалечено минимум 2 часа возење со јавен превоз. Навидум приказната се состои во нивното долго патување, сѐ со цел да стигнат кај Греј дома и да имаат еден безначаен секс и никогаш повеќе да не се сретнат. Но, многу работи можат да се случат за 2 часа…rnrnrnrnКритика: наместо досадна, клише романтична приказна, режисерите и креатори на филмот Дејн Кларк и Линзи Стјуарт, нè воведуваат во една поинаква љубовна перспектива, која истовремено е свежа и уникатна. Актерите внесуваат реалистичност и човечност во нивните улоги, што на крајот од 12-те минути, чувствуваме како вистински да ги познаваме нивните карактери.rnrnrnrnМожеби тоа е резултат и на автентичност која се крие зад приказната во филмот. Една вечер, на забава режисерите почнале да се бакнуваат и потоа Дејн ја повикал Лин, да дојде кај него дома. Но, откако дознала дека тој живее во Лонг Бранч, се откажала од идејата. Нивниот заеднички филм е всушност одговор на прашањето „Што ќе се случеше, доколку…“, односно претставува замисла за она што нивната вечер можела да биде, доколку таа кажела „да“. Одговорот на нивното прашање е забавно филмче, со одлични дијалози и фантастичен актерски перформанс.rnrn rnrn
Супер шеф е оној кој го посакуваат сите вработени. Тој не е извонреден само на хартија, туку своите постапки и дела директно ги покажува на терен. Вработените не се единствени кои имаат придобивки од ваков шеф. Со неговите постапки, целата работа и севкупниот бизнис можат да тргнат во нагорна линија и сите да бидат задоволни.rnrnДоколку сакате да се издвоите и да станете супер шеф, раководете се од следниве правила:rn
1. Тоа е шеф кој придонесува за развитокот на секој вработен
rnОбично, шефовите се фокусирани на исполнување на зацртаните цели, постигнување резултати и остварување на конкретни идеи. Но, одличните шефови се тие кои се поставуваат пред своите цели, заземајќи ја улогата на лидер. Тие се свесни дека без успешни и квалификувани работници, работните резултати ќе бидат осудени на пропаст. Затоа, овие шефови наместо да се грижат за секојдневното работење на работникот, се фокусираат на самиот работник како да го направат попродуктивен. Организираат обуки, разни тренинзи и успешно го трансформираат целиот досаден процес на работа во нешто многу позначајно за самите работници – прогрес, напредување и лично усовршување.rnrnrn
2. Се соочува со проблемите веднаш
rnОдличниот шеф никогаш не ги игнорира проблемите на своите вработени. Веднаш се соочува со нив и се обидува да ги реши. Колку некој проблем да изгледа мал, никогаш не се знае кога тој може да прерасне во голем. Доколку шефот ги игнорира проблемите на своите вработени, се соочува да ја изгуби стекнатата почит. Без својот углед, ја губи и улогата на водач.rn
3. Го спасува најлошиот работник
rnСкоро во секој бизнис постои работник кој едноставно не може да се снајде лесно во работата и да ги следи своите колеги. Тимот го гледа како слаба личност без која подобро би функционирал. Во овој случај, шефот е тој што треба да истапи и да му помогне на колегата. Супер шефот ќе покаже доверба и ќе го увери колегата дека тој ќе го следи секој негов чекор за да му помогне да ја надминат тешкотијата. Не очајувајте доколку трудот не покаже резултати. Доволно е тоа што сте се обиделе. Но, во случај работникот да ја надмине тешкотијата, тогаш сте промениле нечиј живот.rnrnrn
4. Им служи на другите
rnДоколку сакате да станете извонреден шеф, секогаш поставувајте ги своите вработени пред себе. Со своите постапки покажете дека вие сте оние кои се секогаш помалку важни. Никогаш не кажувајте им на своите вработени да работат нешто што вие сами не би го сториле. Кога тимот победува, и бизнисот е успешен. Вработените се оние на кои треба да им честитате за постигнатиот успех.rn
5. Никогаш не заборава од каде доаѓа
rnИако водите успешен бизнис и сте шеф на голема компанија, не заборавајте дека секогаш треба да имате време за сите свои вработени. Тие ве гледаат како свој надреден, личност од која можат многу да научат. Со тоа што ќе одвоите неколку минути да поразговарате со работникот, можете да ја смените неговата личност – да го инспирирате, да му влеете самодоверба, да го мотивирате. Дури, можете да му влеете надеж за големи работи во неговиот живот.rnrn rnrn