КАФЕ ПАУЗА

Tag: струја

  • Што треба да знаете за ракувањето со електричните уреди?

    Што треба да знаете за ракувањето со електричните уреди?

    Уредите управувани со електрична енергија се присутни на секој чекор. Знаете како да ги користите безбедно, но не е лошо одвреме-навреме да се потсетите за да избегнете пожар, електричен удар или некоја друга несреќа.rnrnШто треба да знаете за ракувањето со електричните уреди?rnrnЕве неколку основни упатства…rn

    Каде и како безбедно да го наполните вашиот паметен телефон?

    rnПовеќето понови паметни телефони можат да се полнат во текот на ноќта, но не и да се оставаат на перници, на ќебиња или на други меки и запаливи површини и материјали.rnrnИмено, батериите се загреваат при полнење. На пример, дрвената или стаклената површина на масата доволно ќе ја разлади батеријата, но ткаенините многу повеќе ја задржуваат топлината и притоа може да настанe прегревање, па дури и да се случи експлозија. Покрај тоа, најдобро е да го користите оригиналниот полнач.rn

    Како треба да ја замените светилката ако не знаете дали била вклучена кога престанала да работи?

    rnОва во основа е безбедно, но во никој случај не ги ставајте прстите во грлото на светилката. Ако светлото се запали додека се обидувате да ја замените светилката, исклучете го прво светлото (или осигурувачот за таа просторија), a потоа продолжете. Не е лошо да носите и обувки со дебел или гумен ѓон.rn

    Дали треба да ги исклучите сите електрични уреди од штекер пред да ја напуштите куќата?

    rnПо правило, треба да исклучите сè што може да предизвика пожар. Фрижидерот и некои слични уреди можете да ги оставите вклучени.rn

    Дали навистина пластичните заштитници на штекерите не се безбедни?

    rnНе, ако имаат соодветен CE сертификат и три жични конектори, тогаш се безбедни.rn

    Дали телевизорот треба да се исклучи за време на грмежи?

    rnОбично за тоа нема потреба. Но, ако постои можност просторијата каде што е телевизорот да биде погодена од гром, тогаш треба да ги исклучите сите електрични уреди што немаат заштита.rn

    Како да отстраните тост што се заглавил во тостерот?

    rnИсклучете го тостерот од струјата и користете пластичен прибор со широки острици (на пр.: шпатула) за да ги отстраните заглавениот дел од тостот и неговите остатоци.rn

    Што не треба да правите кога станува збор за електричната енергија?

    rnНе користете електрични уреди, како што е косилката за трева во градината, без соодветна заштита бидејќи преостанатиот електричен набој може да биде фатален за вас и за вашето домаќинство.rnrnАко слушнете дека некој од вашите домашни уреди е повлечен од употреба, ослободете се од него.rnrnИсто така, во текот на ноќта не оставајте активни уреди како што се машината за перење и машината за миење садови или фенот.rnrnОвие електронски уреди трошат струја дури и кога се исклучени.

  • 5 електронски уреди што трошат струја дури и кога се исклучени

    5 електронски уреди што трошат струја дури и кога се исклучени

    Дали сте знаеле дека некои домаќински уреди водат „таен“ живот и продолжуваат да работат дури и тогаш кога не се вклучени? Доколку сакате да заштедите, прочитајте кои уреди трошат струја кога се исклучени…rn

    1. Полнач без телефон = 1,2 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnДоколку го оставите полначот вклучен во штекер, тој ќе продолжи да троши струја дури и тогаш кога телефонот не е приклучен на него. Трошокот на струја е минимален, така што ова невнимание нема да се одрази многу на вашиот паричник.rn

    2. Дигитален ТВ тјунер = 22 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnТВ тјунерите продолжуваат да работат дури и откако ќе ги исклучите и годишно трошат струја во вредност од околу 1.215 денари. Повеќето од нас не ги ставаат тјунерите на стенд бај, бидејќи мислат дека доволно е само да го исклучат телевизорот. Тоа ќе доведе до 5 пати поголем трошок.rn

    3. Телевизор = 24 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnДали сте знаеле дека ако го притиснете копчето на телевизорот, ќе го ставите во стенд бај, но нема да го исклучите? На тој начин ќе потрошите струја во вредност од 1.380 денари на годишно ниво.rn

    4. Компјутери и лаптопи = 96 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnДури и кога се исклучени, компјутерите и лаптопите продолжуваат со работа. Токму затоа, доколку ги исклучите од штекер, ќе можете да заштедите дури 5.515 денари годишно. Оние кои ги оставаат машините на стенд бај, слободно можат да го помножат овој износ со 1,5.rn

    5. Уреди со тајмер = 108 вати дневно

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnМалиот детаљ како што е тајмерот може да ви каже дали вашиот уред е сѐ уште вклучен. Доколку ваквиот уред го исклучите од штекер, ќе можете да заштедите околу 6.300 денари годишно.rn

    Дали треба да ги исклучувате овие уреди од штекер?

    rn5 електронски уреди што трошат струја дури и тогаш кога се исклучениrnrnЗа некои, овие бројки ќе бидат безначајни, додека други ќе бидат импресионирани. Во секој случај, вреди да ги исклучувате уредите од штекер, бидејќи секој непредвиден проток на струја може да ве остави без пари и со куќа полна со изгорени уреди.rnrnВо продолжение прочитајте како да заштедите пари на струја.

  • Како да заштедите пари на струја?

    Како да заштедите пари на струја?

    Цената на струјата често пати расте и сè потешко е таа да се плаќа. Сметките „јадат“ добар дел од нашиот месечен буџет и затоа треба да се најдат начини како да се заштеди. Со следење на овие неколку совети можете колку – толку да го постигнете тоа.rnrnКако да заштедите пари на струја?rnrnИсклучете ги електричните апарати од штекерот. Иако не работат, тие пак влечат по малку струја која додава киловат часови на вашата сметка. Микробрановата печка, лаптопот, телевизорот, полначот за мобилниот телефон и сличните трошат малку, но додаваат по некој денар на сметката која треба да се плати. За да си ја олесните работата при исклучувањето на апаратите, можете да употребите продолжен кабел и на него да ставите повеќе приклучоци.rnrnЗаменете ги сијалиците. Ставете штедливи сијалици. Иако се поскапи кога ги купувате, тие трошат до 75% помалку електрична енергија и на долг рок ви штедат пари.rnrnПукнатини во ѕидовите. Доколку ги имате, тоа значи дека домот не ви добро изолиран. Низ нив влегува студен воздух кој ќе ве натера да користите повеќе струја доколку се греете на неа.rnrnПерете на пониска температура. 90% од електричната енергија која ја користат машините за перење алишта оди на загревање на водата. Затоа селектирајте ја облеката која може да се испере на пониска температура и перете ја заедно за да заштедите.rnrnГответе со капак кога тоа е можно. Така топлината ќе остане во садот, храната ќе се зготви побрзо и ќе се потроши помалку струја.rnrnВнимавајте какви електрични апарати купувате. На пример,ако купувате фрижидер,можете да најдете таков што троши двојно помалку струја отколку некој друг фрижидер.rnrnТрошете евтина струја. Ова сигурно веќе го практикувате, но може да се повтори затоа што е најефикасниот начин да се заштеди електрична енергија, особено кога се користи со другите методи кои ги набројавме овде.

  • Едноставни трикови за заштеда на струја кои веројатно не ги знаете

    Едноставни трикови за заштеда на струја кои веројатно не ги знаете

    Моментот кога пристигнуваат месечните сметки за струја веројатно ви се крева косата, особено во зимските месеци. За среќа, благодарение на примената на овие неколку едноставни трикови, сумата на сметките можете значително да ја намалите.rnrnednostavni-trikovi-za-zashteda-na-struja-koi-verojatno-ne-gi-znaete-kafepauza.mkrn

    Изберете го вистинскиот сад за готвење

    rnМеталните садови брзо се загреваат, но и брзо се ладат. Затоа пак керамичките садови одлично ја задржуваат топлината, па на овој начин можете да го скратите времето потребно за подготовка на готвената храна.rn

    Добро исчистете ги пеглата и рерната

    rnКога се валкани, овие уреди работат помалку ефикасно, па затоа грижете се секогаш да бидат чисти. Нечистотијата на пеглата лесно можете да ја отстраните со паста за заби, а кога ја чистите рерната обрнете особено внимание на вратичката на рерната.rn

    Одмрзнете го замрзнувачот

    rnШто повеќе мраз во замрзнувачот, толку повеќе енергија ќе му биде потребна за да ја постигне соодветната температура. Кога ќе забележите дека се направило многу мраз, веднаш одмрзнете го фрижидерот.rn

    Одржувајте ги радијаторите

    rnСе работи за испуштање на вишокот воздух со цел радијаторите да можат да греат до максимум. За ова ви треба посебен клуч или шрафцигер.rn

    Наполнете го фрижидерот со шишиња вода

    rnНе отворајте го често фрижидерот бидејќи така влегува топол воздух во него. Но, ако фрижидерот е полн, на ладниот воздух ќе му треба повеќе време за да избега, па ако немате многу намирници, во него чувајте шишиња со вода.

  • Кога ќе останете без струја…

    Кога ќе останете без струја…

    Со дождовите и грмотевиците, сведоци сме дека домаќинствата често, по цели вечери остануваат без електрична енергија. Ретко сме подготвени за овие ситуации, па се нервираме и се прашуваме како сега без интернет, телевизија… Но, речиси сите имаме по дома батериски ламби, свеќи, а во некоја од фиоките ни се и старите подзаборавени игри. Имајќи го сето ова предвид, ви сугерираме неколку работи за следниот пат кога ќе останете без струја, а за кои ви се потребни:rn

      rn011

    • Батериски ламби
    • rn011

    • Свеќи
    • rn011

    • Кондоми
    • rn011

    • Книги
    • rn011

    • Пенкало, молив, хартија
    • rn011

    • Топла вода
    • rn011

    • Алкохол и грицки
    • rn011

    • Шпил карти, табла, монопол…
    • rn011

    • … И секако вашите електронски гаџети.
    • rn

    rnКога ќе останете без струја...rnrn1. Една од опциите е да ги повикате пријателите или соседите и на светлината што ќе ја обезбедите од батериските ламби или свеќите, да изиграте по некоја партија бриџ, монопол, табла… (во зависност од она со што во моментот располагате)rnrn2. Ако батеријата на вашиот лаптоп е полна и веќе сте симнале или изнајмиле некое филмче, вистинско време е да го погледнете.rnrn3. Темницата можете да ја искористите и за да раскажувате страшни приказни или едноставно да уживате во долги разговори и евоцирање спомени со семејството или пријателите.rnrn4. Ваквата атмосфера е добра и за опуштање со добра чашка алкохол. Слободно опијте се, и онака не морате да одите никаде.rnrn5. И сексот е опција. Ако останете сами со партнерот, искористете ја приликата, запалете свеќи и уживајте еден во друг.rnrn6. Ако имате обезбедено доволно алтернативна светлина, прочитајте и некоја страница од книгата која веќе сте ја започнале или пак, започнете нова.rnrn7. Романтичарите можат да излезат на прошетка, независно дали надвор врне дожд (без грмотевици) или не. Во првиот случај, во глувото доба ќе можете да уживате во звукот на капките, а во вториот, во ѕвезденото небо. Понесете го и фотоапаратот и креирајте нови спомени. Можете да направите и некое крукче со автомобилот, под услов да бидете исклучително внимателни, бидејќи сообраќајната сигнализација во вакви услови може да не функционира во целост.rnrn8. Ако сте во можност, направете си топла купка и опуштете се под слабата светлина на свеќите, кои добро би било кога би биле миризливи. Искористете ги вашиот телефон, ајпод или лаптоп. Доколку им се полни батериите, пуштете си малку релаксирачка музика.rnrn9. Можеби тишината ќе ја разбуди и креативноста во вас, па ќе напишете или насликате нешто. Не мора да пишувате роман, но можете да се обидете да направите план и да го организирате месецот или барем претстојната недела. Ако имате уметнички склоности, не штедете ја хартијата.rnrn10. Ако не ви се прави ништо од ова, ве советуваме да си легнете и убаво да се изнаспиете. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живот на далечинско управување

    Живот на далечинско управување

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnЗамислете си далечинско со кое можете да го управувате (скоро) секој аспект од вашиот живот. Замислете, седнувате пред телевизорот, го земате далечинското во рака и пуштате телевизија, притоа ја намалувате светлината на ламбите или ја заклучувате вратата без да направите ниту еден чекор од удобниот „трон“. Сето тоа со вашето магично далечинско веднаш до вас. Сега замислете си дека ова е реалност. Звучи убаво? Па, веќе и не мора да си замислувате, ова е веќе реалност, постои уште од 2007 година и се нарекува „WiTricity“ (зборот доаѓа од Wireless и Electricity).Живот на далечинско управувањеСѐ што треба да направите е да го насочите далечинското кон една мала црна плоча која се наоѓа на ѕидот и откако ќе го приклучите, ќе светнат три зелени сијалички, означувајќи дека плочката се полни. Сите електрични апарати се само на неколку метри од оваа плочка и не се поврзани со контакт, туку токму оваа плоча ја пренасочува струјата кон нив.rnrnДиректор на компанијата е Ерик Гилер, кој силно верува и се надева дека со ова ќе ја започне револуцијата во електрониката, заменувајќи ги безжичните системи, т.е. оние кои работат со батерии, со такви кои ќе испраќаат електрична енергија преку воздух, а воедно ќе бидат и безбедни, како за средината, така и за живите суштества околу нив. Од „WiTricity“, чија технологија била развиена во техничкиот институт на Масачусетс, најавуваат дека со своите пилот продукти ќе се појават на пазарот кон крајот на оваа година и по година-две би можеле да стигнат до тој степен, што сопствениците на елктромобили ќе ги полнат батериите на своите коли без да бидат приморани да користат жици.Живот на далечинско управувањеИако овој изум изгледа како да е еден од оние на новиот век, идејата за безжично предавање на електрична енергија и не е толку нова. Имено, Никола Тесла ја демонстрирал во поинаква форма уште пред 100 години и денес има многу електрични уреди кои се полнат со помош на индуктивно електрично коло, т.е. работат на батерии кои, за жал, имаат потреба од физички допир со колото (како најосновен пример можеме да ги земеме безжичните телефони и лаптопите) и тоа не е многу удобно.Живот на далечинско управувањеИндуктивното полнење кое го предлага Гилер, работи со префрлување на напонот во навој кој генерира магнетно поле, кое создава друг електричен напон во ист таков навој кој се наоѓа во другиот уред. Ако двата навои се оддалечат еден од друг, ефективноста на предавањето на енергија веднаш опаѓа, па за да го зголемат растојанието, преку кое енергијата би се предавала ефективно, „WiTricity“ ги подесуваат навоите да работат на специфична фреквенција, која би гарантирала мала загуба на електрична енергија за секој од уредите. rnrnРастојанието, сепак, зависи од размерот на навојот, ако двата навои се мали, како што е случајот кај мобилните телефони, двата навои мораат да се наоѓаат на растојание од неколку сантиметри. Но, „WiTricity“ демонстрирале прототипови со поголеми навои кои можат да предаваат струја на растојание од еден метар. Гилер исто така ја споменува можноста сигналот да биде засилен преку навои, кои тој ги нарекува рипитери, притоа демонстрирајќи како навоите, инсталирани под делови од килимот, дозволуваат струјата да поминува од плочката до кое и да е место во собата.Живот на далечинско управувањеrn

    Дом без жици, од вратата на гаражата до машината за кафе

    rn„WiTricity“ е една од малкуте компании кои се обидуваат да ја рашират сферата на електричниот полнеж на уредите. Компанијата разработила голем број прототипови, поставени насекаде по површината на куќата, поставувајќи дури и полнач за електромобил, кој треба само да биде паркиран над плочката за батериите на колата да започнат да се полнат. Тие имаат потпишано мултимилонски договор со Тојота за разработка токму на ваквите полначи.rnrnЗасега нема информации колку би чинеле ваквите уреди, но според Гилер, нивната цена нема да биде многу поголема од трошоците за нивното производство.rnrnДоколку сакате да слушнете нешто повеќе за „WiTricity“, погледнете ја демонстрацијата на Ерик Гилер:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.