КАФЕ ПАУЗА

Tag: стари

  • 11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоци

    11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоци

    Сите сакаат да имаат топол и удобен дом, а за да ја создадете таа атмосфера, треба да користите многу детали и ситници. Сепак, по некое време, нема да има слободен простор на полиците, на масичката или на балконот и ќе треба да ги преместувате истите работи од едно на друго место за да ослободите простор. Во продолжение погледнете со кои работи е полесно да се разделите отколку да најдете место за нив.rn

    1. Ламби и украсни статуетки

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnКерамичките, пластичните и дрвените статуетки или ламби што работат на батерии и се дизајнирани да го украсуваат ентериерот, зафаќаат само простор на полиците.rn

    2. Стари чевли

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСигурно имате цела колекција обувки што сте ги носеле долго време, но дефинитивно никогаш веќе нема да ги носите. Свесни сте дека тие се вишок, но некој внатрешен глас ве убедува да ги преместиме сите овие чевли во некој агол во плакарот.rn

    3. Кинески сувенири

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnНевообичаените сувенири од кинеско потекло, што ги купувате со голема радост и задоволство, обично престанувате да ги забележувате по неколку недели. Освен тоа, за време на чистењето, треба да ја отстраните прашина од нив или да ги преместите од едно на друго место.rn

    4. Стари лажици и виљушки

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСигурно веќе не се сеќавате на потеклото на купот стари алуминиумски или челични лажици и виљушки. Некои од нив се стари речиси 15 години, а други можеби планирате да ги користите кога одите на кампување.rn

    5. Кеса полна со најлонски кеси

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnБројот на пластични производи се зголемува и доаѓа моментот кога треба да ги преклопите едни во други и тоа се одвива во круг. Кога одите на шопинг, често земате кеса од маркетот заборавајќи на купот што зафаќа простор дома.rn

    6. Свеќници

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСвеќниците изгледаат убаво на излогот и првиот ден по купувањето. Со текот на времето, тие се претвораат во обични собирачи на прашина.rn

    7. Празни шишиња со парфеми

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnПријатниот мирис на нов парфем секогаш го подобрува расположението, а шишето што има невообичаена форма го радува окото. Но, во одреден момент, ќе имате многу вакви шишиња на полицата и нема да има доволно простор за сите. Затоа, најлесно е да ги фрлите во корпата за отпадоци, наместо да се обидувате да ги преуредите вашите полици.rn

    8. Весници и списанија

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnМногуте весниците и списанија постепено се насобираат на балконот или покрај креветот, а овој куп хартија не може да ви послужи за речиси ништо.rn

    9. Стари компјутерски монитори

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСовремената технологија прави големи чекори напред и немилосрдно ги исфрла старите компјутери од секојдневна употреба. Многу луѓе имаат стар монитор дома кој е обемен и собира многу прашина. Ако не го користите, најдобро е да го продадете.rn

    10. Картонски кутии од апарати за домаќинство

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnКога ги отпакувате нови апарати за домаќинство, обично не ја фрлате кутијата сè додека постои гаранција. Но, неколку години подоцна сфаќате дека никој не ја допрел таа кутија.rn

    11. Ролни тапети по реновирањето

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnРеновирањето на домот е долг и макотрпен процес, по што останува голема количина неискористени материјали. Сигурно купувате повеќе тапети за да бидете сигурни дека ќе има доволно. Но, откако ќе завршите со реновирањето, може да се случи да ви останат цели ролни тапети што остануваат недопрени и зафаќаат многу простор.rnrnПогледнете како да ги организирате полиците за книги и да го освежите домот.

  • Зошто луѓето на старите фотографии не се смеат?

    Зошто луѓето на старите фотографии не се смеат?

    Најверојатно сте виделе стари, црно-бели фотографии, на кои луѓе без никаков израз на лицето се загледани некаде во далечината. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Многумина веруваат дека одговорот се крие во технологијата, но постои и нешто повеќе од тоа.rnrnrnrnРаните фотографи морале да бараат од луѓето да останат мирни подолго време, па затоа и тие почесто избирале неутрален израз на лицето наместо насмевка. Обидете се да го „смрзнете“ лицето во насмевка, и ќе сфатите дека брзо ќе почне да ви станува непријатно.rnrnНо, кога технологијата се подобрувала и кога фотографијата можела да се направи за помалку од една минута, луѓето и понатаму продолжиле да одбиваат да се смеат. Што мислите, зошто се случувало ова?rnrnОдговорот најверојатно се крие во тоа што тогаш фотографиите биле премногу скапи и истовремено биле третирани и како слики. Тие биле еден вид историско зачувување на луѓето, и се чувале со години, обично долго по смртта на личноста на фотографијата.rnrnОд друга страна пак, имало и ситуации кога се правеле вакви фотографии по смртта на саканата личност, со цел да се зачува нејзиниот спомен. Тие биле шминкани и местени во соодветни позиции за да изгледаат како да се живи. Изразот на лицето, секако, останувал неутрален.rnrnСмеењето на фотографиите почнало да се појавува во 20-тите и 30-тите години. До тогаш технологијата напреднала толку многу, што станала достапна и за пошироката јавност наместо само за професионалците. Па, кога сè повеќе луѓе купувале сопствени камери, тие почесто овековечувале среќни моменти од животот.rnrnПогледнете ги и овие 14 стари, но познати фотографии што го измамија светот.

  • Интересни факти што ќе направат да се чувствувате стари

    Интересни факти што ќе направат да се чувствувате стари

    1994 година е исто толку далеку од 2017 колку што е далеку 2017 година од 2040. Не ви се верува? Слободно пресметајте и подгответе се за следниве неколку интересни факти што ќе ве изненадат кога ќе прочитате која година се појавиле и сигурно ќе се почувствувате многу стари. Дознајте за што станува збор…rn

    Филмот „Валкан танц“ се појавил пред 30 години

    rnИнтересни факти што ќе направат да се чувствувате стариrn

    А ова е Сабрина, вештерката тинејџерка. Таа има 41 година и е мајка на 3 синови

    rnИнтересни факти што ќе направат да се чувствувате стариrn

    „Приказна за играчките“ е првиот долгометражен 3Д цртан филм и тој излезе пред 22 години

    rnИнтересни факти што ќе направат да се чувствувате стариrn

    Една година подоцна, во 1996, се појавија Чипичаните

    rnИнтересни факти што ќе направат да се чувствувате стариrn

    Курт Кобејн ќе полнеше 50 години овој февруари

    rnИнтересни факти што ќе направат да се чувствувате стариrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Стрипови што ни покажуваат дека студентите се исти како старците

    Стрипови што ни покажуваат дека студентите се исти како старците

    Сте размислувале ли некогаш за сличностите меѓу студентите и старите луѓе? Ако подобро ги погледнете нивните животи, ќе сфатите дека тие всушност живеат на истиот начин. Еден илустратор од Лос Анџелес го забележал ова и ги создал овие интересни стрипови што ја потврдуваат оваа теорија. Погледнете ги, можеби ќе се пронајдете.rn

    1. Добивате специјални попусти

    rnrn

    2. Лековите ви се многу важни

    rnrn

    3. Будни сте во необично време

    rnrn

    4. Секоја година постари луѓе исчезнуваат од вашиот живот

    rnrn

    5. Посакувате да сте во раните 20-ти

    rnrn

    6. Никој не знае што правите по цел ден

    rnrn

    7. Никогаш не замолчувате кога е во прашање политика

    rnrnrnДоколку сте студент, погледнете ги и овие трикови кои сигурно ќе ви се најдат.

  • 16 антички, а генијални трикови кои ќе ви помогнат во секојдневиот живот

    16 антички, а генијални трикови кои ќе ви помогнат во секојдневиот живот

    Во 1910 година една компанија објавила 100 картички каде што биле испишани антички корисни трикови. Кој би знаел дека тие би биле употребливи и по сто и повеќе години? Погледнете дел од нив што можете да ги примените и во денешното секојдневие.rn

    1. Како да ги оживеете цвеќињата

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnЗа да ги подмладите изумрените цвеќиња, ставете ги во топла вода. Како што таа ќе се олади, така цвеќињата ќе оживуваат. Потоа само отсечете ги стеблата и ставете ги цвеќињата во студена вода.rn

    2. Како да ги измиете шишињата

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnИзмијте ја внатрешноста на шишето така што ќе ја наполните со вода и песок и протресувајте силно.rn

    3. Како да ги отстраните дамките од мастило

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnАко сте го измачкале вашето марамче со мастило, веднаш ставете го во млеко. По одредено време, дамките ќе исчезнат.rn

    4. Откријте ја влагата во креветот

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnЗа да дознаете дали имате влага во креветот, ставете мало огледало помеѓу чаршафите. Ако тоа се замагли по неколку минути, дури и да е малку, подобро да не спиете таму.rn

    5. Како да запрете разбеснат коњ

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnНе брзајте напред, туку останете на безбедно растојание и потпрете се. Потоа, земете ги уздите и застанете го коњот со вашата слободна рака. Не бидете премногу гласни, затоа што со тоа ќе го исплашите коњот.rn

    6. Како да сварите напукнати јајца

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnЗа да ги сварите напукнатите јајца, сѐ што треба е да додадете само малку оцет во водата.rn

    7. Како да тестирате путер

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnНамачкајте малку путер на парче хартија и ставете го на оган. Чистиот путер ќе мириса пријатно, додека пак оној измешан со маргарин ќе има малку непријатен мирис.rn

    8. Како да извадите дел од стакло

    rn16 стари, а генијални трикови кои ќе ви помогнат многуrnrnНаполнете мало шише со топла вода и неговиот врв притиснете го до местото каде што се наоѓа стаклото. Водата што ќе се лади ќе ја цица вашата кожа, па наскоро ќе бидете во можност да го отстраните стаклото.rnrnПогледнете уште 8 корисни трикови на наредната страница…rn

  • Направете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто ново

    Направете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто ново

    Џемперите застаруваат, ви стануваат мали или пак се променува модата, но тоа не значи дека треба да ги фрлите. Овозможете им нов живот така што ќе ги претворите во нешто сосема друго. Во продолжение погледнете неколку идеи.rn

    1. Зимски свеќници

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnЗамотајте дел од стариот џемпер околу обичниот стаклен свеќник или тегла и ќе имате прекрасна атмосфера. Најдобро е за оваа намена да ги искористите ракавите.rn

    2. Перници

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНаместо да го фрлите, стариот омилен џемпер претворете го во нова, мека перница. Ова е едноставен процес, а ќе ви овозможи голема удобност.rn

    3. Ракавици

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnРакавиците се уште еден лесен, но корисен начин да ја рециклирате старата облека. Со помош на машина за шиење, вие брзо ќе имате нов пар ракавици кои ќе ве затоплуваат оваа зима.rn

    4. Абажур

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnДури и најобичната ламба можете да ја претворите во атрактивна и уникатна ако го „облечете“ абажурот во плетен џемпер. Доволно е да сошиете едно парче кое ќе одговара за посакуваното место.rn

    5. Чување топол пијалак

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnОвој украсен детаљ ќе ви овозможи да го сочувате топол пијалакот во чашата. Исечете едно парче од џемперот, а на крајот ставете копче за да може лесно да се закачува.rn

    6. Обложување на кутија

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnОваа интересна кутија за складирање е направена од обичен картон и стар џемпер. Додајте ѝ и неколку детали за да ја украсите.rn

    7. Пакување за пијалак

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНаместо во хартиена кеса, подарете шише пијалак во уникатно пакување. Искористете го ракавот од џемперот за да го обложите шишето, ставете украсни детали и ќе бидете подготвени.rn

    8. Мини новогодишни елки

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНема подобро време за рециклирање од празниците, кога можете да заштедите и некој денар ако самите направите декорации за вашата куќа.rn

    9. Уникатни нараквици

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnНе само што со нив ќе привлечете внимание, туку со самото тоа што се обложени со материјал, тие се многу удобни за носење.rn

    10. Грејачи за нозе

    rnНаправете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто новоrnrnМногу едноставно ќе ги направите овие грејачи за нозе од двата ракави на стариот џемпер. Исто така ќе ви бидат потребни и две украсни ленти кои ќе ги ставите на долниот дел.

  • Непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом

    Непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом

    Свесни сте дека треба да го исчистите вашиот дом и да го ослободите од старите предмети, кои ви зафаќаат многу простор, но не знаете од каде да почнете. Ние ќе ви помогнеме со листа од 21 работа кои веднаш, без размислување треба да ги исфрлите од вашиот дом.rnrn(0) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    1. Стари пластики и слични садови

    rnОвие пластики зафаќаат многу простор во вашите кујни. Исфрлете ги веднаш.rn

    2. Шишиња со ликери и други пијалаци кои се стари неколку години

    rnВо сечија кујна или бифе може да се најдат отворени шишиња со пијалаци, кои можат дури и да му наштетат на здравјето. Зошто воопшто ги чувате?rn

    3. Мали пакувања со сосови, мајонез и кечап

    rnТие не зафаќаат многу место, па затоа можат да останат во фрижидерите и со месеци. Затоа погледнете го добро датумот и доколку му поминал рокот на производот веднаш исфрлете го од дома.rn

    4. Стари кујнски апарати на кои им недостига некој дел

    rnНе ви е потребен таков апарат во домот. Фрлете го тој миксер, блендер или соковник и ќе си ослободите простор за нов и употреблив.rn

    5. Отворени стари пакувања со замрзнат зеленчук

    rnПризнајте, никогаш нема да подготвите јадење зеленчукот што стои во вашиот фрижидер изминативе неколку месеци.rn

    6. Полначи за телефоните кои сте ги користеле пред 5 или повеќе години

    rnДа. Телефоните одамна сте ги фрлиле, а полначите стојат како сеќавање за нив?rn

    7. И, стариот телефон, доколку уште е во вашиот дом

    rnПрифатете ја реалноста. Можеби ви значел во 2004 година и во него сте ги примиле најубавите пораки и повици, но време е да оди на рециклирање.rn

    8. Далечински управувачи

    rnНаоѓате далечински управувач и не знаете дали е од телевизорот кој го исфрливте пред 6 години или од клима уредот што го заменивте пред 3 години. Доколку ви се случи ова, зошто би го чувале и понатаму тој правоаголен пластичен предмет?rn

    9. Кабли

    rnКаблите се потребни, но не сите. Има и кабли кои се стари, искинати, оштетени…rnrn(4) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    10. Стари списанија

    rnПризнајте дека нема никогаш повеќе да го отворите весникот кој сте го купиле пред 5 години и заедно на куп со други списанија зафаќа еден агол од вашата дневна соба кој може да се искористи за нешто многу поубаво.rn

    11. Книги кои не прилегаат на вашата полица

    rnСите сме имале моменти во животот кога сме се одлучувале за лесна литература. Но, повеќе не треба таквите „романи“ да фаќаат прашина на вашите полици. Заменете ги со нови, а старите донирајте ги или подарете ги некому.rnrn(1) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    12. ВХС касети

    rnДоколку на нив имате домашни видеа, преснимете ги, а на огромните видео касети конечно е време да им кажете„Чао“.rn

    13. Креми за лице и тело, тоници и други средства за нега и хигиена

    rnКолку вакви празни и полупразни шишенца имате во плакарот во бањата? Соберете ги во една вреќа и право во канта.rn

    14. Четка за тоалетна шолја

    rnПоминала една година, а вие уште ја користите истата? Овие четки се полни со бактерии и треба редовно да се менуваат.rnrn(2) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    15. Лекови со истечен рок на употреба

    rnЛековите чијашто употреба завршила, стануваат отрови. Исфрлете ги сите таблети, сирупи и чаеви кои некогаш ви помогнале, но веќе одамна се надвор од употреба.rn

    16. Шминка постара од една година

    rnДоколку имате шминки постари од една година исфрлете ги. Многу често и забораваме што сè имаме во нашите тоалетни маси и фиоки. Затоа не двоумете се. Ќе си ослободите место за нови, а и ќе се заштитите од можна појава на алергии и несакани дејства на кожата.rn

    17. Бесплатни примероци и тестери

    rnОвие нешта ги чувате без некоја особена причина. Сте ги добиле како бесплатен примерок и сте заборавиле на нив. Сигурно веќе им е поминат и рокот на употреба.rn

    18. Стари патики

    rnШкафчињата за чевли ви се неуредни токму заради старите патики, папучи, сандали. Знаете дека никогаш нема да ги ставите на нога, но упорно не се откажувате од нив.rn

    19. Фустан за свадба

    rnТоа е парче облека кое носи сеќавања во себе, но соочете се со фактот дека никогаш повеќе нема да го облечете.rnrn(3) 21 предмет што треба веднаш да ги исфрлите од вашиот домrn

    20. Облека со дамка

    rnДоколку една блуза на себе има дамка којашто не сте успеале да ја извадите, зошто би ја чувале во вашиот плакар?rn

    21. Дупнати чорапи

    rnПризнајте, колкумина од вас имаат полна фиока со чорапи кои имаат дупче? Ќе ги облечете повторно? Не. Зошто да ви зафаќаат место, исфрлете ги.

  • Како што стареете, ќе имате помалку пријатели… Но, тоа е навистина добро!

    Како што стареете, ќе имате помалку пријатели… Но, тоа е навистина добро!

    Можеби сте забележале дека како што минува времето, вие имате контакт со сè помалку луѓе. Ако е така, тогаш не грижете се, ова е добар знак. Како што поминува времето, ќе сфатите дека траат само длабоките и искрените пријателства. Можете да имате помал круг на пријатели, но оние со коишто сте останале во контакт ви се навистина верни.rnrnrnrnКако што минуваат годините, вие можеби ќе сфатите дека сте искусиле некои од овие работи.rn

    1. Сте поминале низ многу ситуации

    rnСо текот на годините доаѓа и искуството. Како што растете вие ќе сфатите дека постојат неколку пријатели коишто ве поддржуваат во тешките времиња. Ќе научите да зависите од оние малкумина пријатели кои останале до вас, а помалку ќе имате време за оние кои не биле до вас кога ви биле потребни.rn

    2. Имате помалку трпение за неискреноста

    rnКога сте биле млади, сигурно сте имале желба да стекнете што повеќе пријатели. Можеби тогаш сте имале поголемо трпение и толеранција за новите познаници. Сепак, како што стареете, вие ќе имате помалку трпение за неискреноста. Она што ќе го научите е дека подобро е да имате неколку искрени пријатели, отколку куп површни односи.rn

    3. Имате формирано подлабоки пријателства

    rnМногу пријатели коишто сте ги стекнале во минатото веќе имаат исчезнато, но постојат и такви коишто секогаш се тука за вас. Преку размената на повеќе искуства, вие ќе имате можност да изберете неколку пријатели со коишто ќе создадете подлабока поврзаност. Тој вид врска може да се создаде само со текот на времето.rnrnrn

    4. Имате помалку време

    rnКако што минува времето, вие ќе станувате сè позафатени. Работата и семејството ќе ви остават помалку време за пријателите. Кога вашето време станува поскапо, вие ќе го цените повеќе и најверојатно е да сакате тоа време да го поминувате со пријателите во чиешто друштво најмногу уживате.rn

    5. Имате помалку енергија за запознавање нови луѓе

    rnКако млади, имате енергија за да одите на забави, да запознавате нови луѓе и да создавате нови пријателства. Како постари, вие ќе имате помалку време и трпение за овие работи. Тогаш повеќе би сакале да уживате во чаша вино со старите пријатели, отколку да излезете надвор и да запознавате нови луѓе.rn

    6. Повеќе ги штитите вашите тајни

    rnКако што поминува времето, вие ќе настојувате повеќе да ги заштитите вашите тајни и да ги споделувате само со неколку избрани пријатели на коишто би можеле да им верувате.rnrnЗатоа, не очајувате ако сфатите дека имате малку пријатели. Оние коишто останале покрај вас и во среќните и во тажните мигови, докажале дека вредат да бидат во ваша близина!

  • Овие бебиња се мнооогу постари од вас

    Овие бебиња се мнооогу постари од вас

    Да не се разбереме погрешно, и понатаму мислиме дека се многу слатки, само што гримасите, фризурите и моментите во кои се фатени на овие фотографии многу придонесуваат за нивниот сериозен, возрасен изглед. Од некои од нив, дури и страв да ве фати. :)rnrn0-Ovie bebinja se mnooogu postari od vas-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети

    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети

    Кристин Х. Меконел е фотографка од Лос Анџелес која нашла совршен начин да ги обнови старите портрети од нејзиното семејство. Крајниот резултат е проект кој прикажува 7 генерации женска убавина од семејството на Меконел, истовремено претставувајќи ги промените во стилот и модата низ времето. Во само 7 фотографии Меконел успева да претстави 200 годишна историја.rnrnКристин вели дека била инспирирана од старите фотографии во нејзиниот дом. Бидејќи била постојано опкружена со лицата на овие жени, почнала да наоѓа сличности меѓу своите предци и себеси. Оваа игра на Кристин направена со цел да види колку би била слична со своите предци кога би имала иста фризура, облека или шминка се претворила во одличен проект. Освен идентичната фризура, шминка и облека, Кристин користела и дигитални ефекти за да ја долови оригиналноста на времето, а нејзината мајка ѝ помогнала во собирањето податоци за нејзините предци.rnrn

    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Кристин е од десната страна, додека нејзината прапрапра баба Марта, родена 1821, е од левата страна
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Меконел како нејзината прапрабаба Џејн, родена во 1858.
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Меконел и нејзината прабаба Ати Меј, родена во 1898
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Ова е бабата на Кристин, родена 1928
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Кристин дури го носи истиот фустан кој го носела нејзината мајка Кетрин (родена во 1957) кога имала 32 години
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    За крај, ова е „оригиналната“ Кристин, родена 1981
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Кристин го завршува овој фото-проект со слика од нејзината „идна ќерка“ која ќе ја продолжи семејната лоза на убави жени
    rnrnСледете ја Кристин на Инстаграм.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.