КАФЕ ПАУЗА

Tag: Starbucks

  • Девојка која цела година се хранела само во „Starbucks“

    Девојка која цела година се хранела само во „Starbucks“

    Американската блогерка Бјутифул Егзистенс (Beautiful Existence), кон крајот на 2012 година си поставила пред себе еден необичен предизвик. Таа решила секој оброк во 2013 година да ѝ биде купен од познатиот синџир кафетерии „Starbucks“.rnrnДевојка која цела година се хранела само во „Starbucks“rnrnОвој предизвик подразбирал дека и за Божиќ, Денот на благодарноста, нејзиниот роденден и на многу други важни денови, таа морала да јаде од „Starbucks“.Уште една околност која ѝ го отежнувала предизвикот, бил лимитот од 20 долари дневно. Таа месечно трошела по 500-600 долари, а секој ден го започнувала со кафе со млеко, каша од боровинки, овошје и чаша сок. За ручек јадела топли сендвичи, а за вечера салати.rnrnТаа изјавила дека првите неколку месеци биле лесни, но откако менито почнало да се врти во круг и откако јадела еднолично, станувало сè потешко и потешко.rnrnЗа оваа година таа си поставила нов предизвик, ветувајќи си дека во наредниве 365 дена ќе проба 80 различни спортови.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Перфекцијата на кафето од Старбакс

    Перфекцијата на кафето од Старбакс

    Покрај тоа што „Starbucks“ се прославија благодарение на доброто кафе, тие отсекогаш знаеле и одлично да се промовираат. Доказ за ова е и следново видео, чиј креатор е Роџиер Виланд. Преку фантастична анимација, Виланд успева во нешто повеќе од една минута да раскаже зошто подготвеното кафе од овој ланец на продавници е едно од најдобрите.Перфекцијата на кафето од „Starbucks“ Во ова видео тој го претставува целиот процес, од одгледување на кафето, преку одбирање, па до целосната и љубезна услуга од вработениот бариста. Приказната почнува од крајот, односно од перфектното кафе кое го добива секој купувач, а потоа се навраќа наназад.Перфекцијата на кафето од „Starbucks“ Перфекцијата на кафето од „Starbucks“rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“?

    Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“?

    Корпорацијата „Старбакс“ (Starbucks) денеска претставува еден од најдобрите интернационални брендови, со седиште во Сиетл, Вашингтон, САД. Таа е најголемиот синџир на кафе-продавници во светот, која заклучно со 2010 година, вбројува 17.009 продавници, од кои преку 11.000 се во САД, 1.000 во Канада и околу 700 во Велика Британија. Продавница на Старбакс можете да сретнете во повеќе од 55 земји низ светот, а во нив работат околу 137.000 луѓе.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Првата продавница била отворена во Сиетл, на 30 март 1971 година од страна на тројцата пријатели Џери Болдвин, кој бил професор по англиски јазик, Цев Сигл, наставник по историја и Гордон Боукер кој бил писател. Во периодот од 1971 до 1975 година, продавницата била лоцирана на „2000 Western Avenue“, за потоа да биде преместена на улицата „1912 Pike Place“ каде што сè уште постои.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Компанијата почнува да се проширува дури во 1984 година, кога ја отвора својата прва продавница во Ванкувер, а набрзо потоа и во Чикаго и Илиноис. Во 1992 година, кога компанијата ја има својата прва јавна понуда на берзата, таа веќе има 165 продавници низ САД. Првата продавница надвор од Северна Америка, Старбакс ја отвори во Токио, Јапонија во 1996 година. На тлото на Европа, првата продавница ја отвори во Велика Британија во 1998 година, а во Латинска Америка во 2002 година во Мексико Сити. Во 2003 година својата прва продавница ја доби и Јужна Америка, лоцирана во Лима, Перу. Африка својата прва продавница ја доби во 2010 година, за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во последниве 10 години, компанијата се посветува на купување дел од други познати компании и ребрендирање на нивните продавници. Меѓу овие компании се вбројуваат „Torrefazione“ од Италија, „ Diedrich“ од САД и други слични компании.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во нашата соседска околина, кафињата на Старбакс можете да ги вкусите во Грција и Бугарија. Успехот на оваа компанија се должи на нивниот квалитет, богатата понуда на кафиња како и на брзата и љубезна услуга.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • На кафе во Софија

    На кафе во Софија

    Она што е заедничко за жителите на Софија е тоа што се пасионирани љубители на кафето и тоа не на било кое, туку на квалитетното. За нив кафето е потреба.rnrnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnВо главниот град на Р. Бугарија, Софија има многу кафе барови. Некои се познати по убавото кафе, а некои по прекрасното топло чоколадо кое Бугарите го обожаваат. Со оглед на тоа што Софија доби кафе продавници од познатиот ланец Starbucks, тие се и најпознати и најпосетени. Градот има и други кафе барови кои вреди да се посетат ако се наоѓате таму и сакате да испиете убаво кафе во духот на градот.rn.rn

    Starbucks

    rnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnМодерни, динамични и опуштени места каде кафето е на прво место. Бидејќи се прилично новоотворени, секогаш се преполни со луѓе, бучни и раздвижени. Во Старбакс продавниците достапни се колачињата и разните слатки десерти кои одат совршено со кафето.rnrnЛокации:rn

      rn011

    • Улица Гурко и булевар Васил Левски
    • rn

    rn

    .rnCosta Cafe

    rnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnОва е Британски ланец на кафе продавници. Овој кафе бар е повеќе познат по најразличните видови на топло чоколадо и се чини дека е специјализиран за нив. Атмосферата е мирна, но во зависност од денот може да има и многу луѓе. Карактеристично за овој кафе бар е тоа што има кафе за носење и чашите се од дебел картон од кој не може да се изгорите.rnrnЛокации:rn

      rn011

    • Булевар Арсеналски, Трговски центар
    • rn011

    • Княз Александър
    • rn

    rn

    .rnOnda Coffee Brеаk

    rnНа кафе во Софија, Р.БугаријаrnrnОва е кафе бар кој треба да го посетите ако се наоѓате во Софија. Има одлична атмосфера и прекрасно кафе. Секогаш е полно со гости. Во кафе барот има некомерцијална музика, а ентериерот е карактеристичен по разиграните бои на ѕидовите. Кафето тука е со најдобар квалитет. Vanilla latte и cinnamon sunset се одличен избор. Наутро се подготвуваат сендвичи и слатки. Кафе барот плени со прекрасниот поглед кон Руската црква.rnrnЛокации:rn

      rn011

    • Булевар Цар Освободител 8, спроти Руската црква
    • rn011

    • Бизнис парк Софија
    • rn011

    • Трговскиот центар во Софија
    • rn011

    • Булевар Стамболийски
    • rn