КАФЕ ПАУЗА

Tag: средство за чистење

  • За вредните домаќинки: 6 феноменални трикови за чистење на бањата

    За вредните домаќинки: 6 феноменални трикови за чистење на бањата

    За важноста на чистата и уредна бања воопшто не мора да пишуваме. Иако поголемиот дел од вас сигурно веќе знаат како се чистат одредени делови од бањата, сепак обрнете внимание на овие 6 трикови кои ги споделуваме со вас. Тие се навистина сјајни, а што е најдобро од сè, сите средства кои ќе ги употребите за чистење ќе можете да ги направите сами. Она што е навистина важно е дека задолжително би требало да обезбедите заштитни ракавици за да ги избегнете иритациите на кожата.rnrn1-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Дамките од огледалото

    rnНаместо класичниот спреј за стакло, можете да се послужите со пената за бричење. Природна, и многу подобра, варијанта е спрејот кој ќе го направите сами, на тој начин што во шише со прскалка ќе измешате сода бикарбона и хидроген пероксид.rn

    2. Чиста када или туш кабина

    rnВашата када или туш кабина ќе сјаат доколку направите средство за чистење од следниве состојки: 120 милилитри оцет, 240 милилитри алкохол и две лажички сода бикарбона. Помешајте ги сите состојки со 400 милилитри топла вода и истурете ја смесата по кадата. Оставете ја така 15 минути и додека ја измивате ќе забележете неверојатен резултат.rnrn2-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    3. Чиста шолја во тоалетот

    rnИзмешајте течност за миење на устата или пак паста за заби со вода и со оваа течност полијте ја тоалетната школка. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа изрибајте ја и разликата ќе биде очигледна.rn

    4. Сјајни плочки

    rnПлочките ќе сјаат доколку ги избришете со памучна вата намокрена во избелувач за алишта.rnrn3-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ослободете се од ‘рѓата

    rn‘Рѓата ќе исчезне преку ноќ доколку врз неа посипете сол, а преку солта исцедете лимон. Утрото кога ќе се разбудите само избришете ја солта и ќе забележите дека ‘рѓата исчезнала.rn

    6. Чиста завеса за туширање

    rnЗа завесата за туширање да изгледа како нова, сипете 500 милилитри избелувач во шишенце со прскалка и додајте 2 лажички детергент за садови. Напрскајте ја завесата со оваа течност и пред да ја исплакнете, оставете ја неколку минути да делува.

  • Не фрлајте го сунѓерот, со овој едноставен трик тој ќе биде повторно чист!

    Не фрлајте го сунѓерот, со овој едноставен трик тој ќе биде повторно чист!

    Кујнските сунѓери се полни со опасни бактерии, а нивното чистење со средство за миење садови и топла вода не е доволно за овие штетници да се уништат, туку тие и понатаму остануваат да се размножуваат.rnrnrnrnДоколку верувате дека после миењето садови вашиот сунѓер останал чист, тогаш сте во голема заблуда. Филип Тиерно, микробиолог и патолог од Њујорк, предупредува дека сунѓерите за садови всушност се многу нечисти и опасни по здравјето, затоа што во себе содржат ситни остатоци од храна којашто се наоѓала на садовите. Тоа води кон размножување на бактериите во сунѓерот, што е совршено место за нив – таму имаат доволно храна, топло е и влажно, токму онака како што тие сакаат.rnrnЗатоа кујнските сунѓери се полни со бактерии како што се салмонела, ешерихија, листерија и други бактерии коишто може да предизвикаат цревни и кожни инфекции, кои може да бидат и посериозни. Тиерно вели дека не е доволно сунѓерите да се мијат само со топла вода и со средство за миење садови. Но, постои начин којшто ви гарантира дека ќе се ослободите од бактериите коишто живеат на вашиот сунѓер.rn

    Трик за дезинфекција

    rnЗа ова ви треба избелувач и вода, во размер 1:9. Потопете го сунѓерот во овој раствор и извадете го после 10 до 30 секунди (не заборавајте да ставите ракавици), па потоа исперете го со млаз вода. Дезинфицирајте го сунѓерот на овој начин, посебно ако сте чистеле површини на коишто сте готвеле месо.

  • Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Брзото темпо на живење не ни дозволува да посветиме многу време и внимание на домот. Особено кога станува збор за чистењето, е тоа е веќе проблем. Затоа, погледнете што сè можете да исчистите во домот за помалку од 20 минути. Ова се неколку проекти за одржување на чистотата во домот, кои можете да ги прилагодите на слободното време кое го имате:rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 20 минути? – Исчистете го подот од бањата

    rnЗемете го џогерот, натопете го во вода и миризливо средство за чистење и исчитете го подот од бањата. Особено обрнете внимание на ќошињата на кои се лепат сите нечистотии.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 15 минути? – Исчистете ги прозорците и огледалата во две соби

    rnОдберете две соби (спална и дневна) и исчистете ги прозорците. Чистете од горе кон долу со средство за чистење стакло, притоа внимавајќи да не оставите некој дел неисчистен. За чистење на огледалата, потсетете се на стариот трик за чистење со стари весници.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 10 минути? – Исчистете го правот од дневната соба

    rnЕлектрониката и ламбите фаќаат многу прашина. Исчистете ги со помош на мека крпа и средство за чистење. Посветете внимание на најнедостапните места на електронските уреди и на широките површини околу нив.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 5 минути? – Испразнете ги корпите за ѓубре

    rnЗемете голема црна ќеса и испразнете ги корпите за ѓубре од секоја соба. Потоа, заменете ги со нови.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 1 минута? – Ставете ги нечистите садови во машината за садови

    rnИсчистете ги остатоцте од чиниите и ставете ги во машина за садови. Соберете ги садовите од сите соби и масички. Вклучете ја машината и таа ќе ја заврши работата за вас.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrnrnОва не се совети за чистење кои некој не ги знае, но понекогаш ни треба потсетување дека повеќе работи можат полесно да се завршат доколку се праваат во различни периоди од нашето слободно време. Што чекате? Прашината од мониторот нема сама да се избрише. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.