Иако ви изгледа сосема логично да имате огледало во спалната соба затоа што ви е потребно додека се облекувате и шминкате, тоа всушност и не е најдобра идеја.rnrn
rnrnСпоред древната кинеска филозофија Фенг шуи, огледалото воопшто не е пожелно во вашата спална соба, особено ако тоа е свртено кон креветот или е закачено над него. Најголема грешка, според ова верување е креветот на којшто спиете да се огледува во огледало.rnrnЛуѓето кои се бават со Фенг шуи предупредуваат дека огледалото, поставено на погрешно место, може да биде „виновникот“ за лошиот сон, но и за проблемите во бракот. Клучот е во тоа што ваквата позиција поттикнува создавање активност, а во спалната соба е потребна спротивна енергија – мир и тишина. Поради позициите на коишто се поставени, огледалата „повикуваат трета страна во вашиот однос“ и ги поттикнуваат партнерите на неверство.rnrn
rnrnЕдинствена прифатлива позиција за огледалото во спалната соба е поставеност од внатрешната страна на плакарите, така што кога се тие затворени, со нив е затворена и „активноста“ на огледалото. Наједноставно е тоа да се постави на внатрешната страна од вратите на плакарите, така што со нивното затворање, во нив нема да се одразува креветот на којшто спиете. Доколку имате голема соба и можете да најдете некој агол каде што креветот нема воопшто да се гледа во огледалото, можете да го поставите во тој дел од спалната.
Tag: спална
-

Зошто треба да внимавате на поставеноста на огледалата во спалната соба?
-

Прекрасна мала викендичка од само 9 метри квадратни
Дали сте знаеле дека во Финска за куќите кои не зафаќаат простор поголем од 12 метри квадратни нема потреба да барате дозвола за градба? Робин Фалк ја дизајнирал и изградил оваа малечка модерна куќичка во 2010 година. За него овој проект претставувал остварување на еден долгогодишен сон. Тој се консултирал со неколку архитекти и целата куќичка ја завршил за помалку од две недели. Недостасувале само прозорецот и вратата, но и тие пристигнале после некоја недела.rnrn
rnrnТој ја крстил куќичката „Nido“, што значи птичјо гнездо на италијански. Куќичката е распослана на само 9 квадратни метри, од кои половина е спалната. Големиот прозорец обезбедува доволно дневна светлина и прекрасен поглед кон отворено небо, кој е особено спектакуларен ноќно време кога небото е полно со ѕвезди. Таа се наоѓа на брегот на едно езеро, а целата негова околина е фантастична. За изработка на оваа куќичка Робин одвоил 10.500 американски долари.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Специјална спална во која можете да си легнете со вашиот лаптоп
Дизајнирана од италијанскиот архитект Масимо Скалзо, оваа спална е создадена да реши еден секојдневен проблем на многумина и да понуди интересно решение за подобар простор за живеење.rnrn
rnrnСпалната наречена „Pc Bedroom“ претставува едноставно, но многу практично решение за сите оние луѓе кои сакаат да си легнат во кревет со својот лаптоп. Покрај тоа ова решение може и да ви послужи за читање книга, појадок во кревет и за многу други работи.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан
Сакате да го преуредите вашиот дом и да внесете свежина во него, но не знаете на кој начин? Наместо да давате многу пари за мебел, одберете комбинација од бои кои ќе го разубават вашиот простор, со некои поевтини трикови, како менување на бојата на ѕидовите, прекривките или украсите. Не треба да претерувате со мешањето на две бои, за да не изгледа просторот премногу кич. Најпрво изберете неколку нијанси од бојата којашто сакате да преовладува, а потоа постепено додавајте детали во другата боја. Ви предлагаме 5 необични комбинации на бои, кои фантастично изгледаат во станбениот простор.rn
1. Тиркизна и беж
rnОваа комбинација од бои делува релаксирачки и создава чувство на елеганција во просторот. Овие бои најдобро се вклопуваат во дневната и во спалната соба.rnrn
rn2. Темнокафена и златна
rnКомбинирајќи ги овие две бои, ќе добиете раскошен и луксузен изглед на просторијата, особено доколку сакате африкански мотиви.rnrn
rn3. Тиркизна и боја на зелен лимон
rnОвие две навидум неспоиви бои, можете одлично да ги комбинирате во вашата канцеларија или во детската соба. Доколку ги употребите на ѕидовите или тапетите, најдобар дезен се пругите.rnrn
rn4. Светлосива и циклама
rnКомбинацијата од светлосива и циклама, ќе му даде младешки изглед на вашиот простор. Овие две бои можете да ги комбинирате и со црна и бела боја.rnrn
rn5. Темнозелена и бледорозова (лаванда боја)
rnОваа необична комбинација од бои, ќе ѝ овозможи смирувачки изглед на вашата бања, тераса или работен простор. Како додаток плус, во просторијата можете да ставите и голема вазна со лаванди и со тоа целосно да го освежите вашиот простор за живеење.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Секс трикови од порно филмовите кои вреди да се пробаат
Да, знаеме што мислите: „Што им е на овие, порното не е за секото, па уште да учиме од него!“ Сепак, доколку се анализираат порно филмовите, може да се „соберат“ некои трикови кои секој може да ги примени во својот сексуален живот. Тоа може да придонесе да си ја вратите страста во врската, да ви се подигне самодовербата, и секако, да се чувствувате многу позадоволни од својот сексуален живот. Притоа, најважно од сè е да ги испробате оние работи кои вам би ви одговарало да ги правите. Желбите и преференциите на прво место, а веднаш потоа направете место и за малку експериментирање.rnrn
rnrn1. Средени и дотерани – Ова секако важи за двата пола, но женските имаат повеќе можности за експериментирање со фризурите таму долу и со изборот на долната облека. Можеби многу девојки и жени не практикуваат долна облека која е сложена за облекување, но одвреме-навреме е убаво да се проба. Што се однесува до обликувањето на срамните влакна, не зборуваме за громче, но една права линија би била фина промена за вас и за вашиот партнер. И не плашете се од недостатоците, има голема сексуална привлечност во нив, а со дотерување за во спалната соба ќе имате и поголема самодоверба и ќе бидете многу повеќе желни за секс.rnrn2. Стимулација од повеќе страни – Без разлика дали давате или примате орален секс, истражете ги оние места кои се возбудливи за вашиот партнер односно партнерка и стимулирајте го нивното задоволство допирајќи ги истовремено за време на актот.rnrn3. Не плашете се од „задната врата“ – Ако никогаш не сте пробале, сега е моментот. Има многу начини на кои и мажите и жените можат да бидат стимулирани одзади. Секој ужива во различен интензитет, па одредете го вашиот спектар и пробајте. Нема да зажалите.rnrn4. Земете ги играчките и играјте заедно – Играчите, особено вибраторите се лесни за употреба, забавни се за двата пола и не е срамота да се користат. Зачинете го сексуалниот живот со рачен вибратор или со вибрирачки прстен кој ги задоволува двете страни.rnrn5. Играјте улоги – Не мора да посетите училница или докторска ординација за да го изведете играњето улоги, но обидете се да се внесете во улогата што повеќе. Можеби нема да добиете Оскар, но чувството е ослободувачко како резултат на исполнување на фантазиите.rnrn6. Малку воајеризам не е на одмет – Групниот секс можеби не е за секого, но чувството дека додека го правите тоа некој може да ве види е многу секси. Веројатно многумина би се срамеле да го направат тоа на отворено, но секс покрај отворена балконска врата или доцна во ноќта на плажа е добра опција. Можете да бидете дискретни додека истовремено постои „опасноста“ дека некој ќе ве види.rnrn7. Пробувајте нови пози и отворено зборувајте што сакате – Кога станува збор за секс позите не може да знаете дали нешто ќе ви се допадне или не сè додека не го пробате. Исто така, не срамете се на партнерот/партнерката да му/ѝ кажете што ви се допаѓа и како точно сакате да се намести. Па малку наредување во вакви моменти може да биде дури и „жешко“.rnrn8. Болката може да биде и задоволство – Секако, не е секој ни за ова. Во порно светот, фантазиите и фетишите се остваруваат слободно, што дури ако ги нема, веројатно би зевале наместо да гледате заинтересирано и возбудено. Во реалноста, ретко зборуваме за чудните работи кои сакаме да ги правиме во кревет, како желбата за предизвикување и поднесување болка или улогите на господар и слуга. Но, ако сте во долга врска, ослободете се и впуштете се во светот на перверзиите – може да искусите задоволство како никогаш порано. -

Бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот
Доколку сакате добро да се наспиете, тогаш најдобро е ѕидовите во вашата спална да ги бојадисате во сина боја.rnrn
rnrnОние чии ѕидови на спалната соба им се бојадисани во сина боја во просек спијат осум часа на ден и се будат позитивни и среќни, бидејќи според најновото истражување, сината боја се поврзува со мирните чувства, а се верува и дека ја забавува работата на срцето и го смалува притисокот.rnrn
rnrnЗелената и жолтата, исто така се добри бои, бидејќи со нив ќе спиете во просек 7 часа и 40 минути за време на ноќта. Најлоша боја за спална соба е виолетовата, бидејќи е премногу стимулативна и премногу ги намалува просечните преспиени часови. Што се однесува до сивата и кафената, научниците се сложиле дека овие бои се премногу досадни и депресивни.rnrn
rnrnЗа време на истражувањето, научниците посетиле 2.000 куќи за да утврдат какво влијание имаат боите на спиењето. Крис Иџиковски, експертот за соништа од Единбург, вели дека во мрежницата на окото, постојат посебни келии кои се нарекуваат ганглии, кои се најосетливи на сина боја.rnrnОвие рецептори го хранат со информации делот кој се наоѓа многу длабоко во мозокот и кој го контролира 24-часовниот ритам на организмот. Овој дел од мозокот влијае на тоа како функционираме во текот на денот и како спиеме во текот на ноќта.rnrn
rnrnИстражувањето утврдило дека луѓето кои спијат во виолетови соби, спијат најмалку бидејќи виолетовата боја ментално стимулира и поради неа многу е тешко да се „исклучиме“ од дневните грижи и обврски. Погледнете во каква спална се спие најмногу:rnrn rn
rn rn Сина
rn
rn
rn 7 часа и 52 минути
rn
rn
rn
rn rn Жолта
rn
rn
rn 7 часа и 40 минути
rn
rn
rn
rn rn Зелена
rn
rn
rn 7 часа и 36 минути
rn
rn
rn
rn rn Сребрена
rn
rn
rn 7 часа и 33 минути
rn
rn
rn
rn rn Портокалова
rn
rn
rn 7 часа и 28 минути
rn
rn
rn
rn rn Црвена
rn
rn
rn 6 часа и 58 минути
rn
rn
rn
rn rn Златна
rn
rn
rn 6 часа и 43 минути
rn
rn
rn
rn rn Сива
rn
rn
rn 6 часа и 12 минути
rn
rn
rn
rn rn Кафена
rn
rn
rn 6 часа и 5 минути
rn
rn
rn
rn rn Виолетова
rn
rn
rn 5 часа и 56 минути
rn
rn
rn
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Ви недостасува простор во домот?
Преносната барака „Tetra Shed“ е дизајнирана од страна на Дејвид Аџаса-Адаканал и може да се користи како домашна канцеларија, остава, куќичка за деца, уметничко студио, работилница, па дури и како гостинска спална.
Интересно кај овој дизајн е тоа што дозволува склопување на повеќе бараки во една, со што можат да се формираат многу поголеми простории. Стандардната барака има големина од 10 квадратни метри.



rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Висечки кревети – модерен детаљ за секој дом
Автор: Елена ЈошескаrnrnВисечкиот кревет внесува чувство на илузија и забава во собата. Со додавање на јаже, креветот не само што е посигурен, туку и личи на голема лулашка. Тоа ги прави висечките кревети погодни за секаков вид игри.
Јажето може да ги надополнува топлите тонови во собата. Ако нијансата на тепихот или ѕидот е слична со нијансата на јажето, тогаш висечкиот кревет одлично би се вклопил дури и во најформалната спална соба.
Висечките кревети можат да се вклопат во секоја тематска соба. Тие можат да направат собата да изгледа како подморница, или како некое рајско место. Атмосферата во собата може да се дополни со поставување на ламба покрај висечкиот кревет.
Доколку креветот е поставен пониско, на тој начин во собата се создава смирена и релаксирана атмосфера. Креветот изработен од природни материјали, како што е дрвото, е вистински избор за оние кои ги почитуваат правилата на фенг шуи. Висечките кревети се доста практични. Делот под креветот може да се искористи за складирање на разни предмети.

rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Совршен мал стан во Њујорк
Ова мало станче во Њујорк е уште еден успешен пример, како правилно треба да се искористува просторот, без разлика колкав е. Проектот е реализиран благодарение на компанијата JPDA. И не само што просторот е максимално искористен, туку на многу паметен начин се направени некои специфични работи кои го прават станот уште пофункционален. Како на пример, скалите имаат функција на фиоки.rnrn
rnrnПедесет-квадратниот стан се состои од просторна кујна и прилично голема дневна соба, во која има и посебен дел со работно биро. Скалите-фиоки кои веќе ги споменавме, водат кон спалната која е сместена во интимна галерија. Бањата, која е со туш кабина е прилично голема. Пред и после влезот на кујната има два плакари, во кои може да се складираат многу работи. Сумирано, просторот е перфектно искористен, модерно наместен и совршен за млад пар.rnrn








rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Перници под нозете за подобар сон
За да се разбудите наутро одморени и спремни за дневните обврски и напор, освен тоа колку спиете, многу е важно и како спиете. Количината од седум до осум часa на ден е исто толку важна како и квалитетот на спиењето, па затоа спалната соба треба да биде прибежиште за одмор. Бојата на спалната соба е важна, и таа, освен бела може да биде светло сина, виолетова, зелена или некоја друга боја која вас ве смирува. Пожелно е да нема телевизор таму каде што спиете, бидејќи тој дополнително го оптоварува мозокот.
Музиката исто така може да ви помогне да се релаксирате и полесно да заспиете. Ако сакате да слушате радио можете да ја вклучите омилената станица, или ако имате паметен телефон, од интернет да си одберете музика која најбргу ќе ве однесе во царството на соништата.rnrnОсветлувањето во спалната соба е уште еден важен фактор за добар сон. Ноќните и подните ламби со придушено светло и топол отсјај, собата ќе ја претворат во вистинска оаза за одмор и добар сон. Пред да си легнете, наместете една до две перници кај долниот дел од нозете и тоа без разлика дали спиете на грб или на стомак. На тој начин ќе ја подобрите циркулацијата и ќе ги олабавите мускулите во долниот дел од грбот, па и полесно ќе заспиете. Ако наутро се будите со грчеви или со вкочанет врат, тоа веројатно е бидејќи душекот и перницата ви се премногу меки или премногу тврди.rnrnУбавото утринското протегнување како мачка, не само што ви го раздвижува телото, туку ја подобрува и циркулацијата,а го забрзува и расонувањето, па веќе сте спремни за новиот ден.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn