КАФЕ ПАУЗА

Tag: сончоглед

  • Чоколаден сончоглед: Прекрасен цвет со посебна убавина

    Чоколаден сончоглед: Прекрасен цвет со посебна убавина

    Овој сончоглед може да има од темнокафена до бордо нијанса, а исто како обичниот сончоглед, најмногу му треба сонце.rnrnЧоколаден сончоглед: Прекрасен цвет со посебна убавинаrnrnПоради својата кафеава боја, чоколадниот сончоглед совршено би се вклопил во есенската атмосфера, но исто како класичниот жолт сончоглед, тој цвета во лето и овенува при првиот мраз. Ливчињата на овој цвет може да бидат во различни нијанси, така што главата на цветот може да има темнокафеава боја, а кон крајот цветовите имаат посветла нијанса на бордо.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by cookthebooth (@cookthebooth)

    rnrn

    rnrnrnОвој сончоглед може да порасне од 120 до 150 центиметри во висина, а цветовите може да достигнат дијаметар од 10 до 15 центиметри. Се разбира, треба да го засадите на место каде што ќе има многу сонце.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Kaktüs & Sukulent & Teraryum (@teraryum.bahcesi)

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Jay (@jaysgardenjournal)

    rnrn

    rnrnrnПогледнете кои 5 растенија ќе успеат дури и ако ги запоставите.

  • 5 совети со кои сончогледите ќе траат подолго во вазна

    5 совети со кои сончогледите ќе траат подолго во вазна

    Сончогледите се вистински летни цвеќиња што изгледаат прекрасно во градината, но колку долго ќе изгледаат убаво во вазна зависи од неколку работи.rnrn5 совети со кои сончогледите ќе траат подолго во вазнаrn

    1. Бидете внимателни какви сончогледи избирате

    rnПри изборот на сончогледи што ќе ги ставите во вазна, најдобро е да ги изберете оние чии ливчиња штотуку почнуваат да се отвораат. Ако сончогледот е веќе целосно отворен, колку и да изгледа прекрасно, неговиот животен век во вазната ќе биде значително пократок. Затоа, изберете цврсти, здрави сончогледи кои штотуку почнуваат да се отвораат.rn

    2. Наводнете ги пред да ги исечете

    rnАко имате сончогледи во вашата градина, важно е да ги наводните пред да ги исечете за во вазна. Имено, сончогледите сакаат многу вода, а поради големиот цвет и големото стебло, навистина им треба вода. Редовното наводнување, особено неколку часа пред да ги ставите во вазна, ќе спречи затворање на нивните ливчиња и виткање на целото цвеќе.rn

    3. Исечете ги наутро, со многу остри ножици под агол од 45 степени

    rnДруг трик што ќе спречи овенување на цвеќето е да го исечете рано наутро. Во попладневните и вечерните часови, сончогледите ќе бидат малку исушени од топлината.rn

    4. Исчистете го вишокот лисја

    rnЗа да може сончогледот да трае што подолго и да не мора да ја менувате водата во вазната секој ден, отстранете ги сите лисја што се вишок. Во спротивно, сончогледот ќе изгние во вазната, а покрај загадувањето на водата, во просторијата ќе почне да се шири и непријатен мирис.rn

    5. Изберете соодветна локација

    rnИако сончогледите се познати по тоа што сакаат сончева светлина, приказната е нешто поразлична откако ќе се исечат и ќе се стават во вазна. Тогаш повеќе им одговара индиректна светлина, а колку е поладно местото каде што ќе ги ставите, толку подолго ќе останат свежи.rnrnПогледнете ги овие фотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домот.

  • Рецепт за вкусни бомбици со сончоглед

    Рецепт за вкусни бомбици со сончоглед

    Вкусот на овие бомбици со сончоглед ги освојува сите генерации!rnrnРецепт за вкусни бомбици со сончогледrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 100 г сончоглед
    • rn 011

    • 100 г семе од лен
    • rn 011

    • 100 г сусам
    • rn 011

    • 500 г брашно
    • rn 011

    • 200 милилитри бело вино
    • rn 011

    • 100 милилитри зејтин
    • rn 011

    • 250 г путер
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Измешајте го брашното и сите семиња. Потоа, изматете го путерот со рачен блендер и додадете го брашното и семињата.
    2. rn 011

    3. Полека додавајте наизменично зејтин и вино и кога ќе се формира убаво тесто, оставете го во фрижидер неколку часа.
    4. rn 011

    5. Обликувајте топчиња и наредете ги на плех. Печете во рерна на температура од околу 180 до 200 степени додека не поруменат убаво.
    6. rn 011

    7. Кога ќе се испечат, намачкајте ги путер ако сакате да ги украсите со сончоглед односно да ги поминете убаво од сите страни во тањир со сончоглед. Експериментирајте со украсувањето.
    8. rn

    rnОвие чоколадни колачиња се новиот Инстаграм тренд, а гарантирано ќе го подобрат и вашето расположение.

  • 7 неочекувани прехранбени производи кои можат да ја заменат солта

    7 неочекувани прехранбени производи кои можат да ја заменат солта

    Во последно време солта ја бие лош глас, особено поради нејзината преголема застапеност во куповната храна. За подобро регулирање на внесувањето сол во вашиот организам, се препорачува нејзина замена со поздрави алетернативи. Имено натриумот, главниот елемент во солта, може да се најде во повеќе природни билки од кои најдобри се следниве 7.rnrn7 неочекувани прехранбени производи кои ќе ја заменат солтаrn

    1. Цимет

    rnЕден од најстарите зачини, кој обично во кујната се користи единствено за слатки работи, има многу поголема примена. Тој може да биде одлична замена за солта бидејќи подобро ги регулира шеќерите во крвта и има способност да го намали холестеролот. Иако не можеме да го замислиме неговиот интензивен мирис во секојдневните оброци, циметот изненадувачки добро се снаоѓа во пикантните јадења. На пример, помешан со кари ќе го обогати секое пилешко јадење.rn

    2. Кардамом

    rnКардамомот се смета за член на семејството на ѓумбирот. Неговиот вкус е деликатен и ароматичен и уште на првиот допир со непцата се чувствува солта која ја содржи. Затоа воопшто не изненадува што неговата присутност е сѐ почеста во некои јадења наместо солта. За поинтензивен вкус на кардамомот, потребно е неговите семки малку да се испржат.rn

    3. Чили пиперчиња

    rnТоплиот и пикантен вкус кој го оставаат чили пиперчињата во устата е заслуга на нивните лековити својства, па токму затоа и тие треба да станат омилен зачин на храната која се јаде со лажица, каде и најдобро ги балансираат вкусовите.rn

    4. Семки од сончоглед

    rnСамо 50 грама од семките на овој плод ги задоволуваат дневните потреби за витамините Е и Б1, а само 100 грама семки ги задоволуваат дневните потреби на организмот за манган, бакар, магнезиум, натриум, фосфор и витамин Б6. Солениот и по малку горчлив вкус на семките им го дава натриумот, па затоа мелените семки од сончоглед можат да се користат во исхраната наместо сол.rn

    5. Лук

    rnЛукот е одлична замена за солта, посебно лукот во прав. Многумина го користат со риби и тестенини, бидејќи го подобрува вкусот на овие производи. Неговите многубројни лековити својства се главната причина за неговата голема примена во кујната, а доколку ја изоставите солта во јадењето и додадете само малку лук, ќе го осетите и неговиот солен вкус.rn

    6. Босилек

    rnЗелените листови на босилекот изобилуваат со етерични масла, кои помеѓу низата компоненти содржат и натриум. Токму затоа босилекот може да биде добра замена за солта. За да ги сочувате маслата од листовите, потребно е да ги додадете на самиот крај во подготовката на јадењето. Освен во готвените јадења, босилекот одлично функционира кога е помешан со зеленчук, тестенини и салати каде неговиот солен вкус особено доаѓа до израз.rn

    7. Сок од лимон

    rnСалата без зрно сол, но со многу лимонов сок, целосно ќе го замени омилениот зачин. Освен тоа, лимонот е познат природен конзерванс и како таков е совршена замена за солта.

  • Цветен хороскоп

    Цветен хороскоп

    Цветниот хороскоп открива по нешто за секој од нас затоа што се смета дека душата на човекот се поистоветува со одредено цвеќе во зависност од датата на раѓање.rnrnЦветен хороскопrn

    Гераниум (21.03 – 20.04)

    rnОвој амбициозен знак означува хиперактивност и сака јаки цветни мириси. Неговата енергија може да се смири со есенцијални масла од боровинки и див портокал. Бидејќи има склоност кон повреди, му одговара цветниот мирис на арника која ја намалува напнатоста и ги ублажува болките. Гераниумот ги сака силните бои, посебно црвената боја, која пак, од друга страна, уште повеќе може да го иритира неговиот лесно раздразлив нервен систем. Заради тоа, гераниумот треба да е опкружен со лалиња и зелени аранжмани.rn

    Роза (21.04 – 20.05)

    rnОвој еротичен знак лесно им подлегнува на сопствените страсти и другите животни задоволства. Не може да му одолее на мирисот на мошус, роза, јасмин и темјанушка. Јаките мириси, како што е мирисот на зумбул, може да делуваат смирувачки. Тоа важи само за претставниците на овој знак кои треба да се оттргнат од апатијата, затоа што розите се по малку бавни. Како големи хедонисти, уживаат во ориенталниот мирис на сандалово дрво, праска и бонсаи. Розите ѝ подлегнуваат на меланхолијата, посебно ако љубовта не им е возвратена. Во тој случај, мирисот на јоргован може да ги оддалечи од летаргијата.rn

    Јасмин (21.05 – 21.06)

    rnВесел и ментално активен, јасминот нема трпение да одгледува собно цвеќе, но сака лесни цветни парфеми и етерични масла со примеси на орхидеја и лаванда. Токму мирисот на лаванда треба припадниците на овој знак постојано да го вдишуваат преку миризливи свеќи, свежо цвеќе или суви цветови ставени под перница затоа што често имаат кошмари. Кога ќе се заљубат сакаат малку појаки мириси, како што е мирисот на липа. Од боите им одговараат жолта и портокалова, па затоа треба да бидат опкружени со жолти рози, јасмин или фрезија која ја буди нивната креативна енергија.rn

    Ирис (22.06 – 22.07)

    rnИрисот се обидува да делува смирено затоа што мора да научи да ги контролира сопствените емоции. Му одговараат цвеќиња со ладни пастелни тонови, како темјанушка, бел и син крин и гераниум. Овој знак сака да биде опкружен со мали саксиски цвеќиња и многу зеленило, како што е папратот. Кога подаруваат цвеќе, тоа е во сино-бела комбинација, каков што е и самиот ирис. За да постигне внатрешен мир потребно му е масло од темјан, босилек или портокал.rn

    Сончоглед (23.07 – 23.08)

    rnВесел и темпераментен, сончогледот добро знае што сака во животот. На него влијае жолтата боја и заради тоа сака полско цвеќе, невен, лимоново дрво, но и палма, орев и маслинка. Кога подарува цвеќе, најчесто тоа е величествен букет од жолти или црвени рози. За да се смири потребно му е да биде опкружен со мирисот на боровинка, во вид на миризлива свеќа или како есенцијално масло. Етеричното масло од лимон може да го смири сончогледот.rn

    Камелија (24.08 – 23.09)

    rnОвој пребирлив и навидум смирен знак секогаш сака да знае на што е и да ја има ситуацијата под контрола. Заради лесно раздразливиот нервен систем сака убави цветни аранжмани кои делуваат смирувачки. На камелијата ѝ одговара мирисот на покосено сено, нарцис, бадемов цвет и вишна. Овој знак сака бледо жолта боја, па според тоа треба да биде во близина на невен, фикус или тераса со ползавец. Од парфемите најмногу ѝ одговараат оние кои содржат есенција на нарцис, цимет или коријандер. Етеричното масло од бергамот може да ја смири камелијата.rn

    Бугенвилија (24.09 – 23.10)

    rnБугенвилијата, исто како и камелијата, е многу пребирлива. Сака розови и сини нијанси на цвеќе, па затоа ѝ одговараат розови рози, хризантеми, ириси и бледо розови гербери. Овој знак лесно се изложува на стрес и психички се исцрпува. Заради тоа ѝ одговараат етеричните масла од нане и лаванда. Исто така, ѝ одговара и блага есенција на роза, како и цветни парфеми на база на јасмин и фрезија. Кога е заљубена сака појаки мириси на сандалово дрво и гераниум. Мирисот на цимет ја намалува напнатоста кај бугенвилијата.rn

    Бергамот (24.10 – 22.11)

    rnУпорен, амбициозен и наклонет кон силни емоции, бергамотот не се задоволува со мал цветен аранжман, туку сака божур, темно црвени рози, кактус, гарденија, букет хризантеми, диви каранфили. Сака да одгледува хибискус, зимзелени дрва, орев и храст. На бергамотот му одговараат парфеми со есенција на сандалово дрво, цимет и мошус. За нивниот нервен систем добро е етеричното масло од диво нане или ајдучка трева. Им се допаѓа и мирисот на канабис.rn

    Крин (23.11 – 21.12)

    rnОвој знак повеќе ги сака дрвјата отколку цвеќињата. Ако сепак се одлучи за цвеќе, тоа е некој голем аранжман како филодендрон, или повеќе бонсаи дрвца на едно место. Сака полско цвеќе и му одговара мирисот на праска и цреша. Од дрвјата ги преферира багремот и палмата. Парфемите со есенција на липа, фрезија и коријандер се најдобри за овој знак. На кринот му се препорачува есенцијално масло од нане и портокал.rn

    Јоргован (22.12 – 20.01)

    rnЈоргованот е интровертен, иако делува многу комуникативно. Се смирува со помош на есенцијалното масло на бор, елка и бршлен. Ги сака камелијата, магнолијата, јасминот и розата. Есенцијалните масла од овие растенија го нормализираат тонусот на јоргованот и му го враќаат ентузијазмот. Јоргованот сака силни ориентални парфеми со есенција на мошус, сандалово дрво, како и слаткиот опоен мирис на фрезија. Цитрусните есенции го смируваат јоргованот.rn

    Фрезија (21.01 – 18.02)

    rnФрезијата важи за ориентален боем и бунтовник во душата. Овој знак би одбрал гладиоли наместо рози. Сака лалиња, орхидеи, папрат, кали и ириси. Брезата и зимзелените растенија ја смируваат фрезијата. Често се одлучува да одгледува бамбус и кактус. Одбира силни и остри парфеми. Од етеричните масла им одговараат маслата од нарцис и коријандер.rn

    Африканска темјанушка (19.02 – 20.03)

    rnНа темјанушката најмногу ѝ одговараат калинката, ирисот, врбата, багремот, липата и орхидејата. Ги сака цвеќињата и со задоволство одгледува собно цвеќе, најчесто камелија. Мирисите на бергам, јасмин, темјан и босилек делуваат смирувачки на овој знак. На многу темјанушки им се допаѓа мирисот на канабис и мошус. Доколку се во можност, живеат во куќа опкружена со градина и во близина на вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnИзвор:

  • Чудната историја на сончогледот

    Чудната историја на сончогледот

    Сигурно ќе си помислите дека нема многу што да се знае за сончогледот. Ова растение е практично насекаде. Но сепак, тоа има повеќе од едноставна историја и патувачко искуство кое не можете да го замислите. За неговото потекло и опстанок низ вековите може да се направи холивудски филм. Ова е неговата приказна проследена со фантастични фотографии.Чудната историја на сончогледотСончогледот потекнува од Северна Америка, но потоа ќе патува во Стариот свет и назад и повторно ќе се врати, за да стане растението кое го знаеме денес. Тој, веројатно бил една од првите култури кои се одгледувале во Северна Америка. Пред да почне да се одгледува како култура, најверојатно бил употребуван како природен извор на масти. Сончогледовото семе се меша со брашно и од него се прават различни видови питички кои ги јадеме и денес. Чудната историја на сончогледотПред околу 5 илјади години луѓето во јужните делови на Америка (денешната држава Мексико), почнале да го култивираат растението. Како што го одгледувале, во текот на генерациите сончогледовото семе станувало сè поголемо. Тоа значи дека сончогледот кој го знаеме има големи разлики со нативното растение поради влијанието на луѓето во текот на овие илјадници години.Чудната историја на сончогледотСе смета дека сончогледот бил „припитомен“ дури и пред пченката од страна на Чероките и другите нативни Индијански племиња. Тој станал многу важен дел од нивната исхрана и добар извор на масти, така компензирајќи го недостатокот од нив поради исхраната со сурово месо. Исто така, и Ацтеките го култивирале сончогледот, па дури и го обожувале. Тие правеле венци за глава од сончогледови лисја во нивните обреди кон богот на Сонцето. Неговото минато носи и поголеми тајни. Сепак, никој не би претпоставил какви сè не патувања ќе издржи билката на Сонцето.Чудната историја на сончогледотЧудната историја на сончогледотДенес, семките од сончогледот се многу хранлива и здрава ужина. Тој се употребува за производство на леб како и за познатото масло од сончоглед. Исто така, се употребува за добивање на пурпурна боја за сликање на облека, тело и на други објекти. Останатите делови од растението се користат во медицината како лекови против каснување од змија. Маслото од семето е убаво за подмачкување на косата и кожата со што им дава извонреден сјај. Во античките времиња, сувите стебла на сончогледот биле употребувани и како градежен материјал.Чудната историја на сончогледотЧудната историја на сончогледотМногу луѓе и не го знаат точното потекло на сончогледот со оглед на тоа дека неговото семе било транспортирано од Новиот Свет од страна на Европејците преку Атлантикот во Европа и подалеку. Се претпоставува дека тој пристигнал во Шпанија на почетокот на шеснаесетникот век. Но, поради неговата големина и раскошност, најпрво бил употребуван само како декоративно растение. Употребата на семето за производство на масло била откриена дури во 1716 година во Англија.Чудната историја на сончогледот Својата најголема популарност сончогледот ја достигна во 18-тиот век и тоа благодарејќи на Рускиот крал Петар Велики. Тој на своите освојувања, за првпат се сретнал со оваа билка во Холандија заслепен од нејзината убавина, па така тој понел семиња назад во Русија. Еден од поважните моменти во историјата на сончогледот е тоа што за време на Големиот Пост за време на христијанските празници, Руската православна црква забранила консумирање на секакво масло, освен на она добиено од сончоглед. До третата деценија на 20-тиот век сончогледот стана еден од најупотребуваните суровини за производство на масло.Чудната историја на сончогледотВо тој период Русија била преплавена со џиновските цвеќиња и се одгледувале преку 2 милиони хектари годишно. Биле идентификувани два типа, едниот за производство на масло и еден за лична употреба. Руската влада дури инвестирала пари во проекти за истражување на сончогледот. Научникот В.С Пустовоит е еден од основоположниците на овие проекти за размножување и наградите кои се доделуваат во оваа област го носат неговото име. Следната фаза во развитокот на сончогледот е во 1830 година кога тој повторно се враќа на Американско тло.Чудната историја на сончогледотТака се случува една иронија во историјата. Сончогледот се враќа во Америка, но како руски изум. Се смета дека имигрантите кои пребегале во Америка и Канада го донеле сончогледот назад во мајчината земја. Било потребно време, Американците да ги искористат предностите на ова растение како готова култура. Најпрво го употребувале како храна за кокошки. Тогаш, во 1926 година Асоцијацијата на одгледувачи на сончоглед од Мисури, започнала да го преработува сончогледовото семе во масло. Тајната конечно била откриена и од тој момент па натаму, ништо нема да биде исто за оваа раскошна билка. Канаѓаните исто така, следејќи ја идејата на Американците, почнале да одгледуваат сончоглед околу 1930-тата година според програмата на владата. И во двете земји семето било дојдено од страна на членови на руската заедница.Чудната историја на сончогледотПа така трката била започната. Хектарите со сончоглед се зголемувале со зголемената побарувачка за масло. Во 1946 година огромен број семиња биле засадени во Канада, Северна Дакота и во Минесота со што овие земји се вклучиле во трката за најголеми култиватори на сончоглед. Сепак, за поголем принос се користел планот на русинот Передовиќ (денес, во негова чест има вид сончоглед кој дава црно масло). Потоа пристигнале седумдесеттите со новите технологии за одгледување и хибридизацијата.Чудната историја на сончогледотВо раните осумдесети, Америка располагала со 5 милиони хектари сончоглед. Но, во тој период побарувачката за масло во Европа нагло пораснала, поради што руските култиватори не можеле да произведат онолку колку што било потребно. Па затоа, сончогледот повторно допатувал во Европа каде почнал да се одгледува скоро во сите земји. Така, Америка денес не е толку голем извозник на сончогледово масло.Чудната историја на сончогледотПа така, во еден чуден, но комплетиран круг на патувања, сончогледот е дома и се надеваме ќе остане таму подолго. Древните Американски племиња можат да се гордеат со своето растение на Сонцето, бидејќи всушност тие биле оние кои ги откриле неговите огромни потенцијали и придонеси во исхраната.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.