Автор: Бојана МандевскаrnrnМафини е американско-англиско име за брз леб што се пече во мали порции. Постојат многу форми на мафини. Некогаш се во форма на мали колачиња, колачиња во чаши, колачиња во одредени облици (срциња, ѕвезди, мечиња итн.). Мафините може да бидат со сладок или пак солен вкус.
Вкусовите на мафините може да бидат различни во зависност од состојките од кои ќе се направат: од чоколадо, боровинки, бадеми, моркови, костени, портокал, јагоди, банани, малини, цимет, лимон, јаболки, краставички, тиква, разни видови сирења. Исто така може да се комбинираат и видовите брашно од кои ќе се направат мафините: од пченица, пченка, ’рж, овес, костен.rnrnМафините може да се консумираат ладни, топли, со додатоци од шлаг, чоколадо, павлака. Пијалаци кои најдобро се вклопуваат со мафините, зависно од нивниот вкус, се чај, кафе, бело вино за благите мафини и црвено вино со солените.rn
Засукајте ги ракавите и подгответе некоја од предложените рецепти. Изненадете ги вашите блиски, поканете ги заедно да ги вкусите подготвените мафини. Идеален начин за дружба во ладните зимски денови.
rnrn
Солени мафини
rnПотребни состојки:rn
rn011
- 3 јајца
rn011
- 3 дл јогурт
rn011
- 0,5 дл масло
rn011
- 80 г крем-сир
rn011
- 200 г бело брашно
rn011
- 100 г пченкарно брашно
rn011
- 1 прашок за пециво
rn011
- 100 г шунка, печеница (по избор)
rn011
- 60 г кашкавал
rn011
- 1 помала црвена пиперка
rn011
- 1 лажица сол
rn011
- малку оригано и босилек
rn
rnНачин на подготовка: Во една чинија помешајте ги двата видови брашно со прашокот за пециво. Во друга чинија, со жица за матење изматете ги јајцата, потоа додајте ги јогуртот, маслото и крем-сирот и сето тоа измешајте го. Исецкајте ги ситно кашкавалот, печеницата и пиперката. Во чинијата со јајцата додадете го брашното и сето тоа измешајте го додека да се соедини. Потоа додадете ги исецканата печеница, кашкавалот, пиперката и зачините. Калапите за мафини намачкајте ги со масло, па потоа проросете малку брашно и додајте ја смесата за печење. Ставете ги мафините да се печат во загреана рерна на 180 степени, 30 минути, додека не добијат златна боја.
rn
Чоколадни мафини
rnПотребни состојки:rn
rn011
- 200 г брашно
rn011
- 2 лажици прашок за пециво
rn011
- 2 лажици какао во прав
rn011
- 150 г шеќер
rn011
- 1 ванилин шеќер
rn011
- 125 г путер
rn011
- 2 јајца
rn011
- 1 дл млеко
rn
rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во една чинија ставете ги брашното, прашокот за пециво и какаото и промешајте ги. Потоа додадете ги сите останати состојки и со миксер матете, прво на слабо, да се промешаат состојките, а потоа ставете го миксерот на најсилна брзина и матете така 2 минути. Готовата смеса истурете ја во претходно подмачкани калапи и ставете ги да се печат. Печете на температура од 180 степени, 25 минути. Готовите мафини можете да ги декорирате со шлаг, слатка павлака, чоколаден прелив и шеќер во прав.rnrnРазбудете ги вашите кулинарски вештини, подготвените мафини декорирајте ги водени од вашата фантазија. Bon Apétit!
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.