КАФЕ ПАУЗА

Tag: смс пораки

  • На кој начин СМС пораките го најавуваат крајот на врската?

    На кој начин СМС пораките го најавуваат крајот на врската?

    Понекогаш на едниот партнер му е потребна мала пауза, одредено дистанцирање и желба некое време да поминува во друштво на пријателите, членовите на семејството или едноставно за да се занимава со некое хоби. Дали секогаш е изводливо да се биде јасен и директен?rnrnНа кој начин СМС пораката го најавува крајот на врската?rnrnПсихолозите велат дека желбата за прекин на врската – привремена или трајна – може да се препознае по промените во стилот на пишување на СМС-пораките.rnrnВо овие пораки обично поретки се прекарите, слатките зборови и бројните симболи со кои порано сте си разменувале виртуелни бакнежи, прегратки и насмеани лица.rnrnТекстот покажува дека е испратен повеќе како обврска, а не од задоволство.rn

    Првиот знак е дека пораките стануваат сè пократки

    rnСите се различни, но кај повеќето луѓе кога ќе се појави потреба да се оддалечат од партнерот или кога сакаат да ја прекинат врската, тоа се покажува преку избегнување на долгите разговори и долгорочните договори и планови.rn

    Пораките покажуваат намалена заинтересираност

    rnНа прашањето „како си“, се одговара со „добро“, а нема дополнително прашање од типот: „како помина денес на состанокот“. Секако, треба да се земе предвид дека можеби партнерот е зафатен тој ден, но ако ова се повторува од ден за ден, време е за „сериозен разговор“.rn

    Рутинскиот редослед на испраќањето пораки се менува

    rnСекогаш кога ќе се случи нешто важно, може да е тоа расправија со родителите или унапредување на работа, обично таа информација сакаме да ја споделиме со најблиските.rnrnАко партнерот сè повеќе и почесто се потпира на пријателите и ако прво со нив ги споделува возбудливите вести тоа може да биде знак дека квалитетот на љубовната врска многу опаднал.rnrnЗатоа, ако ви стигне порака: „моите веќе знаат“, вреди да се запрашате дали приоритетот на известување е променет случајно или пак претставува несвесен знак за нешто посериозно.rnrnТоа не значи дека секоја промена од овој вид истовремено треба да ја доживувате како аларм, но убаво е да се има на ум дека самиот прекин на врската е многу тежок и овие суптилни сигнали можат да го олеснат процесот.rnrnПрочитајте ги и овие едноставни начини за да покажете дека навистина се трудите во вашата врска.

  • Читај помеѓу редови: Ова се пораките кои ги испраќа заљубениот маж!

    Читај помеѓу редови: Ова се пораките кои ги испраќа заљубениот маж!

    Љубовта не може да ја разберете доколку не ја доживеете. Можеби мислите дека знаете што е вистинска љубов или пак дека вашата сегашната врска е она вистинското, а по неколку години ќе сфатите дека тоа било само страст. Бидете сигурни – кога е вистинската љубов во прашање, тоа е повеќе од страст. Знаците дека тој се грижи за вас и дека е заљубен во вас се тука, само треба да ги дешифрирате. Ако ги држите очите широко отворени, особено кога станува збор за СМС-пораките, може да наидете на одредени знаци кои покажуваат дека тој е заљубен во вас.rnrnchitaj-pomegju-redovi-ova-se-porakite-koi-gi-isprakja-zaljubeniot-mazh-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Многу сум горд на тебе.“

    rnГордоста е продукт на љубовта. Ако нешто нè прави горди, тогаш постои шанса таму да постои чувство на љубов. Размислете за тоа. Гордоста значи чувство на задоволство поради нечии (или сопствени) постигнувања. Затоа, ако мажот е горд поради достигнувањата на својата поубава половина, тој смета дека нејзините достигнувања се и негови.rn

    2. „Имам планови за совршен викенд со тебе.“

    rnДа бидеме реални тука. Неговите совршено испланирани активности (дневни и ноќни) се силен знак за љубов. Ако тој претходно смислувал совршен план за да ве види, тој маж сигурно не смислува стратегија како да ве однесе во кревет (или одеднаш да исчезне без трага).rnrnВо случај ако вашето момче има амбициозни планови, бидете сигурни дека тој има намера да остане долго со вас, во сериозна врска.rn

    3. Ненадејни „Ми недостигаш/Те сакам“ пораки

    rnЕдна ненадејна „ми недостигаш“ порака преку ден е вистински погодок. Овој вид порака покажува дека вашиот маж размислува за вас преку целиот ден, без разлика каде се наоѓа. Ако вашето момче постојано ви кажува дека му недостигате тоа е најверојатно бидејќи постојано сте му во мислите.rn

    4. „Дали јадеше?“

    rnЗа неискусните, ова ќе биде само обична порака. Но, погледнете подлабоко и ќе сфатите за што станува збор. Ако вашето момче постојано ви праќа вакви пораки, тоа може да биде знак на љубов. Мажот како посилен пол секогаш има потреба да ја заштити својата поубава половина. Токму затоа оваа порака е негов начин да покаже дека сака да обезбеди сè за вас – на истиот начин како што мајката ги храни своите мали.rn

    5. „Не мора да одиш во теретана!“

    rnСо оваа порака вашиот маж ви докажува дека ве посакува (и сака) таква каква што сте. Секако и двете страни треба да се грижат за своите физички активности, исхраната и животниот стил. Но, кога мажот е заљубен, сите тие работи стануваат потполно небитни.rnrn2-chitaj-pomegju-redovi-ova-se-porakite-koi-gi-isprakja-zaljubeniot-mazh-www.kafepauza.mk_rn

    6. „Го гледам овој филм/Ја читам оваа книга/ Ја слушам оваа песна – и тоа ме потсетува на тебе.“

    rnШтом ќе се заљубите, сите работи кои ќе ви се случуваат или кои ќе ги работите во текот на денот ќе ве потсетуваат на личноста која ја сакате. Ако вашиот маж ви праќа порака во текот на денот за да ве извести за разните работи кои го потсетуваат на вас, тука станува збор за љубов.rnrnОсобено ако добивате незадолжителни, смешни, искрени пораки, кои сака да ги сподели со вас (немојте да ги сметате за глупави, безвредни и досадни!).rn

    7. Пораките кои во себе го содржат зборот „гушкање“

    rnСите зборови кои се синоними за гушкање претставуваат универзален код за љубов, која не е поттикната само од желбата и страста. Ако вашето момче ве повикува да се гушкате, постои голема шанса да чувствува големи и силни емоции за вас и дека ужива во вашето друштво и средби, кои не вклучуваат само секс.rn

    8. „Ајде да останеме вечерва дома. Сами!“

    rnНишто не го открива мажот повеќе од оваа порака. Ако вам не ви смета што вашиот социјален живот и излегувања се намалуваат, најверојатно постои добра причина. Едноставно, ако вашиот маж сака да остане со вас дома во петок навечер, тоа значи дека сте станале негов приоритет. Тој го цени времето поминато со вас и тоа му е најважно.rn

    9. „Би сакал да си сега тука со мене.“

    rnАко добиете ваква порака од вашето момче, кое сака да помине време со вас (сега) најверојатно е заљубен во вас. Љубовта има моќ да го контролира умот кој вели „би сакал да си сега со мене“, што покажува дека неговите мисли се свртени кон вас.rn

    10. „Мојата мајка сака да те запознае.“

    rnКога мајките ќе се вклучат, тогаш бидете сигурни дека љубовта постои. Мажите никогаш непотребно не им ги кажуваат тие работи на своите мајки. Па, доколку дошло време за да се запознаат двете најважни жени во неговиот живот, тогаш тој маж гледа иднина во вашата врска.

  • 5 пораки кои секој маж потајно сака да ги добие од девојка

    5 пораки кои секој маж потајно сака да ги добие од девојка

    Неодамна откривме кои пораки секоја девојка би сакала да ги добие од своето момче, па токму затоа решивме да истражиме дали има пораки кои и момците би сакале да ги прочитаат. Но, она што го забележавме е дека на повеќето од мажите им е здодеано од типичната порака „Како си?“ која тие постојано ја добиваат од девојките. Токму затоа погледнете ги следниве 5 пораки на кои ниту еден маж не може да остане рамнодушен…rnrn5 пораки кои секој маж потајно сака да ги добие од девојкаrn

    1. Сè уште сум во новиот бар кој само што се отвори. Музиката е неверојатна. Зошто не си тука?

    rnЗошто оваа порака е жешка: Тој ќе види дека живеете кул живот и ќе посака да не пропушти ниту еден момент од забавата покрај вас. Доколку и вие му се допаѓате нему, тој веднаш ќе одговори.rn

    2. Добро е што си му само пријател на брат ми. Во спротивно јас и ти би биле голема неволја.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Вие во неговите очи ја нагласувате идејата дека како пар би биле лоша идеја (на сите добри начини) и токму затоа ќе ја пробудите неговата желба за вас. Подоцна заблагодарете ни за огромната сексуална тензија која ќе ја доживувате за време на забавите.rn

    3. Само што го гледав „Одмаздници“ и Крис Еванс е навистина згоден, но повеќе би сакала да те гледам тебе како ја соблекуваш кошулата цел час.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Таа е одличен начин да му дадете до знаење дека имате „нечисти“ мисли за него. Исто така тој ќе се почувствува посебно поради идејата дека вие повеќе би сакале да го гледате него гол, отколку една од најпознатите ѕвезди.rn

    4. Јас. Ти. Вечерва. Филм по твој избор. Пица. Биди тука.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Никогаш не прашувајте дали тој сака да дојде. Жената со висока самодоверба едноставно претпоставува дека тој го сака тоа. Најлесниот начин да направите вашите пораки да изгледаат посекси е доколку на крајот никогаш не ставате прашалник.rn

    5. Расположена сум за секс, знаеш каде да ме најдеш.

    rnЗошто оваа порака е жешка: Зарем има подобар начин да му дадете до знаење што сакате од тоа да го кажете тоа директно? И зарем има маж кој не би посакал да добие една ваква порака? Откако ќе ја испратите, очекувајте тој за само неколку минути да се „нацрта“ пред вашата врата, носејќи шише вино и чоколади.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Момци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови пораки

    Момци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови пораки

    Живееме во време кога пишувањето пораки е исто толку важно за нашиот живот како и разговорот во четири очи. И покрај тоа што треба да постои одреден баланс помеѓу овие два вида разговор, за кој нема да зборуваме сега, сепак постојат и неколку пораки кои секоја девојка копнее да ги добие од своето момче.rnrnМомци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови поракиrn

    1. „Добро утро“

    rnСигурно би сакале да бидете малку креативни со оваа порака. Погледнете го вашето ќесе со трикови и размислете добро бидејќи оваа порака ќе биде првото нешто што таа ќе го прочита по отворањето очи од сабајле. Погрижете се да биде порака која инстантно ќе ја расони и која ќе памети уште долго време.rnrnЗнаете колку други момци сигурно веќе ѝ пишале „добро утро“? Токму затоа треба да најдете начин како да се издвоите. Еден од најдобрите начини е доколку додадете и сладок прекар покрај овие два збора. Најдете нешто што е топло, не премногу провокативно и што ќе направи таа да се почувствува сакано. На пример, „Добро утро сонце“.rn

    2. „Одлично си поминав со тебе“

    rnАко навистина ви се допаѓа времето што го поминувате со оваа девојка, тогаш е клучно да бидете директни за тоа. Не бидете срамежливи момци, девојките никогаш нема погрешно да ја сфатат оваа порака. Доколку не ѝ кажете како сте си поминале, таа нема да знае.rnrnБидете кратки и слатки во изразувањето и преминете директно на целта. Ако сте се забавувале со неа едноставно пишете ѝ „Многу ми беше забавно со тебе вчера“. Не е важно колку специфично ќе го објасните тоа сè додека сте директни и искрени за вашите чувства. Способноста да ги претворите вашите емоции во зборови покажува висока самодоверба, а верувајте, девојките навистина го сакаат тоа.rn

    3. „Мислам на тебе“

    rnВнимавајте колку често ја користите оваа порака, бидејќи ако претерувате таа може да помисли дека сте напорен и морничав. Особено доколку сте на почетокот на врската и ако вашите емоции не се 100% израмнети, таа може да се почувствува непријатно бидејќи воопшто не размислува за вас толку многу.rnrnНо, ако ѝ се допаѓате исто толку што и таа ви се допаѓа вас, особено ако веќе некое време сте заедно, тогаш оваа порака може многу да ви се исплати. Таа ќе го цени тоа што наоѓате време во текот на денот на помислите на неа и дека сте доволно чувствителни да го признаете тоа.rn

    4. „Ова е тоа што те прави посебна во моите очи“

    rnАко има нешто што секоја девојка го сака, покрај дијамантите секако, тоа е комплиментот. Доколку нешто кај неа многу ви се допаѓа, погрижете се таа да го знае тоа. Не заборавајте дека вие би требало да бидете поисплашени од тоа што нема да го кажете отколку од тоа што ќе го признаете гласно, бидејќи многу често мажите се обидуваат да изгледаат кул и жените тоа можат да го сфатат како апатија и да изгубат интерес.rnrnДоволна е само една „рандом“ порака во која ѝ кажувате дека е убава или пак, дека ви се допаѓа како ѝ стои новиот фустан за многу да ви помогне во одржувањето на нејзиното внимание.rn

    5. „Ми недостасуваш“

    rnОваа порака не се препорачува доколку сте во почетоците на вашата врска, но доколку сте веќе некое време заедно тогаш е соодветна. Доколку ви недостасува вашата партнерка, сосема е во ред да ѝ го признаете тоа и на неа. Зарем има девојка која не би сакала да ги слушне овие зборови? Особено ако и таа се чувствува исто.rn

    6. „Те сакам“

    rnКога ќе го скршите мразот со овие зборови во живо, нема потреба да продолжите да се воздржувате. Токму затоа бидете што е можно повеликодушни со таа изјава. Не постои ниту една девојка која не сака да се почувствува сакано, особено од онаа личност во која и таа е заљубена.rn

    7. „Како ти помина денот денес?“

    rnНајчесто ова прашање се спомнува во разговори со луѓе за кои и не ви е толку грижа. На пример, вие седите во автобус до личност со која се познавате и не сакате да зборувате за вас, па го поставувате тоа прашање чисто за да ја избегнете непријатната тишина за време на остатокот од патувањето.rnrnНо, кога ќе ја испратите оваа порака на девојка која ви се допаѓа и преку неа вие искрено сакате да откриете што ѝ се случува денес, тогаш ова прашање добива сосема нова форма. Вие на овој начин ќе ѝ покажете дека навистина се грижите и дека сакате да бидете поголем дел од нејзиното секојдневие.rn

    8. „Извини“

    rnКога сте во сериозна врска, одвреме-навреме ќе настанат расправии. Сите сме луѓе и токму затоа и имаме право на сопствено мислење. Па, кога ќе се појави одреден конфликт, потребно е да го завршите соодветно со цел да не остане да „виси“ проблемот во воздухот околу вас. Доколку навистина имате чувства кон оваа девојка, тогаш најдобриот начин да се справите со работата е доколку се обидете да го преземете конфликтот во вашите раце.rnrnПреземете одговорност така што ќе преземете иницијатива за решавање на проблемот и ќе се извините. Дури и ако сте седеле во тишина цели 2 часа. Ова ќе ѝ покаже дека сте доволно зрели да ја голтнете вашата гордост за доброто на врската и токму тоа е она што таа ќе го цени повеќе од сè.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се крие зад лошите навики на мажите?

    Што се крие зад лошите навики на мажите?

    Познато е дека никој не е совршен, но некои навики кај мажите може да бидат навистина вознемирувачки. Сепак, експертите успеаја да ги откријат и да ги дешифрираат најчестите лоши навики кај посилниот пол.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rn

    Пишува СМС-пораки за време на состанокот

    rnПишувањето пораки за време на состанок често го поврзуваме со покажувањето незаинтересираност, но експертите го тврдат спротивното. Според нив, оваа навика не значи нељубезност и незаинтересираност. Ова значи дека тој се чувствува удобно кога е со вас и дека има целосна слобода при изразувањето. За мажите оваа навика не е голема работа и можат да престанат со праќањето пораки, доколку вие го побарате тоа од нив. Едноставно, кажете му дека неговото однесување прави да се чувствувате како да не сте му важни и замолете го да го користи телефонот само кога е навистина потребно.rn

    Секогаш кога ќе побарате негово мислење, тој е неутрален

    rnЕкспертите велат дека кога мажот не знае што сака жената, тогаш тој попрво ќе молчи отколку да каже нешто погрешно. Затоа, ако побарате негово мислење околу нешто за што тој не знае многу, бидете сигурни дека нема да добиете никаков одговор. Колку повеќе тој знае за вас и вашите интереси, толку помалку ќе се соочувате со оваа ситуација. Ако оваа навика се повторува подолго време, кажете му дека очекувате тој да биде поодлучен наредниот пат кога ќе побарате негово мислење.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rn

    Не зборува многу кога ќе се врати од работа

    rnДокажано е дека мажите се подобри од жените во одвојувањето на работните обврски од приватниот живот. Потребно им е малку повеќе време за да се преориентираат од работа на некој друг аспект од животот. Исто така, потребно им е време за да си ја обноват потрошената енергијата. За да ја спречите оваа навика, изберете некоја активност која ќе ја правите заедно, но која нема да бара многу енергија.rn

    Се подготвува во последен момент

    rnМажите не признаваат дека во просек им е потребно исто толку време за подготовка, колку што им е потребно и на жените. Ако постојано го потсетувате на овој факт, постои можност да станете здодевни. Наместо тоа, половина час пред излегување потсетете го колку ви се допаѓа неговиот изглед, стилот на облекување и неговата фризура. На тој начин потсвесно ќе го натерате да сфати дека е потребно да вложи повеќе време и труд за да го привлече вашето внимание.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.