КАФЕ ПАУЗА

Tag: смоква

  • Кои се лековитите својства на лисјата од смоква?

    Кои се лековитите својства на лисјата од смоква?

    Иако смоквите не се препорачуваат на дијабетирачи поради високото ниво на шеќер, листот од смоква е многу здрав и корисен за оваа група на луѓе, бидејќи помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Добрата вест е дека со консумирање на чај можете дури и да спречите дијабетес, бидејќи ќе ја зголемите чувствителноста на инсулин.rnrnЛисјата од смоква особено се препорачуваат за заболувања поврзани со уринарниот и дигестивниот тракт. Нивната консумација помага во намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, со што се обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови. Само дредено ниво на триглицериди е потребно за добро здравје, бидејќи вишокот во организмот значително го зголемува ризикот од дебелина и срцеви заболувања. Затоа листот од смоква помага да се намалата и регулираат.rnrnКои се лековити својства на лисјата од смоква?rn

    1. Сушење на лисјата

    rnНа крајот на пролетта, летото или есента, земете ги здравите и цели лисја од дрвото и раширете ги на површината каде што ќе ги сушите. Сушете ги во сенка. Можете исто така да ги врзете и да ги закачите за да се сушат така. Знаете дека лисјата се суви кога ќе бидат ивиткани и ќе се распаднат под прстите кога ќе ги фатите. За побрзо да се исушат, можете да ги исечете малку пред да ги ставите да се сушат.rn

    2. Чај од лисја од смоква

    rnЗа здравствени цели, чајот од лист смоква се препорачува да се пие околу еден месец секој ден, а потоа да се паузира неколку недели, така што повторното консумирање да има подеднакво силен ефект на лекување.rn

    3. Помош при дијабетес

    rnСтавете 2 лажички суви лисја од смоква во чаша (200 мл) врела вода. Покријте и оставете да стои 10-15 минути. Потоа процедете. Пијте по една чаша од овој чај секое утро со појадок.rn

    4. Помош при чир на желудник и афти во усната шуплина

    rnСекој ден добро џвакајте 2 лисја од смоква и проголтајте. Покрај тоа што помага при чиреви, тоа ќе ви го освежи здивот и ќе ги ублажи непријатните рани од афти.rn

    5. Помош при бронхитис

    rnСварете 3 лисја од смоква во вода со малку кафеав шеќер и испијте го чајот.rnrnПокрај дијабетес, чиреви, рани од афти и бронхитис, чајот се препорачува за подобро здравје на срцето, намалување на крвниот притисок, а исто така помага и во лекувањето на рак и анемија.rnrnПрочитајте и зошто смоквата е најлековитото овошје на светот?

  • Зошто смоквата е најлековитото овошје на светот?

    Зошто смоквата е најлековитото овошје на светот?

    Смоквата со право се нарекува рајско овошје на Медитеранот. Нејзините лековити делови се плодот, млечниот сок, листот и кората од дрвото. Смоквите содржат до 80% вода, а бидејќи ја стимулираат енергијата, најдобро е да ги јадете наутро.rnrnЗошто смоквата е најлековитото овошје на светот?rn

    1. Смоквата го намалува крвниот притисок

    rnСмоквите се одличен извор на калиум, кој помага во намалување и во регулирање на крвниот притисок. Калиумот ретко се наоѓа во храната, а е неопходен за функционирање на организмот. Многу луѓе страдаат од недостаток на калиум заради зголемено внесување сол во организмот.rn

    2. Помага при слабеење

    rnСмоквата е добар извор на диетални влакна кои го подобруваат варењето на храната и ви даваат чувство на ситост, а тоа помага при губење на вишокот килограми. Смоквите содржат многу поголема количина растворливи и нерастворливи влакна од другите овошја. Растворливите влакна го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Во 100 грама смокви има само 74 калории.rn

    3. Го намалува шеќерот во крвта

    rnЛистовите од смоква го намалуваат шеќерот во крвта. Тие може да се користат не само во подготовката на разни јадења, туку и во подготовката на чаеви. Некои истражувања покажаа дека смоквите помагаат во регулирање на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.rn

    4. Го подобрува расположението

    rnСмоквите содржат голема количина витамин Б-комплекс, кој му дава енергија на вашето тело, ја прави кожата поеластична и ги зајакнува мускулите. Друга придобивка од витаминот Б-комплекс е тоа што ја подобрува работата на мозокот, а со тоа и концентрацијата и меморијата и го подобрува целокупното расположение. Ако вашето незадоволство е резултат на несоница или на ПМС, смоквите може да ви помогнат затоа што содржат магнезиум.rn

    5. Помага при брадавици

    rnВо народната медицина се смета дека смоквите помагаат при проблеми со израстоци на кожата, како што се брадавиците. Ставете половина свежа смоква на местото каде што е израстокот, оставете го преку ноќ и наутро исплакнете го со топла вода. Ако е потребно, можете да ја повторите постапката до 5 пати.rn

    6. Смоквите содржат многу витамини и минерали

    rnГлукозата и фруктозата претставуваат здрава замена за белиот, индустрискиот шеќер. Смоквите содржат многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум и витамини Б6, Е, Ц и А. Тие се богати и со бета-каротен, па затоа се препорачува да јадете смокви неколку дена пред сончање. Содржат голема количина вода и природни шеќери, така што се корисни за заздравување од исцрпеност и за детоксикација.rnrnПрочитајте кои 4 видови овошје и зеленчук содржат токсични материи.

  • Што да правите кога ќе ве „касне“ медуза?

    Што да правите кога ќе ве „касне“ медуза?

    Си пливате во прекрасното море или едноставно уживате во плиткото разладувајќи се, кога наеднаш нешто почнува да ве пече, како да сте се допреле на коприва. Тоа ви е поздрав од медуза.rnrnШто да правите кога ќе ве „касне“ медуза?rnrnПрво нешто што треба да сторите е да излезете од вода и да го исчистите местото на кое ве допрела медузата. Тоа најдобро е да го направите со морска вода, а потоа можете да нанесете и малку алкохол.rnrnДоколку при рака имате домат, исечете го на половина и убаво измачкајте го местото. Исто така можете да се послужите и со оцет, сок од домат или лимон, но и со урина.rnrnСтар народен лек кој го ублажува печењето од медузата е смоквиното млеко. Тоа е онаа бела течност која излегува кога ќе откинете лист од смоква. Доколку не верувате во природна медицина, тогаш можете да користите некоја од кремите против изгореници или некоја антибактериска крема.rnrnОткако ќе му пружите нега на местото, држете ладни облоги додека црвенилото и печењето не престанат. Доколку тоа не се случи, појдете на лекар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое дрво сте според датата на раѓање?

    Кое дрво сте според датата на раѓање?

    Откријте кое е вашето дрво според датата на раѓање и прочитајте што открива тоа за вашата личност.rnrnКое дрво сте според датата на раѓање?rn

    Јаболкница – Љубов (23.12 – 01.01 и 25.06 – 04.07)

    rnОние чие дрво на раѓање е јаболкницата се најчесто витки според градбата, атрактивни се и шармантни. Имаат пријатна аура, сакаат да флертуваат и по природа се авантуристи. Сакаат да љубат и да бидат љубени. Како партнери се нежни, верни и дарежливи. Имаат талент за наука и важат за безгрижни филозофи полни со имагинација.rn

    Јасен – Амбиција (25.05 – 03.06 и 22.11 – 01.12)

    rnРодените во знакот на јасенот се необично атрактивни, весели, импулсивни и амбициозни. Имаат многу барања и не се грижат за туѓите критики. Интелигентни се и талентирани, дури и малку повеќе егоистични. Сакаат да си играат со судбината, но и покрај тоа се личности од доверба. Во љубовта се верни и разумни, иако понекогаш се водат според чувствата. Односот со партнерот го сфаќаат сериозно.rn

    Бука – Креативност (22.12)

    rnПрипадниците на ова дрво имаат добар вкус, се грижат за својот изглед и знаат како да ги организираат животот и кариерата. По природа се материјалисти, но затоа се и одлични економисти и лидери кои не преземаат непотребни ризици. Важат за добри и разумни партнери кои се интересираат за разни спортови и диети.rn

    Бреза – Инспирација (24.06)

    rnСе работи за весели, атрактивни, елегантни и пријателски настроени личности. Скромни се и не сакаат ништо што е претерано. Сакаат да живеат мирно и постојано да се во контакт со природата, а не поднесуваат вулгарности. Страста не им е силна страна, прилично се вообразени, не се многу амбициозни, но умеат да создадат мирна и пријатна атмосфера.rn

    Смрека – Доверба (09.02 – 18.02 и 14.08 – 23.08)

    rnЛичностите родени во знакот на смреката се многу убави и лесно прилагодливи. Го сакаат луксузот и воопшто не се срамежливи. Важат за одлучни, нетрпеливи и самоуверени личности кои секогаш сакаат да ги импресионираат другите. Многу се талентирани и знаат да ја чекаат вистинската љубов. Способни се да донесат брзи одлуки.rn

    Костен – Искреност (15.05 – 24.05 и 12.11 – 21.11)

    rnИако припадниците на ова дрво се невообичаено убави личности, тие сепак не се обидуваат да ги импресионираат другите со својата убавина. Имаат добро развиено чувство за правда. Весели се и сè ги интересира. Поради недостаток на самодоверба, овие личности се многу чувствителни кога се дел од некое поголемо друштво. Понекогаш реагираат супериорно, се чувствуваат како да не се разбрани од другите и имаат потешкотии при пронаоѓање на партнер.rn

    Јавор – Верност (25.01 – 03.02 и 26.07 – 04.08)

    rnЛичностите чие дрво на раѓање е јаворот се силни и мускулести. Лесно се прилагодуваат и земаат сè што ќе им пружи животот. Оптимисти се и знаат да бидат задоволни. Алчни се за пари и разни признанија. Не поднесуваат да бидат осамени. Во љубовта важат за страсни и верни, но истовремено и избувливи и безгрижни љубовници.rn

    Бреза – Великодушност (12.01 – 24.01 и 15.07 – 25.07)

    rnОние кои се родени во знакот на ова дрво важат за пријатни личности кои имаат вкус за облека. Нивните барања се скромни, но сакаат да донесуваат одлуки за другите. Тешко ги простуваат туѓите грешки. Сакаат да водат, но не и да ги почитуваат правилата. Великодушни се, практични и имаат смисла за хумор. Во љубовта се верни и искрени.rn

    Смоква – Сензибилност (14.06 – 23.06 и 12.12 – 21.12)

    rnСе работи за личности кои се многу силни и независни, а работите ги извршуваат самоволно. Не дозволуваат контрадикторности и аргументи. Ги сакаат животот, семејството, децата и животните. Дружељубиви се и имаат смисла за хумор. Талентирани се и интелигентни, но сакаат да се излежуваат и да безделничат.rn

    Елка – Мистериозност (02.01 – 11.01 и 05.07 – 14.07)

    rnРодените во знакот на елката имаат несекојдневен вкус, достоинствени се и софистицирани. Сакаат сè што е убаво. Лесно го менуваат расположението, тврдоглави се и егоистични. Но, и покрај тоа се грижат за најблиските. Имаат големи амбиции и многу таленти. Опкружени се со многу пријатели, а во љубовта важат за личности кои тешко можете да ги задоволите.rn

    Лешник – Невообичаеност (22.03 – 31.03 и 24.09 – 03.10)

    rnПрипадниците на лешникот се шармантни личности кои немаат многу барања и се полни со разбирање. Знаат како да остават впечаток и затоа се многу популарни. Во љубовта се комплицирани, но искрени и толерантни. Имаат голема моќ за прецизно расудување.rn

    Габер – Добар вкус (04.06 – 13.06 и 02.12 – 11.12)

    rnОвие личности имаат неверојатна убавина, се грижат за својот изглед и кондиција, имаат добар вкус и не се егоистични. Живеат колку што е можно поудобно и водат одговорен и дисциплиниран живот. Од партнерот бараат љубезност и афирмација. Задоволни се со сопствените чувства, на многумина не им веруваат, не се сигурни во своите одлуки, но многу се совесни.rn

    Лимета – Сомнеж (11.03 – 20.03 и 13.09 – 22.09)

    rnОние чие дрво на раѓање е лиметата со мака го примаат тоа што им го пружа животот. Не поднесуваат стрес, борби и работа. Попустливи се спрема другите и знаат да се жртвуваат за пријателите. Иако поседуваат многу таленти, не се доволно амбициозни за да ги реализираат. Имаат склоност кон жалење и љубомора, но сепак се верни партнери.rn

    Јавор – Независен ум (11.04 – 20.04 и 14.10 – 23.10)

    rnЛичностите родени во знакот на јаворот се необични луѓе, полни со имагинација и оригиналност. Срамежливи се, но амбициозни, горди и сигурни во себе. Постојано се во потрага по нови искуства. Понекогаш се многу нервозни и комплицирани. Имаат добра меморија и лесно учат. Сакаат да ги импресионираат другите и имаат комплициран љубовен живот.rn

    Даб – Храброст (21.03)

    rnПо природа, овие личности се многу стабилни, храбри и силни. Независни се од другите и разумни. Не сакаат промени и стојат цврсто на земјата. Секогаш први ги преземаат работите.rn

    Маслиново дрво – Мудрост (23.09)

    rnРодените во знакот на ова дрво ги сакаат сонцето и топлината и убавите чувства. Разумни се и урамнотежени. Избегнуваат насилство и агресивност. Важат за толерантни, весели и мирни личности. Имаат развиено чувство за праведност, чувствителни се и не се љубоморни. Сакаат да читаат и да бидат опкружени со софистицирани луѓе.rn

    Бор – Исклучителност (19.02 – 28.02 и 24.08 – 02.09)

    rnИздржливоста е главна карактеристика на личностите родени во знакот на борот. Сакаат да бидат опкружени со пријатни луѓе, но и самите знаат како да си го направат животот попријатен. Активни се, практични и спонтани. Лесно се вљубуваат, но нивната страст брзо согорува. Се разочаруваат ако не го најдат тоа што го сметаат за идеално и лесно се откажуваат.rn

    Топола – Несигурност (04.02 – 08.02, 29.02, 01.05 – 14.05 и 05.08 – 13.08)

    rnПрипадниците на ова дрво не се многу сигурни во себе и разумни се само кога е тоа потребно. Имаат добра волја и секогаш се во пријатно опкружување. Претенциозни се, често се осамени, имаат талент за уметност и важат за добри организатори. Се интересираат за филозофијата, сигурни се во секоја ситуација, а врските ги сфаќаат сериозно.rn

    Мушмула – Чувствителност (01.04 – 10.04 и 04.10 – 13.10)

    rnОва се шармантни и весели личности, полни со егоизам. Сакаат да привлекуваат внимание. Го сакаат животот и постојано се во движење. Истовремено се и зависни и независни. Имаат добар вкус, надарени се за уметност и многу се чувствителни. Дружељубиви се, но не простуваат лесно.rn

    Орев – Страст (21.04 – 30.04 и 24.10 – 11.11)

    rnРодените во знакот на оревот се по малку чудни личности полни со спротивности, независни и егоистични. Агресивни се и од нив може да се очекуваат различни реакции, но имаат широки погледи кон работите. Спонтани се и амбициозни. Не се флексибилни. Во љубовта важат за тешки и необични партнери кои не се секогаш сакани, но на кои другите често им се восхитуваат. Љубоморни се, полни со страст и не прават компромиси.rn

    Жална врба – Меланхолија (01.03 – 10.03 и 03.09 – 12.09)

    rnЛичностите чие дрво на раѓање е жалната врба се убави, но меланхолични. Сакаат сè што е убаво и вкусно и сакаат да патуваат. Тие се сонувачи, полни со енергија, каприциозни и искрени. Може да се влијае на нив, но не е лесно да се живее со нив. Имаат добро развиена интуиција, но често страдаат во љубовта и затоа бараат партнер покрај кој ќе можат да останат засекогаш.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Волшебни и чудни дрвја

    Волшебни и чудни дрвја

    .rn

    „Секој ќе седи мирно под виновата лоза и под својата смоква.“ – пророк Михеј, глава 4, Библија

    rnНа крајот на овој пост може да размислите само да седите под винова лоза и под смоква, имајќи ги предвид сите овие дрвја кои ќе ги видите. Има многу фантастични растенија во светот кои пленат со својата егзотичност, убавина и миризливост. Ќе се согласите дека имаат и многу интересни приказни позади своите имиња.rn.rn

      rn011

    • Веројатно, највонземско и мистично име има Змејското крваво дрво. Црвената смола која тоа ја испушта се користи за правење кармин, во локални ритуали и во алхемијата. Во вуду магиите се смета дека црвената смола привлекува љубов или пари (никогаш заедно), а се употребува и како освежувач за здив или паста за заби.
    • rn

    rn

    Волшебни и чудни дрвја

    rnrn

      rn011

    • Со право, дрвото Топовско ѓуле мора да оди со знак за опасност под него. Неговите плодови се големи како топовско ѓуле, па кога паѓаат може да ве повредат, а ако се поголеми од 10 инчи во дијаметар, можат дури и да ве убијат. Но, ако успеете да му се приближите, ќе ги забележите неговите волшебни цветови.
    • rn

    rn

    Волшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвја

    rnrn

      rn011

    • Уште едно егзотично дрво со прекрасни цветови е Бомбакс, познато и како дрвото со свилен памук. Ова дрво спаѓа во фамилијата баобаб и потекнува од Индија. Неговиот цвет, кој има интензивно црвено обојување, ги разубавува улиците на Израел и Индија и од далеку изгледа како да е пластичен.
    • rn

    rnволшебни и чудни дрваВолшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Ова величествено дрво расте во форма на бонсаи, од само едно семе (лево). Од десната страна е прикажан Bombax Ellipticum во форма на оклоп од желка.
    • rn

    rnВолшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Демонот на мртвите – замотан во бомбаксовите корења. Овој вид Бомбакс има застрашувачка приказна: според фолклорната легенда на народите од Тринидад и Тобаго, замокот на ѓаволот е големо свилино дрво кое расте длабоко во шумите, каде демонот Базил бил заробен од страна на дрводелец. Дрводелецот го намамил Базил да влезе во дрвото, каде што тој издлабил 7 соби една над друга, кои одат директно во ковчег. Според нивната легенда Базил сè уште е заробен таму.
    • rn

    rnВолшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаЕве уште едно големо бомбакс дрво пораснато врз камбоџиски храм (лево), едно во парк во Индија (десно) и во Мексико (долу).Волшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Дрво-засолниште и движечко дрво – Го почнавме овој пост со седење под смоква. Еве една огромна смоква (Ficus benghalensis) која е карактеристична за Индија. Таму народот има култ кон ова дрво. Луѓето се движат под овие воздушни огромни корења кои можат да пораснат колку една цела населба. Всушност, ова дрво само по себе е шума.
    • rn

    rnВолшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаКога веќе зборуваме за воздушни корења (нозе на дрвото) мора да го спомнеме движечкото дрво кое со своите корења во форма на ногарки изгледа како да оди. Можеби кога ќе зајде сонцето навистина се движи? 🙂Волшебни и чудни дрвјаrn

      rn011

    • Африканско лале – Ова дрво се нарекува „оганот на шумата“ и е едно од најинвазивно растечките дрвја во светот, кое често се сади во урбани средини поради својата раскошност. Па, според претходното сознание, не е чудо ако овие дрвја, целосно го заземат градот. Дрвото има убава форма, а цветовите се опрашуваат со помош на лилјаци.
    • rn

    rn

    Волшебни и чудни дрвјаВолшебни и чудни дрвјаrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.