Сигурни сме дека секојдневно се соочувате со многу луѓе, било тоа да е на училиште, на работа, дома или пак во друштво. Тоа најчесто е забавно, но понекогаш таквото дружење може да биде голем извор на стрес и анксиозност. Секој има потреба да зборува, но исто така секој има потреба и да биде слушнат. Но, постојат и моменти кога чувствувате дека никој околу вас не ве слуша, па тоа ве прави лути, нервозни, тажни, а понекогаш и депресивни. Дали ви се случило да посакате на цел глас да викате „Слушајте ме!“?rnrn
rnrnИмајќи го тоа на ум, слушањето е доблест којашто не ја поседува секој. Во продолжение погледнете ги најголемите 10 причини зошто луѓето одамна престанале да слушаат…rnrn1. Луѓето се премногу зафатениrnrn2. Луѓето се премногу зафатени со себесиrnrn3. Честопати претпоставуваат дека знаат што би рекле другитеrnrn4. Мислат дека давањето совети е поважно отколку покажувањето разбирањеrnrn5. Понекогаш забораваат дека секој има потреба да биде слушнат, без разлика колку таа личност е силнаrnrn6. Додека некој зборува, луѓето веќе во себе размислуваат што би рекле во наредниот мигrnrn7. Иако некои луѓе поседуваат вештини за слушање, тоа може да се однесува само на слушање на предавања, но не и на слушање во секојдневните разговориrnrn8. Секој посакува да биде слушнатrnrn9. Слушањето не е лесноrnrn10. Малкумина сфаќаат дека е потребно да научат како да слушаат
Tag: слушател
-

10 причини зошто луѓето одамна престанале да слушаат
-

10 карактеристики на добрите соговорници
Без разлика дали станува збор за вашата кариера или склопување пријателства, умешноста да се води добар и издржан разговор е многу важна на секое поле во животот. Ова се дел од карактеристиките на добрите соговорници кои ќе ви помогнат да остварувате поефективна комуникација во иднина, а со тоа да бидете поуспешни.rnrn
rn1. Умеат вистински да слушаат
rn
„Имаме две уши и една уста и треба да ги користиме пропорционално.“ – Сузан Каин
rnОние кои се добри соговорници не учествуваат во комуникација во која само едниот зборува а другиот слуша, која е поентата на таквиот разговор? Способноста да се ислуша внимателно соговорникот е умешност што не секој ја поседува. Со внимателното апсорбирање на туѓите зборови имате поголема способност соодветно да вратите на она што другиот ви го кажал, а со тоа да бидете подобри соговорници.rnrnНе почнувајте да зборувате додека вашиот соговорник сè уште се изјаснува бидејќи ќе изгубите фокус на кажаното и ќе создадете впечаток на себична личност која само сака да го искаже сопственото мислење. Луѓето кои се умешни во комуникацијата со други луѓе точно знаат кога е време да зборуваат а кога да слушаат.rn
2. Ја препознаваат ситуацијата во која се наоѓаат
rnЛуѓето се различни и не можете секому да му се обраќате исто. Исто како што не можете да остварувате еден тип комуникација во секоја ситуација. Постојат личности на различни функции, како и ситуации кои од вас бараат да бидете поформални или неформални. Прво и основно, мора да ја препознаете и да ја оцените ситуацијата во која се наоѓате. Без многу притисок, само проценете го нивото на формалност кое би требало да го постигнете. Дали треба да го персирате вашиот соговорник или не? Каков тип шеги се дозволени? Дали треба да бидете посмирени или да покажете возбуда? Никогаш не занемарувајте ја проценката на ситуацијата во која се наоѓате, макар тоа и да биде краток разговор со продавачот во маалската продавница.rn
3. Сочувствуваат со соговорникот
rnГо разбираат или барем се обидуваат да го разберат соговорникот. Ако сакате да бидете умешни во остварувањето комуникација со луѓето мора да научите да ги почитувате оние кои се различни од вас. Луѓето можат многу лесно да го насетат вашиот презир или вашата надменост. Без разлика со кого разговарате, нека биде и мало дете, покажете почит и сочувство. Покажете дека разбирате како се чувствува и дека го сфаќате она што сака да ви го каже. Не движете го разговорот во насока само да го кажете вашето мислење туку вистински да пробате да бидете во нечија кожа макар на една минута.rn
4. Го поедноставуваат комплицираното
rnЗамислете како наставникот по физика на седмоодделенци им ја објаснува лекцијата со речник соодветен за некој семинар. Како би се чувствувале доколку сте еден од учениците? Луѓето кои употребуваат комплициран јазик се многу очигледни во нивната намера – пробуваат да звучат паметно. Но, вистински паметните ќе ги поедностават работите правејќи ги пригодни за сечии уши. Не значи дека го потценувате соговорникот, едноставно се држите подалеку од комплицираното, а со тоа и од можноста да бидете погрешно разбрани.rn
5. Присутни се за време на разговорот
rnЛесно се забележува кога вашиот соговорник лута со мислите и само физички е присутен, и тоа е навредливо. Доколку сте одлучиле некому да му посветите дел од вашето време тогаш целосно бидете присутни. Покажете дека сте отворени за разговор и инволвирајте се во разговорот. Не лутајте со мислите, не шарајте со очите и внимавајте на сите невербални знаци кои покажуваат дека ви е здодевно или дека не слушате внимателно.rnrn
rn6. Имаат самодоверба
rnДобриот комуникатор знае што зборува и го кажува она што го мисли гласно и јасно. Тенка е линијата меѓу самодовербата и самобендисаноста, но самодовербата е клучна за остварување добра комуникација. Доколку сакате да бидете чуени, разбрани и сфатени сериозно од страна на вашите соговорници, мора да зрачите со самодоверба. Стојте исправени, чувствувајте се удобно во сопствената кожа и бидете сигурни во она што го зборувате.rn
7. Јасно ја излагаат својата поента
rnВо ред е да почнете со кежуал разговор за да го разбиете мразот, но не пропуштајте да стигнете до сржта. Бидете директни, дури и ако ви е непријатно. Доколку вртите околу цело време, нема да го постигнете саканиот резултат, а постои голема шанса да бидете погрешно разбрани. Отворено кажете што мислите, што барате, какви предлози имате.rn
8. Ги елиминираат нештата кои им ја одземаат концентрацијата
rnДобриот соговорник не погледнува во часовникот постојано, ниту го чепка телефонот а уште помалку се фокусира на луѓето од соседната маса. Во некои пригоди дури е најдобро да го исклучите телефонот.rn
9. Поставуваат прашања
rnПрашања се поставуваат од две причини: да покажете дека го слушате соговорникот и воедно сте заинтересирани за темата на разговор и за да добиете повеќе информации. Прашајте доколку имате некакви нејаснотии околу темата или пак доколку сакате да развиете дискусија.rn
10. Препознаваат невербални знаци
rnОбрнете внимание на невербалните знаци на вашите соговорници. Со помош на јазикот на телото може да препознаете нервоза, несигурност, недоверба, здодевност и сл., а со тоа да го прилагодите разговорот на вашата „публика“ за сите да се чувствуваат подобро.
-

Подобрување на комуникациските способности – како да бидете слушнати?
Нели ѝ објаснавте на вашата фризерка дека сакате косата да ви ја скрати малку, а сега должината на вашата коса е до рамена? Нели прво вие ја спомнавте идејата за која сега зборува вашиот колега, а според вашиот шеф тоа е најгенијалното нешто што некогаш го чул?rnrn
rnrnНекои луѓе знаат како да го привлечат вниманието кон себе и да направат да бидат слушнати, но други многу често чувствуваат како да се игнорирани. Способноста да се искажат мислите и тие да бидат прифатени од околината е вештина која може да се совлада. Сè започнува со внимателно забележување на реакциите на другите додека зборувате.rnrnДали додека зборувате, луѓето одбегнуваат контакт со очи со вас или на поинаков начин покажуваат незаинтересираност? Дали се однесуваат како да им го губите времето и почнуваат да гледаат во своите телефони или да испраќаат пораки? Не дозволувајте да бидете прекинувани. Изразувајте се гласно и јасно, а не со несигурност. Се плашите дека би биле осудувани или погрешно разбрани? Токму таа несамодоверба ќе направи тоа што го кажувате да звучи незначајно и помалку важно. Ако вие не ги вреднувате вашите мисли и ставови, како очекувате некој друг да ги вреднува повеќе? Однесувајте се како тоа што го кажувате да е од огромно значење за сите и како да ја имате целата самодоверба на овој свет.rnrnКаков е вашиот став додека зборувате? Некогаш и несвесно знаеме да се поставиме како арогантни и самобендисани. Ако звучите како да сте вие најпаметната личност во просторијата, како вие да ги имате решенијата на сите проблеми и како единствено вашите мисли да се од важност, не очекувајте дека ќе бидете внимателно слушани и точно разбрани. Пробајте со поинаков пристап. На пример, наместо да речете „Јас знам што треба да направиме“, речете „Имам свое мислење во врска со проблемот, се надевам дека би сакале да го чуете“. Секогаш бидете отворени за фидбек и за соработка со останатите.rnrn
rnrnДали се прилагодувате според оние кои ве слушаат? Однесувајте се со оние кои ве слушаат според тоа какви луѓе се тие. Доколку не ги знаете долго време, пробајте да ги процените. За какви теми би се интересирале? Со какво темпо или јачина на звукот би требало да им се обраќате? Дали би прифатиле шега или не? Трудете се да не звучите монотоно. Променувајте ја интонацијата, послужете се со некој пример или анегдота, употребете гестикулации и сл. Многу е важно да ја процените публиката. Доколку сте одбрале на мажи да им зборувате за чувства, нема да бидете слушани или разбрани онака како што би биле доколку би разговарале со жени.rnrnКолку подобро слушате, толку подобро ќе бидете чуени. Секогаш покажувајте интерес за она што го зборуваат другите. Но, не останувајте пасивни слушатели. Доколку имате мислење искажете го без да се наметнувате. Бидете пријатни и дружељубиви. Но, во никој случај не дозволувајте вашето мислење да остане единствено за вас, можеби токму вие ја имате најгенијалната идеја или решение за некој проблем.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Шекспирови мисли за животот
Вилијам Шекспир (26.04.1564 – 23.04.1616) бил поет и писател на драми. Тој се смета за национален поет на Англија каде што го нарекуваат „Bard of Avon“ (раскажувачот на приказни од Авон). Неговата неверојатна колекција содржи 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и уште неколку други поеми. Неговите драми се преведени на скоро сите јазици во светот и според нив се одржуваат повеќе претстави од кои било други дела.rnrnТоа што го прави Шекспир толку многу посебен е всушност начинот на кој тој размислувал и комплексноста на тие мисли преточени во неговите дела. Оваа уникатна способност одлично се забележува и во наредниве неколку негови мисли за животот…rnrn
rn„Будалата се смета себеси за мудар, но мудриот човек знае дека е будала.“
rnШто всушност добиваме со преценувањето на нашите способности? На тој начин само одбираме сигурен и брз пат до разочарувањето. Секогаш обидувајте се да бидете приземни во однос на вас и вашите способности, бидејќи само на тој начин можете да постигнете вистински успех.rnrn
„Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“
rnБез разлика во која од овие 3 категории спаѓате, никогаш не треба да се плашите од големината. Тоа е доблест која малкумина имаат можност да ја доживеат. Прифатете ја и мудро употребете ја за да промените нешто на подобро во светот.rnrn
„Мирот е карактеристичен за фазата на освојувањето. Тогаш двете страни се величествено повлечени, а ниедна страна не е губитник.“
rnКога се работи за човечкиот живот – мирот во секој случај е добитна комбинација и тоа е она што треба да биде поважно од сè.rnrn
rn„На секој човек понудете му го своето уво, но на малкумина вашиот глас.“
rnДа се биде добар слушател е дарба која не секој ја поседува. Но, тоа не значи дека треба да ја чувате само за вас. Не можете ни да замислите колку можете да помогнете со едноставно ислушување без критикување. Што се однесува до вашите најдлабоки размислувања, тие секогаш чувајте ги само за најблиските…rnrn
„Премногу добро, понекогаш станува лошо.“
rnСè што е умерено е совршено и тоа се однесува во сите области од животот. На пример, ако се „предозирате“ со вашето омилено чоколадо – потоа нема да можете ни да го мириснете до крајот на вашиот живот. Која е користа од тоа?rnrn
„Човекот е само човек. И најдобрите понекогаш го забораваат тоа.“
rnСите ние имаме одредени психички и физички ограничувања. Тие се тоа што нè прават луѓе. Не оптеретувајте се премногу, бидејќи на тој начин најмногу ќе страда вашето здравје.rnrn
rn„Додека беше херој, го почитував, но кога стана претенциозен, му го завртев грбот.“
rnПостојат одредени карактеристики кај „хероите“ кои ги привлекуваат подеднакво буквално сите луѓе на светот. Но, ако дозволите славата и моќта да ви удрат во глава – тогаш инстантно ќе ги снема сите тие карактеристики и преку ноќ ќе ја изгубите целата ваша „публика.“rnrn
„Одете кај вашите гради: тропнете таму и прашајте го вашето срце што знае.“
rnПонекогаш е потребно едноставно да ги исклучите сите „гласови“ во вашата глава и целосно да се опуштите. Во тие моменти тивкиот глас на срцето настапува на сцена и тој ќе ве упати во вистинската насока.rnrn
„Понекогаш правдањето за направената грешка ја прави грешката полоша поради оправдувањето.“
rnСекогаш цврсто стојте позади вашите дела. Лагите, прикривањата и оправдувањата можат само да ја влошат ситуацијата. Сте направиле грешка? Не е ништо страшно… Признајте ја и гледајте на неа како лекција од животот поради која во иднина во слична ситуација правилно ќе постапите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да бидете личноста која сите ја почитуваат?
Не постои човек на планетава Земја кого буквално цел свет го сака. Дури и најкултурните, најталентираните и најубавите холивудски ѕвезди има некој што не ги сака. Зошто тогаш да си ја заморувате главата со луѓе кои некогаш биле, некој мал незначаен дел од вашиот живот? Не им се допаѓате? Во ред. И во вашиот живот сигурно имате некој кој не ви се допаѓа, но најбитно од сè е да ве сакаат оние луѓе, кои и вие ги сакате. А доколку ги сакате, треба и да им го давате тоа на знаење, и тоа не еднаш годишно, туку постојано. Применувајте што е можно повеќе од следниве совети и ќе бидете на вистинскиот пат да бидете личноста која сите ја сакаат и почитуваат.rnrn
rn- rn011
- Бидете вистински заинтересирани за животот на другите луѓе.
- Бидете насмеани што е можно почесто.
- Имајте на ум дека името на секој човек, му претставува најмилозвучниот збор во македонскиот јазик. Па, обраќајте им се на луѓето лично, со нивното име. Ќе им се допадне тоа.
- Бидете добар слушател. Охрабрете ги другите луѓе да зборуваат за себеси.
- Направете луѓето да се чувствуваат дека вредат и правете го тоа искрено и од душа.
- Зборувајте во границите на интересите на личноста со која разговарате.
- Единствениот начин да го извлечете најдоброто од некоја кавга, е да ја избегнете.
- Покажете почит спрема ставовите и размислувањата на личноста со која разговарате. Никогаш не велете „грешка си“.
- Ако сметате дека вие сте погрешиле, признајте го тоа веднаш, пред личноста да има време да ви се налути.
- Бидете пријателски настроени.
- Презентирајте ги вашите идеи на подраматичен начин, за да ги испровоцирате луѓето со задоволство да ги прифатат.
- Не нервирајте се ако некој ваш пријател смета дека одличната идеја била негова.
- Дозволете им на другите луѓе да зборуваат колку што им душа сака.
- Обидете се искрено да ги погледнете работите низ „туѓи“ очи.
- Бидете сочувствени со идеите и желбите на другите луѓе.
- Мотивите секогаш треба да ви бидат чесни. Никој не почитува нефер играч.
- Кога сакате на некој да му посочите дека прави грешка, правете го тоа индиректно.
- Зборувајте за вашите сопствени грешки, пред да почнете да ја критикувате личноста која е пред вас.
- Пофалете ги луѓето и покажете им искрена почит за она што го прават во нивните животи.
- Поставувајте прашања наместо да давате директни наредби. Секој си знае најдобро како му е.
- Дозволете им на луѓето да ја зачуваат сопствената репутација.
- Дадете му значење и на најмалиот успех кој го постигнала личноста која стои пред вас.
- Охрабрувајте ги луѓето. Убедете ги дека лесно ќе можат да ја поправат грешката која ја направиле.
- Усреќете ги луѓето, дозволувајќи им да го направат она кое вие сте им сугерирале да го сторат.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво
Пријателството нема цена и секому му е потребно. Вистинскиот пријател секогаш е тука за вас, без разлика на околностите и знае да ви се најде и во добро и во лошо. Иако пријателството е природна работа и несвесно го одбираме кругот на пријатели, сепак важно е од нив да добивате соодветно на тоа што го вложувате. Ова се неколкуте категории пријатели кои би требало да ги имате во вашето друштво.rnrn
rn1. Слушател
rnИма периоди кога навистина ви треба некој да ве ислуша, па затоа ќе ви биде потребен човек пред кој ќе можете да го испуштите вентилот и да кажете сè што ви лежи на душа. Ваквиот тип пријател секогаш ќе ве дослуша до крај без разлика на сè. Знаејќи дека можете да се потпрете на некого за ваквите работи, се чувствувате безбедно и го зајакнувате пријателството.rn
2. Комедијант
rnОвој тип човек воопшто не треба да се објаснува. И во времињата кога сте весели, но и кога сте тажни или депресивни, смеењето секогаш е најдобриот лек. Ваквиот тип пријател во вашето друштво секогаш ќе го подига расположението и со него секогаш ќе градите незаборавни спомени.rn
3. Поттикнувач
rnПоттикнувачот е човек кој секогаш ќе ви ја покажува светлината, дури и во оние најтемните денови. И во најлошата ситуација, тие секогаш знаат да ви истакнат една добра работа која таа ја носи, а вам не би ви паднала на ум.rnrn
rn4. Потсетувач
rnОвој тип пријател секогаш знае да се наврати на некоја добра случка од минатото и да го развие муабетот, притоа потсетувајќи ги сите на убави моменти. Во комбинација со комедијантот, тие знаат да направат вистинско шоу за оние луди моменти од минатото.rn
5. Реалист
rnСекогаш е добро во друштвото да се има еден ваков човек, кој е стабилен и спуштен на земја. Тој знае како да изреагира во секоја ситуација и да не ви даде лажна надеж. Ова не значи дека тој човек е песимист, меѓутоа вистината секому му е добредојдена.rn
6. Емотивец
rnПонекогаш на сите ни доаѓа чувство дека во секој момент ќе експлодираме. Во ваквите времиња, потребен ни е пријател кој ќе ни укаже дека е во ред да бидеме лути и бесни, па дури и да заплачеме. Овој тип пријател, секогаш знае да го најде начинот да ги изнуди вашите вистински чувства.rnrn
rn7. Одговорен пријател
rnОвој човек е многу важен и фундаментален за вистинското пријателство. Овој тип луѓе секогаш знаат како да нè предизвикаат да го дадеме најдоброто од себе. Тие умеат да ги постават најтешките прашања и да нè направат подобри личности.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.