Виното е стар пијалак со фасцинантна историја и значење. Токму затоа нашло пат до срцата, а секако и до умовите на големите светски писатели, научници, филозофи и пред сè боеми кои со восхит ја опишуваат својата врска со виното. Црно како болка, а истовремено слатко како мед. На здравје.rnrn
rn
„Јас готвам со вино, а некогаш дури и го додавам во храната.“ – В. Ц. Филдс
rn
„Или дајте ми уште вино, или оставете ме на мир.“ – Руми
rn
„Прифатете го тоа што ви го нуди животот и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина мора да се пробаат. Од некои само една голтка, од други цело шише.“ – Паоло Коелјо
rn
„Човекот секогаш треба да биде пијан. Тоа е најважно. Но, од што? Од вино, од поезија, од доблести, изборот е ваш. Но, бидете пијани.“ – Шарл Бодлер
rn
„Виното е едно од најцивилизираните нешта во светот и едно од најприродните нешта во светот кое било доведено до најголемо совршенство и нуди голем опсег на уживања и ценења за разлика од, најверојатно, сите други чисто сензорни нешта.“ – Ернест Хемингвеј
rn
„Неговите усни пијат вода, но неговото срце пие вино.“ – Е. Е. Камингс
rn
„Во црква, за време на службата, даваат бесплатно вино. Зборувајте ми за одлични места за пиење и запознавање жени.“ – Џерод Кинц
rn
„Ако зборовите можеа да ја ублажат болката, никој немаше да се мачи да гмечи зрна од грозје.“ – Скот Линч
rn
„Сувото грозје на земјата е полно со надеж дека ако продолжи да старее, ќе се претвори во вино и ќе се опијани од себеси.“ – Џерод Кинц
rn
„Виното е најздравиот и најхигиенскиот пијалак.“ – Луј Пастер
rn
„Пивото е направено од човек, виното од Господ.“ – Мартин Лутер
rn
„Кое вино оди најдобро со житарки?“ – Џорџ Карлин
rn
„Дајте ми вино да ги измијам дамките на време.“ – Ралф Волдо Емерсон
rn
„Виното ги прави сите нешта возможни.“ – Џорџ Р. Р. Мартин
rn
„Шишето вино моли да биде споделено. Никогаш не сум сретнал алчен љубител на вино.“ – Клифтон Федимен
rn
„Виното секој ручек го прави значаен и свечен, секоја маса поелегантна, а секој ден поцивилизиран.“ – Андре Симон
rn
„Првиот бакнеж и првата чаша вино се најдобри.“ – Марти Рубин
rn
„Мојата љубов е како празно шише вино. Ако се прашувате, мојата поранешна жена го испи цело.“ – Џерод Кинц
rn
„Виното е постојан доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да нѐ гледа среќни.“ – Бенџамин Френклин
rn
„Вино! Бидејќи овие проблеми нема да се заборават сами од себе!“ – Тања Масе