КАФЕ ПАУЗА

Tag: слаби

  • Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

    Силата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слаби

    Целиот товар на светот го носите на вашите рамена. Кога се карате со вашите сакани, вашето срце се полни со емоции. Кога ќе видите дека се случува нешто ужасно во ваша близина, чувствувате болка. Кога ќе се вљубите во некого, давате сѐ што имате. Сѐ што правите, кажувате или доживувате, го чувствувате со секое делче од вашата душа.rnrnСилата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слабиrnrnВие сте многу чувствителни. Плачете за птиците со скршени крилја, за децата без мајки, за пријателите, членовите од семејството, па дури и за непознатите луѓе со повредени срца. Уште од рана возраст сте биле свесни за сето она што се случувало околу вас, почнувајќи од интонацијата на нечиј глас, па сѐ до емоцијата што ви ја предизвикала одредена боја. Такви сте биле отсекогаш и такви ќе бидете и понатаму.rnrnНо, понекогаш остатокот од светот не ве почитува. Понекогаш луѓето ве нарекуваат „глупави“ и „наивни“. Понекогаш луѓето имаат негативно мислење за начинот на кој се однесувате, за емоциите што ги имате, за изборот на партнерите и за тоа што предолго се борите во име на љубовта. Понекогаш другите ве осудуваат, ве нарекуваат „деликатни“, како да е тоа нешто лошо. Кога некој се смета за „нежен“, веднаш се претпоставува дека е слаб. Но, тоа е сосема погрешно.rnrnВашето срце е силно и неуморно работи. Без разлика низ што ќе поминете или со какви демони ќе се соочите, вие постојано наоѓате надеж и успевате да заздравите. Продолжувате да сакате.rnrnТочно е тоа дека сте чувствителни и дека ја чувствувате болката и страста на целиот свет. Понекогаш сте скршени, изморени и преплавени од интензитетот на врските што ги имате во животот. Понекогаш плачете, се исклучувате и ги оттурнувате луѓето од себе. Но, секогаш застанувате назад на нозе. Секогаш го наоѓате потребното срцебиење и внатрешна мотивација што ве поттикнува повторно да се отворите.rnrnВие сте чувствителни, а не слаби, немоќни и претерано емотивни. Вашата чувствителност е вашата сила. Вашата моќ лежи во начинот на кој чувствувате и љубите, не плашејќи се да ја покажете вашата ранливост и суштина.rnrnПрестанете да му дозволувате на светот да ви кажува дека не вредите доволно и покрај сето она што го давате и создавате. Престанете да мислите дека мора да се обезвредните за да се вклопите. Престанете да си кажувате лаги само за да ја заземете формата што светот се обидува да ви ја наметне. Престанете да мислите дека сте кршливи, само затоа што чувствувате.rnrnСилата не зависи од интензитетот на емоциите: Тоа што сте чувствителни не значи дека сте слабиrnrnНе е лошо да се биде „нежен“. Нежните луѓе се менливи и прилагодливи. Тие се спиритуални, храбри и прекрасни. Нежните луѓе не се наивни и кршливи. Престанете да мислите дека мора да бидете цврсти за да ве почитуваат другите и дека мора да бидете бездушни за да преживеете.rnrnМожеби сте чувствителни, но исто така сте и големи борци. Вие сте силни. Имате мозок и срце што ја впиваат енергијата на луѓето околу вас. Можеби сте чувствителни, но затоа сте и многу грижливи. Се грижите за луѓето што ги сакате, но и за оние што не ви се толку блиски. Се грижите за она што се случува во светот и за непознатите поединци што допрва треба да ги запознаете.rnrnСѐ е во ред со вас, со вашето срце, со начинот на кој љубите и ѝ дозволувате на светлината да заблеска во вас. Сѐ е во ред со вашата сочувствителност, ранливост, несебичност и подготвеност да дадете љубов, дури и тогаш кога не ви е возвратена.rnrnПонекогаш другите ќе ви кажат дека треба да пораснете, да бидете попаметни, да се чувате и да не бидете толку отворени кон луѓето кои немаат најдобри намери. Понекогаш ќе ви велат дека треба да бидете претпазливи и затворени, наместо чувствителни и отворени.rnrnНо, не се менувајте себеси поради туѓите мислења. Не им дозволувајте на тажните и негативни перспективи да ја потонат вашата енергија. Сакајте. Чувствувајте. Прифатете се. Создавајте. Бидете такви какви што се и не им дозволувајте на другите да ви велат дека претерувате или дека не вредите доволно. Точно е тоа дека поинаку ги доживувате работите. Точно е тоа дека вашето срце е поголемо од срцето на повеќето луѓе. Но, не сте слаби. Вие сте точно толку силни колку што треба да бидете за да опстанете.rnrnДоколку не сте уверени во вашата неизмерна внатрешна сила, прочитајте за 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе.

  • 5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

    5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

    Иако од еден аспект може да се каже дека модната индустрија е наменета за слаби и високи личности, сепак, постојат неколку видови облека што не изгледаат воопшто добро на слабите луѓе. Без разлика дали станува збор за високи личности, со просечна висина или ниски, овој вид луѓе имаат долги екстремитети, помали зглобови и помали рамена. Со овој специфичен вид тело, може да биде навистина тешко да се пронајде облека која ќе одговара. Како и секогаш, постојат неколку правила што треба да се следат. За сите слаби луѓе, во продолжение прикажуваме 5 видови облека што треба да ги избегнувате.rnrn5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личностиrn

    1. Премногу тесна облека

    rnБез разлика дали станува збор за кошули, блузи, фармерки или костуми, ова е еден од најважните совети за слабите личности. Не треба да носите облека која ќе изгледа како ваша „втора кожа“, затоа што тоа дополнително ќе покажува колку сте слаби. Но, ова не значи и дека треба да избирате парчиња со многу поголем број, затоа што тоа исто така може да не ви даде добар изглед. Многу е важно да избирате правилни модели во кои ќе се чувствувате удобно. rnrnКога станува збор за горниот дел, одлучете се за нешто што е тесно, но прикријте мал дел од градниот кош. Избирајте и парчиња облека што ќе ви одговараат точно на рамената. На крај, кога станува збор за долниот дел од вашето тело, иако можете лесно да „влезете“ во тесни фармерки, сепак, тоа не значи дека истите треба и да ги носите. Затоа, настојувајте секогаш кога можете да избирате посветли бои, затоа што темните фармерки и панталони прават да изгледате послаби. Никогаш не носете облека која ви дава „опуштен“ изглед, затоа што тоа може да делува неуредно.rnrn5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личностиrn

    2. Тенка вратоврска

    rnСѐ што го има описот „тенко“ не треба да биде на листата со облека на слабите луѓе. Тенката вратоврска ќе направи да изгледате послаби, па затоа, пошироката е вашата најдобра опција бидејќи таа зафаќа поголема површина од градниот кош. Исто така настојувајте да избирате вратоврски со хоризонтални дезени, дијагонални или широки линии за да изгледате подобро. Сепак, внимавајте на комбинациите, за да не постигнете смешен изглед.rnrn5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личностиrn

    3. Облека со вертикални линии

    rnОвој трик луѓето најчесто го користат за да изгледаат послаби, па затоа, слабите личности треба да ги избегнуваат ваквите парчиња облека.rnrn5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личностиrn

    4. Целосно облечени во темна облека

    rnЦрната е боја која личностите ги прави послаби и затоа е многу популарна кај оние со прекумерна тежина. Но, слабите личности дефинитивно треба да ја избегнуваат оваа боја и другите темни нијанси, затоа што на овој начин само ќе ги нагласат нивните слаби делови. Затоа, секогаш избирајте посветли бои, можете дури и бела.rnrn5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личностиrn

    5. Палто без исполнување на ракавите

    rnПалтото без исполнување на ракавите не е добра идеја за слабите луѓе, затоа што не изгледа привлечно, туку остава впечаток како да го носите палтото на вашиот татко. Затоа, подобро е да изберете соодветно палто со барем малку исполнување на ракавите.rnrn5 видови облека што не изгледаат добро на слаби личности

  • Проблеми кои само слабите девојки можат да ги разберат

    Проблеми кои само слабите девојки можат да ги разберат

    И покрај тоа што се смета за сурово доколку правите забелешки за нечија преголема телесна тежина, луѓето сметаат дека е фер да се коментира за жените кои се природно слабички. Покрај најдобро познатото „потребно ти е повеќе месо на твоите коски“ и честото споредување со даска или прачка, постојат голем број проблеми кои само слабите девојки ги разбираат. Погледнете дел од нив…rnrnПроблеми кои само слабите девојки можат да ги разбератrnrn1. Непознати луѓе ве прашуваат дали јадете нешто и постојано добивате забелешки дека треба да јадете повеќе.rnrn2. Невозможната мисија да најдете пантолони кои се добри на вашиот струк, но кои исто така се и доволно долги за вашите нозе.rnrn3. Постојаните забелешки на луѓето дека „би сакале да го имаат вашиот проблем“ и дека нема причина да се срамите, да бидете несигурни или пак, да се жалите затоа што сте премногу слаби.rnrn4. Слабите нозе предизвикуваат вашите стапала да изгледаат премногу големо.rnrn5. Дрвените или метални столчиња кои немаат перничка врз нив ги повредуваат вашите коски на задникот и грбот.rnrn6. Не ви е дозволено да донирате крв бидејќи едноставно сте преслаби…rnrn7. Луѓето ви велат дека им е страв да ве прегрнат бидејќи се плашат да не ве скршат.rnrn8. Секогаш ви се потребни каиши!rnrn9. Претпоставката дека имате некаков вид нарушување во исхраната, како да може да се дијагностицира менталното здравје според изгледот.rnrn10. Ако надвор дува ветер, постојано ве предупредуваат да бидете претпазливи за да не ве одвее.rnrn11. Луѓето прават шеги за вашата тежина, како да не е исто толку болно како да се прават шеги за личност со прекумерна телесна тежина.rnrn12. Ја носите истата големина на градник уште од средно училиште.rnrn13. Никој не ви верува дека обожавате храна и дека јадете многу, па постојано ве тераат да им докажете.rnrn14. Познати сте како „таа слабата“.rnrn15. Луѓето ве прашуваат зошто вежбате, бидејќи сметаат дека слабите луѓе се автоматски здрави и дека нема потреба да вежбаат.rnrn16. Немате облини со кои би ги пополниле гламурозните модни комбинации и ви кажуваат дека „XS“ не е вистинска големина.rnrn17. Потребни ви се трегери за вашите хеланки за јога бидејќи ластикот едноставно не ги држи доволно добро на вашето тело.rnrn18. Што и да правите, не можете да ја покачите вашата телесна тежина и кога ќе се пожалите за ова на другите тие превртуваат со очите.rnrn19. Ладно ви е. Секогаш!rnrn20. Постојано ви велат дека „вистинските жени имаат облини“ и дека „мажите не сакаат рамни фигури“ како да треба да се срамиме од одредени градби на телото, додека пак да ги славиме другите.rnrn21. Објаснувањето дека и слабите девојки, исто како оние со облини, можат да бидат секси. Но, не е сè во градбата на телото бидејќи она што се смета за најсекси кај една жена е самодовербата!

  • Жените со облини имаат повозбудлив сексуален живот од слабите

    Жените со облини имаат повозбудлив сексуален живот од слабите

    Најновото истражување, спроведено за да се дознае кои жени се позадоволни од својот сексуален живот, послабите или пополничките, докажало дека жените со облини се посреќни во кревет.rnrnЖените со облини имаат повозбудлив сексуален живот од слабите rnrnГолем број истражувања покажале дека поради своите вишок килограми, на овој тип жени им е потешко да се опуштат и да бидат свои, но сепак ова истражување потврдува дека тие повеќе уживаат со својот партнер во кревет.rnrnИстражувањето покажало дека дури 92% од анкетираните жени со облини, имаат редовен сексуален живот. Анкетите детално навлегувале во сексуалниот живот на дамите и биле потполно анонимни. Единствени јавни податоци биле тежината и висината.rnrnСепак ова не значи дека слабите девојки имаат катастрофален сексуален живот, бидејќи и од нив голем број, односно 75% се изјасниле дека имаат активен сексуален живот и дека уживаат во сексот со партнерот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

    Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

    Куклите во бутиците постојат од далечната 1800-та година, кога во текот на индустриската револуција, биле направени излози на бутиците, за да се прикажат последните модни трендови во тој период. Но, се чини модата на изложените кукли, никогаш не се сменила.rnrn

    Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?
    Излог во продавницата H&M во Шведска
    rn

    Синџирот продавници H&M кој има околу 2.800 продавници ширум светот, можеби ќе го промени начинот на којшто ја доживуваме облеката на излозите, облечена на супер слабите манекенки. Шведскиот H&M воодушеви со своите нови кукли, кои се пополни и конечно покажуваат како изгледа просечното тело на обичната жена во 21 век. Тие инсталирале реалистично обликувани пластични манекенки во нивната продавница, за да им покажат на нивните муштерии, како навистина облеката ќе изгледа на нив, откако ќе ја откачат од закачалките и ќе ја облечат на себе. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Овие модели имаат за цел да му дадат реализам на шопинг-искуството, нешто коешто одамна требаше да се случи. Она што ги прави овие кукли реалистични се нивните меки стомаци, пополни бутови, бојата на кожата, фризурата на периките и генерално, пореални пропорции од оние на традиционалните кукли, во коишто сме навикнати да зјапаме по излозите. Во продавницата има разни модели: со мали бутови, голем задник, па дури и со големи гради.Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Со години наназад, продавниците ширум светот им даваа голем акцент на нивните излози, со цел да ги натераат купувачите да влезат внатре, а куклите коишто ги користат се број 38. Но, по сѐ изгледа полничките познати лица како пејачката Адел и актерката Кристина Хендрикс, како и враќањето на модата од 50-тите и 60-тите, помагаат облините повторно да бидат „ин“ и секси. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Кај производителот на кукли „Displaysense“ нарачките за пластични манекенки со броеви 42 и 44, се зголемиле за 16%, бидејќи бутиците почнале да се ослободуваат од оние со „број нула“ и почнале да ги фаворизираат облините.

    rn
    rn

    Претставник од компанија изјавил: „Облините се повторно ин, и ќе останат да бидат во текот на оваа сезона пролет/лето. Најбитна работа во бизнисот, е да им останете релевантни на вашите потрошувачи, а нашите нарачки покажуваат дека покрупните и понадарените манекенки, како и пошироки закачалки за потешките алишта и други изложбени производи за плус-големини, се несомнено во пораст.“

    rnrnКуклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Останува само да се надеваме дека свеста за нереалните пропорции на куклите во бутиците, ќе зачука и на вратите во бутиците, ширум нашава држава.rn
    rnrnrn


    rnrn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдебелите и најслабите нации во светот

    Најдебелите и најслабите нации во светот

    Група на научници ја пресметале просечната тежина на еден жител на планетата земја, па така ја составиле и листата со најдебелите и листата со најслабите луѓе во светот.rnrnНајдебелите и најслабите нации во светотrnrnНивата процена тие ја направиле користејќи податоци за тежината и висината на жители од одредена земја, па така ја добиле просечната тежина на еден човек на планетата. На светско ниво, просечната телесна маса не еден возрасен човек изнесува 62 килограми.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    10 најдебели нации

    rn

    rn

    10 најслаби нации

    rn

    1. САД 1. Северна Кореја
    2. Кувајт 2. Камбоџа
    3. Хрватска 3. Бурунди
    4. Катар 4. Непал
    5. Египет 5. Конго
    6. Обединети Арапски Емирати 6. Бангладеш
    7. Тринидад и Тобаго 7. Шри Ланка
    8. Аргентина 8. Етиопија
    9. Грција 9. Виетнам
    10. Бахреин 10. Еритреј

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како треба да се облекуваат слабите мажи?

    Како треба да се облекуваат слабите мажи?

    Облекувањето според формата на телото е една од вештините која мажите ја потценуваат и не се трудат да ја научат. Водечкиот принцип зад оваа вештина е да се истакнат добрите страни, а да се сокријат недостатоците. За слабите мажи, целта е да додадат малку длабочина на витката конструкција на телото и малку ширина која ќе помогне да не изгледаат како да пливаат во нивната облека, туку како возрасни мажи кои знаат како да се носат.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Спортско сако

    rnПронајдете спортско сако со минимална постава во пределот на рамениците. Додавајќи потполнки на рамениците, сакото ќе личи како да виси на вас и целосно ќе го привлекува вниманието на тој дел од вашето тело. Бидете сигурни дека сакото ви одговара и дека одлично се вклопува од рамениците до половината.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Панталони

    rnИако тесните фармерки и панталони навидум го зазедоа светот на модата, во вашиот случај, ова не треба да го практикувате. Обидете се да носите панталони и фармерки кои делуваат уредно, во стилот на класични „Levi’s 501’s“.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Маици, блузи и кошули

    rnСамо затоа што сте слаби, не значи дека треба максимално да го истакнувате тоа. Купувајте тенки маици, кошули и блузи, но внимавајте тие да не бидат толку млитави, па да личат како да се држат за вашето тело. Важно е тие да ви го истакнат телото без да го пренагласат. Во постудените денови, слабите мажи кои сакаат да ја следат модата можат да практикуваат облекување во слоеви, комбинирајќи парчиња облека за да им биде потопло. Доколку ова се прави успешно резултатите се фантастични.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Општи совети

    rnСлабите мажи можат да се извлечат многу полесно за да изгледаат добро, но треба да внимаваат затоа што тенките парчиња облека можат да го зголемат ризикот тие да изгледаат многу послаби отошто се. Но, витките мажи ја имаат можноста да експериментираат со облекувањето во слоеви, кое не само што е одлично за променливата клима, туку максимално ги зголемува модните можности.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Брзи совети

    rn

      rn011

    • Избегнувајте непријатни кроеви кои изгледаат премногу накитено и масивно на вашата конструкција.
    • rn011

    • Купувајте облека која се вклопува со вашето тело, но да не е премногу прилепена.
    • rn011

    • Облекувајте се во парчиња облека, која додава ширина и длабочина во пределот за кој мислите дека ви е потребно.
    • rn011

    • Избегнувајте шаблони и бои кои ви го издолжуваат телото.
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.