Да се биде егоист никогаш не е добра особина, без разлика на она што некои луѓе би се обиделе да го кажат во своја самоодбрана. Од друга страна, понизноста е особина достојна за почит и чија цел е да го надмине егото. Но, зошто честопати ни преставува голем предизвик да изразиме понизност? Дали бидејќи честопати ја сметаме понизноста за знак на слабост, кога, всушност, е показател на голема внатрешна сила? Во продолжение прочитајте на кој начин можете да го скротите егото и да се однесувате со поголема понизност кон светот околу вас.rnrn
rn
Прифатете го фактот дека сите сме луѓе и како такви, грешиме
rnМногумина од нас, кога не успеваме во нешто што ни е важно – на пример, работата или љубовната врска – се разнишува нашата самодоверба бидејќи навикнати сме да ја поврзуваме самодовербата со нашите успеси. Така, одеднаш почнуваме да мислиме дека сме лоши или недостојни и паѓаме во депресија и меланхолија. Понекогаш, процесот на закрепнување од целата ситуација може да биде долг и болен. Сепак, моќта на понизноста лежи во фактот дека ни дава сила да ги издржиме критиките и неуспехот и тоа секогаш потпирајќи се на нашите внатрешни вредности како луѓе. Така, секогаш кога нема да можеме да исполниме нечие очекување, понизноста ќе нè потсети дека и ние сме само луѓе, како останатите, и дека е сосема нормално да погрешиме.rn
Вежбајте медитација и самосвест
rnСпоред научниците, скромните луѓе имаат точна слика за себеси вклучувајќи ги и сопствените предности и недостатоци, а тоа им помага да увидат какви промени треба да направат во животот. Освен тоа, медитацијата може да ја зголеми нашата самосвест на начин што можеме да ги забележиме нашите емоции и чувства без да ги осудиме. Така, колку повеќе стануваме свесни за нашиот внатрешен свет толку полесно ќе ни биде да ги увидиме нашите нездрави верувања и постапките кои би можеле да го ограничат нашето битисување. Меѓу другото, обидете се да се однесувате и со поголема љубезност и поголемо разбирање кон вас самите.rn
Изразете благодарност
rnПреку зборчето „благодарам“ ние им пренесуваме на другите дека ја цениме нивната вредност. Благодарноста нè тера помалку да се фокусираме кон себе, а вниманието да го насочиме на оние околу нас – тоа е и белегот на скромните луѓе. Освен тоа, многубројни истражувања ја докажале и длабоката поврзаност меѓу понизноста и благодарноста. Можеме да заклучиме дека најважниот елемент на понизноста е стремежот кон оние наши особини кои го прикажуваат најдоброто од нас и го прават светот подобро место за живеење.rnrnОткако прочитавте за понизноста, можеби ќе сакате да ги прочитате и 8-те животни вистини од кинескиот филозоф Лао Цу што ќе ви го променат животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

rnrnДејвид е навистина уникатен милијардер и речиси целото богатство го направил инвестирајќи многу рано во Гугл. Тој ја мрази идејата за екстравагантен живот.rn
rnrnТони е еден од најпознатите извршни директори на денешницата. Но она што малкумина го знаат е неговата скромност. Откако ја продал рекламната мрежа LinkExchange што ја основал во 1996-та година, тој ги инвестирал парите во нов проект. Според неговите блиски, животниот стил на Тони речиси и да не се променил со текот на годините.rn
rnrnКако вдовица на наследникот на Волмарт, Џон Т. Валтон, Кристи Валтон и нејзиниот син наследиле дел од богатството на Џон. Денес се верува дека таа има околу 7 милијарди евра, но она што го направила со богатството го дефинира нејзиното индивидуално наследство.rnrnИзминативе две децении, Кристи има донирано неколку милијарди во добротворни организации, од кои една е основана од нејзиниот сопруг. Кога се родил нејзиниот син, целта на Кристи била да му даде нормално детство, па се преселила на место каде што може да го направи токму тоа. Денес таа живее мирно во Џексон, Вајоминг и е посветена на добротворните цели.rn
rnrnРечиси секој има слушнато за Ворен и за неговото огромно богатство. Но, она што речиси никој не го знае е неговата скромност. Секое утро, тој оди на работа со неговиот автомобил. Пред да влезе во канцеларијата, зема појадок од Мекдоналдс, а за најскапиот оброк плаќа најмногу 3 евра. Покрај ова, Ворен донира милијарди евра во разни добротворни организации, од кои дел се основани од неговите деца.rnrnПродолжува на 

rnrnНе е сѐ во работата со која моментално се занимавате. Немојте да бидете едни од оние луѓе кои работат 16 часа дневно за недоволен надомест и немаат време за себе, или уште полошо, немаат време да учат нови вештини и понатаму да се градат себеси. Обидете се да ја завршите работата во 5-8 часа во денот, да не работите преку викендот и да не се форсирате. Временското ограничување ќе ви помогне да направите подобри одлуки за тоа како да го користите своето време. Научете кои работи треба да ви бидат приоритетни.rn
rnrnДобрите лидери се познати како егоцентрични визионери кои се постојано во движење и газат сѐ пред себе. Сепак, тоа не е така бидејќи лидерите од модерното време се луѓе кои постојано водат евиденција за вредноста на својата компанија и се залагаат за хуманоста и човековите права. Важно им е сите вработени да бидат задоволни и да не работат под никаков притисок. Скромноста не значи дека треба да се снижите себеси, туку да ги гледате работите реално. Спуштете го егото и дозволете му на успехот да расте.rn
rnrnНајпознатите лидери на денешницата секогаш бараат една работа од оние кои аплицираат во нивните компании: емпатија. Успешните продавачи многу добро ги разбираат и ги проценуваат своите купувачи, па затоа знаат како правилно да им пријдат. Следејќи ги и поврзувајќи се со луѓето ќе научите подобро да ги разбирате и расудувате различните карактери и ќе знаете како правилно да реагирате во даден момент. Тоа ќе воведе големи промени во вашите унапредувања.rn
rnrnВежбањето и медитацијата го чистат умот и помагаат да ги разбистрите мислите. Исто така, ја зголемуваат самодовербата и го разубавуваат вашето мислење за себе. Кога сте одлични во една сфера на животот тоа ќе се пренесе и на останатите. Водете сметка за своето тело и ќе можете сѐ, бидејќи без здравје нема да можете ни да работите, ни да вложувате колку што сакате.rn
rnrnЗаконите за постигнување успех во работата се:rn
rnrnВо 2008 година, кога престојувал во Кина, тој се запознал со кинеските вештини чи гонг и таи џи чуан, а после три години повторно се вратил во Кина за да пронајде учител со кого би ги совладал овие вештини како и кинеската медицина.rnrnПоминал 8 месеци под кровот на стариот мајстор Дуан Зилианг, за потоа да одлучи својот живот да го помине во изучување на кинеската медицина.rnrnФилип кажува дека премногу научил додека бил во Кина, но патот до знаењето нема почеток и крај, туку постојано се надградува.rn

rnrn
rnrn
rn
rn
rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека секогаш и во секоја приликаrnсум на вистинското место, во вистинското време,rnи дека сè што се случува е така како што треба да биде.rnОттогаш можам да бидам спокоен.rnДенеска знам: тоа се нарекува 
rnrn