КАФЕ ПАУЗА

Tag: сјај

  • Како вашата кожа да биде помлада и посјајна за само 4 седмици?

    Како вашата кожа да биде помлада и посјајна за само 4 седмици?

    Веќе подолго време планирате да воведете одредени новини во негата на вашата кожа со цел да обезбедите помлад, посветол и посвеж изглед на кожата, но никако да го спроведете тој план на дело бидејќи не сте сигурни од каде да започнете. Овој план ќе ви ги обезбеди потребните насоки како да направите вашата кожа да изгледа помлада и да ви помогне да ја постигнете целта. Но, важно е да бидете доследни.rnrnКако вашата кожа да биде помлада и посјајна за само 4 седмици?rn

    ПРВА НЕДЕЛА

    rn

    Не излегувајте од дома без заштитен фактор

    rnБез сомнение, секојдневното нанесување крем со заштитен фактор е најважната работа што можете да ја направите за да ја заштитите кожата од (предвремено) стареење. Нанесувајте крем за сончање на вашата кожа секое утро.rn

    Зголемете ја дозата на антиоксиданти

    rnМожеби ви звучи премногу, но експертите сепак препорачуваат пет порции овошје и зеленчук на ден. Некои од овие намирници ефикасно го забавуваат процесот на стареење. Исто така, дерматолозите веруваат дека антиоксидантите што ги консумирате се подеднакво ефикасни како и оние од козметиката.rn

    Обезбедете повеќе (квалитетен) сон

    rnНедостатокот на сон се манифестира со очигледни знаци на стареење (темни подочници, губење на сјајот на кожата итн.), како и со помалку очигледни (зголемување на телесната тежина, намален имунитет и сл.). Затоа, обидете се да обезбедите седум до девет часа квалитетен сон ноќе. Обидете се да легнувате и да станувате во приближно исто време бидејќи организмот сака рутина.rn

    ВТОРА НЕДЕЛА

    rn

    Освежете ја кожата

    rnНајефикасен начин за да го направите тоа е пилингот. Правете пилинг двапати неделно.rn

    Сменете ја вашата рутина за шминкање

    rnАко имате повеќе од 34 години, обидете се со овие методи:rn

      rn 011

    • Извиткајте ги трепките. Со текот на годините, трепките стануваат потенки, па затоа треба да ги виткате секој ден.
    • rn 011

    • Руменило. Сега веројатно не мора да се смеете додека нанесувате руменило, бидејќи масното ткиво на лицето се намалува со текот на годините. Шминкерите советуваат да се нанесува руменило на јаболчните коски во нормална положба.
    • rn 011

    • Нацртајте ги очите. Нацртајте тенка линија со темно моливче по должината на работ на горните трепки. Надворешниот крај треба да биде малку подебел и повлечен нагоре.
    • rn

    rn

    ТРЕТА НЕДЕЛА

    rn

    Пијте многу течности

    rnПиењето доволно вода во текот на денот е апсолутно најдобриот начин за правилно хидрирање на кожата и на телото.rn

    Хидрирајте ја кожата како професионалец

    rn

      rn 011

    • Ограничете ја употребата на сапун. Некои експерти советуваат дека наутро е доволно да се миете само со топла вода.
    • rn 011

    • Обезбедете ги потребните состојки. Глицерин, хијалуронска киселина и церамиди се трите супстанции кои обезбедуваат правилна хидратација.
    • rn 011

    • Нанесете го производот на влажна кожа. Откако нежно ќе ја апсорбирате водата од лицето со крпа, веднаш нанесете хидратантен крем. На тој начин, ќе ја задржите влажноста на кожата подолго време.
    • rn

    rn

    ЧЕТВРТА НЕДЕЛА

    rn

    Заштитете ја кожата

    rnИсто како кожата на лицето, мора да ги заштитите и рацете и вратот со крем со заштитен фактор.rn

    Внесете масти во вашата исхрана

    rnСе разбира, мислиме на здрави масти – оние што се подеднакво корисни за здравјето и за изгледот на кожата. Незаситените масти се наоѓаат во маслиновото масло, авокадото и лененото семе. Исто така, јадете по 30 грама јаткасти плодови повеќето денови во неделата и мрсна риба три пати неделно.rn

    Забрзајте го сјајот на кожата

    rnКупете масло од семе од шафран и чувајте го во бањата. Оваа намирница е богата со линолеинска киселина, која телото ја користи за синтеза на церамидите, кои се клучен дел од заштитната бариера на кожата. Нанесете го ова масло на кожата на телото додека е сè уште влажно (по туширањето).rnrnПрочитајте кои 10 секојдневни навики ја уништуваат вашата кожата.

  • Не станува збор за предигра или оргазам: Најдобриот дел од сексот доаѓа 48 часа по односот!

    Не станува збор за предигра или оргазам: Најдобриот дел од сексот доаѓа 48 часа по односот!

    Ако досега сте мислеле дека оргазмот е врвот на секој сексуален однос, тогаш мораме да ви кажеме дека целиот ваш живот сте живееле во голема заблуда. Поточно, ова го тврдат научниците кои откриле дека најдобриот дел од сексот следува 48 часа по самиот однос, а се нарекува „постсексуален сјај“.rnrnНе станува збор за предигра или оргазам: Најдобриот дел од сексот доаѓа 48 часа по односот!rnrnСтанува збор за природен сјај, со кој сите блескаат по сексуалниот однос – оној што подразбира љубов, задоволство и поврзаност со партнерот и кој сите околу вас можат да го забележат, дури и ако не ви се блиски. Ова чувство трае до 48 часа и ве прави посреќни, позадоволни од животот и поефикасни во својата работа. Зарем треба да се побара нешто повеќе?rnrnПостсексуалниот сјај е поврзан со тоа колку сте среќни во врската, бидејќи сексот ги поврзува партнерите, а за време на самиот чин во телото се лачи окситоцин, хормонот на среќата, што создава интимност. На овој факт се темели и ова истражување, што покажало дека односот поттикнат од љубов и други силни емоции, особено во долготрајните врски, може да има влијание и до 48 часа подоцна.

  • Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

    Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

    Замислете си колку пари би заштедиле доколку самите ја правевте вашата шминка! Оваа идеја звучи прекрасно, но иако веројатно не би можеле целосно да ја остварите, можете барем самите да направите сјај за усни со чија помош ќе изгледате неодоливо за време на празниците и кој било друг период од годината. Освен тоа, овој сјај е совршеното решение доколку имате проблем со испукани усни.rnrnНаправете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празнициrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Кокосово масло
    • rn011

    • Керамички сад
    • rn011

    • Мрсни боици што не се отровни
    • rn011

    • Лажица
    • rn011

    • Празни садови
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Ставете една лажица кокосово масло во керамички сад и оставете го во микробранова печка околу една минута или додека не се стопи целосно. Ако сакате бојата да биде побледа, додадете уште малку масло. Ако сакате сјајот да има појака боја, не ставајте многу масло.rnrnНаправете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празнициrnrn2. Скршете ја мрсната боица на мали парчиња за да може да се стопи побрзо.rnrnНаправете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празнициrnrn3. Додајте ги парчињата боица во врелото масло и мешајте со пластична лажица додека не се стопат целосно. Ако во смесата сѐ уште има парчиња од боицата, вратете го садот во микробранова уште 30 секунди.rnrnНаправете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празнициrnrn4. Ставете ја смесата во чист сад и почекајте 5 минути да се олади.rnrnНаправете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празнициrnrn5. Кога сјајот ќе стане цврст, слободно можете да го нанесете на усните.rnrnНаправете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празнициrnrnПогледнете го и видеото од целиот процес и обидете се да го направите овој сјај за усни уште денес…rnrn

  • Ќе останете воодушевени: Едноставен трик за нанесување хајлајтер!

    Ќе останете воодушевени: Едноставен трик за нанесување хајлајтер!

    Доколку сте искрени обожаватели на хајлајтер (а, кој денес не е?), тогаш ќе се воодушевите од трикот кој во продолжение ќе го споделиме со вас. Станува збор за доста едноставен и феноменален начин за да го нанесете хајлајтерот, односно, да наравите сјајот на вашето лице да трае подолго. За ова да успее, покрај хајлајтерот и четката за нанесување ќе ви биде потребно и кокосово масло.rnrn2-kje-ostanete-voodusheveni-ednostaven-trik-za-setuvanje-na-hajlajterot-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 1: Нанесување на хајлајтер во прав

    rnСо помош на четката нанесете хајлајтер на јаболкниците.rnrn3-kje-ostanete-voodusheveni-ednostaven-trik-za-setuvanje-na-hajlajterot-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 2: Нанесете го кокосовото масло

    rnНа местата каде што претходно нанесовте хајлајтер, сега додајте и малку кокосово масло. Не тријте премногу грубо. Исто така, предноста овде е тоа што ќе ја искористите топлината од вашите прсти за да го измешате маслото со вашата кожа и хајалјтерот.rnrn4-kje-ostanete-voodusheveni-ednostaven-trik-za-setuvanje-na-hajlajterot-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 3: Нанесете уште малку хајлајтер

    rnОткако добро ќе го нанесете кокосовото масло, нанесете уште малку хајлајтер. Сега, не мора да се грижите колку долго ќе стои сјајот на вашето лице. Кокосовото масло ќе го задржи, но и ќе му даде дополнителен, преубав, природен сјај.rnrn5-kje-ostanete-voodusheveni-ednostaven-trik-za-setuvanje-na-hajlajterot-www.kafepauza.mk_rnrnМеѓутоа, ефектот ќе биде доста интензивен, односно, сјајот ќе биде повеќе истакнат, па затоа ве советуваме овој трик повеќе да го применувате во вечерните часови.rnrn1-kje-ostanete-voodusheveni-ednostaven-trik-za-setuvanje-na-hajlajterot-www.kafepauza.mk_

  • 10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

    10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

    Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се од витално значење за нашата општа благосостојба, особено за изгледот на нашата кожа. Но, дали сте знаеле дека некои овошја особено ѝ годат на кожата? Ова се 10-те овошја кои мора да ги набавите доколку сакате здрава, сјајна кожа која ќе направи да зрачите…rn

    1. Боровинки

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnОвие „мали сини динамити“ имаат голема хранлива вредност, зачудувачка за нивната големина. Тие се фантастичен извор на антиоксиданси и се богати со влакна и витамините А и Ц. Доколку ги вклучите во вашата исхрана, веднаш ќе забележите неверојатни резултати.rn

    2. Јаболка

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnЈаболката можеби не е модерно овошје, но постои добра причина зошто тоа може да направи чуда за вашата кожа. За да ја подмладите вашата кожа, одберете ја сортата „Црвен деликатес“ бидејќи содржи голем процент колаген кој ѝ дава еластичност на кожата.rn

    3. Лубеница

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnЛетото е на прагот и конечно можеме повторно да почнеме да јадеме лубеница. Слатка и освежувачка со повеќе од 90% вода, ова вкусно овошје ќе придонесе за хидратација на вашата кожа.rn

    4. Банани

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnБананите се најдобриот извор на калиум, минерал кој е од витално значење за одржувањето на влажноста на кожата. Многу сува кожа е класичен симптом за недостаток на калиум, така што обидете се да ја вклучите бананата во вашата секојдневна исхрана.rn

    5. Ананас

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnВо некои култури ананасот се употребувал за медицински потреби со години, бидејќи тоа е единственото овошје за кое се знае дека го содржи ензимот наречен бромелин кој се бори против воспаленија на кожата и отоци.rn

    6. Јагоди

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnКој може да одолее на чинија зрели јаготки? Слободно изедете колку што сакате, а вашата кожа ќе ви биде благодарна. Овие црвени убавици содржат големо количество на елагична киселина која ја заштитува кожата од штетното влијание на ултравиолетово зрачење и ја намалува појавата на брчки.rn

    7. Папаја

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnПапајата е овошје особено богато со витамин А и со ензимот папаин кој помага при процесот на распаѓање на неактивните протеини и при исфрлањето на мртвите клетки на кожата.rn

    8. Киви

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnНеговата чудна надворешност не соодветствува со неговата вкусна, но кисела внатрешност. Ова е овошјето кое содржи најмногу витамин Ц, а познато е дека овој витамин ѝ дава еластичност и сјај на кожата.rn

    9. Калинка

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnИсто како боровинките, така и калинката има голема хранлива вредност и позната е како супер храна. Таа содржи силни состојки кои го спречуваат стареењето и ја поттикнуваат регенерацијата на клетките на кожата.rn

    10. Цреши

    rn10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјајrnrnЦрешите покрај тоа што се многу вкусни, содржат повисока концентрација антиоксиданси од кое било друго овошје, благодарение на што тие се борат со слободните радикали и на тој начин го забавуваат процесот на стареење.

  • Што пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?

    Што пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?

    Постојат големи шанси дека вашата рутина за сушење на косата е следнава: Исушете ја што побрзо и излезете. Но, има еден дел кој веројатно го заборавате и кој може драстично да го подобри изгледот на вашата коса и квалитетот на влакната, како и да го спречи делењето и оштетувањето на врвовите. Во продолжение прочитајте за што станува збор и зошто е важно да ги потрошите тие дополнителни 30 секунди.rnrnШто пропуштате да направите кога ја сушите косата со фен?rnrnШто треба да направите: Исушете ја косата како што го правите тоа вообичаено. Во оној момент кога ќе забележите дека косата е околу 90% сува, префрлете се на опцијата за сушење со ладен воздух и така досушете ја. За да имате повеќе волумен на темето, подигнете неколку прамени коса од тој дел и насочете го ладниот воздух кон корените.rnrnКако функционира: Топлиот воздух го забрзува процесот на сушење на влакната и ви овозможува да дадете која било форма на косата која што ја посакувате, независно дали е права, виткана, раздвижена или префрлена наназад. Ладниот воздух пак од друга страна, ги затвора кутикулите од косата и на тој начин го зацврстува избраниот изглед и додава дополнителен сјај.

  • Не се користи само за облека: 5 алтернативни начини на кои можете да го употребите омекнувачот

    Не се користи само за облека: 5 алтернативни начини на кои можете да го употребите омекнувачот

    Омекнувачите постојат, како што налага и нивното име, за да ѝ дадат на облеката посебна мекост. Покрај тоа, тие на облеката ѝ даваат и прекрасен мирис, а еве уште 5 алтернативни начини на кои можете да ги употребите, а за кои сигурно досега не сте знаеле.rnНе се користи само за облека: 5 начини да го употребите омекнувачотrn

    1. Го освежува просторот

    rnОмекнувачот може да биде и освежувач на просторот. Земете едно шишенце со распрскувач и наполнете го со вода и омекнувач (разредете го со водата во однос 1:3). Со таа течност напрскајте ги завесите, тепихот и другите ткаенини на кои сакате да им дадете поубав мирис. Исто така, со ваквиот раствор можете да ја освежите и внатрешноста на автомобилот.rn

    2. Го отстранува статичкиот електрицитет

    rnЗа да спречите прашината да се насобира на телевизорот или на другите пластични површини во домот, ставете на крпата за бришење неколку капки неразреден омекнувач и со неа избришете ги предметите. Со тоа ќе го спречите создавањето електрицитет кој ја привлекува прашината, а притоа ќе им дадете на предметите пријатен мирис.rn

    3. Дава сјај на мазните површини

    rnАко не можете да пронајдете средство кое дава сјај на мазните површини, омекнувачот може многу да ви помогне. Подгответе го ова средство на следниот начин: Помешајте чаша омекнувач со 4 чаши вода и ставете ја смесата во шише со распрскувач. Напрскајте ја крпата за прашина со средството и потоа со неа избришете ги стаклените површини, туш кабината или некои други мазни површини. Чистењето завршете го со сува крпа.rn

    4. Отстранување на старите тапети

    rnСо омекнувачот можете да ги отстраните и старите тапети на ѕидот. Направете мешавина од еден полн сад со омекнувач и 4 чаши вода. Потопете го сунѓерот во смесата и оставете го во неа 30 минути. Тапетите ќе ги отстраните без никакви тешкотии.rn

    5. Ги омекнува четките за бојадисување на косата

    rnЧетките за бојадисување на косата ќе ја здржат својата мекост, доколку после нивната употреба ги измиете во вода во која претходно сте ставиле неколку капки омекнувач.

  • Нов изглед: 3 совети за мазна и сјајна коса

    Нов изглед: 3 совети за мазна и сјајна коса

    Модните писти оваа сезона се полни со нови и креативни трендови, кои се надополнети со супер сјајни коси. Доколку ја исправувате вашата коса, пресата нека ви биде наместена на најниската температура или набрзина помините преку праменот, за да создадете природен финиш.rnrn2-nov-izgled-3-soveti-za-mazna-i-sjajna-kosa=www.kafepauza.mk_rn

    Инспирација

    rnСилните и богати бои сè уште се во тренд, а совршен изглед ќе постигнете доколку вашиот стил го надополните со свиленкасто мека коса, без разлика дали е брановидна, извиткана или рамна. Погледнете што подготвиле за оваa сезона дизајнерите на најпрестижните модни куќи како што се Валентино, Сен Лорен и Жан Шарл.rn

    Од модните писти

    rnКако што модните трендови донесоа облека богата со детали, така и природниот изглед на косата повторно се врати на големата врата. Овој пат не постои изговор за лошо одржувана фризура – без разлика дали вашата коса е природно виткана или рамна, за да се совпаѓа со овогодишните топ трендови, мора да сјае како никогаш досега. А тоа значи дека мора да ја негувате!rn

    Како се носи?

    rnКлучот е во едноставноста – класични, заоблени краеви, лесни слоеви и шишки е она што најдобро го отсликува овој тренд.rnrnPARIS, FRANCE - MARCH 10:  A model walks the runway during the Valentin Yudashkin show as part of the Paris Fashion Week Womenswear Fall/Winter 2015/2016 on March 10, 2015 in Paris, France.  (Photo by Thierry Chesnot/Getty Images)rnrnКога е факторот сјај во прашање, дамите од А-листата преземаа мерки.rn

    Ѕвездите од А-листата

    rnСекако, да имаме време (и пари) да се негуваме на дневна база како холивудските ѕвезди, би имале коса вредна од милион долари. Но, не тагувајте! Со помош на лесни и евтини трикови и вие може да имате гламурозна фризура.rn

    Од црвениот тепих

    rnНа црвениот тепих може да видиме многу долги, сјајни коси. Премиерите, промоциите, забавите и свечените прилики бараат постојано менување на фризурата, па не е чудно зошто ѕвездите го поедноставуваат својот изглед, водејќи сметка за здравјето и негата на нивната коса, и секако, мислејќи на нејзиниот сјај.rn

    Топ совет

    rnВиткајте ги краевите на косата за да создадете визуелно густа коса. Притоа, брановидните краеви делуваат здраво и ги прикриваат можните оштетувања.rn

    Ах, тој ВИП шарм!

    rnДоколку имате цел вашата коса да биде мазна и рамна, тоа мора да изгледа совршено. Затоа, испуканите краеви не доаѓаат во обѕир!rnrn21st Annual Screen Actors Guild Awards - Arrivalsrn

    Три чекори за мазна и сјајна коса

    rnЧекор 1: Здраво тело, а со самото тоа и влакна, ќе имате доколку правилно се храните. Риба, пилешко, многу овошје и зеленчук, како и млечни производи се одличен старт доколку сакате поубава коса. Секако, пијте доволно вода и заборавeте на лошите навики, како што се цигарите и алкохолот. Клучната работа за здрава коса е редовна посета на фризерски салон.rnrnЧекор 2: Користете балсам за коса. Доколку вашата коса често се масти, балсамот нанесувајте го само на краевите. Сувата коса бара хидратација, па затоа еднаш неделно мора да нанесувате препарати, како што се маските за коса.rnrnЧекор 3: Во прилики кога мора да „мамите“, инстант сјај може да добиете со масло за коса. Тоа лесно и брзо се апсорбира во влакната, а дава феноменален сјај и мекост. На појаките влакна повеќе им годат серумите, а доколку вашата коса е тенка – избегнувајте го маслото и подобро користете сјаен спреј.rn

    Топ совет

    rnДоколку имате јака и сува коса, третирајте ја пред нанесување на шампонот. Постојат многу препарати баш за таа намена – ја омекнуваат косата пред миењето и ја оставаат супер мека и сјајна.rnrnHOLLYWOOD, CA - AUGUST 19:  Actress Jessica Alba attends the premiere of Dimension Films' "Sin City: A Dame To Kill For" at TCL Chinese Theatre on August 19, 2014 in Hollywood, California.  (Photo by Kevin Winter/Getty Images)

  • За здрава и негувана коса: Бојадисувајте ја косата со кафе!

    За здрава и негувана коса: Бојадисувајте ја косата со кафе!

    Ако ја бојадисувате косата, сигурно се соочувате со испукани врвови, безживотен изглед, кршење на влакното и паѓање. Девојките и жените пак, кои се бојадисуваат во потемни нијанси често се соочуваат и со проблемот што косата пребрзо ја губи бојата и избледува. Наместо да се упатите во потрага по ефикасна фарба, послушајте го нашиот совет и наместо со к’на или фарба, вашата коса бојадисајте ја со КАФЕ! Иако можеби изборот на кафе за бојадисување наместо фарба ви звучи чудно, воопшто нема да каете се за овој чекор.rnrn1-za-zdrava-i-neguvana-kosa-bojadisuvajte-ja-kosata-so-kafe-www.kafepauza.mk_rnrnКафето не само што има јака пигментација, туку е и здраво за косата. Дополнително, ќе избегнете нанесување на амонијак и други штетни хемикалии кои се наоѓаат во фарбата, колор шампоните и разните други бои за коса. Погледнете го упатството и ќе се уверите дека ова е најбезбедниот и најздравиот начин на бојадисување на косата.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 3-4 лажички свежо мелено кафе
    • rn011

    • 1/2 шолја балсам за коса или јогурт
    • rn

    rn2-za-zdrava-i-neguvana-kosa-bojadisuvajte-ja-kosata-so-kafe-www.kafepauza.mk_rn

    Подготовка и употреба:

    rnВо сад ставете ги балсамот и кафето и мешајте сè додека состојките не се соединат. Потоа смесата нанесете ја на косата со помош на прстите или со четка за бојадисување. Намачкајте сè – од коренот до врвовите. Направете ја косата во пунџа, ставете ја во пластична кеса, замотајте ја во пешкир и оставете ја да делува најмалку 1 час.rnrnПотоа, измијте ја косата со млака вода, но не смеете да користите шампон. Значи, измијте ја само со вода. Мијте ја сè додека не исчезнат кафеавите траги. Потоа, исушете ја и уживајте во преубавата коса и загарантираниот сјај!

  • Здрави производи од кои ќе изгледате помладо

    Здрави производи од кои ќе изгледате помладо

    Здравата исхрана не е само добра за струкот и за имунитетот, туку може да има и неверојатно влијание врз „пеглањето“ на брчките и сјајот на косата.rnrn1-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лубеница

    rnЛетната миленичка, лубеницата, е полна со антиоксиданси кои ѝ ја даваат нејзината црвена боја. Тие состојки ѝ помагаат на кожата да им се спротивстави на штетните УВ-зраци. Лубеницата содржи околу 40% повеќе антиоксиданси отколку доматот и затоа е корисна за оние кои сакаат да излегуваат на сонце.rn

    2 Калинка

    rnЗрната на калинката се полни со антиоксиданси и витамин Ц кои ги спречуваат брчките и сувоста на кожата. Ова овошје во себе, исто така, содржи хемиски соединенија кои го засилуваат создавањето на колаген, кој на кожата ѝ дава поцврст изглед и киселина, која ги намалува воспаленијата предизвикани од УВ-зрачењето.rn

    3. Боровинка

    rnБоровинките ќе ви пружат витамини Ц и Е кои ќе ви помогнат во осветлувањето на кожата и изедначувањето на нејзината боја.rnrn2-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rn

    4. Јастог

    rnЈастозите се полни со цинк и имаат разни противвоспалителни својства. Тоа помага при каков било проблем со кожата, па дури и со акните. Цинкот го забрзува обновувањето на кожата.rn

    5. Кељ

    rnКељот е полн со витамин К кој помага во згуснувањето на крвта како и железо кое ни дава здрава боја на кожата.rn

    6. Јајце

    rnНашите нокти се составени од протеини, па може да станат меки доколку не ги внесуваме во нашето тело. Јајцето е добар извор на биотин – витамин кој ги метаболизира аминокселините (главната состојка на протеините).rnrn3-zdravi-proizvodi-od-koi-kje-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_