Патниците на booking.com го изгласале градот Кирквол во Шкотска за најгостопримлив град во Велика Британија во 2023 година. Кирквол ја добил оваа престижна титула благодарение на извонредното гостопримство на неговите жители.rnrn
rnrnСтанува збор за најголемиот град на архипелагот Оркнеј во Шкотска, кој има околу 70 острови, а во градот живеат околу 9.000 жители.rnrnЖителите на Кирквол се навикнати на туристи. Во летните месеци овде застануваат многубројни крстосувачи за да можат патниците да ја истражуваат неговата богата историја. Кирквол, имено, бил дел од норвешкото кралство и бил основан од Викинзите пред илјада години. Во 15 век се нашол под шкотска власт, така што градот денес е спој од скандинавската и шкотската култура.rnrnПреку истражување на локалните археолошки локалитети ќе научите многу интересни факти за Викинзите, но и ќе уживате во природните убавини и прекрасните плажи. Иако некогаш тука имало зандани во кои се чувале жени за кои се сомневале дека се вештерки, денес градот е безбедно место за живеење и има многу ниска стапка на криминал.rnrnВо едно интервју за DailyMail, локален таксист изјавил дека ги оставил паричникот, телефонот и клучевите од автомобилот на совозачкото седиште во неговото незаклучено возило дури четири дена – и никој не го ограбил.rnrnЛуѓето од Кирквол не размислуваат како да повредат некого, туку како да му помогнат. Истиот човек го изгубил паричникот во кој имало 850 фунти во готовина на аеродром на островот. Кога сфатил дека го нема паричникот, се помирил со фактот дека парите се изгубени.rnrnНо, сепак се вратил на аеродромот, надевајќи се дека некој му го нашол паричникот и му ги оставил личните документи. На шалтерот го чекало изненадување – не само што бил пронајден паричникот туку и сите пари биле во него.rnrnОткако прочитавте за овој шкотски град, можеби ќе сакате да прочитате и за најопасните градови во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: Шкотска
-

Ова е еден од градовите во Европа со најниска стапка на криминал!
-

Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!
Еднорозите се измислени, митски суштества кои честопати се среќаваат во детските книги и приказни како симбол на невиност и моќ. Се верува дека тие се благородни животни кои не можат да се скротат. Верувале или не, тие се и симбол на држави.rnrn
rnrnДали знаевте дека еднорогот е национално животно во Шкотска? Во средината на 16 век еднорогот бил воведен како симбол на шкотските кралски грбови. Во тоа време, два еднорога го краселе грбот на Кралството Шкотска. Во 1603 година, пак, кога кралот Џејмс VI од Шкотска постанал крал Џејмс I на Англија, Шкотска и Ирска, на грбот на новото кралство биле обединети еден еднорог и англиски лав како симбол за обединувањето на овие земји. Друг интересен факт е дека овие животни во приказните биле отсекогаш во ривалство, а сега за прв пат биле обединети.rnrn
rnrnЛесно можете да го препознаете шкотскиот еднорог и тоа благодарение на неговите златни синџири. Се верува дека тие се симбол на моќта на шкотските кралеви, односно дека тие поседувале толку голема моќ што можеле да ги оковат и овие животни.rnrnСо векови луѓето верувале дека еднорозите постојат сè до почетокот на 19 век кога францускиот биолог Жорж Кувие почнал да објаснува дека на животно од овој вид било невозможно да му израсне еден рог на челото. Сепак, покрај научните докази и тврдења, луѓето и понатаму продолжиле да веруваат во ова митско суштество, па така денес се слави Денот на еднорогот на 9 април.rnrnОткако прочитавте за националниот симбол на Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те туристички локации во Шкотска кои не смеете да ги пропуштите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите
Шкотска е навистина магична земја, иако нејзините природни убавини не се доволно нагласени. Затоа, доколку сакате да ја запознаете подобро оваа земја, покрај Единбург и Глазгов, би требало да ги посетите и овие дестинации.rn
Базенот на самовилите на островот Скај
rnСкај е романтичен остров кој изобилува со преубави пејзажи. Базенот, всушност, се состои од водопади со кристално чиста вода кои се сметаат како место за духовно исцелување. Постојат легенди дека тука се капеле самовили.rnrn
rnКапелата Рослин
rnБројни теории на заговор се врзани за оваа капела која датира од 15 век и се наоѓа во близина на Единбург. Местото зрачи со мистична енергија што го прави посебно привлечно за филмските режисери. Внатрешноста на капелата е покриена со симболи и знаци поврзани со масони, темплари и раните христијани и е предмет на историски контроверзии.rnrn
rnФинич Глен
rnСтанува збор за клисура каде се наоѓа карпа со морничаво име – „Ѓаволска проповедница“. Местото изобилува со легенди за пагански ритуали и приказни за келтските друиди. Освен тоа, овде била снимана и серијата Outlander во 2014-та година.rnrn
rnГленко
rnПланината Гленко е место со морничаво минато – тука се одвивала егзекуцијата на кланот Мекдоналд во име на новоизбраниот крал во 1691 година. Легендите велат дека нивните духови сè уште кружат, а нивните фантомски гајди се слушаат одвреме-навреме.rnrn
rnПрестолот на кралот Артур
rnИзгаснатиот вулкан кој се наоѓа во близина на Единбург според некои легенди се смета за местото каде се наоѓал Камелот, кралството на кралот Артур и витезите на тркалезната маса. Друга легенда вели дека карпата била змеј кој толку многу се прејал што заспал и се претворил во камен.rnrn
rnrnОткако прочитавте кои места морате да ги посетите доколку патот ве одведе накај Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате и за градините на космичка шпекулација во Шкотска.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Градините на космичка шпекулација во Шкотска
Овие градини со несекојдневно име се наоѓаат во шкотскиот град Дамфрис на имотот на архитектот Чарлс Џенкс. Тие се инпирирани од физиката и математиката. Има скулптури со форма на црни дупки и фрактали, а и пејзажите се во истиот стил. Отворена е за посети само еден ден во годината, кога Џенкс собира средства за борба против ракот.rnrn
rnrnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

ТВ серија: Туѓинец (Outlander)
Што сè би направиле да преживеете доколку одеднаш се најдете во 1743 година во Шкотска?
rn
Главни улоги: Катрина Балф, Сем Хјуан, Греам МектавишrnrnЖанр: драма, романса, научна фантастикаrnrnКреатор: Роналд Д. МурrnrnПремиера: 9 август 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за ТВ серија која е базирана на бестселерите „Outlander“ од Дајана Габалдон. Приказната го следи животот на Британката Клер Рандал (Катрина Балф), медицинска сестра која била на бојното поле во Втората светска војна. Откако војната завршила, во 1945 година, таа и нејзиниот сопруг со кој во период од 5 години поминале само 10 дена заедно, решиле да одат на втор меден месец во Шкотска со цел од почеток да се запознаат. Но, по сплет на неверојатни околности, Клер мистериозно ќе биде вовлечена во минатото и ќе се најде во 1743 година, во еден свет кој е целосно вонземски за неа.rnrn
rnrnКога Клер ќе се најде во средината на пресметка помеѓу војници од Англија и Шкоти, нејзиниот мозок прво ќе се обидува да бара логично објаснување за она што го гледа. Можеби сонува или пак, случајно се нашла во сцена од филм. Но, колку и да се обидува да се убеди дека станува збор за едно големо недоразбирање, сепак реалноста едноставно ќе почне да преовладува. Таа се наоѓа во минатото. И изгледа дека е во време во кое е многу опасно за една жена да биде сама. Таа за само неколку денови ќе биде нападната, ќе биде под закана и киднапирана.rnrn
rnrnЗа да преживее, Клер ќе мора да најде начин како да се адаптира на околината. Барем привремено додека не сфати како да се врати на местото кое ја доведе во овој хаос. Бидејќи е Британка, нејзините нови „пријатели“ Шкоти ќе се плашат дека таа е шпион, но од друга страна пак, измислената приказна за нејзиното потекло ќе фрли сомнеж за неа и во очите на Британците. Таа ќе се најде помеѓу две сосема спротивни страни, обидувајќи се да сфати каде би била побезбедна – помеѓу својот народ или пак, кај Шкотите.rnrn
rnrnСтанува збор за приказна која е базирана на историски факти. Но, она што ќе ви го привлече и задржи вниманието кај оваа ТВ серија се неверојатните пејзажи, прекрасната музика и необичните традиции во Шкотска. Вие брзо ќе се заљубите во ова прекрасно место, но и во народот кој живее во него. Клер ќе ве одведе во свет кој на прв поглед е сосема ист како оној денес, но доколку подобро погледнете ќе сфатите дека сè е различно. И покрај бруталноста која владеела во 18-от век, сепак постои некаква привлечност во тој едноставен живот. А ова е една од причините поради кои ќе ја гледате секоја епизода во еден здив.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Едно магично место, еден кадар, дванаесет различни фотографии
Шкотскиот остров Скај изгледа како место од „Господарот на прстените“. Има голем број мистични предели, но Олд Мен Стор, остри карпи опкружени со беспрекорно зеленило, се најпривлечни за посетителите. Секој од нив сака да направи своја фотографија од овде, па денес оваа локација е една од најфотографираните во светот. Сепак, сите тие фотографии не се исти. Како што се менуваат временските прилики, така и овој еден единствен кадар од ова магично место изгледа како да се менува, а тоа може лесно да се забележи преку овие дванаесет драматични фотографии.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија
Веројатно може да се напишат стотина нешта што би можеле да ги направите во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, но моравме да издвоиме само 18. Проверете ја листата во продолжение и уживајте. Да почнеме.rn
1. Посетете го Лондон
rnБез разлика каде сте, препорачливо е да се посети главниот град на земјата во која патувате. Фактот што Лондон е еден од најдобрите градови во светот е доволна причина зошто е на оваа листа. Посетете ги неверојатните историски знаменитости и музеите. Одете на шопинг, вечерајте во ексклузивен ресторан и забавувајте се во едни од најпрестижните ноќни клубови во светот.rnrn
rn2. Испијте чај во Девон
rnПостојат многу места во Јужна и Западна Англија каде се служи традиционален англиски чај, но Девон е најдобриот избор. Тоа е така затоа што таму се прави најдобриот тенок колач, густ крем и џем, кои се послужуваат со чајот за целосно уживање.rnrn
rn3. Посетете ја палатата Бленхајм
rnПокрај тоа што е родниот дом на војводите од Марлборо, светско наследство и еден од најдобрите примери за рустикална архитектура во Англија, Палатата Бленхајм, исто така е и родното место на Винстон Черчил, кој бил прогласен за „Најголем Британец“. Но, и без врската со Черчил, куќата и градините се прекрасно нешто што вреди да се искуси во живо.rnrn
rnrn -

2 пони коњчиња облечени во џемпери го промовираат шкотскиот туризам
Постои ли подобар начин за промовирање на туризмот на една држава, од употребата на овие неверојатно слатки шетландски пони кончиња како главни лица за реклама?rnrn
rnrnНационалниот одбор на Шкотска неодамна организираше фотосесија со фотографот Роб Мекдугал, со цел да се покрене интересот на туристите за оваа држава.rnrn
rnrnВо главните улоги се Фивла (во црвениот џемпер) и Витамин (во кафениот џемпер), а во серијата фотографии фокусот е ставен не само на слатките животни, туку и на прекрасните шкотски пејзажи покрај кои тие позираат.rnrn
rnrnЏемперите се сплетени со шетландска волна од страна на локалната плетачка Дорин Браун.rnrn


rnrnПорталот Visit Scotland, кој продава туристички аранжмани за Шкотска, постави видео во кое две жени ги облекуваат двете пони коњчиња во џемпери, како да се мали дечиња. :)rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Би влегле ли во лифт со гласовно препознавање наместо копчиња?
Не знаеме за вас, но шкотските комичари Ијан Конел и Роберт Флоренс, се подготвени на ваков чекор. Штета што лифтот не реагира на шкотски акцент. 🙂
Станува збор за откачен скеч, изработен за шоуто „Burnistoun“ кое се емитува на Би-Би-Си-Шкотска. Уживајте во неговата квалитетна доза хумор.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




























Единственоста на амбиентот во „Соба“ доаѓа од ѕидовите кои се исцртани со графити. Несекојдневната колоритна атмосфера веројатно ја прави одличната азиска кујна повкусна и е причина повеќе за да се посетат предклубските забави кои ги организира домаќинот. Ако некогаш патот ве носи во Глазгов, има два исти барови „Соба“, едниот на Баерс Роуд, а другиот на Мичел Лејн.






rn