Преку тестовите на личноста можете да откриете многу за себе, некои ваши карактеристики и особини за кои можеби не сте свесни. Овој тест е многу едноставен – треба да изберете една школка од сликата и да ја прочитате нејзината порака за вас:rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 1″ active=”false”]Ако ја избравте оваа школка тоа значи дека сте ги издржале бурите и сега сте многу посилни и помудри поради вашето искуство. Носите лузни, но тоа не значи дека така ќе биде засекогаш. Вие сте чувствително и нежно суштество, но ви треба заштита. Внимавајте доколку сте опкружени со негативни луѓе – обидете се да го ограничите вашето време со нив за да ја заштитите вашата чувствителна природа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 2″ active=”false”]Како оваа школка која наликува на мало сонце кое испушта зраци, и вие испуштате светлина до оние со кои доаѓате во контакт. Не треба да престанете да го испраќате тој прекрасен зрак светлина до луѓето, но неопходно е да станете свесни за вашите сопствени потреби и да си поставите граници. Вие сте важни како и сите останати и мора да знаете дека примањето е исто толку важно како и давањето. Клучот лежи во рамнотежата. Оваа школка има одлична симетрија, па така и вие претпочитате да одржувате сè како што треба во вашиот свет: едноставно и урамнотежено.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 3″ active=”false”]Ако ја избравте оваа школка, тоа покажува дека е време да се ослободите од нешто што повеќе не ви служи. Можете да се промените ако навистина сакате. Тоа е избор кој само вие – никој друг не може да го направи наместо вас. Можеби треба да отфрлите некои ограничувачки верувања засновани на искуства од детството. Можеби треба да ја оставите болката од минатото и да простите за да продолжите понатаму, создавајќи го животот што го заслужувате. Не дозволувајте повеќе да ве контролираат лутината, тагата и фрустрацијата и почнете да ги правите работите со љубов.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Tag: школка
-

Тест: Изберете школка и откријте што треба да отфрлите од вашиот живот за да бидете среќни!
-

Тест: Омилената школка ќе ви открие која ваша способност може да ви го промени животот!
Изберете една школка за да откриете која особина ќе ви помогне да го подобрите вашиот живот. Откако ќе откриете за која особина станува збор, не плашете се да ја искористите.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 1″ active=”false”]Вашата интуиција е една од неколкуте моќни вештини кои ги поседувате, па затоа не треба да ја занемарувате. Сигурно во животот честопати барате совет од другите иако веќе самите го знаете одговорот. Затоа, следен пат обратете повеќе внимание на вашите соништа и на интуицијата.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 2″ active=”false”]Вие им влијаете на другите повеќе отколку што самите сте свесни за тоа и затоа многумина бараат водство и мудрост од вас. Не плашете се да настапите во улога на водач бидејќи ќе бидете инспирација за многумина. На тој начин ќе постигнете нови успеси, но и ќе отидете онаму каде што никој друг не отишол, а истовремено и ќе им го отворите патот на другите кои се плашат да го сторат тоа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Школка бр. 3″ active=”false”]Вие сте најсреќни кога учите нешто ново. Тоа може да се манифестира преку читање книга, следење курсеви и предавања. Новите информации ќе го стимулираат вашиот ум да функционира подобро. Доколку, пак, во моментот чувствувате некаков вид стагнација, можеби е време да си поставите нови предизвици и да научите нешто ново што ќе го разбуди вашиот интерес.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете дали вашата желба ќе се оствари или не.rnrnИзвор: atma.hr -

7 идеи за суптилна тетоважа со школка, за сите оние што сакаат да живеат во вечно лето
Никогаш не сте престари за да собирате школки на плажа. Тие се како накит на морето што не престанува да ве изненадува со своите уникатни форми и прекрасни бои. Токму затоа е и тажно кога треба да се разделите со деновите на плажата. Но, ако размислувате за нова тетоважа, и се пронајдовте во овој опис, тогаш имаме 7 прекрасни идеи за вас!rnrnСамо имајте на ум дека е лето. Според препораките на докторите, не смеете да пливате барем 3 недели од ставањето на тетоважата. Затоа е најдобро да се консултирате со тату артистот за соодветните техники за грижи, иако наш совет е да почекате до есен за да ја добиете вашата школка. Таман тоа ќе биде и одличен начин да се збогувате со летото.rn
1. Апстрактна школка
rn
rnrnОвој вид школка е еден од најинтересните што можат да се најдат во песокот. Токму затоа и секогаш кога ќе ја погледнете оваа тетоважа, таа ќе ве потсетува дека носите дел од океанот со себе.rn2. Школка што мами погледи
rn
rnrnБоите и нијансите на оваа тетоважа без сомнение ќе ги натера луѓето да се свртат кон вас за да можат да го впијат секој детаљ од неа.rn3. Школка за на плажа
rn
rnrnАко подобро размислите, не ви се потребни бои за школката да се истакнува. Доволно е да имате ваква едноставна и слатка тетоважа, што ќе биде одлична за фотографирање на плажа, како и топол потсетник за летото во студените зимските денови.rn4. Слатка школка
rn
rnrnДа бидеме реални, едноставно нема да можете да не се заљубите во школка со нијанси на розова боја. Бидете уникатни и забавувајте се со дизајнот.rn5. Школка што шепоти
rn
rnrnКолкупати ви се случило да земете школка од песокот и да се обидете да го чуете морето во неа? Ако сакате да го овековечите овој спомен, тогаш малата школкичка за увото е одлична идеја за вас!rn6. Школка како накит
rn
rnrnСакате да бидете уникатни? Одберете ја најубавата школка на плажата и потоа однесете ја кај тату артистот за да се обиде да ја рекреира на вашето тело. Потоа најдете ѝ убаво место во домот каде што ќе ја краси просторијата, додека истовремено ја носите и на себе.rn7. Школка за сирени
rn
rnrnКој вели дека ова не е печатот за тајно друштво на сирени? Оваа школка е толку едноставна, но се издвојува поради својата позиција. Одлична е за на плажа, но и за време на студените зимски денови!rnrnПогледнете ги и овие одлични идеи за тетоважи на ‘рбетот! -

Изберете ја најпривлечната школка и откријте го скриениот аспект од вашата личност
Во сите нас постои талент за кој можеби не сме свесни, а кој може да ни помогне во животот. Овде станува збор за мал тест, а задачата е да изберете една од трите школки. Таа што ќе ја изберете ќе ви открие кон што сте склони и кои квалитети ја одредуваат вашата личност.rnrn
rnШколка број 1: Имате силна интуиција
rnИнтуитивни сте повеќе од што мислите. Интуицијата ви е на многу високо ниво и важно е да обрнете внимание на тоа, да ја слушате и да се потпрете на неа. Луѓето во животот често бараат совет од другите, иако веќе самите знаат што е најдобро за нив – па не го заборавајте ова кога вам ќе ви биде потребна консултација. Посебно внимание насочете кон вашите соништа како и на впечатоците кои ги добивате за некого или за нешто.rn
Школка број 2: Вие сте родени лидери
rnВие влијаете на другите луѓе повеќе отколку што мислите. Многумина од вас бараат насоки и мудрост. Прифатете ја таа ваша способност и не стравувајте да бидете водач и пример за другите. На тој начин ќе им помогнете на најблиските, како и на себеси. Вие многу лесно можете да станете инспирација за многумина.rn
Школка број 3: Желни сте за знаење
rnВашиот ум најдобро функционира кога ќе воочите нешто ново. Тоа може да биде низ читање добра книга, гледање документарец, разговор со образовани луѓе, некој онлајн натпревар или одење на предавања. Поттикот и новите информации се сето она што му е потребно на вашиот ум, па искористете ја таа склоност за да си овозможите поквалитетен живот.rnrnДоколку сакате да погледнете подлабоко во вашата душа, тогаш изберете крошна, кликнете на неа и добијте кратка анализа на вашата личност.rnrn

-

Спијте како вистинска принцеза на овој кревет инспириран од „Малечката сирена“
Зарем постои девојка што длабоко во себе не посакува да биде принцеза? Особено ако во детството омилениот цртан филм ви бил „Малечката сирена“, тогаш имаме одлично изненадување за вашата внатрешна Ариел!rnrn
rnrnЗарем некому би му здодеало да живее живот на сирена? И покрај тоа што можеби вие нема да се преселите под вода, сепак можете да спиете во креветот на Ариел и конечно да ги претворите вашите опсесии со сирени во реалност. Зарем има нешто послатко од тоа?rnrn
rnrnДа бидеме реални, овој кревет е всушност наменет за нашите деца, но и ние се сметаме за деца во срцето, така што сосема е во ред да спиеме на него! Креветот во форма на отворена школка може да биде купен преку португалската компанија „Circu“ што создава магичен мебел. Заедно со него доаѓа и внатрешна ноќна светлина и сè тоа по цена од 16.000 долари.rnrn
rnrnВо ред, ова можеби е малку скапо, и најверојатно ќе биде уште едно од оние нешта што ни се слизнале низ раце, но со оглед на тоа што станува збор за креветот на ќерката на Кралот Тритон, смееме да сонуваме, се согласувате? -

Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личност
Тестот со сирена е еден едноставен, но многу интересен начин кој ќе ви овозможи на момент да ѕирнете во вашата интима и уште еднаш да ги потврдите нештата кои најдобро ја опишуваат вашата личност. Преку будење на вашата фантазија можете да допрете до своите најголеми длабочини. Подготвени?! Запомнете ги одговорите на следниве прашања…rnrn
rn1. Замислете дека сте сирена
rnКаква боја е вашата опашка?rn
2. Замислете си дека покрај вас плива риба
rnЗа каква риба станува збор? Дали е опасна?rn
3. Замислете си дека наоѓате школка на морското дно и ја земате
rnКако изгледа школката?rn
4. Замислете си дека пливате кон површината и забележувате плажа
rnКолку луѓе има на плажата?rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за одговорите и толкувањето на нивното значење” active=”false”]rn1. Бојата на опашката упатува на тоа колку сте друштвени и комуникативни
rnДоколку си замисливте опашка во боите на морето, како сина или зелена, тоа значи дека сте срамежлива и позатворена личност. Доколку си замисливте бои кои полесно паѓаат во очи, како розова или жолта, тоа укажува дека сте комуникативни и брзо се спријателувате со луѓето.rn
2. Рибата што плови покрај вас покажува како се справувате со конфликтите
rnДоколку си замисливте риба која мирно плови покрај вас, тоа би значело дека немате проблем да си го кажете своето мислење. Доколку ја доживеавте како закана, тогаш тоа би можело да значи дека избегнувате конфронтации.rn
3. Школката што ја најдовте покажува колку луѓето ве познаваат
rnШколките кои се рамни и кои се отвораат, значи дека и вие се отворате лесно пред луѓето и ја откривате вашата интима. Но, доколку си замисливте школка со малку покомплексен, шуплив изглед, којашто не се отвора, тогаш тоа може да се протолкува дека сте личност која е порезервирана во односот со луѓето.rn
4.Луѓето на плажата го означуваат бројот на вашите вистински пријатели
rnДоколку си замисливте плажа полна со луѓе, значи дека имате неколку групи со пријатели. Малку луѓе на плажата значи дека имате малку, но многу блиски пријатели.rnrnСе пронајдовте во одговорите?rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
-

Како остригите создаваат бисери?
Природниот бисер го започнува својот живот во школката на остригите кога некој натрапник, зрно песок или парче храна која плови ќе се протне во нивната внатрешност, односно во заштитната облога која ги прекрива нивните органи.
За да се заштити од иритација, остригата набрзина започнува да го прекрива непосакуваниот посетител со неколку слоеви минерална супстанца. И така, слој по слој, полека се обвиткува зрното песок сè додека не се формира иридисцентен бисер.rnrnВештачките бисери се направени на истиот начин. Единствената разлика е тоа што наместо случајни околности, „фармерот на бисери“ намерно вметнува зрно песок директно во заштитниот слој на мекотелите.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Костими за капење што не изгледаат добро на секого
Оваа летна сезона ќе биде преполна со различни опции за костими за капење. Некои ќе им прилегаат на вашето тело, некои не. Тоа што го носат моделите на модните писти, не секогаш изгледа така добро и на вашето тело.
rn1. Плетен дезен
rn
Плетените костими за капење се купуваат и носат само за сончање, во никој случај за да се плива со нив. Кога ќе се наводенат, се проѕираат, немаат правилен облик и со тоа го изобличуваат телото.rn.rn2. Бикини со висок струк
rn
Ова е модниот крик оваа сезона. Изгледаат феноменално, но не на сечие тело. Оние кои се поплонички во пределот на стомакот, овие бикини ќе ја нагласат таа нивна карактеристика, додека на оние со рамен стомак, кои сепак сакаат да сокријат поголем дел од него, одлично ќе им прилегаат.rn.rn3. Костими за капење со принтови
rn
rnrnОдбегнувајте костими за капење со големи принтови сконцентрирани само на еден дел, во случајов кај градите. Нив сакате да ги покажете, а не да ги сокриете кога сте на плажа. Не предизвикувајте ги луѓето да се вртат по вас заради погрешната причина :)rn.rn4. Бикини-шорц
rn
И повеќе од јасно е дека не се за секого. За да се решите за вакви бикини, треба многу добро да го познавате сопственото тело. Сигурно не сакате вишокот наслаги околу стомакот или дебелките нозе да излегуваат низ овие припиени шорцеви.rn.rn5. Костим за капење како долна облека
rn
Разграничете ги костимот за капење од долната облека. Тие се купуваат за две различни цели. Плус тоа, ваков костим за капење е сосема непрактичен, а понекогаш изгледа и смешно на нечие женско тело. Освен ако немате закажано фотосесеија на некоја од плажите, не купувајте го.rn.rn6. Пресечен едноделен костим за капење
rn
Овие костими за капење се вистински хит во последниве години. Освен ако немате ултратенко и витко тело, овој костим не е препорачлив за вас.rn.rn7. Едноделни костими за капење
rn
…особено во беж боја. Иако неутралните бои се ин оваа сезона, избегнувајте ја оваа беж варијанта, освен ако не сакате сите да помислат дека сте речиси голи. Причината е едноставна – кога се наводенети се проѕираат.rn.rn8. Бикини-школки
rn
Тие без исклучок изгледаат лошо на сечие тело. Ако веќе сте ги купиле, гордо закачете ги како украсен декор во вашата соба.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Куќа во форма на школка
Сте посакувале ли некогаш да живеете во изолирана куќа лоцирана на некоја непозната плажа, каде ќе се чувствувате заштитени од целиот свет?rnrn
rnrnКуќата-школка не ви гарантира безбеден живот, ниту е на плажа, но бидете сигурни дека ќе направи да се чувствувате волшебно.rnrn
rnrnОваа фасцинантна куќа е изградена во 2006-та година, од фирмата Аркитекура Органика. Млад брачен пар со две деца од Мексико Сити, решиле да го напуштат својот конвенционален дом и да живеат во куќа, која личи како да е составен дел на природата. Инспирацијата за овој проект е станарите да се чувствуваат заштитено како школката во својата куќарка, а воедно и да уживаат во луксузниот и уникатен дизајн.rnrnrnrn -

Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2
Човек чиј животен век е 116 години или подолг, се раѓа еднаш на 2 милијарди години.rnrn
rnrnВозможно е да успеете да качите крава по скали, но не е возможно да ја симнете надоле.rnrn
rnrnЖелките можат да дишат со задникот.rnrn
rnrn99% од такси возилата во Њујорк превезуваат неодамна пристигнати имигранти.rnrn
rnrnСлонот е единственото животно кое не може да скока, a има 4 колена.rnrn
rnrnЖените трепкаат речиси двојно повеќе од мажите.rnrn
rnrnПолжавот може да спие цели 3 години.rnrn
rnrnЕлектричната столица ја измислил забар.rnrn
rnrnЗапалката за цигари била измислена пред кибритот.rnrn
rnrnГолемината на очите останува иста во текот на целиот живот, од самото раѓање. Затоа пак, ушите и носот никогаш не престануваат да растат.rnrn
rnrnПроцентот на луѓе кои сонувале во црно-бела слика, значително се намалил со појавата на телевизорите во боја.rnrn
rnrnИзградбата на бродот Титаник чинела седум милиони долари, а правењето филм за него чинелo двесте милиони долари.rnrn
rnrnЗвукот кој го слушаме кога ќе приближиме школка до нашето уво не се бранови од океан, туку циркулирањето на крвта низ вените во увото.rnrn
rnrnФизички е неизводливо човек да си го лизне лакотот, чест на исклучоците.rnrn
rnrnРечиси секој кој го чита ова ќе проба да си го лизне лактот :)rnrnГо прочитавте првиот дел?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.









