КАФЕ ПАУЗА

Tag: шик

  • 8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есен

    8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есен

    Повеќето дами одбираат да поспијат повеќе наутро отколку да се разбудат порано и да одберат шик комбинација. Но, наредната сезона не мора да биде така! Спротивно од популарните верувања, вашите секојдневни парчиња облека можат да бидат тренди, без разлика дали станува збор за класична маица, мантил или панталони, сè додека знаете како да ги искомбинирате. Покрај тоа, важно е тие да бидат разновидни и едноставни за да можете да ги носите на работа, па и во вечерните часови.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrnrnДенес ви презентираме 8 парчиња облека кои одговараат на сечиј стил, и на кои треба да обрнете внимание оваа есен, која само што не пристигнала.rn

    1. Тренч мантил

    rnКога ќе инвестирате во добар тренч мантил, ќе ја разберете неговата моќ. Ваквиот мантил никогаш нема да излезе од мода, бидејќи покрај добриот стил, има и одлична функција за време на дождливите денови и го комплетира секој стил.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrn

    2. Волуменозен џемпер

    rnОвде не станува збор за трикотажа која визуелно ќе ве „проголта“, туку за моделите „балон“ ракави. Балансирајте ги овие детали со тесна кошула или маица која ќе ја облечете одоздола, и со широки панталони или здолниште.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrn

    3. Кожни панталони

    rnПанталоните од вештачка кожа се наједноставниот начин да ја зачините вашата типична „униформа“ која се состои од фармерки и џемпер. Исто така, тие се удобни и уникатни.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrn

    4. Тенка ролка

    rnМожеби есента не е за дебели џемпери со ролка, но тенките блузи со сигурност се пригодни за ова годишно време. Тие совршено ќе се вклопат со панталони, здолниште, па дури и под фустан со кој ќе изгледате одлично.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrn

    5. Карирано здолниште

    rnКарираниот дезен, е дезен на есента, како што цветниот е на пролетта. Можеби сте го виделе многупати, но тој е одличен за секоја прилика, и е лесен за комбинирање. Кога имате вакво здолниште, вашите модни хоризонти можат да се прошират и да го олеснат дотерувањето.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrn

    6. Скроен блејзер

    rnСекоја дама треба да поседува скроен блејзер, а есента е одлично време да инвестирате во ова парче облека.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrn

    7. Свилена панделка за коса

    rnПанделките се голем есенски тренд, но и еден од најстарите и наједноставните трикови да го претворите вашиот целокупниот стил во елегантен и женствен.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrn

    8. Чевли со викторијански детали

    rnСекоја есен сме во потрга по совршениот пар чевли или чизми кои ќе ги носиме сè до пролетта. Оваа година тоа се чевлите инспирирани од викторијанскиот стил. Ваквите потпетици сигурно ќе одговараат на вашиот моден вкус.rnrn8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есенrnrnПогледнете ги и овие топ 3 фризури кои ќе бидат хит оваа есен.

  • Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

    Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

    Пролетта само што ни пристигна, а ние со нетрпение чекаме да ги соблечеме дебелите џемпери и топлите чизми и да ги замениме со разлетани фустани и балетанки! Веруваме дека сте расположени за пролетен шопинг и веќе сте ги посетиле бутиците по потрага за некое ново пролетно парче. Исто така, веруваме дека сте забележале дека балетанките со врвки се сè повеќе популарни и дека можат да се најдат во бројни продавници за обувки. Сепак, за овие балетанки треба да одвоите одредена сума на пари, зар не? Ние велиме – НЕ! Можете да ги направите сами. Потребно ви е само еден пар стари балетанки и малку добра волја!rnrn1-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrnПогледнете го упатството и дознајте како брзо и лесно да ги редизајнирате старите и да направите потполно нови балетанки со врвки.rn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Обични балетанки
    • rn011

    • Кожни врвки
    • rn011

    • Алатка за правење дупчиња во кожни материјали
    • rn011

    • Маркер
    • rn

    rn2-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn1. На самата средина на балетанките, веднаш над прстите, издупчете дупка.rnrn3-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn2. Низ неа провлечете ја врвката, но внимавајте краевите да ви бидат со иста должина. Нив ќе ги провлечете низ новите две дупчиња кои ќе ги направите неколку сантиметри повисоко, од страната.rnrn4-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn3.Предлагаме да направите уште по едно дупче, отприлика околу зглобот. Потоа кожните врвки украсете ги, па протнете ги низ дупките.rnrn5-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn4. И тоа е сè. Балетанките ќе ги облечете, а кожните врвки ќе ги обвиете околу зглобовите и ќе ги заврзете.rnrn6-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

  • Шик начини да го декорирате вашиот стан со книги

    Шик начини да го декорирате вашиот стан со книги

    Доколку сте од оние кои се во постојана потрага по лесни начини за декорирање на просторот, а сакате да го поштедите вашиот буџет, тогаш ние имаме нов предлог за вас – урбано декорирање на просторот со книги. Тоа е наједноставниот начин за да внесете многу стил во вашиот дом или канцеларија.rnrn0-20-shik-nachini-kako-da-go-dekorirate-vashiot-stan-so-knigi-kafepauza.mk_.jpgrnrn

  • Како до шик, а сепак спортски изглед? Најдобрите фризури за тренинг сесија!

    Како до шик, а сепак спортски изглед? Најдобрите фризури за тренинг сесија!

    Кога вежбате, најважна ви е ефективноста, но тоа не значи дека вашата коса не може да изгледа одлично. Сепак, имајте на ум дека фризурата која ќе ја одберете треба да ја оттргнува вашата коса настрана од очите, лицето, вратот и рамениците. Ако косата ви е врз лицето додека спортувате или вежбате таа може да ви смета, па дури и да ви наштети, а косата на вратот и рамениците може да се испоти и да се залепи на вашата кожа правејќи да се чувствувате неудобно.rnrn0-kako-do-shik-a-sepak-sportski-izgled-najdobrite-frizuri-za-trening-sesija-kafepauza.mk_rnrnСкоро сите девојки едноставно ја врзуваат косата во обично опавче кога вежбаат и забораваат на неа затоа што изгледот не ни е важен додека сме испотени и со црвено лице. Сепак, да, можно е да изгледаме убаво и кога вежбаме, или ако ништо повеќе, барем нашата коса може да биде средена, на модерен, но сепак практичен начин кој ќе ни овозможи да ја тргнеме од лицето и вратот, така што ќе изгледаме прекрасно и ќе чувствуваме голема самодоверба.rn

    1. Балерина пунџа

    rn1-kako-do-shik-a-sepak-sportski-izgled-najdobrite-frizuri-za-trening-sesija-kafepauza.mkrnrnОваа фризура е елегантна и софистицирана, но таа е и практична за вежбање. Користете четка за да ја измазните и израмните косата притоа влечејќи ја кон средината на задниот дел од главата и поставете ја во центарот. Врзете коњско опавче, а потоа извртете ја косата околу опавчето така што ќе наликува на пунџа.rnrnОсигурете се дека пунџата е добро прицврстена и избегнете штрчење така што ќе додадете серум за коса или гел кој ќе ги измазни влакната или перчињата коса. Фатете ја поцврсто со уште еден ластик за коса и користете шноли за максимално да ја прицврстите. За крај, употребете лак за коса.rn

    2. Високо коњско опавче

    rn2-kako-do-shik-a-sepak-sportski-izgled-najdobrite-frizuri-za-trening-sesija-kafepauza.mkrnrnКоњското опавче е забавно и изгледа спортски. Тоа се лула од една на страна на друга додека скокате и затоа ја подобрува позитивната енергија која тече низ вас. Слично како кај пунџата, користете четка за да ја затегнете косата во задниот дел од главата и подигнете ја во високо опавче. Иако е помалку сигурно од пунџата, коњското опавче сепак ќе ви ја одржи косата настрана од вратот и лицето.rn

    3. Плетенка

    rn3-kako-do-shik-a-sepak-sportski-izgled-najdobrite-frizuri-za-trening-sesija-kafepauza.mkrnrnПлетенките се најдобри фризури кога станува збор за спортскиот изглед, особено ако имате време за да ги направите да изгледаат како што треба. Уште подобро ако знаете да плетете француска плетенка. Она што е убаво кај ваквиот изглед е тоа што ја држи косата средена, но сепак изгледа модерно.rnrnМожете да користите спреј за коса за да ја фиксирате. Исто така, може да си играте со овој изглед – да сплетете две плетенки, една плетенка, рибина коска или две плетенки кои продолжуваат во опавче или пунџа. Можностите се неограничени.rn

    4. Патец на страна

    rn4-kako-do-shik-a-sepak-sportski-izgled-najdobrite-frizuri-za-trening-sesija-kafepauza.mkrnrnМенувањето на патецот може драстично да го промени изгледот. Ако целите кон едноставно, ниско опавче, зошто не се одлучите за страничен патец наместо за оној на средина? Ова ќе ви даде одличен нов изглед и плус нема ништо лошо ако одвреме-навреме малку ги промените нештата.rn

    5. Додатоци за коса

    rn5-kako-do-shik-a-sepak-sportski-izgled-najdobrite-frizuri-za-trening-sesija-kafepauza.mkrnrnСекако дека спортското може да биде модерно. Чувствувајте се слободно да експериментирате со фризурите така што ќе додадете шарени марами, ластичиња или ленти за коса. Модерните ленти за коса или оние против пот се одличен начин да ги тргнете перчињата коса и потта од лицето и лесно можете да ги комбинирате со боите на вашата спортска опрема.

  • 3 шик комбинации со едноставен фустан на преклоп

    3 шик комбинации со едноставен фустан на преклоп

    Едноставните еднобојни фустани се нешто што секоја девојка треба да го има бидејќи лесно се комбинираат во секаков изглед и за секоја пригода. Бидејќи фустанот е едноставен, акцент се става на аксесоарите чиј избор зависи од пригодата и ефектот кој сакате да го постигнете. Со правилен избор на аксесоари, ова навидум едноставно парче облека кое може да го најдете по многу ниски цени, ќе стане дел од вашиот луксузен, женствен и елегантен изглед.rn

    Комбинација #1

    rnЗа опуштен и секојдневен изглед, искомбинирајте го фустанот со ниски сандали со впечатлива боја, како на пример тиркизна која секогаш е добредојдена во лето. Одберете впечатлив накит како долго ланче со детаљ во различна боја, како и практична чанта со долг ремен која може да ја носите и преку рамо. Сјаевите за усни во нежни розови нијанси се секогаш добредојдени во вакви пригоди.rnrn1-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mkrn

    Комбинација # 2

    rnЗа поелегантен шмек, одберете високи сандали со ремче на глуждот и шик торбичка со монисти. Кога станува збор за накит, неколку нежни миди прстени се одлични во оваа комбинација, а за посебен ефект одберете потемна и впечатлива нијанса на лак за нокти. Овој изглед е совршен за љубовни состаноци, па не заборавајте да обрнете внимание на шминката. Со неколку земјени, неутрални нијанси, создадете ефект на зачадени очи и заведувајте со поглед.rnrn0-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mk_ copyrn

    Комбинација # 3

    rnЗа покласичен изглед одберете чанта во корална боја која привлекува внимание, ниски оксфордки, како и накит со летен шмек како обетки во форма на морска ѕвезда.rnrn3-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Блејзери – рецепт за добар стил

    Блејзери – рецепт за добар стил

    Евтино, а шик, едноставно и практично. Класично, а модерно. За ваков изглед и стил, имајте неколку блејзери (спортски сакоа) во вашиот плакар.rnrnБлејзерите се идеално решение за слоевито облекување кое оваа сезона ќе биде во неверојатен тренд. Блејзерите лесно го обогатуваат секој стил, правејќи ве да изгледате поурбано и шик. Дури и секојдневните комбинации збогатени со блејзер делуваат феноменално, а воедно тој е одличен сојузник во желбата да го покриеме она што ни е вишок на колковите.rnrn1-blejzeri-recept-za-dobar-stil-kafepauza.mkrnrnСекси и строги истовремено, оваа сезона како и претходните, тие се моден императив. Одлучете се за средна должина или подолги, а водете сметка добро да ви лежат, да не ви се прешироки во рамената, односно дури и кога се пошироки, добро да ја следат линијата на телото. Ако блејзерот има убава постава, можете да ги подвиткате ракавите што ќе биде одличен детаљ.rnrnБлејзерите се носат во сите бои, од загасени тонови до пастелни нијанси и живи дречливи бои кои се карактеристични за летните денови. Најдобро е да се одлучите за црвен, класичен црн, сив, беж или пак во кобалт-сина, смарагдно-зелена или боја на пудра.rnrnОдлично стојат со фармерки, торбести панталони, цевка фармерки, хеланки, како и со лелеави и тесни фустани и сукњи. Добро се надополнуваат со марами и шалови. Сѐ на сѐ, блејзерите се практични и едноставни, а се доволно ефектни и одговараат со речиси се што ќе ви падне на памет. Затоа, не пропуштајте да набавите барем еден за оваа сезона.rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кожни ракавици со машнички за елегантен и шик изглед

    Кожни ракавици со машнички за елегантен и шик изглед

    Ракавиците се основен зимски аксесоар. Низ годините, како што модата еволуираше, така добивавме можност да избираме сè покарактеристични и повпечатливи модели кои многу можат да влијаат на впечатокот кој секоја жена го остава додека чекори по градските улици.rnrnКожни ракавици со машнички за елегантен и шик изгледrnrnОмилени за многумина се ракавиците со машнички, па денес ви нудиме селекција од неколку одлични модели кои се модерни и штосни. Машничките даваат елеганција која ја потенцира женственоста, но во зависност од големината, формата и позицијата, можат да изгледаат и многу младешки и шик. rnrnКожни ракавици со машнички за елегантен и шик изгледrnrnИнспирирајте се од моделите во галеријата и побарајте нешто слично во локалните продавници или на интернет, но бидејќи кожните ракавици може да бидат доста скапи, не заборавајте дека сега е ера на „направи сам“ креациите. Ако веќе имате постар модел, со малку интервенции, можете да му дадете нов изглед на стариот пар.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шик фустани совршени за празничните забави

    Шик фустани совршени за празничните забави

    Забавите се неизбежен дел од празничната еуфорија и доколку не можете да се одлучите што да облечете, разгледајте ги следните неколку шик фустанчиња во кои сигурно ќе изгледате прекрасно.rn

    Кариран фустан

    rn(0) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mkrnrnКарираниот дезен е често запоставен за вакви поводи, бидејќи се смета за премногу обичен и соодветен за дневни комбинации. Но, тоа не мора да биде така. Можете да одберете лежерно карирано фустанче со впечатливи штикли или пак да најдете некое со пософистициран и елегантен крој.rn

    Црн фустан

    rn(1) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mkrnrnЦрното никогаш не излегува од мода. Црниот едноставен фустан со соодветен накит и штикли е одличен избор за празничните забави. За посекси изглед одберете црн фустан со долги ракави или црн фустан со проѕирни делови, изработени со точки.rn

    Цветен фустан

    rn(2) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mkrnrnСигурно си мислите дека цветните фустани се носат само на пролет, но не мора да значи. Потемните цветни нијанси, искомбинирани со хулахопки и чизми во темна боја се супер избор за празничните забави. Нетипично, но многу уникатно и шик.rn

    Металик фустан

    rn(3) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mkrnrnНавистина смел и тренди избор за забавите што следат. Доколку сте размислувале за ваква опција, не се двоумете и дозволете си мала доза на ексцентричност.rn

    Светкав фустан

    rn(4) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mkrnrnСветкавите фустани се прва асоцијација на празничните забави. Всушност, тие се одличен избор и за најлудата ноќ. Со нив никогаш нема да погрешите.rn

    Пастелен фустан

    rn(5) shik-fustani-sovrsheni-za-praznichnite-zabavi-kafepauza.mkrnrnВаквите фустани не се честа глетка, но се совршени за празничните забави. Топлите бои се соблазниви, софистицирани и шик, какви што дефинитивно треба да бидете на вакви пригоди. Вака ќе се издвоите од толпата и ќе инспирирате со својот изглед.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 нови шик начини да носите плетенки

    3 нови шик начини да носите плетенки

    Плетенките се модерни цело време. Се менуваат само стиловите и начините на кои се прават, па според тоа, постојано добиваме нови шик изгледи кои едвај чекаме да ги пробаме. Овие 3 фризури всушност се прават една по друга, почнувајќи со истите чекори, така што доколку се одлучите да ги пробате, можете да појдете на работа или на факултет со една фризура, да излезете со пријателките на кафе со друга, а да се упатите на свечен коктел од работа со трета.rnrn3 нови шик начини да носите плетенкиrn

    Плетена убавина

    rn1. Делење на косата и заплетување – За да ја направите оваа фризура почнете со тоа што ќе нанесете мус за волумен на косата. Потоа поделете ја косата на делови точно фаќајќи ги прамените зад ушите, притоа оставајќи неколку ситни праменчиња да ви паѓаат преку лицето кои ќе ви дадат нежен секси изглед. Заплетете ги двата странични дела сосема до долу и фатете ги со тенки ластичиња.rnrn2. Разлабавување – Почнувајќи од долниот дел, каде што плетенките се најзатегнати, нежно повлечете во ширина и продолжете нагоре. Повторете го ова со двете страни.rnrn3. Вкрстување – Замотајте ги двете плетенки зад главата, вкрстувајќи ги и прицврстувајќи ги со шнола во боја на вашата коса, во пределот над тилот.rnrn4. Формирање на полу-круна – Продолжете да ги замотувате плетенките околу главата. Краевите пикнете ги под должината на спротивната плетенка. Напрскајте со спреј за прицврстување и висок сјај.rnrnПрвата фризура е завршена. Можете да ја носите вака за да изгледате како принцеза или да продолжите со работа за пофанки ефект. Можете да ја доработите и подоцна, па да имате 2 различни фризури во различни периоди од денот.rnrn3 нови шик начини да носите плетенкиrn

    Страничен плетен додаток

    rn1. 2+ 1 – Додавањето на уште една странична француска плетенка на полу-круната што претходно ја направивте е навистина лесно и многу шик. Започнете од зад увото од едната страна. Заплетете го пуштениот дел од косата, додавајќи прамени како што ќе преминувате од едното рамо накај другото, и завршувајќи во една пуштена плетенка која ќе се спушти на едната страна.rnrn2. Секси неуреден изглед – Откако ја завршивте и прицврстивте плетенката со ластиче, разлабавете ги прамените во ширина како што го направивте тоа и за плетенките од полу-круната. Овој изглед е бушав, а среден, многу опуштен, сладок и супершик.rnrn3 нови шик начини да носите плетенкиrn

    Подигната и елегантна

    rnПрилагодување за вечерни прилики – Овој стил може да го надградите уште повеќе едноставно подигнувајќи ја плетенката на спротивната страна и прицврстувајќи ја со повеќе шноли. За да ви биде ваквата фризура потрајна напрскајте ја со лак за коса, кој ќе ѝ даде и дополнителен сјај.rnrnОвој изглед е елегантен и кул истовремено. Одличен е како кежуал варијанта, но и за поофицијални настани организирани од работа. Плус, ќе ви биде интересна промената која ќе ви се случи во текот на денот.rnrn3 нови шик начини да носите плетенки
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кежуал и шик облека за на работа во лето

    Кежуал и шик облека за на работа во лето

    Девојките секогаш се мислат пред гардероберот што да облечат за на работа во текот на летниот период. Иако имаат десетици тренди и класични парчиња кои ги преплавуваат полиците, изборот е тежок бидејќи на работа треба да изгледаме стилски, но соодветно за средината во која работиме, како и да ни биде пријатно и удобно со оглед на летните горештини. Како да ги комбинирате парчињата облека за да изгледате и опуштено и тренди истовремено? Еве неколку предлози кои ќе ве инспирираат.rnrnКежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во летоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.