Шеширите оваа зима се особено модерни, па затоа и во бутиците можете да пронајдете многу различни модели кои се совршени! Просто сакаме да ги купиме сите бои и големини на кои ќе наидеме. Што и не е така лошо, бидејќи таа разновидност ни нуди безброј модни комбинации. Без разлика дали сакате класични шешири, капи или шубари, овие одлични модни аксесоари можете лесно да ги вклопите во вашиот секојдневен стил. Во продолжение ви оставаме неколку предлози за да ви помогнеме во оваа цел.rnrn
rnrn1. Најлесен начин за вклопување со останатите парчиња е црниот шешир, бидејќи тој одговара на сè. Ако сакате да ја освежите комбинацијата, можете да изберете црн шешир со лента во некоја друга боја или некоја откачена шарена комбинација.rnrn
rnrn2. Ако повеќе сакате усогласени комбинации или пак сакате да се истакнете, тогаш изберете шешир во црвена, сина или бела боја. На овој начин со сигурност ќе бидете забележани, додека впечатливиот шешир ќе направи да изгледате модерно и шик. Одберете ја вашата омилена боја и комбинирајте го со карирана кошула, кожна јакна или со сладок, мек џемпер.rnrn
rnrn3. Ако повеќе сакате лежерни варијанти, наместо класични шешири, изберете капи или шапки, кои одлично ќе можете да ги вклопите со фармерки или макси џемпери и капут. Урбано, но и удобно.rnrn
rnrn

Tag: шешир
-

9 зимски комбинации со шешири кои вреди да ги испробате
-

7 совети за правилно нанесување крема за сончање
Летото сѐ уште трае и сѐ уште постои опасност од горење на кожата. Затоа нанесувајте креми со заштитен фактор, но пред тоа, бидете сигурни дека ги знаете правилата за користење производи со СПФ фактор. За да ги намалите шансите за рак на кожа или стареење на кожата многу е важно да знаете правилно да ја нанесете кремата со заштитен фактор. Додека многу луѓе мислат дека знаат како да го прават тоа, сепак бројот на дијагнози за рак на кожата расте. Затоа, еве 7 лесни правила кои ќе ви покажат како правилно да ја нанесете.rn
1. Не му верувајте на СПФ факторот на амбалажата
rnВо 2014, Consumer Reports направиле истрага во која откриле дека само 2 од 20-те најдобри креми за сончање всушност ја нудат опишаната заштита откако ќе бидат изложени на вода. Кремите можеби нудат добра заштита, но не таква каква што е ветена на амбалажата. Она што не е јасно во истражувањето е зошто оваа разлика воопшто се случува.rnrn
rn2. Не трошете пари на повисок фактор од СПФ 30
rnКремите за сончање со заштитен фактор 100 се скоро двојно поскапи отколку оние од истиот бренд со СПФ 30, но заштитата останува иста т.е. оној со СПФ 100 не обезбедува 3 пати повеќе заштита. СПФ 30 обезбедува 97% заштита од штетни зраци, а СПФ 100, блокира 99% од штетните зраци. Иако има разлика, сепак не е доволно значајна за да има толкава разлика во цената.rnrn
rn3. Не верувајте на амбалажите на кои пишува водоотпорни и отпорни на пот
rnНе постојат креми кои се целосно водоотпорни или отпорни на пот, но постојат некои кои потешко се измиваат. Сепак, нивното времетраење варира од производ до производ. Ниедна крема за сончање не е доволно само еднаш да ја нанесете – тие мораат почесто да се нанесуваат.rnrn
rn4. Нанесете крем за сончање 30 минути пред да се изложите на сонце
rnОбичните креми за сончање не треба да ги нанесувате во моментот пред да излезете или уште полошо, кога ќе пристигнете на плажа. Најдобрата заштита ќе ја постигнете доколку се намачкате половина час или час пред да се изложите на сонце.rnrn
rnrnСовет плус: Одберете секојдневна крема. Минералната крема не се изедначува добро со кожата и остава бели траги или траги во која било боја во која е обоена кремата. Исто така, минералните креми за сончање кои содржат цинк оксид ги рефлектираат ултравиолетовите зраци и траат кратко после нанесувањето, така што тие не се баш најдобар избор.rn5. Нанесете доволно крема
rnБез разлика каква крема за сончање ќе употребите, таа нема да биде ефективна ако не ја нанесете доволно. На лицето треба да нанесете околу 1,25 мл, а на телото околу 60 мл крем за сончање.rnrn
rn6. И нанесувајте ја на секои 2 часа
rnЕфектите на кремата за сончање траат кратко, особено ако влијаат водата и потта. Нанесувајте крема за сончање барем на 2-3 часа, а уште почесто ако влегувате во вода или се бришете со крпа.rnrn
rn7. Носете шешир со широк обод
rnЕден од најдобрите начини да бидете сигурни дека очите и лицето ви се заштитени од сончевите зраци е да ставите еден голем шешир. Плус, тој може да биде одличен моден додаток.rnrn

-

Најголемиот хит за ова лето – Чанти и шешири од слама!
Неверојатните чанти и шешири од слама повторно се враќаат на модната сцена, но овој пат тие стануваат најголем хит за лето 2015.rnrn
rnrnЧантите од слама се кул и може да ги комбинирате со секоја облека. Тие најчесто доаѓаат во неутрална боја, па затоа може да ги комбинирате со најразлични принтови или различни летни парчиња. Тие исто така се совршени за на плажа! Постојат многу стилови, а кој и да го одберете нема да погрешите, бидејќи тие се секогаш совршен избор за да го „зачините“ летниот изглед.rnrn
rnrnДизајнерите оваа сезона ни предлагаат разновидни стилови, во беж, неутрални бои, силни бои, но и во потемни како црна и тегет. За деновите на плажа одберете голема чанта од слама каде што ќе можете да го спакувате сето она што ви е потребно – масло, крем за сончање, пешкир, омилената книга.rnrn
rnrnЗа вечерни излегувања може да одберете плик чанта од слама која изгледа неодоливо. Значи, кога ќе изберете фустан за вашето излегување, надополнете го со вашата омилена модерна чанта од слама и уживајте во долгите и топли денови и ноќи. -

Водич за лето: Изберете шешир според обликот на лицето
Шеширите се вечна модна инспирација, а и оваа сезона дизајнерите си поиграа со разните модели. Каубојски, федора, гламурозни или сламени – секој стил одговара на различно лице.rnrn
rn1. За срцевидно и т.н. дијамантско лице – шешири со мал обод
rn
rnrnДевојките со срцевидно и дијамантско лице најдобро изгледаат во шешири со мал до среден обод. Сакате да го скриете челото за да изгледа пошироко, а шеширите со среден и мал обод се вистинскиот избор за тоа.rn2. За долгнавесто лице – голем обод и ниска круна
rn
rnrnОние со долгнавесто лице треба да избегнуваат шешири со мал обод и висока круна бидејќи тие уште повеќе ќе им го издолжат. Потребен ви е шешир кој не е многу широк и со мала круна за да балансира со должината на вашето лице.rnrn3. За округло лице – висока круна
rn
rnrnДевојките со кружно лице сакаат да го издолжат. Затоа треба да бараат шешир со висока круна кој ќе ви ја даде потребната должина.rn4. За оние со коцкесто лице – заоблен шешир
rn
rnrnЗа да ги омекне строгите црти најдобриот шешир за овој тип лице е шеширот кој има заоблени линии. Полуцилиндар со краток обод, свтлив шешир или ѕвонеста форма – овие се добар избор за вас.rn5. За овално лице – кој било вид шешир
rn
rnrnНа овој тип лице одговараат скоро сите видови шешири, само треба да се внимава на ободот – колку е поголем шеширот толку ободот треба да биде поширок.rn6. За триаголно лице – широк и асиметричен обод
rnЗа овие девојки, шеширите со широк и асиметричен обод одлично ќе ја скријат испакнатоста на долната вилица.
-

Предлози и идеи за носење капчиња и шешири оваа сезона
Шапките се посебен моден додаток кои би требало да имаат задолжително место во сечиј плакар. Додаваат свежина и го разигруваат изгледот. Тие се најдобриот моден додаток кој повторно се враќа во мода оваа сезона. Можат да изгледаат елегантно и софистицирано, но и секојдневно и релаксирано. Плус, тие се најдобриот избор кога вашата коса е во лоша состојба, а ве мрзи да ја средувате. Еве неколку предлози и идеи како да ги носите, а одговараат на сечиј вкус.rnrn
rnПредлози:
rn
1. Бејзбол капче за спортски шик
rnБејзбол капата со патики, маичка и фармерки е одлична идеја ако целите кон секојдневен изглед. Исто така, ако сакате да направите некој посвечен изглед да изгледа порелаксирано или поспортски, едноставно додадете вакво капче.rnrn


rn2. Елеганција со шешир со широк обод
rnАко носите нешто малку посвечено, како на пример елегантно здолниште со кроп топ или монохроматска комбинација, тогаш спојте го со интересен шешир со широк обод. Комбинирајте со чизмички или високи потпетици за нагласување на елеганцијата.rnrn

rn3. Плетена капа за сите сезони
rnОвој вид изгледа добро со толку многу комбинации што може да се носи во сите годишни времиња. Во комбинација со патики, маичка и бојфренд фармерки изгледа совршено и релаксирано. Наметнете сако или јакна за пошик изглед.rnrn
rn4. Сламен шешир за на плажа
rnГолем шешир кој го прекрива лицето од штетните сончеви зраци е единственото нешто кое ви е потребно во текот на летните месеци. Лесните шешири се одличен избор заедно со макси фустан. Исто така, сламената федора е супер за жежок летен ден со сандали, слатка маичка или тексас кошула и шорцеви. Или пак доволно е само костим за капење.rnrn
rnИзгледи:
rn
Изглед бр. 1: Модерен комфор
rnХеланките од скај се одлично надополнети со џемпер во неонска боја кој додава малку колоритност на црната комбинација. Балетанките и палтото со силно изразена текстура додаваат малку шмек на целокупниот изглед. Важно е да балансирате со изгледот кога носите шапка бидејќи не сакате да изгледате како новогодишна елка.rnrn
rnИзглед бр. 2: Софистицирана дама
rnФустан со федора шешир е комбинација со која никогаш не можете да погрешите. Тесните хулахопки со едноставниот фустан изгледаат одлично кога се носат со зашилени полу-чизмички за софистициран, но сепак секојдневен изглед.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Восхитувајте со поглед: Предлози за носење директно од улиците
Ги превртуваме плакарите, одиме на шопинг и ги следиме светските модни сцени. Црпиме идеи, но некогаш инспирацијата не ни доаѓа. Затоа подготвивме 13 предлози кои ќе ги свртат сите погледи кон вас. Модните критичари ќе ви симнуваат капи, а блогерите ќе ви се восхитуваат на храброста. Погледнете.rnrn
rn1. Крзно
rnИако станува збор за пролет, крзното знае да се вклопи и во пролетните комбинации, ако знаете добро да го комбинирате. Плус, сѐ уште е ладно за лесна облека.rnrn
rn2. Близначки
rnОвој тренд е многу популарен оваа сезона. Модните парови го прават ова често, но им успева и на најдобрите пријателки. Затоа договорете се да се облечете исто со вашата најдобра пријателка и свртете ги сите погледи кон вас.rnrn

rn3. Цела во бело
rnЌе изгледате како ледената кралица! А на кралицата сите ѝ се поклонуваат.rnrn

rn4. Пантолони со широки ногавици
rnЗаменете ги тесните ногавици со пар широки. Без разлика дали се фармерки, кожни, еднобојни или шарени, тие се апсолутен хит оваа сезона.rnrn

rn5. Портокаловата е новата црна
rnСилна боја за силни луѓе. Без разлика дали ви се допаѓа или не, оваа идеја нема да помине незабележана.rnrn
rn6. Слоеви, слоеви…
rnЗошто да носите едно парче, кога може да носите две? Спојте ја омилената кожна јакна, со палто над неа и добивате совршен изглед.rnrn
rn7. Кралско сина
rnДоминантна боја која владее по улиците во сите комбинации и варијанти. Најдобра идеја: волуменозно палто.rnrn
rn8. Патики со сѐ
rnМодна недела без патики? Е не може. Освен на Њујоршката модна недела, тие беа видени и на Париската и на Миланската. Се држат силно меѓу бројните нови трендови и не го предаваат лесно своето место. Кежуал, спортски стил или отмен фустан, ваш е изборот.rnrn
rn9. 50 нијанси на сиво
rnМожеби не сте фан на книгата или филмот, но комбинациите со сиви парчиња за во пролет ќе внесат новитет во вашиот изглед.rnrn
rn10. Волуменозни кожни јакни
rnОваа сезона заборавете на тесните модели и облечете кожна јакна со широк крој. Изгледа неодоливо.rnrn
rn11. Војничка зелена
rnВојничко зелената боја е задолжителна за оваа пролет. Малку е тешко да го најдете совршеното парче во оваа боја, но верувајте тоа ќе се појави кога најмалку го очекувате. Можеби во форма на бомбер јакна, палто, пантолони или здолниште… никогаш не се знае.rnrn
rn12. Голема марама/шалче
rnБидејќи сѐ уште е ладно, сепак има потреба од топли работи, а што е подобро од топло шалче или марама? А, ако е големо/а тогаш уште подобро!rnrn
rn13. Сокријте се зад убав шешир
rnШеширите освен што имаат посебен шарм, ќе го скријат вашето лице од штетните зраци и најважното, тие имаат моќ да го променат целиот изглед.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn -

5 неочекувани, но убави модни трендови за есен, 2014
Сукњи до под колена, волнени капи со пуфки и чизми над колена… ова се есенски трендови кои ги очекувавме и веќе можеме да ги видиме на излозите и полиците во бутиците, но некои есенски хитови ќе се најдат на врвот на вашата листа на желби за оваа есен сосема неочекувано.rnrn
rnrnОвие парчиња се апсолутен хит за оваа сезона, а иако секое парче посебно може да изгледа претерано или демоде, кога добро ќе се искомбинираат, даваат гламурозен и одличен тренди изглед. Погледнете кои се тие парчиња и почнете да склопувате супер комбинации.rn1. Пончо
rn
rn2. Чизми со гумен ѓон и големи потпетици
rn
rn3. Шешир со широк обод
rn
rn4. Долг елек
rn
rn5. Ролка
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Модни трендови за eсен, 2014
Автор: Софија СионоваrnrnЛетото одамна заврши и време е да се препуштиме на постуденото време и потоплата облека. Џемпери во разни бои, интересни капути и јакни и чизмите до глужд се меѓу главните карактеристични парчиња за есен. Но, секоја сезона има по некој нов тренд кој ги покорува сите, од улиците па сѐ до најценетите дизајнери.rnrn
rn1. Накит во арт деко стил
rnКако што се менува времето, заменете ги веселите тиркизни и корални ѓердани со потемни нијанси на накит во арт деко стил. Сјајот и придушените тонови го прават одличен избор за поладните месеци.rnrn
rn2. Есенски цветови
rnРазликата од пролетните до есенските цветови е само во бојата на позадината. Додека кај пролетните имаме принтови со весели бои, кај есенските владеат потемните нијанси. Ваквите парчиња одлично стојат со чизмички до глужд во бежови нијанси.rnrn
rn3. Долги џемпери
rnДолгите џемпери се апсолутен хит оваа сезона. За вечерни прошетки, за на кафе со пријателите, овие џемпери се соодветни за секоја прилика. Изгледаат одлично со краток џемпер, отворени обувки и бојфренд фармерки.rnrn
rn4. Метални оксфордки
rnПретходните сезони, оскфордките кои го отсликуваа машкиот стил започнаа да доминираат и на женските стапала. Оваа сезона, тие се повторно модерни, но наместо класичниот модел се преферираат моделите кои се во металик нијанси. Одлично изгледаат со кошула и џемпер врз неа, како и со ултрамодерниот ранец.rnrn
rn5. Мантил со изглед на наметка
rnМантилите оваа сезона го заменуваат нивниот строг крој и линии со порелаксиран изглед кој зрачи со женственост и ја потенцира женската силуета. Најдобар начин да ги инкорпорирате во вашиот изглед е со џемпер на риги и фармерки.rnrn
rn6. Чизми со врзување
rnЛесни за облекување и по малку необични, тие се одличен избор за есенските денови.rnrn
rn7. Чизми до глужд во бежови нијанси
rnЕдно од класичните парчиња кои морате да ги имате за есента се дефинитивно чизмичките до глужд. Но, оваа сезона најголем фаворит се бежовите нијанси, наспроти црните. Не само што се шик и модерни туку тие се и многу практични.rnrn
rn8. Совршен ранец
rnОваа есен се обрнува доста внимание на комфорот, па освен ослободувањето од високите потпетици, се ослободуваме и од тешките чанти. На нивно место доаѓаат ранците. Се носат на двете раменици, така што нема да чувствувате болки во грбот, а сепак ќе носите сѐ што ви е потребно.rnrn
rn9. Есенски шешир
rnИзработени од волна со широк обод во темни нијанси есенските шешири се токму она што ви е потребно за оваа сезона. Плус, тие се најдобар начин да ја внесете есента во летната облека.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

9 неопходни нешта за совршено викенд патување
Автор: Софија СионоваrnrnВикендот е одличен период за да исчезнете од бучавата и нервозите на место каде што би можеле да се опуштите. Но додека се стигне до летниот одмор и релаксирањето на плажа, за некои од нас има уште многу време. Затоа постојат малите викенд патувања. А пред да заминете, треба добро да ги спакувате сите потребни работи. Општо познат факт дека најлошиот дел од одморот е самото заминување, при што најмногу нѐ мачи старото познато прашање: „Што навистина треба да спакувам?“ Погледнете што сѐ би требало да се најде во куферот пред да заминете.rnrn
rn1. Обична црна маичка
rnЦрната маичка е како кафе за вашиот гардеробер: најдобро е кога е црна, едноставна и без многу додатоци. Таа е важен дел од вашата облека, дури и кога временските услови не се најпогодни. Зошто црно? Затоа што во комбинација со правилните парчиња лесно можете да се извлечете без многу труд.rn
2. „Бојфренд“ џинс
rnВашите тесни фармерки искрено и не се најлесното парче за бројни комбинации. „Бојфренд“ џинсот се многу поповолна и подобра опција, а еве две причини зошто:rn
- rn011
- Необични се.
- Нивниот широк крој е многу поудобен при долги возења со авион, воз или во кола.
rn011
rn
rn
rn3. Сандали од кафеава кожа
rnОдлични за секојдневни прошетки. Удобноста е на прво место, а и неутралната боја изгледа одлично со сѐ (дури и со еднобојната црна маица).rn
4. Шешир
rnПланирате да се изложувате на сонце? Не заборавајте го шеширот! Не само што ќе го заштити лицето од штетните зраци, туку и го разубавува изгледот.rnrn
rn5. „Голи“ потпетици
rnСпремни за вечерта! Не постои комбинација која шпиц штиклите во кожа боја не ја разубавуваат. Плус, од сите видови потпетици тие се најубави, затоа што ќе ве издолжат и ќе го истакнат вашето прекрасно КБФ (Што е КБФ? Прочитајте подолу.)rn
6. Бел блејзер
rnНишто не имплицира на летен шик како класичниот, струкиран бел блејзер. Наметнете го преку црната маичка со светло кафените потпетици и спремни сте за рефлекторите.rnrn
rn7. Кратко бело фустанче (КБФ)
rnСите знаеме за КЦФ (краткиот црн фустан), но тука е и краткото бело фустанче. Го истакнува чоколадниот тен кој тешко се добива, а за транзиција од дневен во ноќен изглед потребна е само промена на чевлите.rnrn
rn8. Чанта со средна големина
rnСупер за топлите летни денови. Одлична за носење на фотоапаратот, очилата за сонце како и џемперот (никогаш не се знае кога ќе залади).rn
9. Плик чанта
rnНема прилика каде што не се носи. Најубави се со забавен или графички принт за да додаде шаренило на монотоната комбинација.rnrn
rnКако да се спакувате?
rn1. Запомнете дека сите работи кои ќе се најдат во куферот мораат да си одговараат меѓусебно за да можат лесно да се комбинираат. Помалку време покрај огледалото = повеќе време на плажа.rnrn2. На меките парчиња (тренерки, маички, џемпери) при пакување им треба помал простор, а на оние со погруби материјали (блејзери, фармерки, јакни) им треба повеќе место. За меките е подобро да се во долниот дел од куферот, завиткани во ролни, а погрубите здиплени во горниот. Така ќе имате повеќе исполнет простор, а и облеката нема да се изгужва.rnrn3. Најлесен начин за пакување на шапките е ставањето на предмети кои би спречиле нивно кршење. Најдобро место е во најдолниот дел од торбата. Над неа внимателно е најдобро да се стави меката облека околу рабовите на капата.rnrn4. Искористете го просторот во чевлите – балетанките и патиките имаат многу место кое што може да се искористи за чување на полнач за телефонот, чорапи, лакови за нокти, па дури и очила за сонце.rnrn5. Малите предмети како долната облека и пижамите можат да го пополнат празниот простор меѓу околу облеката.rnrn6. Блузите, фустаните и другите нежни парчиња облека треба да бидат на врвот од куферот.rnrn7. Избегнување на незгодни ситуации – при завршување на пакувањето ставете пластична кеса преку облеката и особено внимавајте да бидат покриени рабовите. Ако нешто се зафати кога го отворате вашиот куфер тоа ќе биде ќесата, а вашиот нежен фустан ќе биде целосно заштитен.rnrn8. Никако не заборавајте ги вашите креми за нега и маслата за сончање.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Ова е единствениот начин змиите да изгледаат слатко
Во зависност од тоа кого ќе прашате, змиите се застрашувачки или прекрасни животни. Без разлика дали ги сакате или се плашите од нив, мора да признаете дека со ваков моден детаљ, изгледаат доста симпатично. Идејата произлегла од Шенон Хамер, артистка која работи со полимер глина. Таа им ги закачила шеширчињата и мустаќите на нејзините миленици, со путер од кикирики, а не со штетно лепило. Оттогаш овој тренд за дотерување змии, стана хит на интернет. Погледнете ги овие господа со шеширчиња и мустаќи и споделете го вашето мислење со нас. :)rnrn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.