КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеги

  • Забавна и заразна игра на зборови

    Забавна и заразна игра на зборови

    Lame Pun Coon е интернет меме кое се концентрира околу среќниот ракун придружен со забавна игра на зборови. Започна да се шири во 2007 година, но до ден-денес не престанува да биде извор на мудри шеги.rnrnЗабавна и заразна игра на зборовиrnrnОва е селекција на некои од најдобрите и најновите ракунски мудрости.rnrnЗабавна и заразна игра на зборовиrnrnИмате некоја добра игра на зборови на македонски?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл Дејвис

    Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл Дејвис

    Ако жонглирањето го зачините со квалитетна доза хумор, го добивате Мајкл Дејвис – најзабавниот жонглер досега. Со својата досетливост и неспорните вештини, тој ја забавува публиката повеќе од 25 години. Познато е дека меѓу фановите на Дејвис се и американските претседатели. Неколку пати гостувал во Белата куќа, на покана на Џорџ Буш, Бил Клинтон и на Роналд Реган. За своите настапи вели:rn
    rn

    „Не ми треба голем аплауз за секој мал трик што го правам. Јас не сум извршна власт.“

    rnНасмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл ДејвисЕдна од неговите најпознати точки е кога истовремено жонглира со топка за куглање, јајце и јаболко, кое успева дури и да го вкуси додека го изведува перформансот. Задолжително погледнете ја, ќе ве насмее до солзи. :-)rn

    rnЖонглира и со неговата уста, а многу често придружен елемент на сцената му е гитарата. Најголемо влијание врз хуморот на Дејвис имаат Џек Бени, Фред Ален и Чарли Чаплин. Неговите шеги се прилагодени за сечиј вкус, можат да насмеат како 7-годишно дете, така и 77-годишен дедо.rn
    rn

    „Ми се допаѓа кога деца, баби и дедовци се смеат на истата шега. Тоа е вид хумор кој не познава години“, вели Дејвис.

    rnНасмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл ДејвисЗа жал, на интернет има само малку видеа со перформансите на овој фантастичен американски жонглер и комичар. Погледнете уште две од неговите најчесто изведувани точки и уживајте во неговиот безвременски хумор.rn

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати од легендарниот Хомер Симпсон

    Цитати од легендарниот Хомер Симпсон

    Кој се нема изнасмеано до солзи на глупостите кои ги има тресено Хомер низ сите сезони на ТВ серијата „Симпсонови“? Овој легендарен лик ќе се памети засекогаш, а неговите испади и шеги ќе се раскажуваат и гледаат со генерации и генерации. Ова се само дел од неговите најсмешни изјави низ сите 22 сезони.rnrnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Аххх, пиво… Причината и решението за сите животни проблеми.

    rn

    Која е поентата да се излегува надвор? И онака после пак ќе се вратиме тука.

    rn

    Како со учењето би се чувствувал попаметен? Плус, секогаш кога ќе научам нешто ново, исфрлам нешто што сум го научил претходно. Како оној пат кога отидов на курс за правење вино, заборавив како се вози.

    rn

    Обидувањето е првиот чекор кон неуспехот.

    rn

    Марџ, навистина многу ќе ми недостигаш. Не само поради сексот, туку и поради приготвувањето на храната.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Мислам дека г. Смитерс ме одбра поради моите мотивациски вештини. Сите велат дека мораат да работат двојно повеќе кога јас сум во околина.

    rn

    Синко, кога учествуваш во спортски натпревари, не е важно дали ќе победиш или ќе изгубиш. Важно е колку ќе се опијаниш.

    rn

    Марџ потребни се двајца за лага. Едниот да лаже, а другиот да слуша.

    rn

    Деца, давате сè од себе, но сепак, јадно, не успевате. Лекцијата е „никогаш не обидувај се.

    rn

    Со 10.000 долари, ќе бидеме милионери! Ќе можеме да купиме секакви корисни работи, како на пример… љубов!

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Ох, луѓето секогаш излегуваат со разни статистики за да докажат нешто. 14% од луѓето го знаат тоа.

    rn

    Момчиња, нуклеарен реактор е нешто слично како жена. Морате да го прочитате упатството и да го стиснете вистинското копче.

    rn

    Епа, сега е 1 часот по полноќ. Подобро да појдам дома и квалитетно да потрошам малку време со децата.

    rn

    Ќе може ли барем еднаш во животот некој да ме нарече „Господине“, без притоа да додаде „правите сцена“.

    rn

    Ве молам не јадете ме, јас имам жена и деца. Изедете ги нив!

    rn

    Лиса, вампирите се измислена работа, исто како елфовите, гремлините и Ескимите.

    rn

    Телевизија! Учител, мајка, таен љубовник.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Не морам да бидам внимателен, имам пиштол!

    rn

    Не, не, не Лиса! Доколку на возрасните не им се допаѓа нивната работа, тие не штрајкуваат. Тие одат секој ден на работа и пола од времето го преседуваат. Тоа е американскиот начин!

    rn

    Интернет! Тоа нешто уште постои?

    rn

    Јас никогаш не се извинувам! Прости ми Лиса, ама таков сум.

    rn

    Аххх, пиво…мојата единствена слабост. Или ако сакате, Ахилова пета.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Ох, доцнам 26 часа на работа.

    rn

    Деца тишина!!! Ако чујам уште само еден збор, за Барт нема веќе гледање цртани, а за Лиса нема одење на колеџ!!!

    rn

    Деца, ако дедо ви почне да се однесува чудно, однесете го во подрум.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Војна преку шеги

    Војна преку шеги

    Двајцата пријатели Амир Блуменфилд и Стритер Сајдел кои работат за веб-сајтот „Collegehumor“ станаа многу популарни на еден несекојдневен начин. Нивната задача е да склопат тим, да најдат финансии и да снимаат видеа, во кои еден на друг си приредуваат изненадувачки шеги на едно невидено ниво досега. Од видео во видео, шегите ја преминуваат границата на нормалното, а истовремено претставуваат одличен начин за заработка. Војна преку шегиВи ги издвојуваме 3-те најдобри видеа направени од нив, кои иако траат малку подолго вредат да се погледнат.rn

    1. Видео направено од Амир на стадионот на „New York Yankees“

    rn

    rn

    2. Видео направено од Стритер на кошаркарски натпревар

    rn

    rn

    3. Видео направено од Амир за време на скокање од авион

    rn