КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеги

  • 20 паметни и практични првоаприлски шеги

    20 паметни и практични првоаприлски шеги

    1-ви април е денот кога можете да ѝ дозволите на вашата имагинација да летне и да се забавувате со вашето семејство, пријателите, познаниците и колегите. Тоа е ден кога можете да се пошегувате на туѓа сметка и никој да не ви се налути. Затоа, погледнете ја оваа интересна листа која содржи дел од најпаметните и најпознатите практични првоаприлски шеги кои бараат да бидете физички добро подготвени за трчање и бегање, бидејќи вашата „жртва“ сигурно ќе посака да разговара лично со вас за вашето однесување.rn

    1. Што е што?

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnИзмешајте три пакувања „Skittles“ бонбони и „M*M“ бонбони. Совет: Оваа шега може да биде добра не само за 1-ви април туку и за секоја друга забава.rn

    2. Дамка од млеко

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnЗемете едно парче стакло и на него истурете лепило. Оставете да се исуши и поставете го на тастатурата од лаптоп или компјутер. Чекајте ја реакцијата на вашата жртва.rn

    3. Направете ја вашата чешма поколоритна

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnБоите за храна ќе го направат вашиот ден многу повесел и поколоритен. Само ставете една капсула со прехранбена боја по ваш избор во славината на чешмата.rn

    4. Автомобил со белешки

    rn20 паметни и практични првоаприлски шегиrnrnЌе ви бидат потребни многу самолепливи хартии, но резултатот ќе го исплати вашиот труд и време. Само запомнете да си поиграте со боите и со формите. Дури можете да додадете и текст. Чувствувајте се слободно и експериментирајте!rn

    5. Торта или банана?

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnОва е за сите љубители на благите и слатки производи. Испечете една торта во форма на банана и покријте ја со еден слој тврд жолт прелив. Потоа, почестете ги вашите пријатели со оваа необична банана во која и покрај нередот што може да се направи, секој ќе ужива во нејзиниот вкус.rn

    6. Синиот екран на смртта за вашиот „омилен“ колега

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnОвој „print screen“ може да предизвика вистински терор за почетните корисници. Не заборавајте да ја исчистите позадината и да ги избришете сите папки и апликации, пред да ја поставите оваа фотографија како позадина.rn

    7. Лажна Кока Кола

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnИстурете ја содржината од шишето во друго шише и ставете сос од соја. Потоа, земете неколку пластични чаши или шишиња, па распределете ги на вашите пријатели. Се разбира, бидете сигурни дека никој не е алергичен на соја.rn

    8. За љубителите на градинарството

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnМалите торти направени во форма на моркови ќе донесат насмевка на сечие лице. Можете да користите јаготки за горните делови на морковите, само додадете малку сок од портокал на нив и ставете ги во фрижидерот.rn

    9. Потрага по богатството

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnЗалепете неколку ситни парички на подот и гледајте како вашите пријатели се обидуваат да ги земат.rn

    10. Каде е змијата?

    rn20 паметни и практични првоаприлски шеги rnrnЕден празен кафез пред кој ќе поставите лист хартија на кој ќе пишува „Не допирајте ја змијата“ може да предизвика масовна збунетост.rnrnПродолжете на втората страна за останатите 10 шеги…rn

  • За добар почеток на денот: Кратки шеги кои без сомнение ќе ве насмеат

    За добар почеток на денот: Кратки шеги кои без сомнение ќе ве насмеат

    Убаво е ако можеме секој ден да го започнуваме со шега која ќе извлече насмевка на нашето лице. Па, потоа и денот ќе биде добар со нас и тој ќе ни се насмее. Можеби ќе ни се смее поради лошата фризура или шарената маица, но зарем е важно ако е од срце и без зла намера?rnrn30 кратки шеги кои ќе ве насмеатrnrn1. Знаете дека станува збор за вечерни вести кога тие почнуваат со „добро вечер“, а потоа продолжуваат да ви докажуваат зошто вечерта не е добра.rnrn2. Од Бог побарав велосипед, но знам дека тој не работи така. Наместо тоа украдов велосипед и побарав опростување.rnrn3. Врските се како алгебра. Гледате во вашиот Х и се прашувате каде е Y.rnrn4. Смејте се на вашите проблеми, секако веќе сите други се смеат.rnrn5. Порано бев нерешителен. Сега повеќе не сум сигурен.rnrn6. Ако мислите дека никој не се грижи дали сте живи, обидете се да прескокнете неколку рати од кредитот.rnrn7. Пијте кафе! Правете ги глупостите во животот побрзо и со повеќе енергија.rnrn8. Имате два избора во животот: Да останете осамени и мизерни или да се стапите во брак и да посакувате да сте мртви.rnrn9. Парите зборуваат… Но сѐ што моите знаат да кажат е „збогум“.rnrn10. Две погрешни одлуки не прават една исправна. Земете ги вашите родители како пример.rnrn11. Тимската работа е важна. Ви овозможува да обвините некој друг кога ќе биде потребно.rnrn12. Го знаете она скокотливо мало чувство кое го имате кога ви се допаѓа некој? Тоа е само здравиот разум кој заминува од вашето тело.rnrn13. Драг алкохолу, имавме договор со кој требаше да ме направиш посмешен, попаметен и пошармантен… Гледав видео… Треба да зборуваме.rnrn14. Некои луѓе велат „Ако не можеш да ги победиш, придружи им се“. Јас велам „Ако не можеш да ги победиш, победи ги“, бидејќи тие ќе очекуваат да им се придружите, па ќе го имате елементот на изненадување.rnrn15. Интересно е како изјавата „треба да зборуваме“ всушност значи „треба да ме сослушаш“.rnrn16. Ништо не го уништува петокот како фактот дека е вторник.rnrn17. Славна личност е некој што цел живот се обидувал да стане познат, а потоа носи темни очила за да не го препознаат.rnrn18. Ако треба да учиме од нашите грешки, тогаш зошто некои луѓе имаат повеќе од едно дете?rnrn19. Не расправајте се со идиоти. Ќе ве спуштат на нивно ниво и ќе ве победат со искуство.rnrn20. Токму во моментот кога мислите дека ќе ги споите двата краја, некој го поместил крајот.rnrn21. Дали Гугл е жена? Бидејќи не ви дозволува да ја довршите реченицата без да ви понуди сугестии.rnrn22. Нели е прекрасно да се живее во 21 век? Каде што бришењето на историјата е поважно од создавање нова.rnrn23. Јас дефинитивно можам да чувам тајни. Но, луѓето на кои им ги кажувам не знаат.rnrn24. Мојата работа е сигурна. Никој друг не ја сака.rnrn25. Секогаш позајмувајте пари од песимисти. Тие нема да очекуваат да им ги вратите.rnrn26. Чудниот момент кога излегувате од продавница без да купите ништо и сѐ што ви текнува е мислата: „Однесувај се нормално, ти си невин/а“.rnrn27. Знаење е кога знаете дека доматот е овошје. Мудрост е кога нема да го ставите во овошна салата.rnrn28. Материјализам: Купување нешта кои не ни требаат, со пари кои ги немаме, за да импресионираме луѓе кои не ни значат ништо во животот.

  • 7 работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во врска со девојка со невкусна смисла за хумор

    7 работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во врска со девојка со невкусна смисла за хумор

    Вистина е дека не можеме да избереме во кој ќе се заљубиме, но веднаш штом ќе ги забележиме првите знаци на вљубување, треба да бидеме подготвени за она што следува. Момчињата, посебно, треба да знаат каква е девојката пред да ги споделат своите чувства со неа. Секоја личност е со различни квалитети по кои се разликува од другите. Некои се мирни, други се бунтовни, некои се насочени кон забава, додека некои пак имаат невкусна смисла за хумор.rnrnrnrnВсушност, смислата за хумор доаѓа природно, без претходно размислување за тоа, а секако, тоа не значи дека таа личност е лоша. Доколку мислите дека се вљубувате во девојка којашто има навистина невкусна смисла за хумор, тогаш потребно е да знаете неколку работи за неа. Потребно е да знаете како ќе го поминувате времето заедно и како да се справите со неа. Во продолжение ви прикажуваме неколку работи коишто треба да ги знаете доколку почувствувате дека се вљубувате во девојка со невкусна смисла за хумор.rn

    1. Не очекувајте секогаш да се однесува како дама

    rnНевкусната смисла за хумор очигледно значи дека таа не може да ги задржи шегите за себе. Ако гледа краставица или морков пред себе, таа ќе каже нешто околу тоа затоа што тоа е токму пред неа. Па, ги советуваме мажите да не очекуваат секогаш девојката да се однесува како дама, ако има навистина невкусна смисла за хумор. Со ова таа ќе ве натера повеќе да ја сакате, а со текот на времето тоа може да стане дел и од вашето секојдневно однесување. Како и да е, секогаш треба да бидете подготвени за шеги од ваков вид.rn

    2. Таа не се грижи што мислат другите луѓе

    rnТаа воопшто не се срами и тоа е во нејзиното природно однесување. Затоа, пред да се заљубите, осигурете се дека нејзините шеги нема да ве навредуваат. Таа воопшто нема да обрне внимание на луѓето кои мислат дека нејзините шеги се глупави, бидејќи тоа е начинот на којшто таа живее.rn

    3. Таа е очигледна феминистка

    rnТаа се бори за слободата на говорот и изразувањето и не верува во доминација на едниот пол. Во никој случај не треба да се сфати дека таа е разгалено детиште кое се однесува нефер кон останатите, туку едноставно не сака да има поделба помеѓу родовите. Затоа, ќе видите дека се бори ако некој ја засрами или го навреди нејзиното размислување.rn

    4. Таа ги сака лошите шеги

    rnЌе имате моменти кога и двајцата ќе видите нешто смешно и вие потајно ќе се смешкате на тоа, но таа ќе се смее на целиот глас. Можеби вам шегата ќе ви изгледа мала, но сигурно не знаете што се случува во нејзината глава што прави таа толку да се смее. Доколку таа види некој како паѓа, може гласно да рече „Жал ми е“, но понатаму таа сигурно ќе се смее за тоа. Да, таа ги обожава ваквите шеги!rn

    5. Го користи смеењето за да ви се приближи

    rnАко се вљубувате во девојка со невкусна смисла за хумор, тоа е можеби баш поради тоа. Таа постојано кажува шеги и очекува сите околу неа да се смеат. Дел од ваквите невкусни шеги може да направат луѓето во нејзината околина да се чувствуваат поблиски и поотворени кон неа. Смеата понекогаш може да ги зближи луѓето повеќе од што било друго!rn

    6. Таа сака шеги со различни звуци

    rnТаа го обожава чкрипењето при влечењето на масата, звукот на празното шише од кечап, дувањето со сламка во сокот и звуците на сопственото тело. Таа ќе ја искористи секоја прилика за да направи шега со овие различни звуци.rn

    7. Таа ги поседува сите видови хумор

    rnНе секогаш нејзините шеги мора да бидат валкани. Тие може да се однесуваат на што било. Затоа, ви повторуваме: Бидете подготвени за секаков вид хумор! Исто така, простете ѝ доколку таа не може да одолее да не направи шега кога ќе ја изгубите вашата работа.

  • 8 работи кои ниту една жена не ги сака

    8 работи кои ниту една жена не ги сака

    Во секоја љубовна врска или брачна заедница постојат проблеми и работи кои ѝ сметаат и на едната и на другата страна. Но, сѐ уште не е доцна да ја спасите или подобрите вашата врска. Следуваат 8-те најчести работи кои сигурно ви сметаат и вам, а најмалку што можете да направите е да разговарате за нив со партнерот. Нема што да изгубите.rnrn8 работи кои ниедна жена не ги сака!rn

    1. Неуредност

    rnСамо затоа што целиот нивен живот живееле со своите мајки кои трчале по нив и не ги научиле на основна домашна хигиена, не значи дека треба да дозволите вашиот партнер да се однесува како да има 3 години. Крајно време е тој да порасне!rn

    2. „Загледување“ во други жени

    rnЗнаеме дека е невозможно да не се забележуваат другите жени, но барем би можеле да се воздржат кога се во ваша близина.rn

    3. Претерана социјализација на забави

    rnСе разбира дека ќе комуницирате со други луѓе, тоа е и поентата на забавите, но тоа не значи дека не треба да се видите на забавата од моментот кога пристигнавте до моментот кога ќе си одите дома.rn

    4. Делумно слушање

    rnГо слушаат секој десетти збор кој го кажувате, пола од нив не ги дослушуваат, а пола ги сфаќаат погрешно. Секако, не се само тие виновни туку и вие, бидејќи зборувате премногу.rn

    5. Неодговарање на пораки

    rnБезброј тривијални изговори. Вие не сакате изговори, вие сакате одговори.rn

    6. Незастанување на ваша страна во некој конфликт

    rnНе е важно со кого се расправате, ниту пак на која тема се расправате. Едноставно, за промена, би било добро тој да ве поддржи.rn

    7. Неразбирање на реалната состојба на вашата свест

    rnЗнаеме дека е невозможно да ги читате туѓите мисли, но личноста со која сте во врска би требало по вашето однесување да може да заклучи дали сте тажни, бесни, весели, како и дали тие се виновни за вашата моментална состојба.rn

    8. Злобни и невкусни шеги на ваша сметка

    rnТука нема потреба од коментар, но се подразбира дека возвраќањето со иста мера значи директен напад на неговото его.

  • 7 причини зошто треба да бидете во врска со личност која знае како да ве насмее

    7 причини зошто треба да бидете во врска со личност која знае како да ве насмее

    За една љубовна врска да успее, треба да се совпаднат многу нешта, како и двете страни секојдневно да се трудат. Имајќи го тоа на ум, дали сте знаеле дека едни од најуспешните врски се оние со личности кои знаат како да ве насмеат во секој момент и кои не им пречи да прават шеги на своја сметка? Погледнете ги следниве 7 причини зошто личноста која ве смее е најдобар избор за вас…rnrn7-prichini-zoshto-treba-da-bidete-vo-vrska-so-lichnost-koja-znae-kako-da-ve-nasmee-www.kafepauza.mkrn

    1. Тие го одржуваат вашиот ум во форма

    rnВеќе знаете дека треба да вежбате за вашето тело да биде здраво и во форма, но дали знаевте дека треба да го применувате истото правило и за вашиот мозок? Доколку сте покрај личност која знае како да ве насмее во секој момент, тогаш покрај нив постојано ќе се чувствувате како да играте мозочен пинг понг, обидувајќи се да победите во играта кој од вас е посмешен. Зарем постои подобра вежба за мозокот?rn

    2. Непријатните моменти нема да останат долго време непријатни, туку ќе се претворат во интерна шега

    rnДа бидеме реални, животот многу често ни приредува непријатни ситуации од кои сите ние се срамиме. Ниту еден од нас не е имун на овие искуства. Но, доколку сте со личност која константно ве смее, непријатните ситуации брзо ќе исчезнуваат. Дури со тек на време и ќе се шегувате за нив, бидејќи тие ќе се претворат во забавни настани од минатото.rn

    3. Можете слободно да се збогувате со здодевноста

    rnОнаа личност која знае како да ве насмее може да ви ги претвори и најздодевните активности во едни од најинтересните. Без разлика што вие двајца ќе правите заедно, големи се шансите дека постојано ќе се движите напред со широки насмевки на вашето лице.rn

    4. Се разбирате еден со друг на многу подлабок и покомплексен начин

    rnСподелувањето заедничка смисла за хумор е многу позабавно доколку е со личност која навистина ве сфаќа. Ако сте на иста „бранова должина“ за хуморот, тогаш големи се шансите дека се разбирате многу подлабоко отколку што сте мислеле. А тоа е многу важно за одржувањето на љубовната врска.rn

    5. Ќе живеете многу подолго

    rnСигурно веќе знаете дека насмевката е најдобриот лек. Но, она што е уште поинтересно е дека од овој рецепт никогаш не можете да се предозирате. Баш напротив, колку сте посреќни и повесели, толку поздрави ќе бидете.rn

    6. Тие знаат како да се шегуваат и на своја сметка

    rnДа се биде со личност која не е секогаш сериозна и знае како да се пошегува на своја сметка е неверојатна дарба. Толку многу нешта се веќе претерано сериозни во животот што е навистина освежувачко да можете да се опуштите и пошегувате без да се плашите дека ќе навредите некого.rn

    7. Тие не се плашат да прават будалштини за вас

    rnБудалштините се потценет афродизијак. Вие можете заедно да си бидете чудаци и да се однесувате слободно и без маски еден покрај друг, па токму тоа е многу атрактивно. Не мора да се грижите што другите луѓе мислат или зборуваат, туку едноставно се забавувате и го правите она што повикува насмевка на вашето лице. Тоа е исто како одново да сте се претвориле во безгрижни деца, додека одговорно се соочувате со вашиот возрасен живот.

  • Креативни и луди начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 април

    Креативни и луди начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 април

    Утре е 1 април, па доколку сè уште не сте смислиле злобно смешен начин да си поиграте со вашите пријатели, соработници или непријатели, тогаш погледнете ги овие креативни начини на кои ќе предизвикате нивното срце да прескокне еден удар. Но, сепак внимавајте да не претерате. Постојат многу начини на кои можете да се забавувате, но одберете го оној кој е најсоодветен за личноста со која планирате да се пошегувате.rn

    Зарем има подобар начин за расонување?

    rn(1) Креативни начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 априлrn

    Направете го ова само ако сте подготвени таа цел ден да не ви зборува

    rn(2) Креативни начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 априлrn

    Хорор изненадување на место каде што не може лесно да се избега

    rn(3) Креативни начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 априлrn

    Бидете подготвени да купите нов фен

    rn(4) Креативни начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 априлrn

    Залепете ги неговите или нејзините папучи за подот со супер лепак

    rn(5) Креативни начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 априлrn

    Изненадете го/ја додека се подготвува да го изнесе ѓубрето надвор

    rn(6) Креативни начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 априлrn

    Никогаш не е доволно од трикови со ментос бонбони и газирани пијалаци

    rn(7) Креативни начини на кои можете да се пошегувате со вашите најблиски за 1 априлrnrn

  • 6 знаци дека имате смисла за хумор

    6 знаци дека имате смисла за хумор

    Некои луѓе едноставно ги обожаваме заради способноста на нè насмеат и расположат во секое време. Секој од нас има барем по еден таков пријател, кој без разлика на моментот и околностите, секогаш успева на ни нацрта отворена насмевка на лицето.rnrn6 znaci deka imate smisla za humor-kafepauza.mkrnrnХуморот е престижна особина, и сите веднаш се навлекуваме на него, а според едно истражување, способноста за разбирање хумор ја развиваме уште во првата година од животот.rnrnНо, иако сите понекогаш може да бидеме смешни, само посебни луѓе можат да изнасмеат цела група до солзи. Еве 6 знаци дека имате одлична смисла за хумор.rn

    1. Смеењето ви е приоритет

    rnСметате дека животот е едноставно подобар кога се смеете, а тоа никој не го знае подобро од личност со добра смисла за шегување. Духовитите луѓе не ја гледаат смислата само во тоа да ги насмеат другите, туку и да се насмеат самите. А како резултат, и тие се посреќни. Истражувањата покажуваат дека смеењето во истиот момент го подобрува расположението, и ги ублажува нервозата и стресот.rn

    2. Се самоприфаќате

    rnНе можеме сите да бидеме како Џенифер Лоренс која до толку ги прифаќа своите маани што може да се шегува на своја сметка, но лицата со отворен пристап сепак подобро се прифаќаат од повеќето. Духовитите индивидуалци ги прифаќаат своите недостатоци и се смеат на нив, но на здрав начин и не се измачуваат со нив.rn

    3. Креативни сте

    rnПотребна е многу ментална енергија за да смислите мудри досетки кои ќе предизвикаат насмевка на лицата на луѓето околу вас. Лицата со развиена смисла за хумор обично се покреативни од останатите. И тоа не е нивната единствена предност. Имено едно неодамна спроведено истражување открило дека смеењето може да го изостри краткотрајното помнење.rn

    4. Ја знаете границата

    rnПостои граница помеѓу добронамерниот хумор и злобното шегување. Сите со добра смисла за хумор ја знаат разликата. „Повеќето комедии се базираат на тоа да се смееме на нечија сметка, но лично сметам дека тоа е облик на малтретирање“, изјавила комичарката Елен Деџенерис. На тоа додала дека таа се обидува на луѓето да им покаже дека може да бидат забавни и без да ги исмеваат другите.rn

    5. Во добро физичко здравје сте

    rnСмеењето е навистина најдобриот лек, а духовитите луѓе го користат тој факт за свое добро. Смеењето ги стимулира органите, го подобрува имунитетот и делува како аналгетик. Сè на сè, хуморот носи многу здравствени придобивки.rn

    6. Стареењето за вас е само животен факт

    rnДодека повеќето луѓе стравуваат при доаѓањето на секој следен роденден, духовитите поединци тоа не го доживуваат ни малку страшно. Има толку добри шеги за стареењето, за која доба и да се однесуваат, па зошто не би ги искористиле за да се насмееме. Духовитите луѓе имаат млад дух и се долговечни. Според тоа, заборавете на стравот од годините и смејте се додека сте живи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 знаци дека сте пријателки цела вечност

    25 знаци дека сте пријателки цела вечност

    Се дружите уште од мали нозе и кога некој ќе ве праша колку долго сте другарки, треба да застанете за момент и да почнете да ги броите годините. Искреното и верно пријателство е најпрекрасната работа на светот. Да, некогаш вашата другарка може да ви оди на нерви, но знаете дека би направиле сешто за неа, како и таа за вас.rnrnОва се 25 знаци кои јасно ви даваат до знаење дека вие две сте најдобри пријателки веќе многу долго време.rnrn25 знаци дека сте пријателки цела вечностrnrn1. Твоите родители знаат сè за неа. Не само името и презимето. Знаат каде живее, каде работат нејзините родители, а вашата мајка го има нејзиниот телефонски број меморирано во контакти.rnrn2. Кога одите на кафе или во ресторан, во 90% од случаите, точно знаете што ќе нарача.rnrn3. Напамет го знаете целиот нејзин плакар, и информирани сте за секое ново парче облека. Буквално можете по телефон да ѝ дадете совет како да се облече за одреден настан.rnrn4. Сте биле заедно на одмор/викенд.rnrn5. Секогаш први се јавувате една кај друга во итен случај.rnrn6. Твоето милениче исто како да е нејзино, и обратно.rnrn7. Знаете премногу за нејзините врски како и најинтимни детали за нејзиниот сексуален живот.rnrn8. Доколку една од вас се пресели во друг град/држава, и се видите по неколку месеци, чувствувате како меѓу вас ништо да не се изменило.rnrn9. Во случај таа да не е дома може слободно да се напиете кафе и да помуабетите со нејзината мајка (секако, не откривајќи ниедна од нејзините тајни).rnrn10. Се разбирате со поглед.rnrn25 знаци дека сте пријателки цела вечностrnrn11. Веќе имате најмалку една тетратка со ваши анегдоти и „бисери“.rnrn12. Во вашиот плакар имате парче облека кое ѝ припаѓа нејзе.rnrn13. Вашите непријатели се и нејзини непријатели, и обратно.rnrn14. Никогаш не би дозволиле да купи нешто што не ѝ стои добро, ниту пак да направи нешто за што мислите дека е многу глупава одлука.rnrn15. Имате куп скриени шеги кои само вие ги разбирате.rnrn16. Целосно го прифаќате нејзиното лудило. Си зборува со нејзината мачка или има навика да пее во фенот замислувајќи дека е микрофон. Што ви е гајле, радо би ѝ се придружиле.rnrn17. Сте си доделиле една на друга улоги од разни серии. Ти си Кери, јас сум Саманта и сл.rnrn25 знаци дека сте пријателки цела вечностrnrn18. Знаете дека на вашата свадба таа ќе држи здравица, ќе игра на стол и најверојатно на крајот на веселбата ќе биде најпијаната меѓу сите гости.rnrn19. Кога ќе забележите стари жени како одат по улица или пијат кафе, се замислувате себеси по 50 години.rnrn20. Често ви се случува да дадете одговор во нејзино име, и обратно.rnrn21. Нема теоретска шанса да ви го утне подарокот за роденден (барем не ненамерно).rnrn22. Сте поминале заедно некој голем празник. Била на бадниковата трпеза кај вас дома, а вие сте биле кај неа на ручек за Велигден.rnrn23. Се има појавено на твојата врата со кутија колачи откако по гласот познала дека не се чувствуваш добро.rnrn24. Некогаш дури и најневеројатни работи ве асоцираат на неа. На пример разгледувате низ некој бутик и здогледувате парче облека кое навистина ѝ е по вкус.rnrn25. Во моментов ѝ се јавувате на телефон да ѝ кажете што сте прочитале и колку е неверојатно тоа што поголем дел од горенаведеното важи за вас две.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопските знаци и стилот на шегување

    Хороскопските знаци и стилот на шегување

    Ако се прашувате како другите луѓе ја доживуваат вашата духовитост, хороскопскиот знак може да ви помогне околу одговорот.rnrnХороскопските знаци и стилот на шегувањеrn

    Овен

    rnОвие луѓе имаат груба смисла за хумор, поради што честопати се погрешно сфатени од другите луѓе. Најмногу уживаат во вицеви за војска.rn

    Бик

    rnБиковите се главни кога станува збор за кажување „мрсни“ вицеви. Меѓутоа, маана им е тоа што знаат да претераат со ваквите шеги и да раскажуваат едни исти, со години.rn

    Близнаци

    rnПрипадниците на овој знак се најголеми шегобијци и се одлични во имитирањето на другите луѓе. Близнаците со задоволство скокаат зборувајќи од еден на друг дијалект и се големи обожаватели на англискиот хумор.rn

    Рак

    rnРаковите сакаат топли, интерни шеги и честопати сакаат да се пошегуваат на сопствена сметка. Обожаваат вицеви поврзани со нивниот роден крај.rn

    Лав

    rnОвие луѓе се родени шоумени. Кога Лавовите ќе тргнат во акција да го забавуваат своето друштво, тешко е со нив да излезете на крај. Ги обожаваат анегдотите за познатите личности, а штом слушнат добра шала, веднаш се трудат да ја складираат во нивната духовита колекција.rn

    Девица

    rnДевиците се смеат на забавни вицеви, кои се воедно интелектуални, интересни и пренесуваат затскриени пораки.rn

    Вага

    rnВагата е апсолутен противник на безобразни вицеви. Тие мразат вулгарни шеги, а склони се на двосмислени изјави и обожаваат игри на зборови.rn

    Скорпија

    rnЦрниот хумор е како создаден за Скорпиите. Тие обожаваат провокативни вицеви, бидејќи се многу страсни во спалната соба, па шегите од овој тип никогаш не им пречат. Колку нивните вицеви се успешни, заклучуваат од шокираноста на публиката.rn

    Стрелец

    rnСтрелците никогаш не навредуваат, туку засмејуваат. Припадниците на овој знак во душа се сатирични и се хранат со вицеви за странци. Со овој тип вицеви неретко знаат и да испровоцираат некого.rn

    Јарец

    rnЈарците се малку вкочанети и склони на сериозност, а кога се шегуваат се најчесто цинични и ладни. Тие воопшто не сакаат шеги на нивна сметка.rn

    Водолија

    rnПрипадниците на овој знак се склони на помнење паметни вицеви. Тие сметаат дека нивна задача е да создадат пријателска атмосфера и да ги зближуваат луѓето.rn

    Риби

    rnРибите имаат малку чудна смисла за хумор. Не памтат добро туѓи вицеви, но затоа се одлични импровизатори.

  • Како да измамите некого за први април?

    Како да измамите некого за први април?

    Денеска е први април, денот на шегата, па доколку сакате да измамите некој од вашите пријатели, колеги или некој од вашето семејство, ова видео ќе ви покаже неколку лесни и луди трикови кои ќе ви помогнат во тоа.Како да измамите некого за први април?rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.