Рибите се смеат на својата мака, Овенот сака да се потсмева, а во продолжение прочитајте како се шегуваат останатите хороскопски знаци.rnrn
rn
Овен
rnСо Овенот владее планетата Марс, па поради агресивноста на оваа планета, за него е најинтересно да се потсмева со некој друг. Тој се смее на глас и честопати е многу суров во шегите, а, од друга страна, поради своето силно его, не прифаќа шеги на своја сметка.rn
Бик
rnХуморот на Бикот е суптилен, во границите на манирите и во хармонија со доброто однесување и пригодата. Тоа е така затоа што со него управува Венера. Бикот прифаќа шега на своја сметка, без да се одмазди. Но, поради својата чувствителност, тој ги избегнува другите.rn
Близнаци
rnБлизнаците обожаваат да се шегуваат. Некогаш нивните шеги се вулгарни, понекогаш интелектуални, но никогаш злобни. Тие сами по себе се смешни и нивниот живот е секогаш исполнет со позитивни погледи на светот.rn
Рак
rnРакот повеќе сака да слуша шеги, наместо да кажува, а кога се шегува, тоа никогаш не е вулгарно. Тој е семеен човек кој е свесен колку зборовите може да повредат некого, дури и на шега. Затоа, Раковите не се добри комичари. Тие се премногу внимателни кон другите и премногу чувствителни на сè.rn
Лав
rnЛавот сака да го има главниот збор и да ги смее луѓето околу него. Тој е многу духовит само ако сака. Не се плаши од ништо и секогаш добива бурни овации откако ќе каже некоја шега.rn
Девица
rnДевиците не се баш шеговити – понекогаш е дури и тешко да ги насмеете. Чувството на инфериорност секогаш ја спречува Девицата да се опушти, а ако се смее на глас, тоа значи дека мисли дека може да се опушти со вас. Инаку, сериозноста многу ѝ пречи во животот.rn
Вага
rnКако и другите воздушни знаци, Вагата понекогаш е особено расположена за шега и едноставно сјае со несериозност што ги тера другите да се смеат. Сепак, Вагите не се вулгарни бидејќи Венера владее со нив. Тие ќе успеат да најде смешна страна во сериозните животни ситуации, но не секогаш ќе ја споделат со другите.rn
Скорпија
rnСкорпијата е мрачна и мистериозна по природа, но тоа не значи дека не знае да се шегува. Напротив, Скорпиите може да бидат прилично духовити, особено ако станува збор за црн хумор. Не се штедат ни себеси ни другите и често знаат да ги насмеат другите до солзи.rn
Стрелец
rnСо својата духовитост, Стрелецот лесно го собира друштвото околу себе и сите одат по неговите стапки. Ако не можете да најдете нешто да ве насмее, јавете му се на Стрелец. Неговите гестови, шегите што ги кажува и неговата карикатура не можат да ве остават рамнодушни. Со Стрелците управува Јупитер, затоа имаат вроден оптимизам и смисла за хумор.rn
Јарец
rnЈарецот тешко ги разбира шегите, а уште потешко му е да ги измисли. На Јарецот најверојатно сериозноста му е сопирачка за сè што е смешно, па затоа ретко се смее, освен ако не е под влијание на некоја интересна планета. Нему животот му е секогаш сериозен и не знае како да се опушти. А, нема ни време за смеа.rn
Водолија
rnВодолијата во смеата наоѓа само привремено бегство од сериозни теми. Таа го менува своето расположение неколку пати на ден и никогаш не знаете каква ќе биде следната минута. На Водолијата не ѝ пречи ништо – прифаќа сè, од црн хумор до вулгарни шеги, а не ѝ пречат ниту традиционалните шеги.rn
Риби
rnАко некогаш се извлечат од матните длабочини, Рибите знаат да се насмеат, но најчесто на својата мака или на туѓите шеги. Рибите не се духовити сами по себе, но откако тагувале за нешто, од срце се смеат на своите заблуди. Без оглед на тоа, тие уживаат во туѓите шеги.rnrnПрочитајте како може да се збогатат хороскопските знаци.

rnrn
rnrnПа, кои се овие луѓе и дали имаат некоја слична особина во нивните хороскопски знаци?rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn



rn
rn
rnrn
rn