КАФЕ ПАУЗА

Tag: шампањ

  • 4 причини зошто треба да пиете шампањ во текот на целата година

    4 причини зошто треба да пиете шампањ во текот на целата година

    Кога на часовникот одекнува полноќ, на Новата година ѝ посакуваме добредојде со чаша шампањ, односно пенливо вино. А потоа, забораваме на него сè до наредната Нова година. Шампањското крие неколку предности за здравјето, па нека една од вашите новогодишни одлуки биде што почесто да се засладувате со чаша од овој вкусен пијалак.rnrn1-4-prichini-zoshto-treba-da-piete-shampanj-vo-tekot-na-celata-godina-www.kafeauza.mk_rn

    1. Помага за здравјето на срцето

    rnШампањот е богат со растителни соединенија како што е полифенолот – силен антиоксиданс што го намалува крвниот притисок. Токму ова може да биде фактор кој ја намалува можноста за појава на срцеви заболувања.rn

    2. Ја разубавува кожата

    rnЈаглеродниот диоксид во шампањот ја прави кожата поцврста, а веќе спомнатите полифеноли го намалуваат црвенилото. Направете смирувачка купка од 230 милилитри млеко во прав, 100 грама морска сол за капење, 230 милилитри каков било шампањ и една лажичка загреан мед. Промешајте го сето ова, а потоа сипете го во кадата додека ја полните со вода. Кога ќе се наполни кадата, за дополнително уживање, посипете неколку ливчиња од ружа. Ова делува како природен омекнувач кој ја хидратизира и ѝ дава тон на кожата.rn

    3. Го поправа расположението

    rnШампањот содржи траги од природни елементи кои го подобруваат расположението, секако, ако го пиете во умерени количини. За да го засилите неговото позитивно влијание, пијте го покрај оброк со риба. Вкусот на меурчињата совршено се надополнуваат со морската храна, а рибата која е богата со омега 3 маснотии, како што е лососот и скушата, се доста здрави и со самото тоа го подобруваат расположението.rn

    4. Не дебелее

    rnВо еден децилитар шампањ се кријат осумдесет калории што го прави еден од алкохолните пијалаци со најмалку калории, па така и наздравувањето со шампањ е здраво.

  • Секојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болест

    Секојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болест

    Љубители на шампањот, имаме одлични вести за вас. Во една неодамнешна студија, научниците откриле дека пиењето 3 чаши шампањ дневно можe да ве заштитат од деменција и Алцхајмерова болест. Постои една состојка која се содржи во овој алкохолен пијалак, која може да го заштити мозокот од оваа застрашувачка болест и истовремено да ја подобри вашата меморија.rnrnСекојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болестrnrnПрофесорот Џереми Спенсер, еден од научниците кои работеле на овој експеримент, изјавил дека резултатите биле драматични.rn

    „Ова истражување е возбудливо затоа што за прв пат ни покажува како умереното пиење шампањ има потенцијал да влијае на одредени когнитивни функции, како меморијата“, вели тој.

    rnОвие заклучоци биле донесени преку експеримент со глувци, но поради позитивните и неверојатни резултати, научниците се надеваат дека ќе можат да го продолжат своето истражување со пензионери. Иако е потребно уште многу време додека се најде цврст доказ, сепак научниците се сигурни во своите резултати и со чаша шампањ наздравуваат за своето огромно откритие.rnrnСекојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болест

  • Колку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?

    Колку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?

    Дали можете да пиете црвено вино кое една недела стоело во фрижидер? Или пак, колку долго трае еден шампањ? И покрај тоа што постојат добро затворени вина кои можат да траат и до еден месец, постојат и некои кои не можат да се пијат ни по само 3 дена. Според инфографикот направен од страна на „WineFolly“, секое вино си има свој различен рок на траење откако ќе биде отворено.rnrnКолку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?rnrnИ покрај тоа што шампањот може многу брзо да го изгуби својот сјај откако ќе биде отворен, тој сепак може да се пие и до три дена подоцна, но само ако шишето е со тапа. Кога станува збор за белите и розе вина, отворените шишињата, кога се чуваат во фрижидер, можат да се пијат и до една недела, ако се затворени со тапа. Според Маделин Пукет, одредени италијански и француски бели или розе вина имаат дури и подобар вкус откако неколку дена ќе стојат отворени.rn

    „Повеќето бели и розе вина можат да се пијат и до една недела откако ќе ги отворите ако ги чувате во фрижидер. Но, ќе забележите како вкусот суптилно се менува откако виното ќе почне да оксидира. Некои вина дури и ќе ви имаат подобар вкус отколку првиот ден, вклучувајќи ги и оние вина кои доаѓаат од постудена клима“, вели таа.

    rnВината со помала киселост имаат тенденција да траат пократко од посветлите вина, па токму затоа тие можат да се пијат од 3 до 5 дена откако ќе се отворат и чуваат во фрижидер. Повторно, тие мора да бидат затворени со тапа или нивното времетраење ќе се намали за половина.rnrnЦрвените вина можат да издржат од 3 до 5 дена на ладно и темно место. Вие можете да ги сместите и во фрижидер со цел тие да траат подолго. Но, не сите црвени вина ја имаат истата моќ на траење. Оние кои имаат многу мало количество танин, ќе се расипат побрзо од оние со повеќе. Од друга страна пак, оние вина кои содржат бренди во нив ќе траат многу подолго од сите останати.rnrnЕдно правило кое треба да го имате на ум е тоа дека колку е послатко виното, толку подолго ќе трае, но мора да се погрижите да го чувате добро затворено, на ладно и темно место. Исто така имајте на ум дека оние вина кои се во кутија или картон, можат да траат и до 28 дена во фрижидер.

  • Забавен тест на личноста: Омиленото вино говори за вашиот карактер

    Забавен тест на личноста: Омиленото вино говори за вашиот карактер

    Ако сакате да дознаете нешто за личноста со која првпат излегувате на состанок, обрнете внимание на виното кое ќе го нарача. Верувале или не, изборот открива по нешто за нашиот карактер, нашите маани, слабости и доблести. Прочитајте ја личноста спроти вас низ овие комични мисли кои веројатно ѝ поминуваат низ глава.rnrnzabaven-test-na-lichnosta-omilenoto-vino-govori-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    Шардоне

    rn„Можам да пијам и сам/а. Можам да пијам и со појадок.“rn

    Ризлинг

    rn„Ќе нарачам суши. Не, кинески пролетни ролнички. Море дајте ми бифтек. Уф, не знам што сакам.“rn

    Совињон бланк

    rn„Ставете малку мраз. Не ми е грижа за правилата.“rn

    Мускат

    rn„Брзо се опивам, ама долго останувам во елемент.“rn

    Домашно вино

    rn„Јас не одам на сигурно, дај што ќе дадеш.“rn

    Розе

    rn„Наречи ме Барби и играј си со мене.“rn

    Шампањ

    rn„Ова е само почеток. Да, ќе има секс вечерва.“rn

    Просеко

    rn„Сигурен/на си дека можеш да ме следиш?“rn

    Каберне совињон

    rn„Знам што сакам – само квалитетно и искрено.“rn

    Малбек

    rn„Пробај го, толку е модерно.“rn

    Кјанти

    rn„Едвај чекам да те запознаам со моите родители.“rn

    Пино ноар

    rn„Само да не ме прочитаат дека не сакам вино и дека се фолирам дека знам сè за овој пијалак.“rn

    Мерло

    rn„Нееее, јас нннее ссссум аллкохолличар/ка.“rn

    Шираз

    rn„Никогаш не сум пробал/а ништо друго освен ова вино.“rn

    Божуле

    rn„Ова е фенси, како и твитањето, црниот бран во кинематографијата…“rn

    Сангрија

    rn„Чипсот и сосов се бесплатни, така?“rn

    Што било

    rn„Ако некој ме бара, ќе бидам под маса, наскоро.“

  • Традицијата на прославувањето Нова година

    Традицијата на прославувањето Нова година

    Прочитајте ги следниве новогодишни занимливости и дознајте го значењето на многубројните традиции кои се практикуваат во овој период ширум светот. Занимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Првата прослава на Нова година се случила пред 4.000 години во древниот Вавилон, кога првата млада месечина по пролетната рамноденица ја одбележала годината.
    • rn011

    • Во 46 година п.н.е. Јулиј Цезар го создал календарот според кој годината започнува со 1 јануари. Овој месец бил наречен така во чест на Јанус, богот на почетоците.
    • rn011

    • Кога во 1907 година огнометот бил забранет, по три години од првата новогодишна прослава на Тајмс Сквер, властите на плоштадот пуштиле огромна топка направена од дрво и железо за да го означат крајот на старата и почетокот на новата година.
    • rn011

    • Бакнувањето точно на полноќ има долга традиција. Според англискиот и германскиот фолклор, годината ќе ни зависи од тоа која ќе биде првата личност што ќе ја сретнеме во новата година. Но, ова суеверие не се однесува само на оние кои не се во врска. Се верува дека и паровите кои нема да се бакнат точно на полноќ нема да имаат убава иднина заедно.
    • rn011

    • Најчестиот избор на пијалак за Нова година е шампањот. За таа цел, секоја година во областа Шампањ во Франција се произведуваат околу 300 милиони шишиња со ова пенливо вино. Сепак, пенливите пијалаци потекнуваат од 17 век, кога била измислена тапата која ги задржувала ферментираните гасови.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Раширено е верувањето дека бенедиктискиот монах Дом Перињон го измислил шампањот, но ваквото верување не е точно. Но, легендарниот свештеник сепак имал клучен придонес во развојот и производството на пијалаците.
    • rn011

    • Карактеристични за новогодишните и божиќните празници се и слатките. Во Мексико и Грција се подготвуваат специјални новогодишни торти во кои се крие мала награда. Оној кој ќе го добие парчето со наградата се верува дека ќе го следи среќа целата година.
    • rn011

    • Во Шведска и Норвешка се практикува слична традиција со тоа што се сокрива бадем во сутлијаш. Во Италија новогодишните слатки се прават со мед затоа што се верува дека така годината ќе биде блага. Крофните кои имаат кружна форма се карактеристични за Полска и Унгарија.
    • rn011

    • Шпанците за Нова година јадат 12 зрна грозје точно на полноќ, за годината да им биде плодна. Оваа традиција настанала во 1909 година, како резултат на суфицитот на грозје, а подоцна се проширила и во Португалија, Венецуела, Куба, Мексико, Еквадор и Перу.
    • rn011

    • Уште една новогодишна традиција поврзана со храната се практикува во Јужна Америка каде што луѓето јадат зелка, кељ и слични зелјести растенија затоа што зелените листови од овие растенија ги симболизираат банкнотите. Освен зелјести растенија, често се консумираат и мешунки кои ги означуваат монетите. Заради тоа, во Бразил првиот оброк во новата година се состои од леќа или ориз.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Во земјите од Јужна и Средна Америка оние кои се во потрага по љубов носат црвена долна облека, а оние кои се во потрага по пари носат жолта. На Филипините луѓето носат долна облека со точки за новогодишната ноќ.
    • rn011

    • Не секој ја прославува Нова година на 1 јануари. Кинеската Нова година започнува со првиот ден од лунарниот календар, на крајот од јануари или на почетокот од февруари. Во тој период вообичаено за секое семејство е темелно да се исчисти домот за да се избрка лошата судбина, да се јадат традиционални специјалитети со ориз и вечерта да се заврши со пукање петарди.
    • rn011

    • Многумина веруваат дека ако скршат нешто за време на најлудата ноќ, тоа навестува кршење и на некое пријателство или љубовна врска. Наместо тоа, многу луѓе ширум светот за Нова година пукаат петарди и слични пиротехнички средства затоа што веруваат дека така ќе ги исплашат лошите духови и ќе обезбедат нов почеток.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едноставни и освежителни летни коктели

    Едноставни и освежителни летни коктели

    Имате ли планови за вечерва? Што велите за несекојдневна коктел забава со најблиските? Разгледајте ја оваа листа на многу едноставни коктели, одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат и веднаш јавете им се на вашите пријатели. До крајот на вечерта тие ќе бидат пријатно изненадени од вашите „шанкерски“ способности, а вие ќе имате одлична тема за разговор на вашата кафе пауза наредното утро…rn
    rn

    Том Колинс

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrnrn- Џин (60 мл)rnrn- Сок од лимон (20 мл)rnrn- Обичен сируп (15 мл)rnrn- Минерална водаrnrnНачин на подготовка: Во шејкер ставете многу мраз и додадете ги џинот, сокот од лимон и сирупот. Мешајте неколку минути, па сипете го во чаша. Додадете минерална вода и парче лимон.rn
    rn

    Вотка-сода

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Вотка (60 мл)rnrn- Минерална вода (120 мл)rnrn- Сок од лиметаrnrnНачин на подготовка: Во чаша полна со мраз ставете ги вотката и минералната вода. На кратко промешајте. По ваш избор можете да додадете и свеж сок од лимета. Декорирајте со парче лимета.rn
    rn

    Маргарита

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Текила (60 мл)rnrn- Трипл Сек (20 мл)rnrn- Сок од лиметаrnrnНачин на подготовка: Во шејкер додадете многу мраз, текила, трипл сек и сок од лимета. Промешајте. На врвот околу чашата ставете малку сол и сипете го пијалакот. На крај декорирајте со парче лимета.rn
    rn

    Антички

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Виски (60 мл)rnrn- Коцки шеќерrnrn- Горка Ангостура (5 мл)rnrnНачин на подготовка: Измешајте ги коцките шеќер со ангостурата во чашата. Потоа додадете мраз и виски. На крај како декоративен додаток употребете виткана кора од лимон.rn
    rn

    Француски 75

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Џинrnrn- Сок од лимонrnrn- ШампањrnrnНачин на подготовка: Во шејкер додадете ги истите состојки како и за Том Колинс, но овојпат употребете помалку џин и сок од лимон. Откако ќе промешате, сипете ги во чаша и додадете им шампањ. Декорирајте со виткана кора од лимон.rn
    rn

    Москоу Мјул

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Вотка (60 мл)rnrn- Сок од лимета (20 мл)rnrn- Обичен сируп (30 мл)rnrn- Пијалак од ѓумбирrnrnНачин на подготовка: Директно во чашата комбинирајте ги сокот од лимета, сирупот и вотката. Промешајте. Откако ќе завршите додадете и пијалак од ѓумбир. Декорирајте со зашеќерен ѓумбир.rn
    rn

    Палома

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Текила (60 мл)rnrn- Сок од лимета (20 мл)rnrn- Сок од грејпфрут (15 мл)rnrn- Минерална водаrnrnНачин на подготовка: Комбинирајте ја текилата, свежиот сок од лимета и грејпфрутот во чаша со сол околу врвот. Не мешајте. На крај додадете минерална вода. Декорирајте со парче грејпфрут.rn
    rn

    Менхетн

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Виски (5 мл)rnrn- Благ Вермот (30 мл)rnrn- Горка Ангостура (5 мл)rnrnНачин на подготовка: Ставете ги количините вермот, ангостура и виски во шејкер со мраз и полека промешајте. Откако ќе завршите сипете во чаша и декорирајте со цреша.rn
    rn

    Саутсајд Физ

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Џин (60 мл)rnrn- Сок од лимон (20 мл)rnrn- Обичен сируп (20 мл)rnrn- Ливчиња нанеrnrnНачин на подготовка: Во шејкер ставете ливчиња нане, сируп, џин и сок од лимон. Промешајте добро. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во чаша со многу мраз и додадете минерална вода.rn
    rn

    Космополитен

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Сок од лимета (20 мл)rnrn- Трипл Сек (20 мл)rnrn- Сок од боровинки (15 мл)rnrn- ВоткаrnrnНачин на подготовка: Во шејкер промешајте сок од лимета и боровинки, трипл сек и вотка. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во студена чаша. Декорирајте со виткана кора од портокал.rn
    rn

    Ел Дијабло

    rnЕдноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:rnrn- Текила (60 мл)rnrn- Сок од лимон (20 мл)rnrn- Ликер „Crème de cassis“ (20 мл)rnrn- Пијалак од ѓумбирrnrnНачин на подготовка: Во шејкер искомбинирајте текила, сок од лимон и ликер и промешајте. Откако ќе завршите сипете го во чаша со лед и додадете пијалак од ѓумбир. Декорирајте со парче лимон.rn
    rn

    Минт Јулеп

    rnПотребни состојки:rnrn- Виски (60 мл)rnrn- Обичен сируп (15 мл)rnrn- Ливчиња нанеrnrnНачин на подготовка: Во чаша со лед ставете го сирупот, нането и вискито. Декорирајте со многу свежи ливчиња нане.rnrn
    rnМерките за различните пијалаци во овие освежителни коктели можете слободно да ги прилагодите според вашиот вкус. Експериментирајте сè додека не го добиете совршениот летен коктел.rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатни шишиња шампањско

    Уникатни шишиња шампањско

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСо чаша шампањско вино ги залеваме сите наши успеси, секој нов почеток, позитивните промени во животот… Овој пијалак го врзуваме со нашите најсреќни моменти. Би сакале ли шишињата шампањ што ги отворате тогаш, да бидат исто толку посебни колку што е пригодата? Погледнете ги следните креативни и уникатни форми на шишиња полни со пенливо вино. Можеби едно вакво ќе отворите и вие по повод следниот успех.Уникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањскоУникатни шишиња шампањско
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бела сангрија

    Бела сангрија

    Сите сме пробале сангрија – овошно црвено вино. Време е да пробате нешто ново и поинакво. Видете зошто оваа бела сангрија ќе биде главната ѕвезда на вашата следна забава или прослава.rnrnБела сангријаrn

    Потребно за 6 чаши:

    rn

      rn011

    • 1 шише шампањ или бело суво вино
    • rn011

    • 1 1/2 шолји џус од брусница
    • rn011

    • 1 јаболко, исечкано на листови
    • rn011

    • 1 портокал, исечкан на листови
    • rn011

    • 1 лимон, исечкан на листови
    • rn011

    • 1 лимета, исечкана на листови
    • rn011

    • 1 грст грозје
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите овошја и сокот ставете ги во стаклен сад. Врз нив истурете го белото вино или шампањот. Оставете половина час да отстои во фрижидер. Сервирајте ладно.rnrnБела сангријаБела сангријаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кампари Мимоза

    Кампари Мимоза

    Ова е пијалакот со кој ќе сакате да наздравите за доаѓањето на новата година. Италијанскиот ликер кампари ќе ве освои со неговиот горчлив вкус, а прекрасните меурчиња од деликатниот шампањ само ќе го надополнат изгледот на овој новогодишен пијалак.rnrnКампари Мимозаrnrn

    За 12 чаши потребни се:

    rn

      rn011

    • 3/4 шолји кампари
    • rn011

    • 3 шолји свежо цеден сок од портокал, претходно оладен
    • rn011

    • 750 мл добро оладен шампањ
    • rn011

    • за декорација: спирали од кора од портокал
    • rn

    rnКампари Мимозаrnrn

    Подготовка:

    rnrnСекоја висока чаша наполнете ја со 1 голема лажица кампари и 1/4 шолја сок од портокал. Промешајте. Благо навалете ја чашата и наполнете ја со шампањ. Секоја чаша декорирајте ја со спирални кори од портокал. Служете веднаш.rnrnКампари МимозаКампари МимозаrnrnЗабелешка: Со мало ноже излупете тенки долгнавести парчиња кора од портокал. Целата кора навртете ја на тенко дрвено стапче и оставете ја да постои во фрижидер еден час за да се стврдне. Потоа, ставете по една спирална кора во секоја чаша со кампари мимоза.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Почнете ги празниците со највкусните коктели

    Почнете ги празниците со највкусните коктели

    Посакајте им добредојде на зимата и празниците кои следуваат. Овие коктели ќе ви ја покажат прекрасната зима, која со нив станува топла, миризлива и вкусна.rn.rn

    Жешко празнично топло чоколадо

    rn

      rn011

    • 30 г топло чоколадо во прав
    • rn011

    • 1 лажица какао
    • rn011

    • пола лажиче чили во прав
    • rn011

    • пола лажиче цимет во прав
    • rn011

    • 180 мл врела вода
    • rn011

    • 30 мл коњак
    • rn011

    • 30 мл калуа ликер
    • rn

    rnПочнете ги празниците со највкусните коктелиВо стаклени чаши ставете малку топла вода за да се загрее чашата. За да не пукне, веднаш истурете ја водата. Ставете ги топлото чоколадо, какаото, чилито и циметот. Турете вода во чашата и промешајте. Додадете ги ликерот и коњакот. Од горе ставете изматен шлаг и декорирајте со цимет.rn.rn

    Немирно тартини

    rn

      rn011

    • 60 мл вотка
    • rn011

    • 60 мл сируп од мед
    • rn011

    • 120 мл минерална вода
    • rn

    rnПочнете ги празниците со највкусните коктелиВотката и сирупот мешајте ги во шејкер со неколку коцки мраз. Претурете во чаша. Дополнете ја чашата со минерална вода.rn.rn

    Жежок празничен коктел

    rn

      rn011

    • 45 мл вотка
    • rn011

    • 60 мл сок од брусница
    • rn011

    • 60 мл кокосова вода
    • rn011

    • неколку замрзнати брусници
    • rn011

    • зелени шеќерни кристали
    • rn

    rnПочнете ги празниците со највкусните коктелиИзмешајте ги течните состојки во шејкер со неколку коцки мраз. Врвовите од чаша за мартини обложете ги со зелените шеќерни кристали. Претурете го коктелот во чашата. Ставете неколку замрзнати брусници.rn.rn

    Кремасто млеко

    rn

      rn011

    • 4 жолчки
    • rn011

    • 4 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 500 мл млеко
    • rn011

    • 250 мл изматен шлаг
    • rn011

    • 120 мл текила
    • rn011

    • 1 лажичка рендано морско оревче
    • rn011

    • 4 белки
    • rn

    rn

    Почнете ги празниците со највкусните коктелиИзматете ги жолчките со шеќерот. Откако жолчките ќе станат бледо жолти, ставете ги текилата, млекото, шлагот и морското оревче. На страна, изматете ги белките со една лажица шеќер. Потоа, полека, без многу мешање, додадете ги белките во жолчките. Смесата оставете ја да се олади. Претурете ја во стаклени чаши и декорирајте со цимет.rn.

    rnrn

    Зимски ароматизиран сок од јаболка

    rn

      rn011

    • 200 мл свеж сок од јаболка
    • rn011

    • 200 мл црвено вино
    • rn011

    • 2 стапчиња цимет
    • rn011

    • 3 каранфилчиња
    • rn011

    • сок од еден портокал
    • rn011

    • 100 мл бренди
    • rn

    rnПочнете ги празниците со највкусните коктелиВо голем сад измешајте ги сите состојки. Оставете еден час да впијаат зачините. Извадете ги циметот и каранфилчето и претурете во чаши.rn.rn

    Франција во чаша

    rn

      rn011

    • 60 мл џин
    • rn011

    • 60 мл сок од лимон
    • rn011

    • 120 мл ладен шампањ
    • rn011

    • 2 лажички шеќер во прав
    • rn

    rnПочнете ги празниците со највкусните коктелиВо шејкер измешајте ги џинот, лимоновиот сок и шеќерот со коцки мраз. Течноста претурете ја во долга чаша за шампањ. Дотурете шампањ и декорирајте со замрзната малина.rn.rn

    Јаболкова снегулка

    rn

      rn011

    • 90 мл вотка
    • rn011

    • 90 мл сок од јаболко
    • rn011

    • 90 мл ликер од јаболко
    • rn

    rnПочнете ги празниците со највкусните коктелиСостојките измешајте ги во шејкер со коцки мраз. Сервирајте со парчиња зелено јаболко.